Совршеното општество

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Си ги мерите на темава?
Ај мирни
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јок Магдуле.

Јас сум цело време на темата.
Совршено општество/демократија?

П.С. Не се труди, шанса нема да го втасаш. Од подфорум на пдфорум трча, правдини криви да витка.

Ама, кога сме кај темата.

Moreover, decrying all Republicans as racists is a Democrat article of faith. But why dredge up Jim Crow?

“There is no doubt that the Democratic Party is the party of the Confederacy, historically, that the Democratic Party’s flag is the Confederate flag. It was our party’s flag. That Jefferson Davis was a Democrat, that Stonewall Jackson strongly identified with the Democratic Party, that secessionists in the South saw themselves as Democrats and were Democrats. That so much of the Democratic Party’s history, since it is our nation’s oldest political party, has its roots in slavery.”

И после во името на демократијата....како навремето во името исусово со огон и меч....

Не, демократија не, не онака како грешно замислена и уште погрешно спроведувана.

Море, @Magde., ич демократија. Гледај кај не однесе. У неврат и неола.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Море, @Magde., ич демократија. Гледај кај не однесе. У неврат и неола.
Демократијата во суштина е владеење на народот - мнозинството. А владеењето само по себе бара одговорност. Ако мнозинството во едно општество не покажува зрелост и одговорност, тогаш и демократијата во тоа општество ќе биде незрела и неодговорна. Тоа нешто го гледаме секојдневно.
Како што поединецот за да биде сметан за зрел и одговорен мора да исполни одредени критериуми, така би требало да биде и со општеството во целина.
Демократија каде на поединецот главна цел му е да земе што повеќе а да даде што помалку на општеството, е пат кој води во деградација.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Демократијата во суштина е владеење на народот - мнозинството. А владеењето само по себе бара одговорност. Ако мнозинството во едно општество не покажува зрелост и одговорност, тогаш и демократијата во тоа општество ќе биде незрела и неодговорна. Тоа нешто го гледаме секојдневно.
Како што поединецот за да биде сметан за зрел и одговорен мора да исполни одредени критериуми, така би требало да биде и со општеството во целина.
Демократија каде на поединецот главна цел му е да земе што повеќе а да даде што помалку на општеството, е пат кој води во деградација.
Demokratijata, за писмените, е најлошиот облик на владеење од антиката до денес.

Мнозинствоот е толпа, психологија на овца, не може без падар, без овчар или ќе дојде глутница гладни волци и ќе го исколе стадото. За владеење, правилно владеење е потребен овчар кој ќе ги гони и изгонува волците.
Не како сега и како во денешницава што се случува. Во името на демократијата се покла еден куп народ по светов.

А кај нас, се виде, владеењето на народот и изборот на народот. Си избравме, овци, со јак овчар, ама волците сеуште напаѓаат. Затоа што во името на демократијата, овчарот може само да подмавне со крлукот, место да ги грабне и од гаќи истресе никогаш да не им текне да го преповторат истото.
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Совршено општество, невозможен поим. За мене тоа е анархија во својата најчиста форма едноставно група на писмени, просветлени и толерантни луѓе со различни сфаќања но едно и единствено општо прифатено правило - не правиго она што не сакаш да ти го направат тебе. Ова општество има една универзална вистина во сите погледи (научна, филозофска, социјална) која сите членови ја креираат, истражуваат, предизвикуваат и секој си е сам своја институција. Институција која слободно ги искажува своите сфаќања и аргументи без никаков страв и која останатите институции разумно и со почит ја анализираат и студираат. Најголемиот проблем кој го прави ваквото општество невозможно е човечката зависност кон слободата, сите сметаат дека таа е нешто кое се добива како награда, а не нешто кое самите ние можеме да го створиме. Ова совршено општество може да настане единствено ако човекот како биолошки вид еволуира во просветлено битие без никакви граници, предрасуди и дискриминации...
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Анархија...
(ама ми тргна со оваа анархијата)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Зошто бре не сте кажале дека ваква тема постои :) Совршено општество ми е една од најголемите фантазии и најомилените теми за разговор.

За мене совршено општество, односно општество кое најдобро ке тежнее кон совршенство е средина со многу морал и етика, правилен ток на енергијата лична и глобална, апсолутистичка грижа за здравјето, многу љубов и живеење за сите не за егоистични и лични задоволства, исправна и здрава едукација и образование кои ке поттикнуваат само свест, отворена и позитивно насочена свест, взаемно почитување и традиционални вредности и разумно ускладен национализам.

За комромисот што е подобро дали строг и затворен систем или лабав и отворен систем сеуште немам став ама се појасно ми е дека во крајна смисла се поклопува крајниот резултат.

Од веке постоечки општества надвор од бајките како би сакале и како е најдобро највеке ми се допаѓаат Јапонија, Русија и Германија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom