Слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Macedalien, 4 мај 2005.

  1. IsidoraD

    IsidoraD Neko to od Gore vidi Sve!

    Член од:
    18 октомври 2005
    Мислења:
    671
    Допаѓања:
    19
    Acid odma da dades recept za lokum,bas me interesira kako se pravi.
    Ajde budi dobar kao sto si lep!:)

    Mislam deka treba da pisuvame isprobani recepti posebno za ovie slatki raboti posto se malku komplicirani.
    Onie od Hrana i vino nekako i ne iskacaat bas.



    Medenjaci
    420g brasno
    110g med
    220g seker
    2 jajca
    1 pecivo i cimet
    Se soedinuva sve ubavo,se mesi i se rasukuva kora potoa so mala kalap(ili caska od rakija) se secat i se redat vo tavce. (ako ne vi uspee da rasukate kora togas pravete mali topcinja so raka)
    Se pecat 15-20 min na 200.
    p.s. secete gi pomali i stavajte gi na pogolemo rastojanie u tava posto narasnuvaat mnogu.
  2. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    84
    Чоколаден колач со шлаг

    [​IMG]


    Продукти:

    - 30 гр какао
    - 90 гр брашно
    - 120 гр шеќер
    - 2 кесички шлаг пена во прав
    - 6 јајца
    - прашак за пециво
    - чоколадна шлаг пена
    - кокосово брашно
    - чоколаден прелив
    - половина литар млеко




    Подготовка на тестото:


    Во сад за матење ставаме 6 јајца, 120 грама шеќер или 12 лажици, и ги матиме на најголема брзина 5-6 минути. По изминатото време ја намалуваме брзината на матење. Кон смесата за тесто додаваме 90 грама брашно и 30 гр какао и продолжуваме со матењето. Откако ќе ја постигнеме потребната густина на тестото прекинуваме со матењето.Во тава претходно премачкана со масло за јадење, на која е ставена хартија, се истура тестото кое се израмнува за да секаде се добие еднаква дебелина и се става да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови. Тестото се пече 10-15 минути. Тестото е веќе готово. Го вадиме од рерната и го превртуваме на претходно навлажнета крпа. Внимателно ја отстрануваме хартијата од тестото и го оставаме да се излади.


    Подготовка на кремот.


    Во сад за матење сипуваме 2,5 дл млеко и целото количество на чоколадниот крем во прав. На голема брзина ги матиме се додека не ја добиеме потребната густина на кремот.Откако тестото е изладено, го сечеме на две половини. Едната половина од тестотот ја полеваме со течно чоколадо кое го размачкуваме по целата површина.Другата половина ја премачкуваме со чоколадниот крем. Првата половина ја ставаме врз половината која е премачкана со чоколадниот крем така што премазот од течно чоколадо е од горната страна. Колачот се сече на парчиња во квадратна форма кои ги ставаме на послужавник.Во готварски шприц ја ставаме шлаг пената со која го декорираме колачот. Потоа парчето колач го посипуваме со кокосово брашно.
  3. bibika

    bibika

    Член од:
    29 мај 2005
    Мислења:
    2.235
    Допаѓања:
    31
    КИФЛИЧКИ CO ВАНИЛА
    (Посни)

    [​IMG]

    Состоки:

    -300 гр. брашно
    -300 гр. мелени бадеми
    -50 гр. шеќер
    -2 ванили
    -150 гр. маргарин
    -150 гр. шеќер во прав

    Подготовка:



    Замесете го тестото од брашното, мелените бадеми, шеќерот, ванилата и маргаринот. Од тестото обликувајте ваљачиња во форма на молив, долги околу 6 см. Ставете ги во плех и печете ги на умерена температура. Уште топли валкајте ги во шеќер во прав во кој имате додадено ванила.
  4. marga_k

    marga_k HONEY

    Член од:
    6 март 2006
    Мислења:
    347
    Допаѓања:
    4
    :aplauz: Sakam torta so mnogu krem,cokolado...moze i banani ...neka napravi nekoj ajde,najgolema, za site vo forumov!Eve imam predlog, neka ja napravi eve, Gabriela od domakinkite t.e.nasava domakinka od forumot Nina.
  5. kikiritka

    kikiritka луда леблеба

    Член од:
    23 јуни 2006
    Мислења:
    102
    Допаѓања:
    0
    jas sakam tulumbi i milka cokoladi. ne deka ne mozam bez niv tuku ako se prasuva za blago bi fo odbrala toa ama ne se ispusta ni da se capne nekoe parce torta
  6. Pece_nt

    Pece_nt Dezuren Samoubiec

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    3
    ovoj kolacot so banani mora da se proba
  7. пробистипка

    пробистипка малечка

    Член од:
    13 август 2008
    Мислења:
    2.029
    Допаѓања:
    129
    Крофни

    Потребни Состојки:

    - 1кг. Брашно
    - 5 јајца
    - 250мл. Млеко
    - 250мл. Вода
    - 200мл. Масло
    - 1 лажица сол
    - 5 лажици шеќер
    - Кора од еден лимон
    - 1 ванилин шеќер
    - 1 свеж квасец
    - Масло за јадење

    Подготовка:

    1. Во сад просејте го брашното во цедилка, во 50мл. Млака вода со 2 лажици брашно, малку шеќер, растворете го квасецот и оставете да стаса. Во средината од брашното направете вдлабнатина како вулкан и додадете ја смесата од стасан квасец, 2 цели јајца, 3 жолчки, млеко, масло, сол, шеќер, кора од лимон, ванилиниот шеќер и вода. Измесете го тестото и оставете го да стаса.

    2. Двапати отворете кора со оклајгија 1 сантиметар дебела, земете 2 чаши една за вода, една за ракија, сечете поголем круг, а во средина со помалата чаша сечете помал круг, покријте ги и оставете ги да надојдат. Во сад загрејте го маслото и пржете ги крофните.

    3. Од трите белки што ви останаа и 6 лажици шеќер направете шам, додадете овошен сируп и со шприц за торта наполнете ги претходно испржените крофни.
    Чоко - ролат со крем од костен
    [​IMG]

    [FONT=&quot]

    Потребни Состојки:

    [/FONT][FONT=&quot]- 270 гр чоколадо за готвење
    - 400 мл слатка павлака
    - 4 лажици прав шекер
    - 100 гр путер
    - 6 жолчки
    - 70 гр брашно
    - 20 гр мелени излупени бадеми
    - 7 белки
    - 100 гр шекер
    - 340 гр пире од костени
    - 10 варени костени
    - 1 лажица какао
    - Гранчиња рибизни за декорација [/FONT][FONT=&quot]

    Подготовка:

    [/FONT][FONT=&quot]1. Искршете и стопете на тивок оган 200 гр. чоколадо со 200 мл. павлака и 3 лажици шеќер. Истурете го во чинија и оставете го во замрзнувач преку ноќ.

    2. На пареа истопете го путерот со преостанатото чоколадо, па почекајте да се олади. Додајте ја една по една жолчката, потоа брашното, мелените бадеми и добро промешајте. Изматете снег од белките со шеќерот и додајте ги во смесата. Обложете правоаголен сад со хартија за печење и сипете го тестото со дебелина од 1 цм. Печете околу 15-20 минути на 180 степени. Извадете го од рерна, покријте со влажна крпа и свиткајте го во ролат.

    3. Изматете ја преостанатата павлака, додајте го пирето од костени, какаото, преостанатиот прав шекер, исецканите костени и ставете во замрзнувач. Отворете го ролатот, намачкајте го со кремот и повторно завиткајте го. Промешајте го чоко-кремот кој го оставивте во замрзнувач и премачкајте го ролатот па украсете со рибизли.[/FONT]
  8. NICE GIRL

    NICE GIRL

    Член од:
    23 мај 2009
    Мислења:
    795
    Допаѓања:
    14
    чоколадни корпички
    состојки
    пола кило крем
    200 гр ореви или лешници
    200гр чоколадо
    се става еден сад со вода над него уште еден во горниот се додава прво кремот да се расопи потоа чоколадото и на крај оревите или бадемите тоа се меша додека не се добие убава смеса
    смесата се става во хартиени корпи пријатно јадење
  9. Marjan-MiKi

    Marjan-MiKi

    Член од:
    25 септември 2008
    Мислења:
    8.715
    Допаѓања:
    1.480
    Дај кажете рецепта за торта со крембанани?:toe:
  10. Аеродром

    Аеродром Faithful :)

    Член од:
    15 август 2008
    Мислења:
    2.229
    Допаѓања:
    247
    Како беше она рецептана за торта со ресани?Мајка ми ја изгубила:tapp:
  11. violet

    violet <3 SwEeT DaRkNeS <3

    Член од:
    17 јуни 2008
    Мислења:
    101
    Допаѓања:
    6
    Дали знае некој рецепт за коцки со желатин и кокос??

Сподели преку: