Сертифицирана органска храна во Македонија?

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Каде и дали можам да најдам?

Дали има воопшто, значи органска етикета - не ми значи ништо ако нема барем некој институт кој стои позади тоа тврдење, дали воопшто имаме ваква регулација?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Постои легислатива ама ретко кој ја почитува.

Едноставно нема доволно простор за да им прекориш на компаниите за храна, кои наводно произведуваат здрави и органски производи.

Повеќето се купени од странски фирми, а реалноста е се додека е делумно точно тоа што го пишува, или пак некој не поднесе тужба за лажно претставување на приозводот (а ретко кој ќе се нафати да ги прави скапите лабараториски анализи) нема да постои таков приозвод на пазарот.

Надвор од контекст, една од поголемите компании кои рекламираат здрава исхрана користи шеќер, засладувачи, палмова маст и останати штетни супстанци за подобар вкус и поголема заработувачка.

На темата, ако бараш органска храна, најпогодно е сам да си ја одгледуваш. Инаку тешко дека во блиска иднина ќе имаме асален пазар за овие работи.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Така и мислев.

Не е дека не конзумирам секојдневно не органска храна, ама ме интересираше до каде сме стигнати, останува значи златен iherb.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Така и мислев.

Не е дека не конзумирам секојдневно не органска храна, ама ме интересираше до каде сме стигнати, останува значи златен iherb.
И овесните снегулки остануваат како опција, бидејќи - барем кај некои - има ознака на пакувањето на која пишува БЕЗ ГМО.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
И овесните снегулки остануваат како опција, бидејќи - барем кај некои - има ознака на пакувањето на која пишува БЕЗ ГМО.

Незнам дали го прочита вториот пост, без гмо или гмо фри или што и да пишат, кај нас значи една голема 0.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Незнам дали го прочита вториот пост, без гмо или гмо фри или што и да пишат, кај нас значи една голема 0.
Е добро де, на мене поентата ми беше да ти потенцирам дека сепак има некои производи кои се обележани дека се без ГМО.

За волја на вистината, и кечапот е обележан дека содржи ГМО, или подобро кажано, дека содржи модифицирани супстанци - ова можам да го потврдам за кечапите на Витаминка и на Хајнц.

Но во право си, кај нас таквата ознака е една голема нула, бидејќи ретко кој проверува дали рокот на траење (не) е истечен, а камо ли па да проверува што содржи конкретниот производ.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Значи кај нас од лично искуство, ваква лиценца се дава и за неорганска земја и производство. Ти требаат само врски и ќе извадиш без проблем а храната ќе ја продаваш дупло од нејзината цена. Жално е што луѓево мислат краткорочно.
Така да најдобар избор е сам свој газда. Додека не дојдат и не речат нема садење повеќе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.084
Ако е за домашно, македонско производство
Има 2 фирми кај нас што даваат сертификати за органско производство. Едната е Процерт, другата не знам како се вика, Биосерт мислам.
Не се институти туку компании кои работат по неколку домашни и меѓународни правилници и закони и кои имаат овластување за контролно сертификациско тело. Е сега, дали и колку навистина прават агрохемиски анализи и анализи на собрани производи според правилниците, тоа не знам.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Јас за се што купувам органско добивам сертификат ако го побарам. Колку е веродостоен, навистина не сум компетентна да одлучам. Тргнувајќи дека живееме во држава без компас, ништо не ме изненадува.
Се тешам со тоа што донекаде плаќам за "почисти" работи одошто она што се нуди на пазар и во продавница. За брашната органски ми е доволен показател вкусот ( ако се земе во предвид дека пченката како и сојата на светско ниво се гмо ), макар да е од поконтролирано потекло јас сум задоволна.
Вкусот на овошјето и зеленчукот е неспоредлив и е апла дека не е нетретиран. После многу години јадев нормални моркови и спанаќ, да не продолжувам за се друго.

Е сега постои сомнеж како пред некој месец што ми нудеа органски јаболка ( човекот има и сертификат ), а на прашањето од каде се? Ми одговори - Ресен. Ако се земе во предвид дека за да е тотално органско треба да биде одгледувано во средина што во радиус од 50 км нема населено место, кај нас тоа е неизводливо. Треба земјата да е ( не се сеќавам точно ) околу 1 година тотално нетретирана со вештачки ѓубрива за да се земе дека навистина не внесуваш ништо штетно. Ресен е како нуклерка со години, не може да извади ништо органско така да тој сертификат е добиен на основ дека он не ги третира јаболките.

За она што го нема кај нас го земам најчесто со германско органско потекло, како што се житарките и сушеното овошје.

Да сумирам. Има регулација, мислам дека и во Ману има одел за испитување. Сертификатите чинат богатство, производството кај нас на органска храна чини богатство затоа што нема субвенции за мало производство, колку сето тоа е веродостојно не сум сигурна ни јас ...
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Фала ти за деталните информации. Од каде купуваш органски снапаќ, јаболка - органска храна од која си задоволна?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Веројатно нема да испуштам некоја информација. :)
Зеленчук и овошје земам од овде:
https://www.facebook.com/dobrazemja/
Лани земав и малини, капини, боровинки, гоџи бобинки и аронија и замрзнував. Сега на малините ќе им почне пак сезона, ова чисто како инфо некогаш и не објавуваат, а примаат нарачки ако е поголема количина. Инаку тековно секој ден освен четврток работат. Значи буквално од овошје и зеленчук што имаат таму земам, за другото за жал морам од пазар ( пример како што се лимоните ама ставам во сода бикарбона да стојат пола саат, па вади пестициди колку толку ). Услужливи се, и со цените се сосема разумни. Мед исто од таму имам зимано, а имаат и џемови, слатка, таани и сл во дуќан. Јаткасти имаат често, ореви и бадеми.

Брашна зимам од Биокулт, пакувани органски. Никогаш не зимај ништо на рефус, и да имаат сертификат јас не им верувам на нашите дека не мешаат. Со тоа што безглутенските брашна кај нас се изгор, околу 370-400 доаѓа за кило, затоа зимам цело зрно и мелам дома. :))Спелтино органско исто од Биокулт:

image.jpeg

Маџун и наут зимам од нашата Гринфуд, имаат ок продукти ( освен ајварот кој им е ужасен за мој вкус ).

image.jpeg

Суви сливи, урми, суви кајсии, брусница исто од Биокулт од оваа фирма, најмеки се и преубави без никакви додатоци и шеќери иако се прилично скапи:

image.jpeg

Сите житарки во зрно ( овес, спелта, киноа, просо, хељда, амарант, јачмен итн ), ленено семе ( златно и кафено), семки од тиква, црвена леќа, шарен и кафен грав, гриз пченичен итн .. ги купувам исто од Биокулт, на овој производител: http://www.davert.de/english, имаат се од него. Биокулт имаш карши Сити мол ( до Џакомо ), ГТЦ и позади Веро во Тафталиџе.

Месо телешко:
https://www.facebook.com/farmabezime/

Млеко:
https://www.facebook.com/OrganskoMleko/
( не купувам одамна јогурт, киселото млеко само дома )
Млечни производи, како младо сирење има во Буњаковец долу во подрумот, со тоа што не е органско, ама се многу убави. Ова успат информација. :)

Јајца најчесто еколошка фарма ( има и козјо млеко), ако Игор нема, тогаш Наша фарма:
image.png

https://www.facebook.com/Наша-Фарма-1569060693308731/

Мислам дека опфатив се. Ако не, ќе се навратам пак. :)
 
G

Goldie

Гостин
Откако трендов за конзумирање органски производи се појави најголем ќар имаат инспекторите тоа е сигурно, оние за органско производство кои за одреден надомест се спремни се да одобрат дека е органско така да според мене купувањето на вакви производи е фрлање пари за џабе.

Плус во орг. производство е дозволено користење на бакар и сулфур во одредени количини мада кај нас чисто сумњам дека тие количини се во дозволени рамки
 

Kajgana Shop

На врв Bottom