Самоубиство!

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Да бидеме искрени, менталитетот кај нас е таков што неможам ни тоа да си го дозволам. Потекнувам од град кадешто скоро секој се познава и се срамам од тоа што може секој да ти се смее, а доста ми е од сожалување од страна на луѓето.
Да, за жал кај нас менталитетот е таков што е битно комшиите и роднините кои не можеме да ги трпиме да мислат се најдобро за нас, иако дома лом се правиме.
Немој да те боли курац за менталитетот и остварување на нечии други желби и сонови.
Мораш да станеш малце себична. Да мислиш за себе, па за другите.
Мене кур ме боли за комшиите, не си ги ни знам. Кур ме боли и за роднините, не живееш за нив. Живееш за самата себеси, нити за мајка ти, нити за татко ти, нити за никој.
Зашто луѓето тебе да те сожалуваат? Подобри се од тебе? Ма дај.
Едноставно заборави ги другите и гледај си го твоето добро. Зашто луѓето ќе јадат гомна и да ти е добро и да ти е лошо во животот, тоа ваљда ти е јасно. Оттргни се од тие малограѓански размислувања колку можеш повеќе. Никому во реалност не му е гајле што ти правиш во животот, иако само си наоѓаат начини и причини за озборување.
Мене само ме фаќа фрустрација кога читам вакви работи, зашто и тие родителите не гледаат дека ради тој нивен мочан образ пред комшии и роднини, децата пред очи им патат. Мизерија.

Ако мислиш дека не можеш да најдеш некој кој го познаваш онака за муабет, тогаш би било добро да посетиш стручно лице. Више пишав, батали кој што ќе кажел и ќе се смеел. Ко на секому рози да му цутат.
Во меѓувреме, доколку немаш работа и не работиш нешто, би било добро да си најдеш занимација. Имаш и секакви курсеви на интернет, дали за нешто што си учела/студирала да се надоградиш, дали за готвење, дали за јазици, има се и свашта. Тоа ќе ти помогне да се осеќаш барем малце покорисно и ќе научиш нешто ново, нели? :)
Ако има работи кои инаку сакаш да ги смениш во животот, разгледај начини за менување, не се откажувај одма. Може нема да ти се остварат одма, но со тек на време можеби ќе се.

Инаку, емотивноста е добра особина. Јас многу повеќе ги жалам тие што ја немаат. Уствари тоа не прави луѓе ваљда во денешницава. Но, треба да знаеш кому да му ја покажеш, а кого комотно да отераш у пм.
Најбитно, нема потреба да се саможалуваш, тоа е дефинитивно најлошото. И себичност. Мора да бидеш посебична и поинат за работи кои ги сакаш. Никој ништо на тацна не ти става, а јас во поклопување на ѕвезди и -доаѓање на тоа што е мое- не верувам.
Со среќа. :)
 
Член од
9 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
10

Совршено напишано, фала ти !
 
Член од
23 март 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Би сакала да пишам малку за мојата моментална ментална состојба. Луѓе мои, јас само преживувам, ништо друго. Животот го живеам онака бидејќи мора. Еве веќе 1 година се борам со вакво чувство кое повеќе неможам да го издржам и за жал немам поддршка од никој. Многу пати сум размислувала за самоубиство ама и за тоа немам храброст јбг. Се чувствувам поинаква од другите луѓе и поради тоа ми е многу тешко бидејќи не сум сфатена. Пак ќе повторам никој не ми верува и не ме подржува бидејќи мислат дека е период, ама јас напротив мислам дека почнувам и да се асоцијализирам, плашејќи се од луѓето да не ме повредат, бидејќи сум многу емотивна. Имам 25 години и немам ништо постигнато во животот. Едноставни непостои никаква надеж. Од минатата година имав надеж ама како што врви времето е се залудно. Јас не живеам.......изгубена душа.
И јас сум истиот случај и тоа верувај ми многу подолго од една година. Ниту еден проблем ме нема прескокнато, освен проблеми со здравјето кое ме служи одлично.
Во ваков случај сфатив дека има два избора: да се откажиш или да се бориш и избрав да се борам. Оттогаш ништо не е променето, но знам дека ќе се борам до крај..стрпливост пред се е потребна...Откажувањето не е избор, затоа мораш и ти да се бориш. Не е лесно мора да бидеш стрплива и да одиш чекор по чекор. Не бива одеднаш ништо. Губиш 0-3, не можеш веднаш да дојдеш до 4-3. Првин треба да дојдеш до 1-3, па 2-3, 3-3, и дури тогаш 4-3.
Не знам што да ти пишам друго. Ако ти треба некој совет можеш слободно да ме прашаш по приватна порака.
 
X

xxxholic

Гостин
викате "ако се самоубиеш зашто патиш многу е себично многу ќе им биде лошо на тие околу тебе на кои им значиш". а нели и вака и така и тие ќе умрат еден ден, и тогаш со сигурност ќе престанат да патат (жалат по тебе), мислам, нема ништо да прават кога ќе бидат мртви, не па да патат... ?

имам чичко што се самоуби и прилично сум сигурен дека не пати воопшто, без разлика на тоа колку пател дур бил жив (мене искрено ми изгледаше дека патеше помалку него јас сега, али тоа е ирелевантно - веќе не е жив, значи нема шанси да пати воопшто). прилично сум сигурен дека и јас сакам што побрзо да си отидам како него, што побрзо да престанам да патам. не ми е битно дали ќе пропуштам нешто убаво, само нејќам да ризикувам да продолжам да патам. луѓе што им е бар малце на танане, забораваат скроз и игнорираат, а во светот има толку патење, едноставно не може тоа да се игнорира, а сепак целосно се игнорира.

не очекувам некој да ми помогне лично, само малце сакам да подискутирам (сакам филозофски муабети). инаку единственото нешто што ме спречува да се самоубијам е начинот. веќе побарав помош на редит за депресија, но, очекувано, не добив никаква помош... па малце да домашен јазик да подискутирам со мојот народ кој секој ден го преколнувам... баш ме интересира какви "одговори" ќе добијам на моето прашање (првиот цитат).
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
викате "ако се самоубиеш зашто патиш многу е себично многу ќе им биде лошо на тие околу тебе на кои им значиш". а нели и вака и така и тие ќе умрат еден ден, и тогаш со сигурност ќе престанат да патат (жалат по тебе), мислам, нема ништо да прават кога ќе бидат мртви, не па да патат... ?
Како ќе го поднесиш моментот ако некој од твојте луѓе е во тешка состојба, сообраќајка или ненадејна инвалидност, или ете сестра ти што ја сакаш готвела нешто по дома и се исекла лошо со нож по раката... Како ќе ти е?
 
и тука се наметнува едно многу поинтригирачко парашње, зашто прочита само дел од мојот пост?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Некој што размислува за самоубиство нема тоа да го каже или напиша овде.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
X

xxxholic

Гостин
Некој што размислува за самоубиство нема тоа да го каже или напиша овде.
како што кажав, пред некое време бев на редит за самоубиство. еден тип што живее во јапонија се исповедаше дека имал голема желба да се самоубие, се јавил на јапонската хитна служба за самоубиства, и погоди што му кажал грубиот кретен? "луѓе што се јавуваат тука не сакаат да се самоубујат".
ух, деновиве си мислев дека во јапонија е полошо него тука, фала што ми ја врати желбата сепак да одам во јапонија (патем не може од македонија да се иде у јапонија како нормален човек - "една од причините" поради која не ми се живее)

мислам, знам и самиот дека се самосожалувам и на мене самиот ми е преку к*р од тоа, али едноставно сакам да исчезнам (тогаш нема ни да се самосожалувам ни ништо).
и за чичко ми мислеле на почеток дека му е само за внимание па ете пуф го снема, или случајно паднал од тераса извини...

нејќам да ти судам, али ова е битно, и плус ти веќе ме осуди мене: ти очигледно не познаваш никој што извршил самоубиство братче, а се праиш ко да си видел поише и од тоа... само види како заврши фринџ, како не би добил желба за самоубиство...
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Затоа што познавав такви луѓе а кога го направиле тоа ефектот за тие оклу нив бил како бомба
Имаме членови на форумов кои за жал се решија на таков чекор и имаат пишано на темава.
Некои луѓе се обидуваат да посегнат по помош, некои не. Не можеш да направиш таква генерализација.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Значи најпрвин треба да сфатиш дека Депресијата е честа работа. Речиси секој човек може да ја развие оваа болест, но поволност е што оваа болест се лекува доста успешно.
Можеби заболениот ќе треба да побара лекарска помош, но има многу други работи кои ќе може и ќе мора да ги направи сам со цел да си помогне на себеси и да го забрза процесот на закрепнување.

Најсоодветно е да се примени психотерапија и антидепресиви пропратно. Плус фармацевстките компании ито како бележат напредок и на ова поле со измислување секојдневно разно разни лекови.

Е сега можеби постов ќе звучи претерано школски, како еден вид предавање, но мислам дека може да ти помогни во одреден дел да препознајш кои работи те измачуваат и каде лежи вистинскиот проблем. Чим има проблем има и решение.

Работи кои можат да ти одат во прилог е поначесто зборување со блиските луѓе и слободно излагање околу тоа како се чувствуваш. Не ја насобирај сета енергија негативна во себе. Скоро секој од нас во одредени моменти поминува низ пеколен живот. Истите тие моменти мора да ги искористиме како позитивни искуства кои ќе не направат имуни на одредени работи. ЈАс загубив братучед од рак на 26 години, кој ми беше претерано близок и го чувствував како брат, и тие мигови беа опасно тешки и мачни за мене, каде водев постојана битка со мислите, навраќањата на спомени и огромен гнев заради тоа што не можев да ја сменам иднината. Сето тоа собрано заедно ми помогна да гледам малку поинаку на нештата, без многу нервоза и стрес, затоа што истите овие две работи, беа основниот причинител на појавата на таа гнасната болест чие име не сакам да го кажам, од која си замина братучедот.

Избегнувај лежење во кревет и размислување на секакви проблеми, биди активен, шетај, дружи се, еве јас пред 10 минути пиев едно кафенце назад во двор и го галкав песот. Буквално вистински рај и одмор. Пробај пронајди и ти нешта кои те исполнуваат. Ако навечер не ти иди сон, читај некоја книга или слушај радио, измори се што повеќе и истисни ги тие моменти на размислување и борба со мислите.

Претпоставувам дека си често тажен, а со тагата те обземаат осаменост, страв, сожалување, депресија. По напишаното веќе како да имаш развиено суицидни чувства, кои се вистински и реални, но не и конечни и засекогаш зададени. Треба да знаеш дека има лек за истите. Најважно е при појава на овие чувства да разговараш со некого, впрочем си се обратил тука на форумот и тоа е за поздрав. Мора да пронајдеш начин да се ослободиш од таа внатрешна тензија.

Исто така пожелно е да го пронајдеш мотивот кој те тера на таква работа. Ако го пронајдеш мотивот, побрзо ќе дојдеш и до решение за проблемот. Како мотиви можат да се јават:
Страдање поради огромна загуба или животна промена.
• Семејна историја на самоубиство или насилство.
• Сексуална или психичка злоупотреба.
• Смрт на член на семејството или многу близок пријател.
• Развод или разделба, прекин на врска.
• Слаба академска изведба, слаби резултати на значаен испит.
• Губење на работа и проблеми на работа.
• Несакана бременост.
• Започнување или завршување на затворска казна.
• Невозвратена љубов.

Ниту еден од овие мотиви не е достоен да ја одземе силата на животот, и неговата вредност. За сите нив постои решение и е возможно надминување. Колку и да звучи клише, потребно е да посетиш стручно лице како психологи, психијатар, или ако ввеќе си посетил, сменувај го и пробај со некој друг. Не случајно тие лица ја вршат таа дејност, се школувале за тоа, вложувале време и напори. Сигурно ќе знаат како да ти помогнат најсоодветно. Истите тие ќе знаат да го разложат твојот проблем на ситни парчиња, и на тој начин ќе ти помогне и ќе открие како најдобро да го надминиш проблемот.

Не знам дали си го сретнал податокот, дека голем процент од лицата кои извршуваат самоубиства не се свесни дека тое е апсолутен КРАЈ на нивното постоење тука. Не е тоа некоја преодна фаза која ќе го реши проблемот и ќе ти даде втора прилика. Самоубиството е само трајно решение на привремени проблеми. А тие привремени проблеми со малку труд и поинакво насочување на енергијата можат ито како да се решат и надминат. Еве јас ти гарантира дека после се што доживеав, животот е убав, прекрасен. Само мора да го најдеме начинот како да вкусиме од неговата прекраснотија. А тој начин е посебен за секој човек, само треба да се пронајди.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
и тука се наметнува едно многу поинтригирачко парашње, зашто прочита само дел од мојот пост?
Го прочитав целиот пост. Цитирав само дел.
Не ми одговори....[DOUBLEPOST=1436988904][/DOUBLEPOST]
Некој што размислува за самоубиство нема тоа да го каже или напиша овде.
Јас кога помислувам пишам овде, пишам дека нема да направам...ако дојде дотаму работата. Најчесто интернет е последната сламка за спас.

Воглавно тоа не ми е за внимание или нешто... се борам самата со себе, со депресијата, кога ќе го видам напишано јавно сваќам колку е глупо ,,, а и си давам завет дека нема... воглавно си се почитувам самата себе и ветувањата што ги давам. :)

На фб не пишам, на блиски не кажувам сама се борам
 
X

xxxholic

Гостин
Го прочитав целиот пост. Цитирав само дел.
Не ми одговори....[DOUBLEPOST=1436988904][/DOUBLEPOST]
.

реков дека чичко ми има извршено самоубиство и ти ме прашуваш како би се осеќал ако му се деси нешто лошо на НЕКОЈ од моја фамилија. како ќе се осеќам ќе се осеќам, или ќе заборавам пред да умрам, или ќе умрам па нема да можам да се сеќавам и да сакам. (второто е сигурна варијатна, тоа ми е поентата).

btw, влези на suicide watch редит да видиш што има, мора да те предупредам постовите може да бидат "језиви"...
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
.

реков дека чичко ми има извршено самоубиство и ти ме прашуваш како би се осеќал ако му се деси нешто лошо на НЕКОЈ од моја фамилија. како ќе се осеќам ќе се осеќам, или ќе заборавам пред да умрам, или ќе умрам па нема да можам да се сеќавам и да сакам. (второто е сигурна варијатна, тоа ми е поентата).

btw, влези на suicide watch редит да видиш што има, мора да те предупредам постовите може да бидат "језиви"...
не сакам језиви нешта

а ако се осеќаш лошо кога некој твој ќе згази на стакленце зошто помислуваш да им ја нанесеш таа болка? Секако дека е себично. Немаш право да ги оставиш сами и да те нема кога ќе им треба некој и да те нема кога ќе се роди ново дете во фамилијата. А и колку и да е тежок животот победата над тешките ситуации е слатка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom