Сонови, толкување на сонови

Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Што би можело да значи, ја сонував девојка ми со нејзиниот бивш дечко, гушнати заедно?
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Безвеза сон ...
Сонував како сум имал секс со мајката на девојка ми , и замислете за сра*ето да биде поголемо свршувам на сон и во реалност :oops: :sick: Што треба да значи сонов ?
 
Член од
2 декември 2014
Мислења
45
Поени од реакции
22
Сонував дека на тротоарот на улицата што излегува од сокакот каде што живеам јас седам на тротоарот и се влечам со нозете полека бидеќи не можам да одам,исто и со рацете се потпирам и така се движам полека по тротоарот.Ден е,ама е облачно,нема сонце.Наидуваат Циганчето што ми е комшија од улицата и има сега 14 години заедно со еден негов другар когошто не го познавам во реалност.Тие ми викаат:Ееееееееееј,мори!Луда ли си?!И клекнуваат до мене да ме тепаат!Јас се будам и во сонот исто чувствувам анксиозност.Инаку,јас во реалноста имам навистина проблеми со нозете и со рбетот,но фала Богу можам да одам,не сум неподвижна,само бргу се заморувам и имам болови.Што значи сонот?Прави да се чувствувам лошо!
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Ја сонував мајката на мојот бивш дечко...како мајка му и татко му ме одминуваат со кола, ме здогледуваат и застануваат. Излегуваат од кола и мајка му доаѓа накај мене и ми зборува нешто како на мојот бивш не му бил сеедно што не сме заедно, не можел ни да спие од што му недостасувам и како во контекст јас да бидам таа што ке се потруди да се смириме иако се поминати 4 месеца, а јас на тоа и одговарам дека неможам повеќе да го молам,а он да ми држи инат, дека доволно до сега направив за да ја спасам нашата врска, а сега он е на ред доколку навистина му значам...........само на овој дел од сонот се сеќавам, иначе ни сум ја видела, ни сум размислувала на мајка му веќе долго време па да кажам дека
подсвесно на тоа што сум размислувала тие денови, тоа да сум го сонувала.........
Што би можело ова да значи? :eek:
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Синојка сонував многу измешани работи....сонував како сум во близина на некоја црква, како таму е и мојот бивш дечко но немаме некој меѓусебен контакт. Одеднаш се наоѓаме јас и он во црквата, и гледам како во едниот кјош од црквата има многу гробови но само земјата и крст на гробовите, без споменик и како 2-3 луѓе ги вадат сите крстови еден по еден и ги оставаат на еден куп за одпосле да пуштеле вода и да го преплавеле тој дел, како тоа да било обичај за задушница. Се сеќавам само дека бившиов мој се обидува да се смири со мене, и како јас малце му укажувам дека сум му лута. Одеднаш се гледам јас со него гушната во ливадата позади црквата,сме се смириле, и како одеднаш пука зидот од црквата што граници со ливадата каде што стоиме гушнати и од таму надоаѓа силен бран на вода која не носи мене и него. Водата е многу брза и разбранета и ги преплавува сите. Но во секој случај ние остануваме живи иако ми требаше малку време додека да го најдам него зошто водата не имаше разделено на различни страни и мислам дека немаше жртви.
Што би можело ова да значи? :(
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
313
Поени од реакции
259
Сонував чавка како стои на квака од врата некој да не знае што значи тоа ?!
 
Член од
17 февруари 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Често ми се случива да сонувам а да не памтам што сум сонувал :)
 
Член од
2 декември 2014
Мислења
45
Поени од реакции
22
Често ми се случива да сонувам а да не памтам што сум сонувал :)
И на мене некогаш ми се случува да сонувам,а да не памтам подоцна што сум сонувала,кај некого е тоа почесто,кај друг е поретко,тоа си е нормална работа бидејќи тоа си е индивидуално кај секого е различно и затоа не треба воопшто да се грижиш поради тоа,бидејќи некои сонови знаат да бидат толку многу страшни и непријатни што е подобро да не им се воопшто ни сеќабаме подоцна!:angel:
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Синојка сонував многу измешани работи....сонував како сум во близина на некоја црква, како таму е и мојот бивш дечко но немаме некој меѓусебен контакт. Одеднаш се наоѓаме јас и он во црквата, и гледам како во едниот кјош од црквата има многу гробови но само земјата и крст на гробовите, без споменик и како 2-3 луѓе ги вадат сите крстови еден по еден и ги оставаат на еден куп за одпосле да пуштеле вода и да го преплавеле тој дел, како тоа да било обичај за задушница. Се сеќавам само дека бившиов мој се обидува да се смири со мене, и како јас малце му укажувам дека сум му лута. Одеднаш се гледам јас со него гушната во ливадата позади црквата,сме се смириле, и како одеднаш пука зидот од црквата што граници со ливадата каде што стоиме гушнати и од таму надоаѓа силен бран на вода која не носи мене и него. Водата е многу брза и разбранета и ги преплавува сите. Но во секој случај ние остануваме живи иако ми требаше малку време додека да го најдам него зошто водата не имаше разделено на различни страни и мислам дека немаше жртви.
Што би можело ова да значи? :(
posle odreden period na tegobi, mislam, ne sum siguren,ama ovami ukazuva deka povtorno ke bidete zaedno..a ti najdobro znaes dali sum vo pravo ili ne, ako sega ne znaes, idninata ke ti odogvori ...
 
Член од
17 февруари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Епа вака сонував како ссме на автопат јас и мојот дечкото и двајцата голи тој замина од спротивната страна на улицата имаше карпа и легна на неа и се покри со бел чаршав а јас стоев на улица наиде една црвена кокола а јас се покрив со крпа застанаа 3мажи и трчаа по мене и јас бегав на кај дечкото го разбудував тие дојдоја тука едниот црно мурест со брада изваде пиштол и нишанеше... што би можело да значи сонов?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691

Дека многу гледаш турски серии пред спиење.
 
L

Löwe

Гостин
Пред некоја вечер сонував мало дете година или две , е сега не сум сигурен дали ми беше син или внук од некоја братучеда не се сеќавам најнај. Знам ме гушкаше премногу беше слатко детето, шо би можело да значи?
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
Јас имам сонувано еден ист сон 2 пати, и точно знаев кога 2от пат го сонував што ќе се случи.Во мојот сон ѓаволот се симнал на земјата за да ги земе сите души , и како што поминував низ рушевини гледав како помошниците на ѓаволот ги расчепуваат телата на луѓето. Јас се криев за да не ме видат бидејќи 2пат знаев и каде и како , и кога сакав да влезам во една зграда пред неа имаше 2-3 чувари како кучиња беа слични , еден човек ми приде и ми даде лист ( незнам што пишуваше во него) и ми рече дека ова ќе ме заштити. Кога влегов во зградата веднаш влегов во еден стан а во него имаше семејство и се криеа во нешто налик на оние лифтовине од филмовите незнам како да ги објаснам рачно што се спушта вратата , и легнав во креветот и се покрив со чаршав ( бидејќи така се спасив и 1пат кога го сонував сонот) и само почнав да ги слушам копитата на ѓаволот како се приближуваат до вратата и нагло ја отвори, и го слушав како се движи низ собата во која бев ги најде луѓево и ги уби, и почнав да го слушам како се приближува накај креветот, неговото одење и лупање по подот неможам да ви го опишам, само јас знаев дека треба мирна да седам и ништо да неправам и да го држам листот кој ми го дадоа, ѓаволот беше застанат над креветот и почнав да го слушам неговото дишење, беше мн тензично а и многу морбидно, како и во првиот сон така и во вториот на овој дел од сонот се разбудив.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Сонував како сестрата на бившиот се обидува индиректно да ни намести средба и да ни помогне да се смириме, и исто така како од страна се некој не спречуваше, се вмешуваше во сонот, ке се појавеше баш некој во тој момент....дали успеа во нејзината намера да не смири не знам :) (иначе долго време се немам видено со девојкава па за да си помислам дека е потсвесно судејки според некој наш разговор).
Има некое значење сонов? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom