Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не е така црно бело туку мора да се погледнат повеќе аспекти. Јасно е дека кај поединечни ученици може да има разлика помеѓу редовните оценки и тие на екстерно испитувајне. Тоа е и нормално пошто и слабиот може да научи а и добриот може да утне дента. Но, не треба толку прецизно да гледаме на тоа туку да се земе предвид цел клас на пример. Ако биле реални оценките од професорот/професорката, тогаш и на испитувајнето ќе има слични - не исти - резултати. Добрите во глобала би требало да се пак меѓу подобрите и обратно, нормално со исклучоците. Но ако имаш пола клас кој има све петки а на екстерните испити поќето од нив имаат 2ка или 3ка, тогаш тука нешто не е како што треба. Проблемот не е во тоа дали некој слаб ученик добил 5ка во екстерно, тоа е за пофалба оти се запнал, туку тие што се све со петки а на екстерно многу послаби, тиа се проблемот оти се јавува сомнеж дека досегашните оценки не се реално дадени. Јасно и други работи влагаат во оценката но испитите мислам имаат најголем удел. И тука поред мене лежи и најголемиот проблем во образованието, оценките често пати не се даваат реално односно добрите оценки се даваат инфлационарно и во доста случаеви незаслужено. Со екстерните испити на некој начин се отежнува ова, иако пак има начини да се манипулира нели. Македонските матуранти и поламатуранти имаат највисок просек во цел свет (претерано кажано) а екстерните тестови кажуваат нешто сосема друго. Квалитет, труд и знаејне треба да се цени и награди. Неправедно е некој што не учи и нема појма но има врски, да биде исто оценуван како тој што со труд и знаејне ама без врски си ја заслужил 5ката. Екстрените тестови не треба да се демонизираат оти тоа што се прашува во нив е од материал, кој учениците веќе го поминаа на школо.
Еве ти пример цел клас е катастрофа (со неколку исклучоци што реално и се случува ) и сите имаат 2-3 заслужени низ цела година.И на крајот најголем дел од нив кампњски си набубаат и си добијат 4-5 на екстерното.....браво за пофалба било запнале една недела и се искупиле за цела година што книга не фатиле и браво му ебаа матер на професорот му ја ебаа цела плата.Ама битно они си запнале таа недела да учат.

Крајната оцена е резултат на работата во цела година колку си бил активен,колку си носел проекти кој ќе ти донесат некое поенче кај професорот да ти стави горна оцена кога си измеѓу,колку си бил спремен на тесотовите и испрашувањата низ цела година.И ти сега цел тој труд на професорот некој да оцени го фрлаш во вода иако низ цела година било објективно само затоа што малиот запнал таа недела 100 страни да ги прочита бар еднаш (пошто тестовите се прилично лесни).


Што ќе им се професорите на крај за оценување тогаш ? Нека има на крај годишни тестови за сите и од таму оцени да се вадат.Нека предваат само професорите и нека ги спремаат учениците за крајниот тест и чао пријатно.
--- надополнето: 21 мај 2013 во 01:28 ---
Екстерниве се само контрола на оценките кои се ставени и горе-доле пак ќе испаднат скоро исти освен поклонетите, инаку на предходниве страни некој спомна оценкава се добивала од повеќе активности во текот на годината.. нека ми извини ама активностите кај нас во текот на годината се врски, лижење кај професорите од кремчињата кои седат во први клупи и климаат со глава на секој збор на професорката евентуално дури и да кодошат. Кај мене во гласот имаше ученик што не заслужуваше ни двојка да има англиски а имаше 5ка цело време поради тоа лижење, абе незнаеше една најобична реченица да прочита правилно како што треба и истиот на крај дури и падна на матурата (една двојка неможеше) а важно имаше 5 сите 4 години..

Само 1 година бев одличен во средно, 3 бев со четворка па на крај на матурата имав еден од најдобрите резултати во класот, ниту сум препишувал ниту ништо ама како што реков ниту се лижев на професори дури и често им се инатев на комунистички професори што безвеза се иживуваа за глупости врз учениците, често се случуваше со уште 2-3 како мене поради такви глупости од професорите и демонстративно да ја напуштиме училницата и нормално бевме трн во око и тешко ни става оценки.. :D



Тестовите со прашањата се носат запечатени во училиштата и дури на полагањето се отвараат, не е баш така лесно да ги дознаат верувај..
Прв болд - и тие можат да запнат една недела на крај.Можеш комотно да си го ладиш цела година и со врски да си 5,00 ученик и на крај на тој еден предмет што те оценуваат (кој е најавен дека ќе се случува) ќе се спремаш цела недела и ќе си пројдеш ко ништо да не било.

Втор болд - се заебаваш така ? За професорите сега за сега прашањата не ги имаат колку што знам,но чим пола Македонија ги знаеше прашањата од матура или темите по македонски зашто не би и на екстерново ?
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Еве ти пример цел клас е катастрофа (со неколку исклучоци што реално и се случува ) и сите имаат 2-3 заслужени низ цела година.И на крајот најголем дел од нив кампњски си набубаат и си добијат 4-5 на екстерното.....браво за пофалба било запнале една недела и се искупиле за цела година што книга не фатиле и браво му ебаа матер на професорот му ја ебаа цела плата.Ама битно они си запнале таа недела да учат.

Крајната оцена е резултат на работата во цела година колку си бил активен,колку си носел проекти кој ќе ти донесат некое поенче кај професорот да ти стави горна оцена кога си измеѓу,колку си бил спремен на тесотовите и испрашувањата низ цела година.И ти сега цел тој труд на професорот некој да оцени го фрлаш во вода иако низ цела година било објективно само затоа што малиот запнал таа недела 100 страни да ги прочита бар еднаш (пошто тестовите се прилично лесни).


Што ќе им се професорите на крај за оценување тогаш ? Нека има на крај годишни тестови за сите и од таму оцени да се вадат.Нека предваат само професорите и нека ги спремаат учениците за крајниот тест и чао пријатно.
Ги разбирам овие точки и сосема е нормално што ги наведуваш, критични се нема што. Треба да има и одреден дел толеранција за професорите пошто такви случаеви како што спомна се можни. Ама тоа не може стално да биде така. Начинот на кој се проверуваат професорите е дискутабилен оти нема совршен начин, ама сепак поред мене е сосема во ред да има некој вид контрола, нормално ако целта е искрено да се подобри образованието а не само да се удри по џебовите на професорите оти тоа дава и контраефекти.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тестовите со прашањата се носат запечатени во училиштата и дури на полагањето се отвараат, не е баш така лесно да ги дознаат верувај..
Читај го мојот пост, како тогаш во мојот пример типот ги знаеше одговорите кои се? Не е баш дека живееме во утопијата на Томас Мор, Македонија е ова.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Прв болд - и тие можат да запнат една недела на крај.Можеш комотно да си го ладиш цела година и со врски да си 5,00 ученик и на крај на тој еден предмет што те оценуваат (кој е најавен дека ќе се случува) ќе се спремаш цела недела и ќе си пројдеш ко ништо да не било.

Втор болд - се заебаваш така ? За професорите сега за сега прашањата не ги имаат колку што знам,но чим пола Македонија ги знаеше прашањата од матура или темите по македонски зашто не би и на екстерново ?
Тие што добивале оценки со врски не се навикнати да запнуваат многу така да незнам баш дали така лесно ќе извадат 5ка, еве ти викам имав ученик што имаше цела година петка а на матурата не успеа ни двојка да извади и си падна..
Како не бе пола Македонија ги имала одговорите, предминатата година пратев што се случуваше и буквално се шпекулираа којзнае колку прашања дури и темите се пишуваа и нормално од 7-8 теми (пр по Македонски) на крајот ќе успеат да погодат која ќе биде стварно на тестирањето. Исто беше и лани еден куп шпекулации можни тестови на крајот испадна сосем друго, дури и професор мене ми кажа 5-6 најверојатни прашањата кои наводно ќе се паднат на крајот ниту едно од тие не се падна. Не викам дека никој неможе да ги добие одговорите ама тоа ќе биде ептен мала група ученици ако воопшто ги добијат.

Читај го мојот пост, како тогаш во мојот пример типот ги знаеше одговорите кои се? Не е баш дека живееме во утопијата на Томас Мор, Македонија е ова.
Ти ги знаеше, другите твои соученици ги знаеја одговорите ? пак ќе кажам мал број се тие што ќе ги добијат ако воопшто ги добијат од некој од министерството, зошто чисто сумњам дека они ќе се замараат со давање прашања..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тие што добивале оценки со врски не се навикнати да запнуваат многу така да незнам баш дали така лесно ќе извадат 5ка, еве ти викам имав ученик што имаше цела година петка а на матурата не успеа ни двојка да извади и си падна..
Како не бе пола Македонија ги имала одговорите, предминатата година пратев што се случуваше и буквално се шпекулираа којзнае колку прашања дури и темите се пишуваа и нормално од 7-8 теми (пр по Македонски) на крајот ќе успеат да погодат која ќе биде стварно на тестирањето. Исто беше и лани еден куп шпекулации можни тестови на крајот испадна сосем друго, дури и професор мене ми кажа 5-6 најверојатни прашањата кои наводно ќе се паднат на крајот ниту едно од тие не се падна. Не викам дека никој неможе да ги добие одговорите ама тоа ќе биде ептен мала група ученици ако воопшто ги добијат.



Ти ги знаеше, другите твои соученици ги знаеја одговорите ? пак ќе кажам мал број се тие што ќе ги добијат ако воопшто ги добијат од некој од министерството, зошто чисто сумњам дека они ќе се замараат со давање прашања..
Ама тоа збориме јас и Труперот цела тема, не е до тоа дали јас и другарите сме знаеле - значи која е поентата ако вакви луѓе кои и вака и така со врски го прошле средното пак со врски да го пројдат и ова, а некој што учел цело време да не спие со денови да се секира па и недај боже да потпадне под притисокот? Само немојте сега да ми реплицирате, кој си учел си знае, кога сте биле ученици и знаете како е некад ако испаничиш. Слично како и старата народна, сиромавиот плаќа два пати.

Која е целта на сето ова објаснете тогаш. Непотребни глупости кога има 200 други поважни работи кои треба да се поправат во образованието.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Тие што добивале оценки со врски не се навикнати да запнуваат многу така да незнам баш дали така лесно ќе извадат 5ка, еве ти викам имав ученик што имаше цела година петка а на матурата не успеа ни двојка да извади и си падна..
Како не бе пола Македонија ги имала одговорите, предминатата година пратев што се случуваше и буквално се шпекулираа којзнае колку прашања дури и темите се пишуваа и нормално од 7-8 теми (пр по Македонски) на крајот ќе успеат да погодат која ќе биде стварно на тестирањето. Исто беше и лани еден куп шпекулации можни тестови на крајот испадна сосем друго, дури и професор мене ми кажа 5-6 најверојатни прашањата кои наводно ќе се паднат на крајот ниту едно од тие не се падна. Не викам дека никој неможе да ги добие одговорите ама тоа ќе биде ептен мала група ученици ако воопшто ги добијат.
Значи ти имаш пример од еден ученик и цела фама да се прави да се исфрлат на површината 5-6 такви во цела генерација.Веројатноста е дури и дека баш по тие предмети каде што им е најмногу пуштано дека нема да ги фати оценувањето (од 12-13 предмети 1 ќе те оценуваат).
Многу ефикасен метод нема што.На крајот од краиштата ќе си дојде се на своето на матурата како што било во случајот со дечкото што го кажа.Или ќе падне или ќе си собере малку поени.
За една недела да научиш од цела година материјалот со не толку тешки прашања не е голем проблем.Ама да научиш 4 години материјал со потешки прашања е тоа е друга работа веќе.
Може на тој од твој клас би му било проблем,на друг нема да му е.Кај мене во клас такви што се улизуваа ги имаше,но тие воопшто не добиваа 5ки ако требаа да имаат 2ки.Имаа евентуално една оцена повеќе.....случаите како тој горе се многу ретки.
Јас сум за матурата и мислам дека треба да ја има,но не сум за екстрерниве.

Е предмината баш полагав јас.Ја знаев темата што ќе се падне.....т.е имаше "расипан телефон" и беше сменет еден збор од тоа што ми го кажаа и тоа доволно колку да се смени контектот на есејот,али во принцип воведниот и крајниот ги искористив од тоа што го имав веќе осмислено и не ми беше целосен шок темата.Есејот ми беше перфекција - најдоброто нешто што некогаш сум го напишал.

Имаше еден куп трупови што добија јаки оцени на матура затоа што имаа прашања веќе.Едно 4-5 типци ги знам што се имаа спремено и знаеа од напред што ќе се падне.
Кај браќава не мора ни да зборам.....таму калакурница со матурата.Секако дека поголемиот дел на добиле никаков добар хинт,но сепак во Македонија сме има простори за манипулација.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Чив статус или која страна треба да ја лајкнам за да го подржам протесто против екстернио тест?

Матура/екстерно тестирање = срање

Оценките не се реални и рандом шупак што нема прочитано лектира може да извади боље оценка од тебе пошо ќе му дозволат да препишува и сл.

Ех што се дешаваше минатата година...деца што последна лектира им била Зоки Поки извадија бољи оценки од поединци што читаа и учеа сите 4 години.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Сум за малце изменета форма на екстерното. Зошто по секој предмет да нема полугодишен тест кој на пример би влијаел со 50% од крајната оцена? Америка така функционира системот, на крајот на секое полугодие има недела во која само се полаат полугодишни тестови,нема часови,слично на колоквиумска недела на факултетите.
Сум за бидејќи кога бев средно имав толку покварена професорка кај која оценката зависеше од презимето и ништо друго, едни та исти ученици беа испрашувани на секое испрашување и ги мачеше за 3ка а останатите магично добиваа 5ки. И никој ништо не и може.
Сум и за матурата бидејќи мора да се има некој критериум за упис на факултет, мора или тоа или приемни испити, со матурата барем поопшто знаење се стекнува.
Кога бев средно и јас се бунев и протестирав, ама кога стигнав на факултет и кога видов колку залутани студенти се "рашетаваат" по факултетиве ( пример на ФИНКИ на вежби по Калкулус студент прашува зошто не може корен од негативен број,а за 2 семестри треба да научи математика шо ми се чини наса за приемен ја употребува ), мислам посекако дека таквите ќе се исчистат порано или покасно, ама прашањето е како и зошто воопшто дошол до приликата да се запише на факултет. Сурово или не, не е секој створен да учи,а друга работа е тоа што во нашава држава баш кој стигна се запиша и заврши факултет.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
ВМРО-ДПМНЕ останува за спроведување на екстерното оценување



Опозициската Либерална партија побара, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно го отфрли предлогот за укинување на екстерното оценување на учениците од основното и од средното образование. Според ЛП, со екстерното оценување им се наштетува на учениците и на наставниот кадар, а влијанието на оценката од овој тип оценување е трауматично за учениците и го обезвредува нивниот труд постигнат во текот на учебната година.

- Екстерното испитување е механизам што ја прави бесмислена редовната настава и проверката на знаењето и создава дополнителни тешкотии пред сж за учениците, за нивните родители, но и за наставниците, велат од ЛП.

Наспроти ова, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека е несериозно политичари и партии кои со ништо досега немаат придонесено за подобрување на квалитетот на македонското образование да ги критикуваат реформите.

- Со екстерното тестирање што годинава ќе се спроведе во сите училишта од 27.05 до 10.06 ќе се стави крај на необјективното оценување на дел од наставниците. Наставниците кои биле реални при оценувањето на своите ученици ќе бидат наградени, а тие кај кои ќе има најголеми отстапки во оценката што ја ставиле во дневникот од онаа што учениците ќе ја добијат на тестот, ќе одат на советување. Ако и натаму продолжат со необјективно оценување, ќе бидат казнети - истакнува ВМРО-ДПМНЕ.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5CF3CB7789EFF84BBDF610601FE4D6D5
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
И шо е сајбер протестов?
Не уклучуете фејзбук дур не го укинат?
Или о не оние страшни петиции? :eek:
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Очигледно во брзо време не си ги видел книгите за средно. Во денешната реформирана гимназија не постои учебник кој е помал од 150 страни. А во меѓувреме има најмалку по 14 предмети во учебната година. Америка како индустриски и економски развиена земја има 10 пати подобар и полесен образовен систем со максимум 10 предмети годишно на кои се посветува доволно внимание и не се учи се што на авторот му паднало на памет да напише, додека кај нас се можно што постои се изучува, за утре со америчката диплома ти се отворени вратите за работа, а со нашата можеш во маркет да работиш (преку врски да влезеш). И може до утре да зборите дека образованието е супер затоа што сте завршиле поодамна, ама денешната состојба е катастрофална а и генерациите што излегуваме се уште покатастрофални, и не, не е до капацитетот на средношколците туку до начинот на работа.
така е, потполно се согласувам со тебе од болдираното ... за пример ќе наведам и еден муабет што правевме со професорот каде што му спомнав дека нашата генерација и помладите и тие малку постари ( 2-3 год ) дека сме катастрофа во секој поглед од порано ( пред 20, а и можеби и 30 години ), професор спомна дека не е до НАС туку до вакви УСЛОВИ што се ДЕНЕС т.е лоши ( да не кажам прелоши ) и што ништо не превземаат за ова пршање.
:(:(:(
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Земете учете таму, нетуку изводете бесни глисти. Јасно ко ден ми е дека ако некој спиел цела година и не фаќал книга, сега кога му иди јајцето на газот да треба да научи се шо пропуштил...

Сајбер... курајбер. Ко не ви шлакнат по некоја воспитна...
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Сите вие што веќе сте завршиле со образованието гласате за да има екстерни тестирања бидеејќи не се ставате на место на учениците..
 

ComputerService

Доктор
Член од
7 мај 2013
Мислења
90
Поени од реакции
50
Болдираниот дел:
Оценката од екстерното ти влегува во сведителство и влијае на твојот успех. Поточно оцената од екстерното > на професорот.
Како што знам јас, не влијае отценката, еве можеби некој е со сите 5 ки, луѓе сме, може да му се случи нешто, да не научи, и да извај 1 на тестот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom