Скопје Фест 2014 (Евровизија 2015)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ова ќе биде тема за престојниот Скопје Фест, а натаму и за Евровизија 2015 може да се преименува со оглед на тоа што преку овој избор ќе го добиеме македонскиот претставник.

извор

20 нови композиции ќе бидат изведени во живо, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари. Како место на случување се предвидува сцената на Метрополис Арената во Скопје, а како водител на фестивалот и оваа година треба да го видиме познатиот македонски актер, Васил Зафирчев.

На конкурсот објавен од страна на МРТ пристигнаа импозантен број композиции, од коишто селектираните 20 ќе бидат изведени од дел на најетаблираните интерпретаторски имиња на македонската музичка сцена.

Редоследот на настап на селектираните композиции и интерпретатори ќе биде одреден по пат на жрепка на неколку дена пред фестивалот.

Како што изјави уметничкиот директор на фестивалот „ Скопје 2014 “ - Валентино Скендеровски: Селектираните композиции ( засега со работен наслов) , влегуваат во фаза на музичко, текстуално и аранжерско дообликување, по што ќе следува и нивно снимање во едно од музичките студија на Македонската Радио Телевизија .

01. Север –Југ - Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски
02. Ало - Лена Заткоска
03. Во твојот свет - Александра Јанева
04. Знам - Наде Талевска
05. Сакам да летам - Сања Ѓошевска
06. Ми фали некој како тебе - Викторија Лоба
07. Миг без тебе - Горан Наумовски и Сања Керкез
08. Сонце низ облаци - Лидија Кочовска и Марјан Стојановски
09. Сакам да летам - Вера Јанковиќ
10. Да не те сакам - Евгенија Чанчалова
11. Совршена бура - Даниел Кајмакоски
12. Брод што тоне - Тамара Тодевска
13. Марија - Александар Тарабунов и Тони Михајловски
14. Се што ти ветив - Димитар Андоновски
15. Само за тебе - Верица Пандиловска
16. Пеколно ми недостасуваш - Тања Царовска
17. Длабоко во себе - Мијата
18. Ни Љ од љубовта - Јоце Панов
19. Срце чува спомени – Александра Михова
20. Блуз – Сашо Гигов-Гиш


Оваа година, според мислењето на македонската јавност, победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува МРТ и Македонија на јубилејниот 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015.

Победникот на фестивалот ќе се определи според евровизискиот принцип на гласање по пат на телевоутинг и меѓународно стручно жири во сооднос 50 : 50 %.

И годинава, на Скопскиот фестивал ќе бидат доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ и овојпат ја доделува на личност , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.

Новото издание на фестивалот на забавни мелодии „ Скопје 2014 “ коешто оваа година е во знакот на одбележување на двата значајни јубилеи за Македонската Радио Телевизија :70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија , и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе ù го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Се радувам за една и единствена, Тања Царовска и нејзиниот come back на македонската музичка сцена. Сите се сеќаваме на легендарната “Само мој“ од 1999, а ја препеа и По друм одам мајче во Мајки на Милчо Манчевски.

Жално е да спомнувам кој ќе победи, не сакам името да му го спомнам не па да го гледам, се надевам на лоша песна од негова страна, иако сум сигурен дека ЖеЛко ќе му прави песна. Тамара исто како соло вокал сметам дека е добро, ако песната и е еднакво добра како последните три на фестивалите што ги пушта.

Марјан Стојановски o_O па и Вера Јанкович :notworthy:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.325
Тања Царовска и од мене! Интересно е што македонските избори за Евросонг започнаа токму со неа. На првиот таков избор, на Скопје фест 1998, настапи прва со оваа песна: http://pleer.com/tracks/5452366uXDT
Баш би сакал таа да не претставува на ESC 2015.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не се сеќавам да поминал фестивал без Ристо Самарџиев и секогаш е прв изведувач. Ристо аман бе човек аман.

Се израдував за Лидија Кочовска, еден одличен вокал. За жал тој до неа што одеше по жица и се смешкаше ќе и прави друштво во песна под наслов карактеристична за него „Сонце низ облаци“. Очекувам смеење за текстот на песната.

Сакам да летам - Вера. Вера гарант ќе лета низ сцената со гитара. Веро одмори малку бе жено ишијас ќе закачиш.

Тони Михајловски продолжува со глупирање, зошто да не и овде.

И конечно на крај Тања Царовска на Скопски фестивал. Уште пред да ги слушнам песниве гласам за неа. Тука нема збор, совршенство очекувам.

Не не крајот е Гиш. Гиш кај си бе да си ибеш мамата :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добро на оваа дебелава Тамара не и здосади да влага од резил во резил?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.233
Поени од реакции
27.570
Даниел Кајмаковски ќе го праќаат највероватно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас па мислав дека се откажаа од учеството на евровизија.
Нема потреба да се откажуваме, зошто би се откажале кога и онака парите ќе ги украдат. Вака барем ако ништо друго ќе се забавуваме со нашите пари 3 вечери. Да не мисли некој дека ако се откажеме од Евровизија парите ќе ги остават во каса за нешто попаметно? И онака додека стаса нашиот победник ќе се испотепаат меѓу себе продуценти, сценаристи, жири, публика, пеачи, свирачи се на куп. Али нека се дешава нешто, подобро него да читам изјави на хорхе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
2011 ли беше кога на една микрофонот и откажа сред изведба, па се жалеше во зелената соба и после кога завршија сите ја пуштија пак да пее? :pos: шо вика Леандра барем ќе се посмееме, од двете зла помалото.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јас стварно не го сфаќам тоа „да се откажеме не победуваме.“ Ало, сеир е ова, мене ми е супер за смеење. :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ристо ќе го пратат 85 ко ќе наполни, награда за животно дело.
Ристо треба да добие фестивалска пензија за трудот до сега што го вложи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom