Сликање со младенците на врата во ресторанот

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
"Tренд" последниве години е сликање со младите на самиот влез во ресторанот и делење на фотките за време на вечера :icon_lol: Порано одеше невестата на баци-рака за време на ручек/вечера, сега одат фотографите да си соберат солидна сума (порано 100 ден. сега 250 ден. фотка) за "сработеното".
Колку вас како гости/младенци ве нервира овој дел од свадбената церемонија? Ви значат ли фотографиите со младенците (освен шо ќе збираат прашина и после одредено време ќе ве насмејат за стилот - како сте биле облечени на таа свадба)? :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Сликите се битен дел од едно минато, за мене. Значи океј е што сликаат...
ме нервира само чекањето за сликање :icon_lol:
250ден o_O на последната свадба 150ден платив :X3:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Океј е се тоа, спомени, смеење, ама цениве бе, како Кен Роквел да сликал :icon_lol:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Поголема нервоза од чекањето ред е да си младоженец и да се сликаш со 500 гости. Па и некои по 2-3 пати се сликаат. :boksix:

150 ден се сликите, ја даваат таа од пред вратата и една плус од младенците сами што се сликани во парк или на мост. :icon_mrgr:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Кога јас би правела свадба, овој дел ќе го нема. Кое малтретирање и губење време ... Каков успомен, кога повеќето од незгодно се сликаат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
Кога јас би правела свадба, овој дел ќе го нема. Кое малтретирање и губење време ... Каков успомен, кога повеќето од незгодно се сликаат.
Се согласувам со тебе. Плус - на нашата свадба бевме убиени од замор: прво дома, па матично, па црква, па фотосесија од три саати, и на крај оди смеј се за да се сликаш и во ресторан да те видам! На сите слики од доаѓањето на гостите сме ко зомбија со жена ми. И уште за спомен да ги чувам? Пфф...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Виј сеа сликањето е многу битен елемент од секоја церемонија чак и свадба, како ќе им се пофалиш иначе на приjaтелите на фејзбук дек си бил на свадба а? :)
Аре какво сликање какви бутури какви 100денари какви 250 денари, то е све ветар во магла.
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Во време кога секој мобилен има камера од 8-13 мегапиксели нагоре,треба да си тоталка на сликар за слика да платиш 150-250 ден и дбри 300-500 евра за снимањето и сликањето на целата церемонија.
Поголема глупост од свадба здравје.
Подобро родителите на младенците парите наменети а свадба да им ги даадат па што сакаат нека прават со нив
Уште ли тлее овој занат?

Дефиниција за свадба:
Еден ќе е*е а 200-500 души се радуваат
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Значи сите свадбата да си ја снимате со мобилен со 8мп камера. Зошто да давате 500 евра. :icon_lol:

Па ако така гледаме и целата свадбена веселба е малтретирање, а не само сликањето пред вратата.
За да бидете одморени одреден период пред свадбата ќе си ги завршите обврските во матично и црква.
Ако оставите се да е на денот кога ви е закажано и во ресторанот....

Последен пат кога бев на свадба сликите на сите гости беа платени од младенците. За нив како што знам има попуст и ги фати по 20 ден една слика.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Јас не правев класична свадба туку забава за млади без седење, без селски работи, без народно/фолк. Имавме одбрано друштво од околу 100 души исклучиво наши блиски пријатели, без роднини, без бизнис-пријатели и без ликови со кои имаме некаква друга релација, а не се наши пријатели. Одбравме топ локација и за музика го ангажиравме Петар Ренџов со Мама бенд да свират нивен репертоар без народно/фолк. Немаше седење туку стоење и по неколку столчиња за да можат госпјците да ги одморат нозете од штиклите. За јадење имаше квалитетна шведска маса на боцки и екстра пиење. За фотките, си изнајмив фотограф да слика цело време и да не замара никого, значи без продажба на фотки и слини малограѓанштини. Неколку дена потоа, на сите им поделив DVD-а со сите слики од журката, па кој сака можеше да отиде да си извади слики по нормални цени.

Утре дента за старите, нивни најблиски и некои роднини, исто така во многу тесен круг од 30-40 луѓе, организиравме ручек-вечера во убав ресторан. Таму имав викнато филхармонија и се свиреа исклучиво македонски староградски и народни песни. Фотограф немаше.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ова нешто е малтретирање за малденците. Најдобро купи си еден апарат, испосликајте се и после извади ги сликите.

Од професионално сликање потребни се само неколку слики и снимка од свадбата. Толку:)
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Се зависи.. некој може ќе сака да си има слика со младоженците за успомен, нема на сред свадба да ја брка невестата за да се слика со нејзе на пример :icon_lol: Ама тие што сакаат слика се многу помалку од другите што им е незгодно, и го правиме ради реда. Според мене не треба тоа пред врата да го прават, да направат само тие што сакаат да се сликаат внатре у сала, да не мора да ме принудува да се сликам за да влезам :pos: А што е смешно па на голема свадба со 500 гости, младожениците не ни знаат со кого се сликаат.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Некои не сакаат да се сликаат, па мислам дека не треба тоа да биде како наметнато. Едноставно, кој сака да се слика со младоженците, нека се слика.
Мене лично, не ми смета, напротив, фан сум на фотографии во материјална форма во оваа доба. :D
Повеќе пати дома имаме вадено фотки од било каков настан зашто нејќеме да ни се сликите по фолдери напикани.
А за на свадби, ипак е некој спомен, мене ми е интересно уназад 8-9 години кога ги гледам фотките од свадби, си правам ретро каде сум се облекла ко што треба, а каде ми било утка. :D
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Еднаш бев девер како мал, па со невестата идевме од маса на маса да вршиме рекет од гостите кои беа ставени пред свршен чин да пикаат пари во торбичето што ја како девер го носев. Тој “адет“ умре, во меѓувреме сега ова се измисли..
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Имам една јака слика со младенците, јас застанат до невестата и знаете прегратка заради амбиентот. На сликата изгледа како невестата ја држам за газ, плус насмевка како да сум ја ебнал, ваква::icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom