Самоконтролата - позитивна или негативна особина?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не може од индивидуални примери да се донесе заклучок.

Секако дека самоконтролата како дел од севкупниот баланс помеѓу телото и умот е позитивна работа, и за тоа не треба да има двоумење.
Но дел од тој баланс подразбира препознавање на ситуации каде што е потребна импулсивна реакција и да се следи тој...импулс!
 
T

theTinule

Гостин
Не може од индивидуални примери да се донесе заклучок.

Секако дека самоконтролата како дел од севкупниот баланс помеѓу телото и умот е позитивна работа, и за тоа не треба да има двоумење.
Но дел од тој баланс подразбира препознавање на ситуации каде што е потребна импулсивна реакција и да се следи тој...импулс!
Пример. Иам преголема контрола. Многу тешко ги искажувам вистинските чувства. Цел живот го гледам од една далечна перспектива, во секојдневието се контролирам, фина сум и коректна кон сите.

Дали е подобро да го живеам животов овака како што сега го живеам, исконтролирано, со силни, но скриени емоции, или да се препуштам на уживањата и да не ги кријам емоциите, макар и да се грди и лоши?

Незнам како да ја поставам темава =.=

Да, самоконтролата во одредена ситуација е позитивна. Зборувам за постојана самоконтрола.
За контрола на својата иднина.
За контролирање на емоциите.
За контролирање на тоа што си, твојата личност.
Кужиш?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Во никој случај неможе да биде негативна особина, од самоконтролата зависат многу работи во животот.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Vtorara poenta shto si ja pishal mi beshe muabetot so mobilniot.

Aj, drug primer.
Nekoja zhenska ti se pushta i ti vika deka saka da i bidesh muzh (familija da osnovate, nali...) ama ushte ne si go naprail toj chekor i ne si siguren u toa. Tipkata e ubaa, fina mila..bla bla...vekje podolgo vreme si so nea i ja sakash.
Idesh u kafana so tvoe mushko drushtvo. Gleash edna oooopasna tipka u vashe drushtvo. Te provocira so izgled, so pogled, so dekolte i shto ushte ne, ti se ide...
Dali i pokraj provokaciite na oooopasnata tipka, sepak kje reshish da se zhenish so devojka ti koja go nema pogledot i dekolteto i ostali stvari shto drugava gi ima?
I onaka devojka ti nema da doznae...

Kuzhish? xD
Ако не треба човек да се контролира во такви ситуации не треба ни да се разликува од животните. Всушност, многу е ниско некој да се залета по таков ефтин предизвик, па затоа мислам дека не е важна самоконтролата во тој случај. Ако некој паѓа на тоа, мене не ми е важно како би изреагирал, затоа што тој за мене нема цена. Тој или таа - сеедно.

Еноставно нема да и каже на девојка ти :)
После тоа, во случај да не се деси ништо со девојка ти, нема да се каеш дека не си отишол со таа од кафаната и не си ја искористил добрата прилика што ти се пружила.
А вака, зашто утре ден да си помислиш „Ту мајката, како не ја ќарив таа од кафаната неќна“ ?
Праиш тоа што ти се праи во моментот и не се устручаваш :)
Живееш со лезет :)
Самоконтрола sucks -.-
Конкретниов пример пак да кажам не е живеење со лезет. Тоа е неизживеаност која треба да се помине во средно, за потоа да нема потреба да ни троши енергија за размислување. Мислам, ајде кажи ми што е вредноста во тој чин. Што би добил некој попален мангуп или мангупка од тоа? Не знае што е секс, па ајде да проба? Третата личност има златен полов орган невиден дотогаш? Вреди повеќе од постоечкиот партнер, само затоа што направила неколку провокативни потези? Абе ајде ... :nesvest:

Пример. Иам преголема контрола. Многу тешко ги искажувам вистинските чувства. Цел живот го гледам од една далечна перспектива, во секојдневието се контролирам, фина сум и коректна кон сите.

Дали е подобро да го живеам животов овака како што сега го живеам, исконтролирано, со силни, но скриени емоции, или да се препуштам на уживањата и да не ги кријам емоциите, макар и да се грди и лоши?

Незнам како да ја поставам темава =.=

Да, самоконтролата во одредена ситуација е позитивна. Зборувам за постојана самоконтрола.
За контрола на својата иднина.
За контролирање на емоциите.
За контролирање на тоа што си, твојата личност.
Кужиш?
Вака без претходниот пример веќе понормално звучи муабетов.
Како и повеќето и јас сметам дека самоконтролата е позитивна страна кај секој човек. Мора да се има затоа што како што кажав, не би имале според што да се разликуваме од животните. Но тоа секако не значи дека не треба да искажуваме емоции, да не сонуваме и да не ги остваруваме нашите соништа, да не ризикуваме и да не живееме како што сакаме. Тоа значи дека сето тоа треба да го правиме повоздржано т.е. попромислено. Пример, ако сакаме некому да му кажеме што чувствуваме за него има илјада и еден начин. Со самоконтрола може да одбереме некој подобар, со што би биле поубаво разбрани и поверојатно би го добиле тоа што го очекуваме за возврат, без оглед дали станува збор за добри или лоши емоции и мислења.
Секако на крај морам да се сложам со Брн. Дефинитивно има ситуации кога треба да се реагира и импулсивно, но таквите ситуации секој поединец треба индивидуално да си ги препознае.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
само контрола е и кога и се пушташ свесно на женската на твојот другар. Во случајот спротивно на самоконтрола е неконтролирано однесување. Тоа однесување се случува најчесто кога се пробудени чувства на пример нервоза, агресија .. и тогаш не размислуваме рационално и можеме да направиме постапки кои ќе имаат негативни последици. А ако имаме самоконтрола ќе знаеш да го испразниш тој бес и да го задржиш чистиот ум на размислување без страсти.

гледам многу членови во претходните постови погрешно ја разбрале самоконтролата.

Само контролата не е да одиш против твоите нагони и инстинкти туку да бидеш свесен за нив во моментот.
 
С

Сатори

Гостин
Се е избор и самоконтрола.

Претпоставувам дека на светот не постојат луѓе кои што можат да се пофалат со тоа дека целосно му се препуштаат на животот, го прават исклучиво она што го сакаат и се ослободени од калкулации во релациите со другите луѓе.Секако, тоа не го прави тој начин на живот правилен само затоа што е распространет, туку го прави нормален и прифатлив и во принцип пружа утеха дека можеме да се вклопиме во масата и да не се чувствуваме лошо затоа што сме само луѓе.
Во средновековието, луѓето добиваа скрипта на раѓање за тоа како треба да се однесуваат од своето семејство, тоа што денес се смета за традиционално заостанување, тогаш било рационално живеење и заштита на поединецот и неговата фамилија.

Во суштина, оние кои што не се контролираат себе и своите желби или завршуваат во затвор затоа што го прекршиле правниот поредок или се хермити и можеби тука има уште некоја комбинаторика во која што нема да навлегувам.За да може да се дојде до избор мора да се контролираат желбите и потребите, поинаку само се спремаме себе за уште еден неуспех, а тоа би било банално за секој кој што има нормално ниво на хормони и степен на IQ.
Без себеконтролата можеме слободно да се израмниме со животните иако и таму има веројатно има правила за преживување.
Земјата не е The Garden of Eden.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Негативна е ако некој нон стоп те малтретира и му имаш страв но се контролираш зашто освен кукавица можеш да испаднеш и претепана кукавица. Но и тој мраз порано или подоцна на овој или оној начин ќе биде скршен. :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Може, ако речеме дека не е самоконтрола кога премногу се плашиш и одбегнуваш соочување.
Eдно е некој физички да те нападне, тогаш нормално и ти ќе нападнеш, но да ме вреѓа некој јас нема него да го вреѓам затоа што нема да допрат неговите зборови до мене може само да се смеам зашто ќе ми биде смешно, затоа што вреѓаат немоќните луѓе, слаби, луѓе без самодоверба, повредени, оние кои го мафтаат белото знаменце(y)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
позитивна работа ме спасила во доста случаи
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Јас пак сонувам за денот кога нема да морам да имам самоконтрола бидејќи всушност нема да има што да контролирам.
Апсолутна контрола врз било што не можеш да воспоставиш, но паметен потег е тоа нешто да го искорениш од себеси.
 
R

Roten 96

Гостин
Апсолутно е позитивна особина.Ете важам јас за таков што лесно се нервира и ред други работи лесно искажувам револт не се контролирам и верувајте тоа ке ве униште кога и да е имајте котрола над себе знајте да се воздржувате.Затоа е самоконтролата многу силна работа и позитивна особина во целост.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Позитивно е, ама толку тешко. Некогаш кога мислам дека имам премногу самоконтрола, баш тогаш ќе потфрлам...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Eдно е некој физички да те нападне, тогаш нормално и ти ќе нападнеш, но да ме вреѓа некој јас нема него да го вреѓам затоа што нема да допрат неговите зборови до мене може само да се смеам зашто ќе ми биде смешно, затоа што вреѓаат немоќните луѓе, слаби, луѓе без самодоверба, повредени, оние кои го мафтаат белото знаменце(y)
Иако ми се допаѓа твојот начин на размислување ќе те корегирам малку.

Нема голема разлика помеѓу двете работи како ти што мислиш. Физички и не физички, и навредата е НАПАД, само не е напад на тело туку на психа. Тие што ти напаѓаат психа (те вреѓаат, значи сакаат да те понижат јавно или приватно) во голем број случаи би те понижувале и физички ако им се може. Често не им се може па затоа најчесто останува само на вреѓање.

Се согласувам дека на банални навреди треба да преѓутиш и да игнорираш ама има навреди кои тебе ти штетат како личност ако ги преќутиш посебно ако те бламираат пред други кои те познаваат.

Во таков случај ако можеш врати ако не игнорирај. Јас враќам кога некој ептен ме подебава макар и во нечии очи испаднал сељак. Мојата самодоверба и чест ми се битни иако понекогаш во туѓи очи личи дека сум претерал со реакција.

За болдот секоја чест, тие што вреѓаат за да те понижат се за најголем ПРЕЗИР.

Он: Нормално дека самоконтролата е важна и позитивна, нема муабет за тоа и не џабе сите источни духовни и физички дисциплини прво те учат да се контролираш. Место телото и психата да те контролираат тебе ти ги контролираш нив.

Посебно импулсивни и темпераментни карактери и те како треба да научат да се контролираат, инаку проблемите во живот им се загарантирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom