Семинарски, состави, есеи, задачи

Дискусија во форумот 'Образование' започната од ATG, 13 декември 2008.

  1. marijamare

    marijamare

    Член од:
    16 декември 2008
    Мислења:
    263
    Допаѓања:
    46
    Ај ќе ве молам ако има некој семинарска по Казнено право за Вина
    и по Мегународно јавно право на тема Мегународна правна заштита на малцинствата да ми позајми ?
    Благодарам однапред,
  2. Божана

    Божана Morning sun

    Член од:
    17 август 2009
    Мислења:
    216
    Допаѓања:
    103
    Семинарска или материјали за:
    1.Компјутерски мрежи
    2.Протоколи кај компјутерски мрежи
    3.OSI системи

    Може било која од трите теми. Благодарам однапред :pipi:
  3. bebush

    bebush Portable Heater

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    4.231
    Допаѓања:
    4.044
    Ако имате идеи/материјали за есеј на тема :
    "Човекот не може да не комуницира" или "Светот е едно глобално село"
    ќе ви бидам многу благодарна ако ги напишете:helou:.А инаку и есеи не одбивам:).
  4. lestancanin22

    lestancanin22

    Член од:
    7 декември 2009
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0

    nema li nikoj>>>>>!!!?????!:nesvest:
  5. BrainCrasher

    BrainCrasher

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    217
    Допаѓања:
    0
    Ми треба семинарска за макро економија, било каква тема или ако се прашувам јас, Невработеност.
    фала однпаред!
  6. baki4ko

    baki4ko

    Член од:
    26 октомври 2008
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    ми требаат писмени за утре ако има некој побрзо нека прати нешто, темите се :

    1. Свеќињата на злото - Шарл Бодлер
    2. Процес - Јосев Кафка
  7. Lincoln Burrows

    Lincoln Burrows

    Член од:
    16 август 2008
    Мислења:
    3.217
    Допаѓања:
    538
    Би бил благодарен ако можам да добијам нешто повеќе околу ликовите од Илијада: Диомед, Одисеј, Нестор, Партокле, Пријам, Андромаха и Елена.
  8. smart ass

    smart ass Гостин

    Wheels or the real wheel of fortune
    Can we say that our life is like a wheel,just spinning and spinning once it reaches the top-we go upside down,or maybe there is something more deep then our just simple Wheel.

    Maybe it seems like a wheel but it isn't, indeed if we see life as a wheel,therfor we must not care whatever we are in the top or on the bottom because it's spinning,similar is the elevator(with one difference-the button stop:vozbud::pos2:don't take it this seriously...i mean hmmm)but life cannot be so simplify as it seems to be,actually the human maybe is programed to see what he want to see,not the real picture,not the flash-which makes you react on it and change something,indeed why humanity seems to be immune on changes????

    Changes happen,they take their victims but the resistance is still in the air,the wheel stop's at some point-could we decide where or not is irrelevant,what is important is the fact that there are people who care about others,who are ready to sacrifice for others even if their wheel stop's spinning-that is what makes us human,not the Wheel of fortune-it's only a illusion which unfortunately many people see as reality.
  9. 4Man

    4Man ...

    Член од:
    14 јуни 2009
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    1
    mi treba esej na tema globalizacija fala
  10. smart ass

    smart ass Гостин

    .
    Соларни кули-Нов начин за производство на Ел енергија.

    концентрација на ончевото зрачење во еден приемник поствен на врвот од кула. Тука сончево зрачење се претвора во топлинска енергија, загревајќи флуид за транспорт на топлина. Оваа енергија прво се акумулира, а потоа се претвора во електрична енергија во подсистем кој е многу сличен како и кај постројките на фосилно гориво (сл. 2.24).
    Релатив
    жува работа со високи температури до 10000 С. Можни се разни варијанти на комбинирана (хибридна) работа со постројки на фосилно гориво, а со користење на акумулатори на топлина можат да се постигнат високи вредности на годишен фактор на оптоварување (преку 4500 h годишно со номинална моќност). Типични технички карактеристики на ваквите постројки се: номинални моќности 10 - 200 MW, работна температура 5650С ако се користи Ренкинов циклус, просечен коефициент на корисно дејство 12 - 20%. Технолошката шема
    основни подсистеми:
    2. Сончева енергија 34

    колекторски систем или хелиостатски поле составено од голем број на огледала (хелиостати) опремени со двојно-оскин систем за пратење на позицијата на сонцето во текот на денот и во текот на годината;

    соларен приемник кој го апсорбира концентрираното сончево зрачење;

    топлински изменувач како врска помеѓу флуидот за транспорт на топлина и работниот флуид во парната турбина;

    енергетски подсистем со парна турбина и електричен генератор;

    подсистем со фосилно фориво, ако се работи за комбинирана работа на соларната постројка.
    Хелиостатското поле е карактеристично по својот комплексен систем за пратење на сонцето. Бидејќи централниот приемник е неподвижен, потребно е секој хелиостат засебно да се насочува за да го рефлектира зрачењето кон соларниот приемник. При тоа, перформансите на колекторското поле се оценуваат во однос на неговата оптичка ефикасност како однос помеѓу енергијата која доспева до приемникот и директно сончево зрачење кое удира на вкупната огледална површина од хелиостатското поле. Причини за загубите се непотполната рефлексија од огледалата, блокирање и засенување од соседните хелиостати, атмосферско пригушување и расипување на зрачењето на патот од хелиостатите до приемникот. Заради големината на колекторското поле потребни се комплексни оптимизациони алгоритми со цел да се прифатат максимални годишни енергии на сончево зрачење. Конструктивно, хелиостатите се составени од рефлектирачка површина (огледало), носечка конструкција со две оски на движење и контролен систем за насочување. Површината на современите хелиостати се движи до 100 - 120 m2 со коефициент на рефлексија преку 95%.
    Концентрирнато сончево зрачење се апсорбира во централниот приемник и се претвора во топлинска енергија. При тоа се постигнуваат температури и густина на зрачењето кои се значајно повисоки отколку кај цилиндричните колектори. Заради тоа е потребно да се користи технологија и материјали отпорни на такви термички оптоварувања. Типичен приемник-апсорбер работи со температури помеѓу 500-12000 С и густина на концентрираниот сончев флукс од 300 до 1000 kW/m2. Постојат различни изведби на приемици во зависност од тоа каков апсорбер се користи, типот на флуидот за транспорт на топлина и механизмот за конверзија во топлинска енергија. Размената на енергиите може да се врши директно со
    2. Сончева енергија 35
    циркулација на флуид кој во исто време е и добар апсорбер или индиректно при што флуидот ја презема топлината од апсорберот по пат на конвекција. Кај индиректниот начин за пренос на топлина постојат, во основа, две опции: панел во облик на цевка и т.н. волуметриска површина. Кај првите, флуидот струи во внатрешноста на цевка која од надворешната страна го прима зрачењето преку својата црно обоена површина. Заради термодинамички напрегања, не можат да работат со зрачење чиј флукс надминува 600 kW/m2. Кај волуметрискиот приемник кој е направен во облик на порозна (сунќереста) структура, трансферот на топлина се врши во внатрешноста на приемникот по пат на конвекција. Медиумот за пренос е обично воздух кој форсирано струи низ приемникот. Добар волуметриски апсорбер е многу порозен дозволувајќи му на сончевото зрачење да продре длабоко во структурата.
    Изборот на типот на централниот приемник е сложен проблем, зависен од работната температура, системот за акумулација на топлина и термодинамичкиот циклус. Генерално, приемниците во облик на цевка дозволуваат работа со температури до 1000 0С и притисоци до 120 bar, a волуметриските дури и повисоки температури, но притисоците се лимитирани под 15 bar.
    Со цел да се испитаат можностите на оваа технологија, да се тестираат и усовршат поедините компоненти на системот и проценат економските потенцијали, почнувајќи од осумдесеттите години од минатиот век, изградени се и тестирани одреден број на експериментални постројки во Русија, Италија, Шпанија, Франција, САД. Најголеми од нив се Solar 1 и Solar 2, изградени во САД, со електрична моќност од 10 MW. Постројката Solar 1 работела од 1982 до 1988 год. Колекторското поле се состоело од 1818 хелиостати, секој со површина од 39,2 m2. Сончевото зрачење се насочувало во приемник поставен на врвот од кула висока 91,5 m. Во приемникот циркулирала вода каде се претворала во пареа и директно се носела во парна турбина. Постројката работела 8 h дневно во текот на летото, а 4 h зиме со просечен коефициент на корисно дејство од 7%. За продолжување на времето на работа бил инсталиран систем за акумулирање на енергија кој се состоел од резервоар со масло наполнет со камен и песок. За време на шестгодишната работа, Solar 1 потврдил дека оваа технологија може да работи надежно и има многу мало влијание врз човековата околина. Заради воочените недостатоци во системот за транспорт и акумулирање на топлина, започнале истражувања во насока на користење на раствор на сол за пренос на топлината. Истражувањата завршиле со изградба на Solar 2 во 1996 год. Нејзината поедноставена технолошка шема е дадена
    2. Сончева енергија 36
    на сл. 2.25. Концентрираното сончево зрачење во приемникот загрева раствор на нитратна сол (точка на топење 2200 С) на температура од 565 0 С. Топлината се акумулира во високотемпературен резервоар ( 875000 l ), од каде се носи во парогенератор, каде се лади на 2900 С, се складира во резервоарот за ладен раствор на сол и повторно се враќа на загревање во приемникот на сончево зрачење. Енергијата на прегреаната пареа добиена во парогенераторот се трансформира во електрична во една конвенционална постројка со парна турбина и електричен генератор. Акумулацијата на топлина овозможува постројката да има годишен фактор на искористувањае на капацитетот од околу 65%.[​IMG]
  11. Double S

    Double S

    Член од:
    27 август 2008
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    6
    Helpp! Ако има некој писмени за
    1. Носталгијата кон татковината прикажана во поезијата на Константин Миладинов (за Т`га за југ)
    2. Македонска Крвава Свадба
    3. Херојството на Кузман - доказ за љубовта кон својот народ.

    Фала од напред!
  12. CaMeC

    CaMeC Рамос - 4

    Член од:
    18 јуни 2007
    Мислења:
    2.266
    Допаѓања:
    10
    1.Химната на љубовта преточена во Шекспировата комедија - Сонот на летната ноќ
    2.Ликовите на Дон Кихот и Санчо Панса - протагонисти на хуманистичките идеи на ренесансата

    Ако има некој вакви состави го замолувам до утревечер нека ми прати пп.:nesum:
  13. Slash-

    Slash- Eleanor !!

    Член од:
    21 септември 2008
    Мислења:
    3.689
    Допаѓања:
    2.063
    Makeдонска крвава свадба​
    Војдан Чернодрински за македонска култура и литература претставува најадекватен израз на националната борба за слобода на македонскиот народ од најславниот период од неговата историја – периодот на Илинденската епоха.
    Во делото јасно и категорично проговорува народот кој цврсто решил да се избори за својата национална слобода по пат на оружје и перо. Делото дојде како насушна потреба да придонесе за разгорувањето на борбата, да го посочи патот на сонародниците и патот за слобода на долговековниот поробен македонски народ. Неговата големина лежи и во неговата писателска осаменост во тоа време. Тој успеал самостојно да ги опише страдањето на граѓаните и борбите на легендарните и херојски подвизи.
    Таа импресивна сила што со себе ја носи оваа драма, открива дека дело што има национален белег не умира. Тоа е современо со секое време и има своја одредена функционалност во сите временски простори. Македонска крвава свадба и денес има така снажна национална носивост и порака како и во своето време. Таа во себе ги одразува во себе историските закони, а токму во нив лежи целата величанственост.
    Преку приказната во драмата го истакнува вандализмот на турскиот феудализам, го покажува патот на самоодбраната, и вели: Македонскиот народ мора да се бори. Посебно Македонката не смее да седи со скрстени раце и да поднесува неподнослива судбина на задоволување ниски еротски страсти на агите и беговите. Нејзиното мото мора да биде: Умирам, ама турчинка не станувам.
    Битовоста на драмата е природен атрибут, авторот ја истакнува како најизразит елемент на македонското село. Социјалната мотиватика не ја остава само како појава туку ја темпира со снажен револуционарен протест низ сите пет чина. Елементите на трагика се исто така застапени во делото. Македонската девојка Цвета минува низ жестоки перипетии на душмански однос на турските престапници и умира во името на својот возвишен идеал – одбрана на својата моминска чест и честа на македонската жена. Пораката на авторот е слободата. Слободата на личноста и слободата на поробениот народ.

    Тга за југ​

    Патувајки со мислата низ времето и просторот, во мугрите на последниот ноемвриски ден го сретнав...него...СТРАНЕЦОТ, со кого и ја започнавме конверзацијата за приоритетите на цивилизацијата во овој денешен вртлог на информации, знаења и напредок, но и страдања, војни и интервенции, т.е.светот на глобализација...нашиот свет. Разговорот течеше како музиката пишувана од ноти на позната синфонија околу аргументите за придонесот на секој народ и земја во светското наследство, културно и човеково.
    Со гордост го нагласив родоначалникот на уметничката поезија и првиот наш македонски поет, роден лиричар кој, туркат од романтичарските ветришта се нурна во своите богати наслојки, во својата пребогата традиција ги црпеше оттаму толку потребните животни сокови. Музиката го свиреше своето крешендо и од мене потече наплив на емоции дедока раскажував... Пред мене оживеа разочараниот и физички истоштен Константин во суровото зимско московско поднебје исполнето со „темна м`гла...мразој и снегој и пепелници, силни ветришча и виулици“. Песимистички расположениот Константин се стремеше што побргу да се ослободи од суровата московска природа: „не, ја неможам овде да седам“. Единствен спас да се ослободи од неа и да се најде во прегратките на родната земја гледаше во добивањето на орелски крилја:
    „Орелски крилја как да си метнех,
    и внаши ст`рни да си прелетнех!“
    кои се издржливи и се најбрзо решение да летне во облаците, да го помине растојанието за да дојде што побргу на „наши ст`рни“, на „наши места“. Да ја почувствува повторно светлината, оној животворен лач, онаа топлина што толку многу му била потребна на поетот во далечната студена туѓина „да видам дали с`нце и тамо / мрачно угрејват, како и вамо“. Тој знел во каква положба ја оставил својата татковина, поробена и обесправена и готов е да лета во облаците се дотогаш додека не најде таква земја во која ќе ја дочека слободата каде „с`нцето светло угрејват“ и „небото ѕвезди посејват“. Во неговата земја го влече неговото болно и очајно срце, спомените од детството, роднините, прекрасната раскошна природа: „тамо зората греит душата, / и с`нце светло зајдват в гората“; го влече и вербата во слободата што треба да дојде. Посакува во тој идиличен амбиент со песната на кавалот да умре во родната земја во моментот кога светлината на денот отстапува место на ноќта „с`нце да зајдвит, ја да умирам“.
    За жал Константин не успеал да ја види родната земја, да се нарадува „ на светалата зора, бистрото езеро и на божевната хубавина, бидејки мрачните зандани на Цариград беа место во кое што тој го проживеа крајот на свотот живот“.
    Оркестарот веќе ги свиреше последните ноти и музиката стивнуваше кога јас на Странецот ја докажав мојата приказна...Видно возбуден само спомна дека земја која ги има Мостовите на Струшките вечери на поезијата и која ги цени творците на пишаниот збор, земја која има свои лауреати и писатели е голема земја, зошто големината на поединецот не зависи од големината земјата во која се родил, туку од духот на колективитетот за кој твори, бидејки публиката е една, а тоа е целата цивилизација.

    Дон Кихот​

    Со погледот вперен во ѕвездите, седнат покрај прозорецот, во рацете ја стегам книгата на Сервантес „Дон Кихот“. Инспириран од содржината на книгата почнав да размислувам за човештвото кое живее во непрекинатата борба помеѓу идеалите и стварноста; за визионерската моќ на Сервантес кој ја здогледал и спречил опасноста која му се закануваше и го попречуваше развојот на човештвото на почетокот на новиот период...
    Пред мене како на филмско платно продефилираа лица кои бескорисно талкаат по земјата, затвореници во пранги, илјадници калугери, раскошни кочии со бројни придружби... „Маѓепсан витез јуриша“, претрпува еден по друг пораз. За него ветерниците се џинови, стадото овци-непријателска војска, неугледната друмска крчма-богат замок, но тој е длабоко уверен дека го чува светот околу себе. Тоа е вистинска карикатура на витез-скитник. Иако е „преумен“, учен, сепак е лудак, но не човек без ум, тој е паметен лудак, неприспособен кон времето, јасновидец кој на моменти доаѓаше до бистри сознанија за себе и за својот сон. Целите што сакаше да ги постигне се хумани, а иако ја губеше секоја битка во која ќе го извадеше мечот, тој постигнуваше победи „кога ја отвораше устата“, кога се бореше со мудроста и ученоста.
    И нашето време не е без борци кои сакат во светот да вледее правдата, со таа разлика што овој, шпанскиот, не извршил ни едно злосторство, а нашите зад себе имаат крвави патеки. Овој витез е поим за човек кој, занесен од идејата за доброто, но во суштина несмасен и надвор од своето време, доаѓе во судир со своето време, но не се откажува од идејата за општонародна правда и слобода: „Слободата е еден од најдрагоцените дарови што им ги дале небесите на луѓето; со неа може да се спореди благо што е закопано во земјата и што го покрива морето...“
    Паѓањето на книгата од моите раце ме врати во светот на реалноста. Ја кренав онаа иста книга што „децата ја носат со себе, момчињата ја читаат, луѓето ја разбираат, а старците ја фалат. Таа е најубавата и најнештетната забава што постоела досега, зошто во неа никаде нема ни од далеку безобразен збор, ниту мисла што не би била набожна“.

    И ај сеа мене некој нешто во врска со книгата Смрт во венеција... не ми треба писемна... дали некој ја има прераскажано као лектира или слично ? :smir:
    На КвикСилвер и Double S им се допаѓа ова.
  14. Necrophilia

    Necrophilia GSM Модератор

    Член од:
    13 август 2006
    Мислења:
    7.619
    Допаѓања:
    128
    семинарска по екологија за загадување на реките во европа
    по Миротворство - Медијација во конфликти
    и политички системи - било што :)

    а во моментов барам по меѓународни односи за Дипломатија ако има некој ресурси нека пушта на било кој "познат" јазик се разбира :)

    исто така во атачмент имате нешто од мене, ако му се најде на некој со среќа

    Прикачени податотеки:

  15. Bile_ekonomija

    Bile_ekonomija

    Член од:
    14 декември 2009
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    0
    Luge dali imate nekoj seminarska za ekonomski po moznost na ovie dve temi:
    Poim i funkcii na parite (monetarna ekonomiaj )
    Nacionalna i Organizaciska kultura ( Osnovi na menadzment )

    Pisete....blagodaram odnapred !!!:smir:

Сподели преку: