Сашка Петковска

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Родена e во Зрењанин, 1951 г. Уште многу мала се преселува во Битола, бидејќи татко и e воено лице, и тоа од Србија во Македонија, поточно во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола, а Филолошки факултет, група англиски и француски јазик завршува во Скопје. Уште во основно образование таа пее во пионерските домови, зачленета во драмската секција и е препознатлива како “девојчето со убав глас”. Ангажирана е од групата „СКРОМНИ“, предводена од Славе Димитров, Кире Костов, Сашо Барабанови др. Сашка учествува на прочуениот фестивал „Сан Ремо“, во детско-младинскиот дел „Кантаџиро“. Одличен пласман - Втора награда добива со песната на Славе Димитров „Еден пораз не е крај “.

Saška_Lipša.jpg

Во седумдесеттите години на минатиот век Сашка е голема ѕвезда. Зад себе има шеесетина снимки, неколку емисии на просторот на бивша Југославија, неколкукратни забележливо успешни настапи на националните телевизии на Австрија, Бугарија, Советскиот Сојуз и Полска. Нејзиното деби на забавно-музичката сцена е на фестивалот во Суботица во1970 г. Следната година е во интернационалниот состав интерпретатори на забавни мелодии на „Кантаџиро“ во Сан Ремо. Потоа следуваат нејзините настапи на сите фестивали на забавни мелодии во нашата земја, како и учество на „Златен Орфеј“ во Бургас, Р Бугарија. Добива повеќе награди и тоа: Прва награда за интерпретација на композицијата „Еден пораз не е крај“ во Суботица, Втора награда за интерпретација на „Кантаџиро“ во Сан Ремо, Втора награда за интерпретација на „Толку љубов“ во Бургас, Прва и Втора награда на Фестивалот за забавни мелодии - Скопје за „Никогаш,никогаш“ и „Бакни ме“.

02719C51E5529C45AF82C6416A6DB48E.jpg

Сашка Петковска - Липша има околу педесетина снимки на Радио Скопје, шоу-емисии и настапи на ТВ Скопје, ТВ-шоу на австриската телевизија и снимка за Интервизија. Издава две сингл и на ЛПод Опатискиот фестивал и сонгови на ЛП со наслов „Наши приредби“ од емисиите на Јован Ристиќ. Најголем успех постига со композициите: „Бакни ме“, „Никогаш,никогаш“, „Грижа“, „Среќна сум што живеам“, „Чувство“, „Чао, адио“, „Јоги вежби“, „Запри срце“... Во нејзина чест Детскиот фестивал „Си До“ во Битола има награда за интерпретација што го носи нејзиното име. Во 2010 година се одржува манифестацијата „Незаборав во чест на Сашка Петковска - Липша“, во Народниот театар во Битола, на која познатите битолски пејачи ги изведуваат најголемите хитови на своевремено најпопуларниот македонски вокал. Сашка почина премлада. Животот го загуби во собраќајна несреќа на 32 години, но нејзините песни направија чудо. Преку нив таа сè уште живее.

За Сашка Петковска:


Зарем смее да се нарече подфорум Музика на најголемиот и најдобриот македонски форум, а да нема тема за една од најубавите пејачки и најквалитетни вокали, Сашка Петковска.

Неопростливо, нели?

На тој кобен ден 31. август 1983 година, Авона, Сашка Петковска, Блага Петреска и други музичари требало да одржат концерт во Свети Николе. Времето не им се погодило, врнежливо и студено. Дали поради грешка на возачот или лизгавиот пат, автобусот со кој патувале излетал од патот и се превртел. Во несреќата загинаа Сашка Петковска, а од Авона (танчерска група) животите ги загубија Вељко кој тогаш имаше 26 години, Петранка имаше 27 и Евдокија 23 години.

Поминаа 29 години од смртта на оваа снежно бела роза, но нејзините песни се сеуште тука да будат спомени, да нудат блаженство и спокој, да разменуваат нежности, да те дружат со чаша вино...

Признавам, не ја слушам секој ден... Впрочем, имам чувство и дека не е за секој ден...Нејзината музика е кога си со посебна фрквенција на емоции. А и гласот...:cuc:

Се прашувам која нијанса ќе ја добиеше македонскава музика да не се случеше оваа трагедија?

Ах...!

 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Сега ги пуштив нејзините песни и од дневна моите стрчаа и ми се качија на глава да ги слушаат песниве. Потоа им кажав за денов и се потсетија :( И сега и двајцата се некако тажни. <3
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
одлично што ти текна да ја поставиш оваа тема,и да не потсетиш на
„легендарната“ од мое-време и генерација-Сашка Петковска,која со задоволство ја слушам,со мерак би рекол ја слушам таа музика од 70-ите години,тоа беше музика,
најдобар период на Македонската забавна музика,и се разбира време на ЈУфестивали
но и на Скопскиот фестивал кој тие години беше и прогласен за најдобар,па така еден тогаш „млад“ Здравко Чолиќ не можеше да влезе ни во финалната вечер (1979 г.),но тие години имавме стварно многу квалитетни пеачи.И мелодии.Очекувам наскоро да не потсетиш на Љупка Димитровска,Нина Спирова (награда на Опатија) но и на некој подзаборавени од тоа време на пр: Зоран Миросављевиќ или Геопгиев.Но незнам дали има тема каде би можел да ги преслушам сите скопски фестифали до 1977 г. кога имаше и по двајца изведувачи за една песна.Ако има дај пиши ја адресата.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Бев детиште ама паметам дека на секоја журка моите на грамофон пуштаа плочи од Сашка,а ја ги слушав од кај дедо ми и баба ми.
--- надополнето: 1 септември 2012 во 23:43 ---
Мислам дека оваа песна и беше меѓу поледните.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сега ги пуштив нејзините песни и од дневна моите стрчаа и ми се качија на глава да ги слушаат песниве. Потоа им кажав за денов и се потсетија :( И сега и двајцата се некако тажни. <3
Пред повеќе од 10 години, патував со моите од Свети Николе кон Куманово... татко ми баш добро ги познаваше патиштата низ Македонија и кога стигнавме на местото каде се случила несреќата, освен што спомна, онака, двајцата се расприкажаа со нескриена носталгија и почит кон Сашка Петковска, дури и на име и презиме ги спомнаа сите загинати... остатокот од патот до Куманово и до дома разговорот беше фокусиран на тоа, а бидејќи во тоа време Радио Скопје знаеше да изненади со македонски евергрини (а тоа се слушаше во кола - Радио Скопје), и двајцата го поминаа патот во надеж и исчекување дека токму тогаш, по некоја случајност, ќе има некаков музички колаж од Сашка Петковска.... ко сега се сеќавам.... :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.754
Бумп на темава. Мислам дека ова е единствено видео на ју туб со настап во живо претпоставувам од некој фестивал.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom