Сакам да студирам Архитектура

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од еци^^^, 11 март 2007.

  1. еци^^^

    еци^^^ Walking the line of nature's palm

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    2.948
    Допаѓања:
    55
    Ne se somnevam deka na forumov ima iskusni arhitekti, studenti na arhitektura i takvi koi planiraat da bidat vo idnina studenti na arhitektonski.
    Ajde da pozboruvame malce za Arhitktonskiot fakultet vo Skopje?
    Dali nekoj studira arhitektura nadvor od Makedonija i kade?
    Vrz sto se bazira vasata inspiracija za da bidete arhitekt?
    На pepi20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. *n0t*0rd!nary*

    *n0t*0rd!nary* ~*SimplY UniQue*~

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    126
    Допаѓања:
    3
    Интересна тема, барем за мене. И јас планирам да се запишам на Архитектонски, па ме интересира дали некој има некои информации за уписот, дали ке има тестирање и приемен или не, некој совет ...
    На $ MDNA $ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Драги потенцијални колешки, јас сум студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. Студирам веќе трета година.

    Своевремено, кога на мене беше редот да ја донесам одлуката на кој факултет да се запишам, размислував за повеќе опции. На крај една по една се ретчеа се дури не остана само една. Зошто го одбрав Архитектонскиот факултет во Скопје?

    Економско-практични причини: Најблиска школа за архитектура. Единствена во Македонија. Партиципацијата е варијабилна од година во година, меѓутоа за оној кој ќе се запише во квотата за студенти со надоместок, прилично е мала. Јас плаќам 200 евра годишно.

    *постои опција студентот воопшто да не плаќа школарина, доколку покаже успех над 9.00 (или 9.5-не сум сигурен). И да, постојат и такви студенти. Се разбира, ова важи за студенти кои завршиле прва студиска година и покажале успех каков што се бара.

    Квалитативни причини: Одбирањето на архитектурата како моја идна професија по дифолт не значеше и одбирање на Архитектонскиот факултет во Скопје. Се заинтересирав, и разгледав неколку можности, пред се во соседните земји. На крај, сепак одбрав да учам на нашиот Архитектонски Факултет. Пред тоа ја разгледав програмата на студии која ја нуди факултетот- горе долу за мене беше шпанско село :) Како и да е, од тогаш одлучив дека ако еден ден почувствувам дека мојот факултет не ми нуди квалитет на образование кое јас го барам, ќе го завршам, па ќе си барам чаре за пост-дипломски студии некаде надвор од Македонија.

    Меѓутоа, постои една вистина. Може да студираме каде сакаме. На колку сакаме јака школа. Едно важи - факултетот те носи до некаде. Понатаму, мораш сам. Со други зборови, ако пројавите интерес, амбиции и доволно љубов и правилен пристап, не се сомневам дека ќе бидете успешни студенти/архитекти/ луѓе, каде и да студирате.

    Програмата за студирање ја немам при рака. Али ќе ја објавам деновиве.

    Веб сајтот на архитектонски е овој, меѓутоа воопшто не е одржуван и не функционира во моментов. Од кешот на гугл го извлеков следново, се однесува на уписите од 2005/2006-та година, но може да ви користи.

    Дали и годинава ќе има уписи, навистина не знам, али секаква нова информација која ќе дојде до мене, веднаш ќе ви ја проследам.

    Па, како што би рекла комисијата за уписи на факс, "со желба да станеме колеги", поздрав.

    Секое прашање на оваа тема со најголемо задоволство ќе ви го одговорам.:smir:
    Се читаме.
  4. зунза

    зунза Модератор

    Член од:
    27 јануари 2006
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    54
    А ако полагаме државна матура и тогаш ќе треба приемен да се полага?
    Ја читам програмата за приемниот,душовадачка е! Шајзе!
  5. еци^^^

    еци^^^ Walking the line of nature's palm

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    2.948
    Допаѓања:
    55
    Ne e be i ti pa do tolku. Imav prilika da gi razgleduvam priemnite testovi po matematika od poslednite 5 godini i navistina se impresionirav koga uspeav na prv pogled da resam okolu 50% od zadacite.
  6. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Програмата е склопена за да делува академско-заштрашувачки :)

    Во суштина, вака оди испитувањето:

    Прво, се полагаат два елиминациони тестови. Еден е психо тест, и би требало да е лесен :) Вториот е тест кој ја оценува способноста за снаоѓање во простор.Како се оценува тоа? Епа, поставуваат геометриски форми кои треба да се нацртаат од двете страни за 30 минути, во размер. Финтата е во тоа што задната страна имате право еднаш да ја погледнете, и ја цртате по меморија (помалку) и по некои правила (многу повеќе).

    Не е страшно, се учи. Ќе земете по некој час, ќе повежбате малку и ПУФ! Магијата е направена :)

    Вториот дел од испитувањето, како што може да прочитате е составено од два дела, стандардно како уписите на сите други факултети. Најдобро материјата за полагање се гледа преку примери од минатите години.

    Математика ќе го видите типот на задачи, и ќе порешавате малку.
    Историја на уметност - ќе ги видите прашањата. Мене ми се паднаа 60-70% од прашањата од минатите години :)

    Aко некое не знаете, ќе одите на тепка-имате 4 опции, или 25% шанси да заработите на среќа по некој поен.

    Многу помага ако успехот од средно ви е одличен. Али, и да не е, не е страшно.

    Повелете, прашувајте се што ве интересира. :)
  7. зунза

    зунза Модератор

    Член од:
    27 јануари 2006
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    54
    Колку многу обрнуваат внимание на оценките по математика,физика и слично?
    И дали обрнуваат внимание на тоа дали си учел на математички смер во гимназија или не?
  8. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Oценка како и секоја. Без разлика дали е математика, физика, биологија, психологија или одбрана и заштита, има еднакво значење при уписот.

    Исто како и завршеното средно образование- сосема небитно од каде доаѓаш. Предзнаењата од средно школо може да ти користат понатаму во студиите. За упис-не е важно.
  9. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Ова е дел од една мала брошура за бруцоши која ја подготвувам како дел од Сојузот на студенти на АФ, и би требало да е подготвена за наредната студиска година. Ова го постирам тука како видување на еден постар колега како да се (пре)живее за време на студиите на архитектонски:) Се надевам, некому ќе помогне.

    -------------------------------------------------------------------
    Po~ituvani kolegi


    Dozvolete mi za kraj da si zemam za pravo da Vi uka`am na nekoi znaewa koi se steknuvaat so tekot na vremeto pominato na studii na na{iot fakultet-del od niv se od li~no iskustvo, a del se od iskustvata na na{ite postari kolegi. Vo sekoj slu~aj veruvam deka }e gi prifatite kako dobronamerni soveti koi krajno, }e Vi koristat.

    Vo tekot na studiite }e se sretnete so predmeti kaj koi prili~no jasno Vi e naglaseno {to se bara od Vas za na krajot da ne ja dobiete omilenata ocenka od sredno{kolskite denovi, no i so takvi predmeti kaj koi vistinskiot recept za uspeh e tajna kako i receptot za Vegeta i ponekoga{ e nepoznat i za samiot profesor. Sepak, vistinska formula za uspeh e da go sakate ona {to go studirate i da `iveete za nego, da nemate strav, da po~ituvate avtoriteti no i da barate po~ituvawe.

    Za nekoi od nas, fakultetot }e bide mestoto koe }e ne napravi dobri i poslu{ni crta~i-za niv ne bi sakal ponatamu da diskutiram. Moj osoben predmet na interes se site onie koi kako i jas veruvaat deka od prviot moment koga za~ekorile vo nego, fakultetot pokraj osnovnoto obrazovanie koe }e im go ponudi na kozumacija, sakaat od nego da im pomogne vo prodol`uvaweto na borbata da se stane ~ovek (kako {to miluva da ka`e eden od apsolutno omilenite profesori na na{iot fakultet); da gi izgradi kako lu|e, ili barem da ja prodol`i neimarskata dejnost na `ivotot, do toj moment.

    Koga vo `ivotot ~ovek }e se odlu~i da postigne nekoja cel, sekoga{ na patot }e ima popatni stanici i prepreki koi }e mora da gi pomine, za da stigne do taa cel. Neka ne ve obeshrabruvaat odredeni situacii vo koi ste primorani da progoltate ne{to {to ne Vi e omileno i pokraj toa {to na kraj re~isi sekoga{ e korisno; redovno posetuvajte gi site predavawa, osobeno ve`bite; konsultirajte se so profesorite i asistentite (ne samo so site dobri lu|e me|u niv, no i so onie koi veruvaat deka ste se odlu~ile za Arhitekturata kako va{a idna profesija samo za da gi posetuvate nivnite predavawa); I sekoj den odvojuvajte barem malku od vremeto za kafirawe, gledawe film ili sportuvawe i posvetete go na fakultetskite obvrski. Ne baram od Vas da stanete del od fenomenite so prosek nad 9.5, u{te pomalku od onie koi kako naj~est izgovor za nekoj li~en neuspeh gledaj}i gi prisutnite fenomeni pomalku od maka }e zboruvaat deka nesakaat da se kako niv zo{to sepak socijalniot `ivot bil me|u najbitnite segmenti vo `ivotot. Da se razbereme, ne mislam deka svedok za uspehot se ocenkite na trudot - na kraj, toa se samo brojki. No tvrdam deka ne smeeme da si dozvolime da veruvame deka za li~niot neuspeh se vinovni profesorite, ili nekakvi bespolezni predmeti koi gi slu{ame , u~ime i morame da gi polo`ime, iako nemaat nikakva vrska so ona {to e Arhitekturata deneska, ili u{te polo{o-nemaat nikakva dopirna to~ka so samata Arhitektura. Veruvajte, naj~esto toa e samo navidum. I na kraj, kolku i da ni se dopa|alo toa ili ne, toa se tie popatni stanici i prepreki koi gi imalo, gi ima i }e gi ima nasekade na patot po koj sekoj ~ovek ~ekori. Ne dozvoluvajte im na takvite mali prepreki da stanat pove}e od eden Berlinski yid koj }e go sru{ite samo so svojata voqa, i veruvajte vo ova {to eden mudar ~ovek go ka`al: Prepreki? Toa se site onie raboti koi gi gledam koga }e go skr{nam pogledot od mojata cel!

    Vistinskoto re{enie spored mene e da ne veruvate deka gorespomenatite soveti se utopija, da go poslu{ate mudriot Mark Tven koj rekol: Nema da dozvolam moeto obrazovanie da i popre~i na mojata edukacija, no i da se potrudite da gi iskombinirate dvete raboti - va{eto obrazovanie neka raboti vo korist na Va{ata edukacija.

    Go pro~itavte vistinskoto re{enie. Za vistinskata odluka sepak, treba da najdete sila i verba vo sebesi. A koj izvor bi bil podobar otkolku Arhitektonskiot Fakultet za da ja crpite taa verba; ne fakultetot kako gradba, tuku kako duh koj se budi vo na{ite srca se pove}e i pove}e so sekoja izminata sekunda vo nego. Koga eden den }e go zamenite peto~noto izleguvawe so peto~no crtawe vo Golema Sala, koga omilenoto kafe nema da e nekade na Kejot na Vardar tuku vo ili okolu fakultetot, koga posle mnogu~asovnata rabota i pominatata no} na nekoja masa na fakultet, sekoga{ so dobro dru{tvo, mrtvi umorni sepak so nasmevka }e go do~ekate novoto utro, koga na patot za doma }e vi nedostigaat `oltata fasada i crvenite }eramidi, }e svatite deka . . . .ednostavno go sakate ova mesto. Tokmu poradi toj duh koj se budi vo nas, poradi ona {to potajno sme go imale samo za sebe od mnogu poodamna i poradi koe sme se odlu~ile da go studirame ona {to go studirame. Poradi toa {to i pokraj site nelogi~nosti koi }e gi vidime vo nego za vreme na na{eto studirawe i koi ponekoga{ znaat da bidat demotivira~ki, sepak sme mu blagodarni zatoa {to ne nosi eden ~ekor poblisku do ona {to navistina go sakame, do profesijata koja sakame da ja rabotime, do drugata dimenzija vo koja sakame da `iveeme . . .
    . . .edinstvenata najubava i najblagorodna ARHITEKTURA.

    Zapomnete, nema ni{to {to mo`e da ne popre~i na toj pat, nema nitu edna bitka koja zaedno ne mo`eme da ja dobieme. Najva`no e da sakame . . . .i da veruvame!

  10. Ann.

    Ann. Queen of Nature

    Член од:
    27 април 2006
    Мислења:
    504
    Допаѓања:
    49
    Не е важно дали си на математички смер,за да одиш на архитектура?Јас кога бирав смер сега во трета,пред да се одлучам се распрашав и професорите дури кажуваа дека тоа што ќе одбереме како смер во трета,фактички ни ги ограничува можностите за бирање факултет.Така да со математички смер сме биле ограничени за техничките факултети,архитектура,информатика,математика итн...И плус ние што сме математички смер учиме плус две математики.Во приемните нема ли дел од тие математики?Се збунив.:)Не е ваљда џабе да умирам со овие математикиве:)Добро, не е џабе,ама можев полесно да си поминам:)
  11. *n0t*0rd!nary*

    *n0t*0rd!nary* ~*SimplY UniQue*~

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    126
    Допаѓања:
    3
    tnx Serpico, ова ми беше дополнителна мотивација, особено последните неколку реченици :) :smir:




    Јас учам општа и кога го гледав материјалот од математика што ќе се полага, не забележав ништо што го немаме учено. Си можела да поминеш полесно . :helou:
  12. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Вака... не верувам дека за годинава ќе има некакви промени во споредба со порано. Глупаво е да лимитираш некого во изборот на факултетот зависно од средното школо кое ќе го заврши.

    Кога јас се запишував на факс сватив дека и средно угостителско да сум имал завршено со сите 5-ки, ми доаѓа исто како и природно-математичка гимназија во паралелка за екстра талентирани ученици. Ова важи за уписот.

    Како после практично ќе ги примениме знаењата од средно, останува на нас :)

    Веќе споменав, чим излеге конкурсот, одма го објавувам тука. Ама не верувам дека ќе има драстични промени и бегање од горенапишаното.

    п.с. Математика се учи само една година и не е страшна. Понатака имаш неколку предмети во кои ја користиш математиката, ама за тоа не ти треба предзнаење од средно, туку лист хартија со запишаните нови формули и дигитрон:smir:
  13. зунза

    зунза Модератор

    Член од:
    27 јануари 2006
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    54
    Многу ти е охрабрувачки текстот погоре,морам да ти признаам дека само што се одреков од идејата да студирам ”тоа’’ (знаеш што,ти уште навиваш) мислам дека пак и се привраќам на таа идеја :)

    Искрено,в година не намеравам да се запишам на математички смер,туку ќе продолжам или јазици или уметнички,па после отом-потом за на факс. И да признам,дека единствена препрека што ми ја попречува желбата да бидам архитект-дизајнер е таа глупа математика што немам доволно време да и посветам и немам дробри резултати и како шлаг има така една особа што ми дофрлува да не се филмам дека со мојата 3ка математика ќе можам да го учам тоа..и на крај ете ти го Серпико со вака охрабрувачки текст..и умот чкртаници :)
  14. *n0t*0rd!nary*

    *n0t*0rd!nary* ~*SimplY UniQue*~

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    126
    Допаѓања:
    3
    Студентите од Архитектонски Факултет беа во Гевгелија - да или не?:vozbud:
  15. Serpico

    Serpico Сковинистратор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    11.164
    Допаѓања:
    651
    Да :vozbud::vozbud::vozbud:

Сподели преку: