Според дијаспората Владиката Петар е најголемо зло за МПЦ

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Општината "Св. Петка" на Македонската православна црква од Сиднеј испрати отворено писмо до архиепископот г.г. Стефан, со кое го повикува да ја земе судбината на МПЦ и да ја промени политиката кон епархиите во странство.

Секретарот на црковната општина "Св. Петка" Кире Циревски на вчерашната конференција за печат, информирајќи за состојбата во Австралиско-новозеландската епархија, чијшто администратор е битолско-преспанскиот митрополит Петар, рече дека во деветгодишниот спор со него во австралиските судови имало 158 рочишта и биле потрошени речиси 4 милиони долари.

Циревски покажа документи за да потврди дека имотот на епархијата на македонската заедница, проценет на околу 60 милиони долари, е пренесен на лично име на владиката Петар, кој е и австралиски државјанин.

Нарекувајќи го "најголемо зло за МПЦ на сите времиња ", "ментор на Вранишковски" и "креатор на нишкиот договор и политиката што се води против МПЦ", Циревски рече дека Петар го "одмакедончува" македонскиот народ, кој со својот труд ги изградил црквите.

- Не личи владика да отуѓува и присвојува имот како што е направено со административната зграда на епархијата - рече Циревски.

Од 1 до 5 август претстои нов судски спор, за на кој се очекува да присуствува Петар. Поради тоа, претставниците на општината "Св. Петка", објавувајќи го проблемот преку медиумите, бараат од архиепископот на МПЦ да ја преиспита работата на владиката Петар.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Интересна работа се случува со црковните општини во Сиднеј, па и цела Австралија... Постои огромна поделеност и големо разиденување меѓу ставовите на едни и други цркви таму...

Сега интересно е да се види реакцијата на другите општини во Австралија и колку од нив ќе застанат зад барањето на црковната општина "Св. Петка"!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Синоќа фатив нешто на вести, ама не го следев од почеток, па затоа и не ми е јасно сеуште што е "фрката". Збореа само нешто околу (не)можноста да се врши увид во црковните каси, односно кој колку троши. Сепак испаѓа дека пак се скараа за парите.

Стрелец, нешто по конкретно околу ова од тебе?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Нормално дека е за парите. Колку што сум јас упатен во работите, тие стојат вака : една група бизнисмени си изградиле (нормално, со народни донации) неколку цркви и си ги држат црквите буквално како дуќанчиња, т.е. целиот профит (кој ич не е мал) си останува во еден затворен круг. Е сега, се појавува Петар кој вели дека црквите заедно со нивниот имот (и каси) припаѓаат на МПЦ. Автоматски со ова им брцнува во џеб на „црковните“ бизнисмени и ете ти кавга.

Не сакам овде да заземам страна - малку изгледа глупаво кога некој од страна доаѓа и вели „Е ова е сега имот на МПЦ“, а од друга страна овие си оперираат со црквите како да се супермаркети и плус го стимулираат народот да им остава уште пари. Баш ме интересира како ќе заврши целата фрка.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
spooky напиша:
Е сега, се појавува Петар кој вели дека црквите заедно со нивниот имот (и каси) припаѓаат на МПЦ. Автоматски со ова им брцнува во џеб на „црковните“ бизнисмени и ете ти кавга.
Jaс колку што сфатив обратно е. Петар го тужат дека го присвоил имотот. Или?
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Еве како Владиката Петар одговорил на обвинувањата:

Австралиските епархии не сакаат да бидат надлежност на МПЦ

Битолско-преспанскиот митрополит Петар вчера изјави дека проблемот во Австралиско-новозеландската епархија, чиј администратор е тој, е предизвикан од расцепканоста на црковните општини, кои сакајќи да останат независни од МПЦ, не ја прифаќаат нејзината јурисдикција.

Тој на прес-конференција рече дека црковната општина "Света Петка" од Сиднеј е регистрирана како компанија, а не како религиозна организација, која не го прифаќа правилникот на епархијата, зашто, како што рече, не сака да има финансиска контрола од МПЦ за да може самата да раководи со имотот и парите да ги користи за свои цели.

Прес-конференцијата на владиката Петар е реакција на изјавите на секретарот на општината "Света Петка", Кире Циревски, кој го обвини митрополитот за одземање на имотот на негово лично име за што во австралиските судови, како што рече тој, се водело судски спор девет години и за 158 рочишта биле потрошени околу 4 милиони долари.

Средбата со медиумите во Архиепископијата на МПЦ почна со вербален инцидент и со отстранување на Циревски, кој сакаше да ја следи во својство на новинар.

Владиката Петар рече дека Циревски лажно се претставувал, дека изнесол полувистини, клевети и напади за состојбите во Епархијата.

Владиката Петар рече дека австралиската епархија сега има 21 црковна општина, а биле затечени 12 и за осум години биле создадени девет цркви и еден манастир.

- Нам не ни е важен имотот на црквата, туку управувањето со верниците - рече Петар, според кого проблемот ќе се реши ако се донесе закон за старателство и поверителство на МПЦ, каков што имаат сите цркви во Австралија и со кој сите општини ќе бидат здружени во еден имот контролиран од МПЦ.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Е дури сега навистина ништо не сфаќам. Тотално сум збунет! :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom