Сонови, толкување на сонови

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Сонував како газдарицата само на мене и уште 2 колешки ни испраќа маил каде секакви глупости ни има напишано, и меѓу другите работи и дека во сабота треба да работиме бидејки не сме ги завршиле обврските (а баш напротив, се беше завршено, посебно за моите одговорности).
Потоа се сеќавам како сонував дека се карам со некоја колешка на работа во врска со маилот и како она ми удира шамар (знам дека ми е колешка од работа но не личи на никој од колегите, позната ми е девојката но не можам да се сетам од каде - но во сонот е представена како моја колешка).
После шамарот почнувам да плачам и одам во канцеларијата на газдарицата каде се бунам која е таа да ми удира на мене шамар и дека тоа е вршење на мобинг... (само на ова се сеќавам) :)
Можно е да си во лошо друштво и да те чека некоја навреда или да доживееш некои понижување.Внимавај кои ти се пријатели.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Можно е да си во лошо друштво и да те чека некоја навреда или да доживееш некои понижување.Внимавај кои ти се пријатели.
Фала на одговорот[DOUBLEPOST=1462734805][/DOUBLEPOST]
Можно е да си во лошо друштво и да те чека некоја навреда или да доживееш некои понижување.Внимавај кои ти се пријатели.
Фала на одговорот
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Што значи да сонуваш како сестрата на еден од бившите го сретнува дечкото со кој треба да се мажи наредниот ден со 2 девојки во неговата кола пред нејзината како ја изневерува и почнува да плаче и под ниеден разлог не сака да се венча. Јас сум ја сретнала и ми кажала што е проблемот иако векје не сме блиски како порано. После неколку часа сум цувствувала грижа на совест и сум и се јавила да ја прашам како е и да ја повикам кај мене на гости. Одкако дошла сум му се јавила на бившиот да му кажам дека е кај мене иако сме биле скарани и сум му кажала дека ке се обидам да ја разубедам да му проти и да се омажи. Потоа се сеќавам како сум ја излажала да се дотера како божем ке излегуваме некаде и облекла бело фустанче заради мое инсистирање. (Само на ова се сеќавам, но во реалноста оваа девојка е мажена за истиот тој дечко уште пред 2 години, додека бев во врска со брат и).
Фала на одговорот.[DOUBLEPOST=1463092120][/DOUBLEPOST]Што значи другарка ти да те сонува како си многу весела, насмеана, радосна и како си и кажала: "Конечно најдов некој" (за дечко станува збор, бидејки во последно време сите понуди ги одбивам) :P
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Што значи на сон да сонуваш стара баба , исфарбана црна во косата , облечена во црн капут и насмеана??
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Сонував како девојката ми соопштува дека се сомнева дека е бремена и како татко и рекол разговарај со дечкото да те земе за жена. :( :(
HELP?
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Често сонувам, ама толку реален сон ко овој сабајлево никад не сум имал.
Сонував како со кола се симнувам по една удолница, сам во колата, а позади мене во друга кола возеше најдобриот ми другар. Едно време една мачка ми излезе на пат и иако не возев брзо ја прегазив со задното тркало, ама веднаш откако ја згазив таа се најде внатре во колата и почна да дивее, да ме гребе, ми се пикна под нозе и гребеше и врискаше. Не можев да закочам од што беснееше. Пружив рака да кренам рачна ама не можев од мачката. Некако успеав да застанам, среќа не возев брзо на сон, и успеав да отворам врата ама мачката се изнамачив дур да ја избркам ме испогреба на секаде. Не се сеќавам каде отиде мачката ама изгледа излезе и ја снема.

Се разбудив веднаш, чудно смирен, ниту малку исплашен или возбуден од сонот и ги осеќав гребанициве од мачката секаде по телото дур да се свестам. Ептен ми беше живописен сонот, дур да се истуширам и расонам се мислев дали е сон или вчера сум претерал со пиење и сум бркал мачки :)
 
Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33

Брат провери тука http://www.femina.mk/соновник/мачка
 
Кавга со женска особа, дали девојка, колешка, сосетка,...нема да ти биде пријатно.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Дали соновиве имаат некое значење:

1. Го сонував еден бивши дечко со кој одамна бев во врска со една девојка која му е колешка, како таа е трудна од него (5-6 месец може и повеќе) и како он клекнува, ги става двете раце на нејзиниот стомак и и го бакнува стомакот, а јас во тој момент сум се свртела накај другарка ми и сум и рекла: "не, не е можно..зар вакво нешто ми направи.."

2. Сонував како со пријателка сум на фризер за она да се шиша и одкако ја ишишаа неа, јас ја одврзувам мојава коса и се гледам како јас да сум шишана по грешка наместо она и почнувам да плачам и да се нервирам бидејки толку многу ми ја скратиле косата а јас сум сакала да ја чувам долга и почнувам да го фрлам телефонот мој, да ја лупам главата од ѕид..бидејки многу сум била разочарана и вознемирена.
Така улиптана се качувам во кола со моите и уште некој друг имало и случајно здогледувам како копаат некој многу голем канал и од страните имало многу луѓе што гледаат, меѓу кои истиот тој бивши што го синував пред некој ден (од предходниот сон), и им викам на моите да застанат. Излегувам од колата и се симнувам по каналот (но не бев сама, по мене дојде или мајка ми или познаничката), се симнувам надоле со цел за да ме забележи бившиот и одеднаш сфаќам дека тоа е канал каде што ќе ја пренасочат реката и почнувам со трчање да се враќам за да се искачам од каналот бидејќи водата почнала да надоаѓа и на ивиците од каналот еден од работниците со калливи раце ми помогнал да излезам...

Само на овој дел од сонот се сеќавам...
Фала, поздрав.. ;)
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Сонував дека на секое полнење на Месечината сретнувам женска личност како шета бело кученце, сме разговарале баш за тоа дека се сретнуваме секогаш кога месечината се полни. :D
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мајка ми е почината пред 5 год.и многу ретко ја сонувам.
Синоќа ја сонував како седеше со некој жени,за мене не познати и мислам дека седеа на камења,некако многу ниско ми изгледаше.
Јас клекнав и приметив дека она избегаваше да ме погледне.Раката ја држеше на уста и тивко рече дека од забот и тече крв,што јас не видов крв.:(
 
Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Мајка ми е почината пред 5 год.и многу ретко ја сонувам.
Синоќа ја сонував како седеше со некој жени,за мене не познати и мислам дека седеа на камења,некако многу ниско ми изгледаше.
Јас клекнав и приметив дека она избегаваше да ме погледне.Раката ја држеше на уста и тивко рече дека од забот и тече крв,што јас не видов крв.:(
Задушница се ближе сигурно за тоа
 
Член од
26 јуни 2016
Мислења
3
Поени од реакции
1
Сoнувaм некoлку пaти еден ист сoн, кaкo еднa пoстaрa женa ме дoпирa нa улицa и ми јa стaвa рaкaтa нa глaвa
(не јa знaм женaтa кoјa е)
Кaквo знaчење би мoжелo дa имa oвa?
 
Член од
9 јули 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo,vecerta koga bese ivanden aonuvav cuden son.Nekoi natprirodni sili vo mojata kuka,duva silen vetar vo kukata,vratite zatvoreni,ne mozam da otvoram ni vrata ni prozor,a vo sobata nema nikoj samo jas.gledam preku prozor temna nok,nevreme veter.i zdogleduvam figuri lugje obleceni vo crni mantili so crni kapuljaci na glava,naredeni vo redovi kako piramida.idat nakaj mojata kuka.jas gi gledam i si pomisluvam sto baraat ovie,koi se sigurno se za loso.i se razbudiv.inace sin mi se vika ivan ima 5 god i denta imavme gosti i se bese ok.preplasena sum od sonot sigurno e nesto loso????
 
Kajgana Shop

На врв Bottom