Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Во минатото,сите луѓе живееле по селата....не заради тоа што не им чинело во градовите...туку бидејќи во град можело само да се преживува од трговија,и занаетчиство....фабрики порано немало,и плус тогаш во градовите имало многу малку Македонци,се било Турци....а додека во селата ги имале сите потребни намирници,и неморале да се грижат за преживување.
.
.

Јас и претходно во некој пост имам напишано за моето потекло,ама нема веза....на пример мојот прапрадедо бил кмет на едно село(сега е населба во градот Штип),неговиот син,т.е мојот прадедо учел гимназија во Солун(во време кога 70% од населението немале допир со школство) и потоа бил градоначалник на Штип(значи ова некаде период околу 1920).....неговата сестра била учителка во школото во кое работел Гоце Делчев(во ист период предавала со него)...и наваму сите во мојата фамилија имаат факултетски дипломи.

И еве поради животните околности и патишта,веќе скоро 19 години живеам во Велес.

И сега дали јас сум провинцијалец,простак,сељак???
.

.
.

Значи многу луѓе после 60тите се преселувале во градовите,многу од нив заради индустријата која барала работници.
.
.

Кога истите тие кои се доселиле во градовите,ги понеле и своите манири и воспитување.....и со тоа за прв пат се појавува поимот СЕЉАК.....значи не поради потеклото туку поради манирите,кои не соодведствувале со модерните трендови на градот.
.
.

Голем дел од луѓето имале прилика да се образуваат.....да следат мода и сл....со тоа и станале модерни,образовани и современи личности.
.
.

Додека од друга страна,многумина не се замарале со ништо и си ги пренесувале своите планински манири од колено на колено.
.
.
.
И сега не се криви луѓето кои што не живеат во Скопје,а воедно си имаат поштени,образовани луѓе во фамилијата,и кои допринеле по нешто во општеството,и да мораат да бидат жигосани со етикетата "провинцијалци",само затоа што на некој му текнало,да ги продаде нивите и да се исели во Скопје,и од таму сите да ги прави будали и прости.
.
.
.
На 80% од Скопјани,ни родителите не им се од Скопје.....а упорно си ги негираат корените,и глумат лудило пред своите роднини во "провинциите"....и затоа не се многу омилени,кога одат на гости.:)
.
.
.
Инаку 90% од Скопјани(до пред некоја година) мораа да отидат на одмор во грчка,макар и кредит да земат,за да не бидат жигосани,и за да не отпаднат од игра од околината.:)....но тоа е само за да бидат во тренд,а не дека духовно се надградиле.
.
.
.
Има уште многу за пишување,ама тоа во наредна прилика.
.
.
.
Инаку секоја чест за жителите од Скопје(а имам многу вистински,да не речам први другари од таму),кои знаат правилно да го вреднуваат човекот според особините,а не според градот од кој доаѓа.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Скопје доби вреден проект од 250 милиони евра кој како што гледате на форумов им се свиѓа само на лица што не се од Скопје. Логика?
За 5 години сите ќе се восхитуваат на проектот.Кога ќе блесне во сиот сјај тогаш ќе правиме муабет.Сега е готов само 60 %.Така се плукаше и за Милениумскиот крст, па сега е атракција и даде белег на Скопје.Изгледа претходниот систем ги научил Македонците да живеат во кал и понижување, па затоа сега им е чудно и даваат отпор кога нешто им се гради.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За 5 години сите ќе се восхитуваат на проектот.Кога ќе блесне во сиот сјај тогаш ќе правиме муабет.Сега е готов само 60 %.Така се плукаше и за Милениумскиот крст, па сега е атракција и даде белег на Скопје.Изгледа претходниот систем ги научил Македонците да живеат во кал и понижување, па затоа сега им е чудно и даваат отпор кога нешто им се гради.
Која атракција, крстот е работи - не работи принцип. Туку да не навлегуваме во оваа тема за тоа дали ќе ни се свиѓал на сите или не, сега можеме само да нагаѓаме.

Поентата ми беше што од форумов може тоа да се заклучи, моменталното трошење на пари само во Скопје гледам да го величат само „нескопјани“ додека на другите теми што се однесуваат за нивните градови гледам масовни кукања како не се гради таму. Не ја сфаќам логиката од каде тогаш одобруваш такви градби кога до твојата куѓа уште патот е калдрма. Тоа ми беше целта.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нешто овде ме буни во вакви размислувања. Зошто во стварноста се случува токму спротивното...луѓе од други места обавезно најмалку 90% и повеќе се населуваат во населби со згради, во станови, во бетон и асфалт.
Ако одбивноста е кон Скопје (најверојатно визуелно, сивило и слично) зошто не се населат во некоја приградска населба и во куќа каде ќе се чувствуваат како во некој помал град? Маџари, Железара, Радишани, Бутел,...
Железара има релативно ниски кирии, а студенти речиси и да нема. Ниту е далеку од Центар, со оглед дека речиси сите зимаат слободни карти за превоз со ЈСП.
Од УКИМ на Бит Пазар, оддалеченоста со автобус е 15 минути.
А мирен живот, шума, зеленило....
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Скопје доби вреден проект од 250 милиони евра кој како што гледате на форумов им се свиѓа само на лица што не се од Скопје. Логика?
Koj се тие лица?

Можам само да претпоставам дека се некои кои ги имаат земено на мајтап во нивниот град па чекаат да се отвори работа во Скопје за да избегаат што побрзо! Само тоа за мене има логика!
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Скопје доби вреден проект од 250 милиони евра кој како што гледате на форумов им се свиѓа само на лица што не се од Скопје. Логика?
Ни се свиѓа тоа што инвестираат во нашиот иден град за постојано живеење.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ма каков припор, водњанец сум
Скопје пред земјотресот или Скопје сега.
Водњанец широк поим.Оние од Водно Лазо ги пресели во Петровец.
Да не се знаеме, од Савска улица ако си.
 

TuFka.

Jagula so tri ...
Член од
7 март 2012
Мислења
36
Поени од реакции
8
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.
Prijatele, imash pravo. Bravos za txt-ov. :))

Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.


Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

...


Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

...


Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).



Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...

Ете тоа.

Повеќе друг пат...




П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
А квоутот беше за? :D
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Апел до скопјаните да не глумат многу увреџени, не ги исчитав сите 30 страници али според првите три, drama queens lvl 5годишно; a не гледам зошто?
На текстот не му е поентата да дае ултимативна вистина за Скопје, ниту пак било кој може да го направи истото.
Ова е еден поглед на ситуацијата, а со него многу луѓе се согласиле што му дава автентичност и право да не го мешате со она што не ни претендирал да биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom