Српскиот пејач Луис загина во сообраќајна несреќа

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Загина познатиот српски пејач Луис кој со својот впечатлив начин на пеење и оригинален стил опстојуваше на музичката сцена 40 години.​

Познатиот српски пејач Љубиша Стојановиќ - Луис загина утрово околу 5 часот во верижен судир на неколку автомобили меѓу Фекетиќ и Врбас – јави Блиц.

59 годишниот пејач загина на лице место, а неговите тројца соработници кои биле со него во автомобилот се полесно повредени. Тие добиле лекарска помош во болница во Врбас и веќе се пуштени на домашно лекување.

Во несреќата покрај Луис животот го изгубил и државјанин на Унгарија, а 6 лица се повредени, меѓу кои и деца на возраст од 5 и 8 години.
Децата и нивната мајка се тешко повредени, но не се во животна опасност.

Според зборовите на еден од сопатниците автомобилот го возел Луис, а останатите не виделе како се случила несреќата затоа што спиеле.Автомобилот бил сосема уништен.
Државната телевизија објави дека до несреќата дошло кога Луис од неутврдени причини преминал во лентата за спротивна насока и се судрил со автомобил со унгарски ознаки.

Луис ја почна својата кариера во 1970 година а прекарот Луис го добил уште како 9 годишно дете заради тоа што без грешка ги изведувал песните на Луис Армстронг. Завршил факултет за музичка уметност во Белград. Меѓу првите го комбинираше џезот со српскиот фолклор а неговиот оригинален впечатлив начин на пеење го издвојуваше од другите пејачи.

Во 1994 година Луис го доби признанието за зачетник на етно - поп музиката. /Л.Ј.

извор
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
R.I.P. :(
Самоме чуди како можи сопатниците да се лесно повредени, Луис да загини на лице место а автомобилот да биде сосема уништин.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Бог да го прости...

Едит од Тончи: Барањето за бришење на офтопик мислењата е спроведено.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
R.I.P. :(
Самоме чуди како можи сопатниците да се лесно повредени, Луис да загини на лице место а автомобилот да биде сосема уништин.
Тоше Проески верзија ::place:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
еве ви едно по познато песниче од луис. - убава песнчика -
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Можеби не сакам турбо фолк и не слушам ваква музика ама типот беше појава, ептен уникатен изглед
Нека почива во мир
 
I

Iblis

Гостин
Ова е попозната песна од Луис , нека му е лека земјата.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нека му е лесна црната земја...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Лесна му земја.

п.с. Ќе ве замолам без офтопик муабети, да не отиде некој на бан.
 
S

StormRage

Гостин
лесна му земја... добар беше како музичар, колку само пати се иам опивано на Опа опа пошо само таа ја пуштаа...
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
R.I.P. Луис :( што е работава, секој викенд по некоја ѕвезда го губи животот???
како и да е....ЅВЕР чоек беше........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom