Сонови, толкување на сонови

Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
Океј ако можи некој нека одговори:
Се наоѓав во град каде што имало највисок левел на ретардирани луѓе (имало и нормални),сум одел по долги улици и како што сум одел како приказна да се раскажувала за тоа дека градот бил проколнат од некој grudge,некоја страшна вештерка (страшна фаца упм имаше).Таа го проколнала градот и затоа се раѓале луѓе со деформисан мозок (ме сфаќате).И пред да излезам ја видов таа што го проколнала градот,во темнина.И после излезе сонцето и удри светлината.
Па може некој да го дешифрира ова?
 

Ружна

Несакано дете
Член од
12 февруари 2016
Мислења
24
Поени од реакции
23
Видов на сон како еден дечко што не го ни познавам, а ниту пак мислев на него, како се самозадоволувал пред мене и тоа у центар, на фонтаната као да се наоѓавме, таму сме седеле...
И одвреме навреме си го вадел половиот орган. Потоа, демек да не го види некој, станавме и отидовме на некоја си од клупите таму и јас како да се качив врз него и почнав да го бакнувам...
И се разбудив. Што би можело да значи тоа?:)
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
Видов на сон како еден дечко што не го ни познавам, а ниту пак мислев на него, како се самозадоволувал пред мене и тоа у центар, на фонтаната као да се наоѓавме, таму сме седеле...
И одвреме навреме си го вадел половиот орган. Потоа, демек да не го види некој, станавме и отидовме на некоја си од клупите таму и јас како да се качив врз него и почнав да го бакнувам...
И се разбудив. Што би можело да значи тоа?:)
Ќе станеш лезбејка
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Здраво на сите.
Сонував сабајлево, се исплашив многу некако напната дали дека бев преку ден вчера, не знам.
Имено, сонувам како седиме со мажот ми и друштвото и одеднаш одлучуваме да се преместиме сите на друго место и од тој момент веќе не се појавуваат во сонот. И одеднаш голема вода, длабока река и јас цела исплашена му велам на маж ми никако да не влегуваме, тој не ме слуша воопшто и вели дека се ќе биде во ред. Влегуваме во водата и иако е предлабоко автомобилот некако успева да се одржи на површина, вози чудно и излегуваме набргу на патот...
И се разбудив, доста напната.
Би била благодарна доколку некој е запознаен, да сподели мислење.
 
Член од
20 февруари 2016
Мислења
8
Поени од реакции
0
Sonuvav deka sum bremena no pred edna nedela napravim test izleze negativ denes Sonuvam deka sum bremena povtorno kupiv test I povtorno negative sto znaci ovoj son
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Здраво, дали имаат некакво значење овие два сона:

1* Сонував како газдарицата плаче пред мене и ми се правда за ситуација која веќе е случена во реалноста.
2* Сонував бивш дечко со кој не сум во врска многу долго (со кој и случајно да се сретнеме не разговараме) како некаде сме се сретнале, за некој повод (или вечерно излегување - не се сеќавам најубаво), и како за кратко сме се смириле и со многу љубов и радост ме гушкал цела вечер и не сакал да ме испушти од неговата прегратка. Ова е дел од сонот на кој се сеќавам.

Фала на одговорот. Поздрав.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
53
Поени од реакции
7
Сонував како сум невеста и фрлам бидермаер а во сонот зетот никаде не го видов.. Што значи ова?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Здраво, дали сонов има некакво значење:

Не се сеќавам убаво на цел сон, но ќе ви го пишам тоа на што се сеќавам.

Синојка (Велики Четврток спрема Велики Петок), сонувам дека сум со големо друштво но постојано останувам сам.
Најпрво, во вагон од воз каде нема прозори, само што влегов во еден од вагоните вратата позади мене автоматски се затвори и пред мене мене се појави машко дете во кое во моментот гледам како влегува некој зли дух кој ме прогонувал (или ѓавол-не се сеќавам убаво) и како започнува да ме дави но јас иако неможев да се одбранам длабоко во подсвеста си имав зацртано дека не ми може ништо и дека нема да успее да ме повреди.

Потоа се сеќавам како сум на некоја ноќна забава на отворено и како 3-4 вооружени машки особи провалуваат и сите не ограбуваат, на мене ми земаат околу 3000-4000 ден и едниот искоментира конечно да најдам поголем износ кај некој. Јас ги молев да не ми ги земаат парите бидејќи премногу ми се потребни, но сето тоа беше залудно.

Потоа се сеќавам како сум на некоја друга локација и како коментираме нешто во врска со дечковци, љубов, свадби и кога ме прашаа мене многу бев одсечна за таа тема и им одговорив да не ме прашуваат бидејќи сите знаат дека премногу го сакам него (еден од моите бивши) и дека иако се обидов со други залудно беше. Им кажав дека моето заврши, незнам дали некој друг ќе засакам и ке се омажам или цел живот ке го сакам само него иако сум прифатила дека повеќе никогаш нема да бидеме заедно и дека факт е после 19 месеци од нашата разделба нема надеж за нас. Одеднаш личност која не ја познавам ми се уфрла во разговорот со зборовите: не се откажувај од вас, и он тебе те сака, ќе се смирите. Му одговорив дека тоа после се не е возможно но друга многу постара машка личност со бела брада се врти накај мене и ми се обраќа со: верувај му, видовит е. Ако вели дека ке се смирите, значи ќе се смирите.
И во сонот бев скептик на тие зборови но за кратко време случајно го сретнав бившиот а потоа ми се јави да сме разговарале на некоја тема која не беше за нас (на што поточно не можам да се сетам).

Исто така сонував уште многу други работи на кои неможам да се сетам, но се сеќавам дека во поголемиот дел од сонот чувствував голема самодоверба.

Фала за одговорот. :) :*
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Сонував како газдарицата само на мене и уште 2 колешки ни испраќа маил каде секакви глупости ни има напишано, и меѓу другите работи и дека во сабота треба да работиме бидејки не сме ги завршиле обврските (а баш напротив, се беше завршено, посебно за моите одговорности).
Потоа се сеќавам како сонував дека се карам со некоја колешка на работа во врска со маилот и како она ми удира шамар (знам дека ми е колешка од работа но не личи на никој од колегите, позната ми е девојката но не можам да се сетам од каде - но во сонот е представена како моја колешка).
После шамарот почнувам да плачам и одам во канцеларијата на газдарицата каде се бунам која е таа да ми удира на мене шамар и дека тоа е вршење на мобинг... (само на ова се сеќавам) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom