Свадбите претставуваат продолжение на една старинска народна традиција од колено на колено која со тек на времето станува се повеќе и повеќе кичерајска, глупа и изживеана тотално бесполезна кич-манифестација !
Не зборам само за финансискиот аспект(иако секако дека и тој е битен) туку општо ... ај сфаќам лица од рурални средини да прават свадби, но лица/фамилии кои живеат во град со децении па дури и колку-толку интелектуално потковани, е тоа не можам да го сфатам ... поголем кич-бал од свадба не постои, китење на младоженецот ко петел, китење и кинџурење на невестата ко да е принцеза од бајките, украсување на цели куќи, тераси, дворови, дрва, автомобили, свирење, пукање, дерење, пиење на големо, ора, зурли, тапани, одење по невестата хах(ова ми е нешто најсмешно), купишта гости од кои 70-80%% се тотално непознати и далечни лица, одење во кафана и.т.н.
Сепак ме радува фактот што помладиве генерации од моја возраст па и помали скоро воопшто не се палат на вакви изживеани и глупи кич-глупости !