rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Еден од нашите најпопуларни музичари е пијанистот Симон Трпчевски.
Неговите успеси се огромни.
Добитник е на огромен број меѓународни признанија и награди за својата работа.
Последната награда е тоа што е вброен во 10те личности што ја обележале 2008 година од страна на британскиот дневен весник Дејли Телеграф.
Претходно има добиено награда за диск на месец Април (2005) од музичкиот магазин ББС. Во 2003та ја доби наградата Young Artist Award од Кралското Филхармониско Друштво и добитник е истата година на Грамафон Аворд 2003.
Во Скопје во 1998 година ја доби првата награда на меѓународениот натпревар „Yamaha Music Foundation of Europe“ а во 2000 и втората награда на Милениумскиот Светски натпревар за пијано во Лондон.
Постојано е низ светот каде има одлични концерти кои се мошне посетени и секогаш позитивно критикувани.
Но колку Македонија го цени неговиот труд? Колку македонците знаат за Симон Трпчевски, за нашиот музички амбасадор кој не претставува секаде низ светот? Колку Македонски награди и признанија добил од Македонија? Дали знаеме и дали го цениме неговиот квалитет?
Дали вие го цените неговиот труд? Сте биле на некој негов концерт? Сте слушнале некоја негова изведба? Ве воодушевил или не? ...