Совет во врска за онлајн продавница за шиење/пеглање

Член од
23 март 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,

Би ценеле доколку добиеме совети од луѓе кои работат во текстилната индустрија (конфекции, шивачи) во Македонија. Добредојден е и придонес од тие кои шиењето им е хоби.

Накратко, развиваме специјална интернет продавница за опрема за шиење и пеглање (со бесплатна достава до Македонија). Продавницата можете да ја погледнете на следниот линк: http://www.armator.eu/mk/

Во основа, ме интересира следново:
1. Дали ги разбирате описите и карактеристиките на производите во секциите на продавницата, иако се напишани на Англиски а не на Македонски?
2. И дали има други производи кои би сакале да бидат дел од ваква продавница?

Вашите информации ќе бидат од голема корист. Ви благодарам однапред :)
 
Т

Триптико

Гостин
На .мк страна, на англиски опис? Зошто постои .мк верзија тогаш?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Ако земеме дека оваа категирија што сериозно се занимава со ова учела текстилно во СФРЈ јас не би одел со англиски. Прво треба да видиш која ти е целна група и што е просечното нивно ниво на познавање на англиски јазик. Според тие што ова ќе ги интересира сериозно се 40+ па и 50 + год просечно. Да не правиме муабет за сите пензионери и слично... Македонска верзија под итно...

Лично за мене и да сакам да и ја покажам странава на мајка ми, пензионерка што завршила текстилно во 68-ма и работи ова до ден денес таа нема ништо да разбере... Извинете ама нема да бидам јас преведувач за да вие замете пари после за купеното. Потрудете се малку повеќе...
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Разбирањето на описот и карактеристиките на производите зависат од тоа дали лицето е доволно упатено во ова и дали професионално или аматерски се занимава со истото. Новите текстелиери да, но повеќето текстелиери во МКД не разбираат англиски така што во иднина мислам дека ќе треба да се поработи и окулу превод на описот на истите или да се изработи целосно МК верзија на сајтот.

Инаку имате грешки при преводот,

целосен склад колку што ја разгледав понудата најверојатно се работи за резервни делови
инструменти за зголемување
може да асоцираат на нешто друго затоа што јазикот ние многу двосмислено го сваќаме па тоа би можело да се замени со оптички инструменти, а и по естетски делува, попрецизирано
креда во тоа мени покрај креди гледам и моливи па би можело истиот назив да се промени во средства или прибор за пишување и обележување
истото важи и за маркери и моливи
кукли за иГлог
= кукли за иЗлог
лењири и криви може да се соединат заедно затоа што се работи за еден ист приказ, би можело да се замени со линијари или мерни инструменти
омекнувачи
треба да се замени со масла и средства за подмачкување или заедно со спрејови да се соединат во веќе постоечкото мени средства за подмачкување
истото важи и за хемикалии
парните генератори
т.е. парни генератори би можело да се спојат заедно со пегли и да биде едно мени пегли и галантерија
почетни машини
во македонскиот јазик не постојат такви, точниот назив е машини за шиење (но бидејќи видов дека има и за везење може машини за шиење и везење)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Не е лошо и некој јазичен уредник да ангажирате...
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Лош избор на машини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom