Стипендии за студенти Роми

Diamond xD

м-р. Перфекционист
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17
Поени од реакции
19
Здраво форумџии! :)
Како што кажува и самиот наслов на темава, ме интересира околу стипендиите доделувани на студентите Роми. Ме интересира тотално СЕ: како е, што е, кои се условите за примање, износот, редовноста и сл. Доколку некој има искуство со ваков случај, срдечно го замолувам истото да го сподели со мене! :) Инаку јас сум матурант и оваа стипендија ми е многу важна, бидејќи без неа не би можел да продолжам понатаму... :(
И следно што ме интересира е тоа дали би бил ослободен од партиципација поради ниските месечни примања и етничката припадност (имам одличен успех, доколку е важно)?
Исто така, дали би бил пак ослободен од партиципација доколку се решам сега во прва година да запишам два факултети и истовремено да ги студирам, имајќи ги предвид сите услови и критериуми (горенаведени) ???

Благодарам однапред! :)
 
Diamond xD

м-р. Перфекционист
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17
Поени од реакции
19
Ај бе уште вие фалите o_O нашиве деца немаат леб да јадат вас стипендии од наш џеб ќе ви даваат???
Извини, не знам како да те наречам - глупачка или идиотка, но со тоа би бил ист како тебе, на твое долно ниво!!!
Велиш наш џеб, а? А извини да не беше ова кралството на татко ти или земја наследена од прадедо ти? Или пак можеби забораваш дека и НИЕ сме дел од оваа држава, дека оваа земја е и НАША ТАТКОВИНА исто толку колку што е ваша и на сите останати жители? Зарем мајка ми, татко ми не работат за оваа држава, не плаќаат данок исто колку и ти?? ТИ ГО НЕМАШ ПРАВОТО да ми се обраќаш како на туѓинец и дојденец во оваа земја!!! Ова е моја татковина, мојот роден крај! Можам со сигурност да кажам дека ЈАС сум илјада пати поголем патриот од тебе!!! Ги заслужувам сите работи подеднакво исто како што ги заслужува син ти!!!
Не можам да сфатам како постојат луѓе како тебе, без ни малку совест и жал!! Син ти, (доколку го имаш) има пари за да продолжи понатаму со високо образование? Ама јас немам! Син ти има голема желба за учење? Јас имам!! Дали син ти секој можен момент размислува за тоа дека би можел да остане само со средно образование и да не си исполни ниту еден сон? Епа јас ДА! ...
И пред да гледаш од оваа точка, пробај да бидиш човек, бидејќи оваа стипендија за мене би значела живот!

СТРАМИ СЕ!
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239

Многу ми е "страм" најмногу затоа што вакви неписмени како тебе зимаат стипендија а нашиве деца кои сто пати се пообразовани од вас не!
После и работата ќе им ја земете! :facepalm:
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Ај бе уште вие фалите o_O нашиве деца немаат леб да јадат вас стипендии од наш џеб ќе ви даваат???
Извини, ама стипендиите кои ги добиваат Ромите матуранти/студенти/постдипломци не доаѓаат од средства на државата. Би те замолил во иднина да се информираш пред да имаш ваков игнорантски однос. „Ваши“, „наши“ деца.. пфф. Поради таквите како тебе Ромите се сеуште дискриминирани и поради таквите како тебе на нив им се доделуваат стипендии за да им се олесни студирање и да се намали влијанието од стереотипите.
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 19:01 ---
Здраво форумџии! :)
Како што кажува и самиот наслов на темава, ме интересира околу стипендиите доделувани на студентите Роми. Ме интересира тотално СЕ: како е, што е, кои се условите за примање, износот, редовноста и сл. Доколку некој има искуство со ваков случај, срдечно го замолувам истото да го сподели со мене! :) Инаку јас сум матурант и оваа стипендија ми е многу важна, бидејќи без неа не би можел да продолжам понатаму... :(
И следно што ме интересира е тоа дали би бил ослободен од партиципација поради ниските месечни примања и етничката припадност (имам одличен успех, доколку е важно)?
Исто така, дали би бил пак ослободен од партиципација доколку се решам сега во прва година да запишам два факултети и истовремено да ги студирам, имајќи ги предвид сите услови и критериуми (горенаведени) ???

Благодарам однапред! :)
Тебе ти треба RMUSP програмата. Повеќе имаш информации овде. http://www.romaeducationfund.hu/how-apply-scholarship-macedonian

Е сега рано е за аплицирање, обично мислам дека е на крај на Мај/Јуни така да ќе си почекаш. Кога ќе дојде мај/јуни отвори го линкот повторно и ќе си имаш информации. Битното е да знаеш дека треба да аплицираш за RMUSP програмата која е наменета за стипендирање на студенти Роми.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Извини, ама стипендиите кои ги добиваат Ромите матуранти/студенти/постдипломци не доаѓаат од средства на државата. Би те замолил во иднина да се информираш пред да имаш ваков игнорантски однос. „Ваши“, „наши“ деца.. пфф. Поради таквите како тебе Ромите се сеуште дискриминирани и поради таквите како тебе на нив им се доделуваат стипендии за да им се олесни студирање и да се намали влијанието од стереотипите.
Абре незнае да пишува бе ало?!? Какви стипендии за што, за неписмени? Ова само кај нас го има, цел свет дава стипендии за напредни ученици кај нас се даваат на национална или партиска основа. Види го само Амди Бајрам со неговите 103% тоа на пратеник ти личи? Циркус правите со државата!
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Абре незнае да пишува бе ало?!? Какви стипендии за што, за неписмени? Ова само кај нас го има, цел свет дава стипендии за напредни ученици кај нас се даваат на национална или партиска основа. Види го само Амди Бајрам со неговите 103% тоа на пратеник ти личи? Циркус правите со државата!
Тоа што тој не знае граматички да се изрази точно е негов проблем можеби затоа што македонскиот јазик не му е мајчин јазик. Второ, тоа не ти дава право да направиш една генерализација на цела етничка група да ги наречеш неписмени. Трето, пак ќе кажам, овие стипендии не доаѓаат во ниеден случај од средствата на државата. Тие извори на средства доаѓаат од Ромскиот едукативен фонд кој се наоѓа во Будимпешта. И овие стипендии за Роми не се застапени само во нашата држава туку ширум цела Европа. Така да немој да се секираш дека твоите „напатени“ и „неписмени“ сограѓани се стипендираат од твојте лични средства. Можеш да спиеш мирно :)
 
Добро, прости две прашања:
1. да не се писмени случајно?
2. имаат ли дискриминирачка предност пред нашите деца?

Крајниот резултат е следниов:
1. Ром кој е неписмен и неспособен е вработен затоа што е РОМ!
2. Наше дете писмено и способно е невработено и оди во завод да бара работа!
И треба мирно да спиеме додека некој не "дупи" у здрав мозок?
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075

Да земе стипендија ради етничка припадност е апсурд, ама и ова го има кај нас.
Ако му се сите петки, има минимални месечни примања или некоја друга логична причина не гледам зошто да не земе.
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
јас се сложувам дека треба едукација за ромите , албанците...било кој етнички групи....ама да има предност пред македонците затоа што припаѓа на некоја од етничките заедници а не го бидува ...то не можам да го сварам....во наша држава албанците ,турците и ромите имаат повејке предности од македонците...без диплома влегуваат на работа ...:тое а шо има многу неписмени помеѓу нив има... Барем нека се описмена не мора факултет да заврша...или нека ги насоча тие средства на пример за да се подобри оваа глетка...а во какви услови живеат и шо пра тие на излезот од битола на патот до Охрид :tapp:
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Да земе стипендија ради етничка припадност е апсурд, ама и ова го има кај нас.
Ако му се сите петки, има минимални месечни примања или некоја друга логична причина не гледам зошто да не земе.
Ако некој е надарен и покажува натпросечен интерес и успех се разбира дека заслужува стипендија но кај нас тоа не е случај, јас сум сигурен дека може да се најдат повеќе од 5000 наши деца кои се понапредни и ја заслужуваат многу повеќе таа стипендија од овој овде што се јавил!
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Добро, прости две прашања:
1. да не се писмени случајно?
2. имаат ли дискриминирачка предност пред нашите деца?

Крајниот резултат е следниов:
1. Ром кој е неписмен и неспособен е вработен затоа што е РОМ!
2. Наше дете писмено и способно е невработено и оди во завод да бара работа!
И треба мирно да спиеме додека некој не "дупи" у здрав мозок?

1. Има многу пописмени Роми од тебе.
2. Кога гледаме на дискриминацијата ми доаѓа едноставно да се насмеем. Кога некој толку јавно го искажува својот игнорантски и стереотипен однос спрема еден етникум, ми зборува за дискриминативни предности. LetMesea, како што реков, Ромите не се сеуште еманципирани во општеството. За да тие го направат тоа им треба повисоко образование за да сфатат како функционира општеството и системот. Голем број на Роми доаѓаат од дисфункционални и сиромашни семејства кои не можат да им дозволат школување на своите деца иако истите тие деца имаат голема желба за образование. Е токму затоа во пресрет излегуваат овие стипендирања за да го поттикне развојот на Ромската популација во државите за да тие во иднина не им бидат „трн во око“ на системот, ме сфаќаш? Плус бенефиции немаат само Ромите туку имаат нормално и Македонците. Секакво стипендирање има за нив без разлика дали се работи за средно образование, за високо образование, за деца без родители, за деца со посебни потреби и така натаму, значи Македонците не се изоставени. Е сега кога гледаме од твојта гледна точка дека Ромите се неписмени и необразовани, тогаш сигурно не би им претставувале конкуренција за стипендиите за образование на „твоите“ деца нели? ;)

Во поглед на „резултатите“ кои ги ваѓаш од ракав:
1. Велиш Ром кој е неписмен и неспособен е вработен затоа што е Ром. Хехехех, немој да ми кажеш дека нема Македонци кои со ниво на интелигенција помали од твојот број на чевли кои се вработени во администрација. Тоа е проблем од друга димензија односно политичка димензија. Тоа е начин на кој нажалост ни функционира денес државата (без разлика дали е партиско вработување, или на национална основа)

Како што реков, стипендиите на Ромите не ве повредуваат на никаква основа а уште помалку на вашиот џеб.

Вработувањето според националност е поради политичкиот рамковен договор, кој сигурно знаете дека Ромите немаат ни малку иницијатива во донесувањето на тој договор.

Затоа би ве замолил да ги разграничите овие работи за да не дојдат до вакви недоразбирања. :)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Абре незнае да пишува бе ало?!? Какви стипендии за што, за неписмени? Ова само кај нас го има, цел свет дава стипендии за напредни ученици кај нас се даваат на национална или партиска основа. Види го само Амди Бајрам со неговите 103% тоа на пратеник ти личи? Циркус правите со државата!
А ти па знаеш да пишуваш!!! „Не знае“ знаеш дека не се пишува заедно?
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
LetMeSea што го тупиш? Ко што има стипендии за Ромите така има и за Македонците, Албанците, Турците. Е сега, си има одредени квоти колку стипендии се даваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom