Соларна енергија

Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Strujata pridobiena od fotopaneli e 10 pati poskapa nego od bilo sto drugo.
Па не е баш 10 пати поскапа .Се плака 0,3евра/KWh за централа до 50 KW и 0,26 евра/KWh од централа над 50 KW.
За информација, домашната струја ја плакаме околу 0,1 еврo/KWh , а индустриската тарифа е дупло , некаде е под 0,2 евра/KWh .Точно е тоа дека сите ние плакаме за таа повластена цена по која се откупува енергијата од соларните централи .Но кој поинаку би се согласил да гради капацитет, еве од 50 KW , да вложи над 100 000 евра , и да чека да му се вратат тие пари за 7-8 години ( со повластената тарифа )?!
Бидејки квотите се потрошија , нови нема да има , еве можност за сите што им треба енергија за некој погон ( индустриска тарифа ) да си инвестираат во мини соларна централа .
Ако се земе во обзир дека ЕВН ДЕБЕЛО наплака приклучок и скоро секаде за индустрија бара во старт 20-30000 евра за трансформатор , кои пари после ги прикажува како своја инвестиција ( платена со наши пари !!! ) , јасно е дека инвестиција во сопствена соларна цетрала е исплативо ...
Поздрав и секое добро
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
Дали оваа година има субвенции од владата за соларни колекторски системи?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
БУМ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ
Ќе се градат 100 мали сончеви и хидроцентрали

Изградбата на мали капацитети од обновливи извори на енергија, со користење на водните потенцијали или со користење на сонцето, доживува вистински бум. Ако лани крајот на годината го завршивме со 13 мали хидроцентрали и 16 фотонапонски кои во текот на 2012 година произведоа 18 гигават-часови електрична енергија, заклучно со минатиот месец во функција беа 18 мали хидроцентрали и 25 фотонапонски со инсталиран капацитет од околу 18 гигавати. Во првото полугодие од годинава тие произведоа 22,5 гигават-часа електрична енергија.

Меѓутоа, ако се земе предвид дека Регулаторната комисија за енергетика има издадено над 100 решенија за добивање статус на повластен производител на електрична енергија, односно за хидроцентрали и фотонапонски кои се во фаза на изградба, излегува дека производството на струја од обновливи извори доживува вистински бум. Но, засега тоа е случај само со капацитети што произведената струја ќе ја продаваат по повластени, односно повисоки цени, а што ќе се пресмета во крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните и стопанството.

Токму од овие причини и издавањето дозволи за изградба на вакви капацитети е ограничено и моментно предвидените 18 мегавати во фотонапонски централи се речиси искористени. Односно, како што велат од РKЕ, со веќе издадените решенија и со пристигнатите, веќе е надминат определениот капацитет. А тоа значи дека само дел од оние што се во фаза на одлучување ќе влезат во категоријата повластени производители.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, статус на повластен производител имаат 48 хидроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 53 мегавати, како и 60 фотонапонски од различна големина кои заедно имаат инсталиран капацитет од околу 10 мегавати. Или с` заедно земено, кога тие ќе се изградат, инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија на Македонија ќе се зголеми за околу 80 мегавати. Истовремено, според издадените решенија од РKЕ во кои е наведено планираното производство на електрична енергија, кога сите ќе бидат во функција (во рок од една до три години во зависност од тоа за каква централа се работи), ќе добиеме дополнително производство од околу 200 гигават- часови електрична енергија.

Оние што во иднина ќе сакаат да произведуваат струја со користење на сонцето ќе мора претходно да добијат лиценца од РKЕ, да обезбедат пласман на производството преку трговци, снадбувачи со електрична енергија и на операторот на електропреносниот систем и операторите на електродистрибутивните системи. Тоа ќе профункционира со стапување во сила на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Зденка Павковиќ

Се уште нема приватни ветерници
На приватните инвеститори што ќе сакаат да произведуваат струја од обновливи извори по повластени цени, на располагање им стои голем капацитет предвиден за ветерни паркови. Според последната одлука на Владата за вкупна инсталирана моќност на капацитети што ќе произведуваат струја по повластени цени, најголем капацитет е предвиден токму за ветерните централи, 150 мегавати кои би требало да се изградат во период до 2025 година. Односно, предвидено е до 2015 да може да се изградат ветерни паркови со капацитет до 65 мегавати, до 2020 од 35, а потоа во следните пет години за уште 50 мегавати. Утврдената откупна цена е 8,9 евроценти за киловат-час електрична енергија.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=386C9E0DBDAF7442B19B642C7690C783
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

Помина година ... и повеќе од најавениот бум! За фотоволтажни повеќе не даваат повластени цени за ‘‘зелена енергија‘‘ колку што мене ми е познато!?
Од 100 мали ХЕ колку се изградива?
Ме инспирираше денешниот текст во истиот ВЛАДИН медиум кој најавуваше за БООООМ пред повеќе од година.... некој си дотичен Бојчевски вели:
Во зависност од тоа дали се инвестираат сопствени пари или финансиски средства добиени преку кредити, инвестицијата се враќа за 5 до 7 години, но може и побрзо ако опремата е подобра. Сопствениците на централите имаат договор за продажба на струјата на 15 години со повластена тарифа, а по завршувањето на тој рок, тие ќе можат, доколку се продолжи со субвенционирање за изградба на вакви капацитети, повторно да аплицираат за повластена тарифа или ако не, струјата да ја продаваат на слободниот пазар - објаснува Бојчевски. А овој текст од Март 2013 http://www.kapital.mk/MK/prilozi_edicii.aspx/93036/povlastenite_tarifi_za_struja_od_sonce_se_iscrpeni!_kje_prodolzhi_li_drzhavata_da_go_stimulira_ovoj___.aspx?iId=3066
вели: Во изминатите неколку години повеќе инвеститори изградија фотоволтаични централи кои од сончевата енергија произведуваат струја. Според договорот со Регулаторната комисија за енергетика, произведената струја ја презема МЕПСО по повластена тарифа! Квотата за количините струја која ќе се откупува по повластени тарифи веќе е исцрпена...
Е па сега овој Бојчевски продава фотоволтажни централи, ама и муда за бубрези...
Текстов од Дневник како да е од пред 2 години како да е од пред 5 години... го имаат на диск и само copy-paste праат.... ИНАКУ ЗА БУМОТ
Еве го бумот: Booom Boom Boom.... многу јак бум!
https://www.youtube.com/watch?v=X70VMrH3yBg
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...хммм.., не си во тек..пред некое време се слушна едно ТРАААСС..., ама изгледа си бил со слушалици на уво слушајќи го Џон Ли Хукер..:):):):)
Инаку веројатно ја прочита веста дека Австрија и Германија вовеле данок на соларна струја;)
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
И не само германија и австрија. И Американа
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
...хммм.., не си во тек..пред некое време се слушна едно ТРАААСС..., ама изгледа си бил со слушалици на уво слушајќи го Џон Ли Хукер..:):):):)
Инаку веројатно ја прочита веста дека Австрија и Германија вовеле данок на соларна струја;)
Имам прочитано за тоа, еве во друг еден контекст го постирав: http://forum.kajgana.com/threads/Ваша-идеја-за-бизнис-во-Македонија.43811/page-12#post-6535016
поентата ми беше за бумот од електро-централи (најавен од пред две години) човек неможе да се размине од хидро, термо, сончеви, на органски и што ти ја знам какви материјали на гноива (на измет од крави), на гас, на биогас, на атомска енергија, ветропаркови... Саде централи, СТАНАВМЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНИ - АЛЕЛУЈА!

Централи секаде, а споменици, кичераи како: капии, врби, бродови, рингишпаљ, тркало од Паморама (или од Олимписко ли беше!?) во најава, згради па макар и Барокни, полупразни катни со промет на пиљару - гаражи од кои секоја чини над 10 милиони Евра, театри во градови со големина колку капацитетот на градски (пардон арена Филип сега се вика) значи театри од 12 миљона Еври, во полумртви градови, градови во кои болниците имаат полоши услови од Идризово, болници кои немаат елементарни услови за работа.... абе вакви работи ИЧ неможам да видам!

Единствено нешто арно, па макар и задолжување кај Германците, макар што и цената рипна 2-3% рипа таа и поради по-идиотски причини... е ветропаркот во Богданци! Другото е лук и вода! И понатака ќе оди јабана сигурно 200-300 милиони Евра за струја Годишно!
Ми ги подува (те на сите нас) ташаците ко кокосови ореви со Чебрен и Галиште спомнувајки ги постојано. Со години исто па исто со децении веќе....сето пропаднати тендери! А колку би чинеле ние да ги направиме!? Елем.... еве што велат од ЕЛЕМ:
Вкупно, според ЕЛЕМ, двете хидроелектрани би чинеле 519 милиони евра, а би произведувале нешто над 1.000 гигават часови струја, која според ланските просечни цени на слободниот пазар, би вредела 70-80 милиони евра.
А колку мене ми е познато капацитетот би бил некаде околу 70-80% од капацитетот на Битола Термоелектраните (не сум сигурен баш)...Ама ова сума од 500 сома нешто ми е позната, те има многу симболика во оваа цифрава! Еврообврзницата....!
Па подобро е за мир у куќа (затнување на буџетските дупка, исплата на пензии, исплата на аждерот и нивното хомогено гласачко тело наречено администрација...купи ден помини подобро, отколку инвестирање во вакви проекти.... А мачкај му очи на народецов: еве нешто правиме - проект: 100 мали фотоволтаични централи....КСТ у ладна.... ЧИБЕ БРЕ ТАМУ!
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Нова Македонија е објавен интересен напис за добивање на струја од сончева енергија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=922141135551&id=10&setIzdanie=23279
„низ европските земји на покривите се поставуваат панели за производство на струја и ја користат сами или му ја предаваат на дистрибутерот. Сепак, според сегашните законски одредби, во Македонија не е можно да се откупува струја од поединци, туку тоа мора да е од регистрирани фирми. “
Два типа системи

Системите што се поставуваат за производство на енергија од сонце што може да ја користи самиот објект се наречени „Оф-грид“ и „Он-грид“.

Во првиот случај системот е целосно самостоен и не е приклучен на дистрибутивната мрежа, па самиот производител троши сѐ, или чува во акумулатори за да има струја во ноќните часови или кога е облачно времето.

За вториот тип систем не се потребни акумулатори, а вишокот произведена струја се предава на системот за некој друг да ја користи
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...не постои , барем уште не постои фотонапонски панел кој ќе даде , мерено на "кило" , за својот животен век повеќе енергија од онаа која е потрошена за негово производство. И да не ги спомнуваме сите загуби за да таа таква струја се складира, испегла ,спастри и калибрира за на "он грид" .
Сега за сега тука завршуваат сите муабети , освен нормално ЗЕЛЕНИТЕ, но и тие и така и така во поголемиот дел се само причина за проповед и продажба на рогови за копита.
За вистински помак во тој домен сепак ќе мора да се почека доаѓањето на Клингтонците и нивните нови технологии, кои се надевам ќе ги споделат со нас....или некој кој никогаш не одел на школо, па не го хендикепирале и научиле дека "антигравитација" не е можна, чувајќи овци, да изделка некое стапче кое брцнато во земја, a изложено на сонце дава струја колку сакаш.....:):)
 
Ти верувам дека е така
Но сепак те молам малку по детално објасни зошто мислиш дека со фотонапонски ќелии не е економски оправдано да се произведува струја
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ти верувам дека е така
Но сепак те молам малку по детално објасни зошто мислиш дека со фотонапонски ќелии не е економски оправдано да се произведува струја
Да не одиме подалеку: цената на добиената енергија споредена со таа од класичните извори е повисока, ако се соберат сите трошоци, кои рука на срце сега се кријат ко змија нозе. Ако нема дебеело субвенциониран откуп , нема сметка, ама ич.
Од некои причини упорно во свет се блокирa , успорува или препнува развојот на ториумските ректори, веројатно од страна на плутонијумската мафија и војно индустрискиот комплекс.., но дефинитивно нема поевтина електрична енергија од онаа добиена од нуклеарните реактори.За сега и за некоја блиска иднина.
Фотонапонските панели може се добри за локации каде не се праша за цена на струјата која во друг случај би ја немало.
Или можеби , ако пола либиска пустина би се покрила со нив , со цена на истите произведени во услови на никакви "кинески" плати и под услов, ако се направат инсталации за пренос на температури близу апсолутна нула.
Но тоа бара заедништво и план на кркаљоони многу луѓе на ниво на совршен социјализам.
А такво нешто нема да има уште многу долго, така да фотонапонската економска оправданост останува во сферата на политиката и зависна од нејзините дневни потреби. Нормално и од ентусијазмот на запаленковци кои би сакале да бидат независни од матрицата...
Реков погоре , освен ако некое "чобанче" не смисли нешто за што сега ние ни поим немаме. Ама и да се случи тоа сигурен сум дека баба меца од одма има да го папа...:):)
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
sega pa i ova li da go debeeeeelllooo subvencionira ?

od i so koi pari ? a i kreditite se pri kraj ,ne deka nema krediti ,ami nea da ni davaat ,za brzo vreme ke ispliva MK so celata bedotija ,i so poim " nesposobna za otplata na kreditnite zadolzuvanja "
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
sega pa i ova li da go debeeeeelllooo subvencionira ?

od i so koi pari ? a i kreditite se pri kraj ,ne deka nema krediti ,ami nea da ni davaat ,za brzo vreme ke ispliva MK so celata bedotija ,i so poim " nesposobna za otplata na kreditnite zadolzuvanja "
..очигледно е osa не можеш да спиеш од загриженост за денот кога Македонија ќе исплива со налепница: неспособна за отплата на кредитните задолжувања..:)
Не бригај далеку.. е тој ден, а тогаш кога ќе дојде и ако дојде, како за сите така и за голи Асан, но биди сигурна дека ќе бидеме во фино и отмено друштво..., а нека му ја мислат тие кои нема да испливаат..;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom