Многу плитко и инфатилно размислување. Точно е дека знаењето е сила и моќ. Ако дотичниот се запишал пошто е тренд, и колку да земе диплома (учејќи од "комбинации" и полагајќи на препис), џабе му се и 10 факултети да заврши, кога нема знаење. Дрво си е дрво. И тука, и во Америка, секаде.
Кај нас, тие што учеле и што ги бива, си имаат убави професии и си земаат пристојни плати. Другите, што не ги бива ни за учење, ни за претприемаштво, што немаат никакви вештини и знаење - работат за минималец во фабрика.
Во Америка, тие што учеле и што ги бива - си работат како адвокати, програмери, доктори, фармацевти, информатичари, архитекти, банкари, и си земаат по xx,xxx месечно. Другите, што не им се учело, што не ги бива - работат како келнери и мијачи на садови. По 18 часа дневно, за 3000 долари месечно.
Платата од 250 евра во фабрика кај нас, е дериват на овдешниот стандард. Ти не земаш $3000 дека таму као нешто трудот повеќе ти го ценат, туку дека стандардот е 10 пати повисок од нашиот. И плус, америкаците имаат бон-тон навика да оставаат бакшиш (нешто што кај нас е непознат поим).
3000 долари за еден месец, со 18 часа работа дневно, нон-стоп на нозе, не е нешто за фалење. На исто ниво е со работа на лента кај нас.
И секако дека е подобро да работиш како келнер во Америка, отколку на лента овде.
Некој да рече дека мора да биде или едното или другото, треба да е глуп ко Зотев полов орган. По истата логика, ако бездомник во Германија рече дека системот го ебе, тогаш и Германија треба да биде жабарник.
Дозволи ми да ти објаснам како на тригодишен ZOTE со Даунов синдром.
Кога на пост-социјалистичка почва се садат семките на капитализмот, голема е веројатноста таа почва да се претвори во жабарник. За таква пост-социјалистичка вукојебина, која има кревка економија, корумпирани институции, просечна плата од
350 250 евра, многу невработени и многу неписмен народ, се вели дека е балкански жабарник.
И, замисли, дури и во таков жабарник може да имаш убав живот. Ако државата е жабарник, не мора значи дека сите поединци се ебени од системот, и сите живеат мизерно. Се е по заслуга, пријателе. Кој како ќе си ја нареди.
Очигледно не живееш во државава, и не ти е добро познат менталитетот на овдешниот народ. Сепак, најголема вина за тоа има владата, која отвори факултет во секое село, и му овозможи на секој полуписмен пацер да замине во странство, и да соли памет од надвор.
Обратно е, народот премногу очекува од државата и институциите. Дури и сè да добие, пак ќе се буни и кука. Тие што не очекуваат многу од државата, посветиле повеќе време на свое усовршување и едукација, и сега имаат одлично платени работни места и бизниси. Не кукаат, не бараат дежурен кривец за својот неуспех, туку си гледаат својата работа.