Собирање на печурки

Член од
23 јануари 2012
Мислења
31
Поени од реакции
17
Една другарка моја работеше во фабрика за собирање печурки и се остај таму за шо? За ич пари а работела по цели деној... Т.е таа работеше во делот каде што чистат печурки.. Незнам дали е то шо бараш, но сепак да споделам :)
 

-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
Добро, нели е собирањето ризично зашто има печурки што исто личат како тие што се јадат или имам погрешни информации? Сепак се тоа шумски печурки и како знаат од фирмата што ги откупува дека од толку печурки нема една отровна да им се провлече? Можно ли да се направи грешка при собирањето?

Отсекогаш ме интересирало како прават селекција на толкава количина собрана од повеќе различни места.
Селекцијата се прави уште кога се откупуваат. Тој што ги откупува, ги гледа една по една дали се добри,која класа се итн. И верувај, нема шанси некоја отровна да остане, зашто тие се многу искусни. Откако ќе ги откупат, ги чуваат во хладњаци, таму дополнително ги средуваат и претежно ги продаваат во странство. Таму цените за свежа печурка се далеку повисоки отколку кај нас.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Народе, не ви е страв да берете печурки за јадење?
Мене кожа ми се ежи кога ќе слушнам.

Некако поинаку е кога само некои спори се сеат во контролирани затворени услови, за разлика од надвор.
 

-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
Народе, не ви е страв да берете печурки за јадење?
Мене кожа ми се ежи кога ќе слушнам.

Некако поинаку е кога само некои спори се сеат во контролирани затворени услови, за разлика од надвор.
Зашто страв кога знам што собирам и што јадам?! Да, ќе речеш има случаеви каде искусни берачи се отруле. Но,(ја за мене кажувам) ја не ги знам сите видови печурки, знам само 4 вида на печурки кои се јадат и само тие си ги собирам :icon_lol:, а тие искусните секоја втора печурка ја јадат :icon_lol:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Во главно сите се јадат.Некои еднаш некои повеќе пати.
Абе ние барем за јадење. Има некои свесно бараат од тие другите шо се јадат неколку пати. И после вакви се :ROFLMAO::вонзем::sick:.
Инаку постојат неколку непишани правила кои секој собирач треба да ги почитува.
1.Добро да се познаваат габите кои се собираат.
2.Да се познаваат и отровните двојници доколку постојат такви.
3.Доколку не сме 100% сигурни за некои примероци не ги собираме.

Пред подготвување добро е да се сварат малку, иако на тој начин се губат некои хранливи материи.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
јас една си познавам и таа редовно си ја берам и си правиме софра онака за кеф со друштво. оди со винце попопопопооо.
сунчарка или сунчица или срндач. кој како си љуби



само пожарите Битола ми го уништија моето најомилено место за берење. новите локации не се толку плодоносни, ама колку за кеф се најдва.
инаку печурката е топ за јадење,а и пошто пишам на форумот значи не е отровна или барем јас немам погодено таква сеуште.
 

-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
јас една си познавам и таа редовно си ја берам и си правиме софра онака за кеф со друштво. оди со винце попопопопооо.
сунчарка или сунчица или срндач. кој како си љуби



само пожарите Битола ми го уништија моето најомилено место за берење. новите локации не се толку плодоносни, ама колку за кеф се најдва.
инаку печурката е топ за јадење,а и пошто пишам на форумот значи не е отровна или барем јас немам погодено таква сеуште.
оваа јас ја знам како кукмар, и да, вкусна е :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Срндокот е многу вкусна габа, но лисичарката Cantharellus cibarius е најароматичната помеѓу вкусните печурки кај нас.
Истотака ја откупуваат кај нас преку летото. Некогаш постигнува добра цена.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Срндокот е многу вкусна габа, но лисичарката Cantharellus cibarius е најароматичната помеѓу вкусните печурки кај нас.
Истотака ја откупуваат кај нас преку летото. Некогаш постигнува добра цена.
тешко се налетува на неа
порано редовно собирав, а сега времето ме зае_ува..а за продавање душата не ми дава да продадам ни грамче
 

-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
тешко се налетува на неа
порано редовно собирав, а сега времето ме зае_ува..а за продавање душата не ми дава да продадам ни грамче
лисичарката тешко се наоѓа или срндокот?? Лисичарката лесно се наоѓа, а за откуп не крева некоја цена.
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Абе уште кога ќе слушнам во вреќи сте береле печурки се ми е јасно. Што ви е вас во вреќа кај имате видено да се бери печурка ај ти наполни ја вреќата и потоа истурија и да видиме што печурки ќе извадиш не коментирај само на муабет да се најдеш. Инаку ова година ќе има добра печурка бидејќи има многу снег и ќе има влага.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Втора класа вргањ...;)

eU8LsBpaDto.jpg
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Јас ги имам откупувано сите печурки што ги спомна плус ливадарка (шајчиња), ѓурѓевка, смрчак, верпа (лажен смрчак) итн итн.

Со печурките цената може да се менува од минута во минута. Нема никаква гаранција.. Врган имам откупувано од 40 денари прва класа со 20 ден втора па до 1000 прва со 200 ден втора..
Истото и со ливадарките од 20 денари па до 300денари. Годинава ливадарките почнаа со 200 денари стигнаа до 50.. Смрчакот оргиналниот е најскап може да оди и до неколку илјади денари, годинава се движеше помеѓу 1000-1300. Верпата е околу 80-200 денари.
Рујницата е лани беше околку 150 денари. Лисичарката годинава почна со 600-800 денари. Сега е по 100-120 денари, а се претпоставува дека ќе припадне оти има доста.

Многу динамичен бизнис во секој случај..

Инаку јас живеам во демирхисар како што можите да видите од прикачениот список од 35-36 откупувачи во македонија 6-8 се од Демри Хисар (замислете вакво учество на откупници за град од 3000 житеели и ооштина од 6-7 илјади). И уште 100 други нерегистриани. Еден од најконкурентите терени е демирхисар за печурки.
Инаку Агрикоп-МТ фримата на списокот е од татко ми. Откупуваме покрај печурки и полжави, смрека, боровинки, трленки итн.

Инаку има искусни берачи што доста добро заработуваат. Имаше еден од битола за 30 дена заработи околу 300.000 денари само од смрчак. Еден друг во еден ден зеде 10.000 денари од смрчак за само 4 сати барање..

После познавам луѓе што секоја година си берат по 3 тона смерка.. Тоа е околу 3.000 евра..

Има луѓе што нонстоп си берат нешто и заработуваат солидно. Има и такви кои нонстоп берат па многу малце заработуваат. Сепак искуството е многу битно, а богами и среќата што ќе ја има човек на пазарот. Викам среќата оти сепак не зависи од тебе дали ќе излезе печурка во унгарија, латвија, летонија, естонија, бугарија, романија, полска итн а тоа може многу да влијае на цената.
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom