СМЕТКОВОДСТВО

Член од
19 јули 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Може и физички лица, но треба да пријават дека се вршители на дополнителна дејност и да плаќаат персоналед данок.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
аха... добро инфо... не сум знаел за ова... мајка ми е беше во сметководство во една голема фирма скоро цел работен век... ама не скоро туку прво вработување и е таму и последно се разбира... нормално пред време ја шутнаа, (2 години до пензија) пред да иде во пензија и сега е во потрага по работа, а јас па и викам да си отвори сопствено сметководствено биро... па јебига, цел живот тоа го работи... малку кочеше делот дека во моментов зима некои пари, кои ги уплаќа фрмата во социјално се до пензионирање, па ако се вработела ке ги изгубела и слично... знам дека почна со 75% од платата, сега е на 50% од платата што ја примала... како и да е, да ти се пропловат примањата е лошо...

е сега... околу оваа вторава варијанта, дека треба да се пријават и да плакаат 10%... 10% од што? од она што ке им се уплати на трансакциона? и кај треба да се пријави, и секако што значи тоа пријавување? ако е како дополнителна дејност, значи дека нема да и се укине она што и го исплаќаат преку фрма?
 
Misha

шмизлеТО
Член од
28 март 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
мислам дека таков закон не постои... а мислам и дека не постојат лиценци за сметководители... единствено нешто со кое се обврзани сметководителите е да имаат фирма, а не да бидат физички лица...
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=548 ЗАКОН ЗА СМЕТКОВОДСТВО

Барање за „лиценца„ се поднесува при самото пријавување на фирмата како фирма за вршење на книговодствени услуги, во кое се наведува степенот и видот на образованието на вработените. :) бидејќи може на шивачката Мира да и текне да стане книговодителка арно ама нема врска како се прави тоа, но сепак отворила ваква фирма бидејќи и е животна желба ;)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
миша... незнам што покажа со линковите, ама јас со црвени букви проитав дека пишува ВОН СИЛА веднаш до текстот кај што пишува ЗАКОН ЗА СМЕТКОВОДСТВО!!!
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Ме интересираат следниве работи пошто ми фалат основни познавања од сметководство и сакам да пополнам празнини, се надевам некој од сметководство/општи познавања и искуства/банкарски познавања ќе може да ми одговори.

За плаќања по фактури со Кредитна картица издадена на име на фирма - пример:
- Одам во продавница за компјутери и гледам печатар. Сакам да го купам преку фирма. Ми печатат фактура и ја плаќам одма со кредитна картица (од фирмата) на лице место. Дали од оваа трансакција, во тој момент имам се што ми е потребно за сметководството? Други подпрашања во врска со ова: дали печатачот купен, се рачуна како инвестиција, има поврат на данок, и влегува во непаричен имот на фирмата, и треба да го ставам во инвентар, или нема врска ова, само поврат на ддв имам од него? (не ми е јасно како оди тоа со непаричен влог, вредност на фирма, инвентар итн)
- Со истата кредитна картица (издадена на фирмата), плаќам за услуга на интернет (пр. веб хостинг, од странска фирма). Од неа имам електронски издадена фактура, на неа нема печат, нема ништо, пишува само Тој и тој, Таа и таа фирма, фактура бр. таа и таа, ПЛАТЕНА. Знам дека од физичко лице кредитната картица може да е во денари, а да плаќа пр. во евра, но не знам како оди ова од правно лице. Дали со таа кредитна може да се плати исто како за физички лица, и од која сметка зема пари. Дали фактурата важи за книговодство во прилог со некој извештај од банка? Или плаќања во странство мора да бидат исклучиво преку интернационален трансфер за да важат во сметководство?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Не сум по сметководството,но она што го знам од праксата:
-Влегува во непаричен дел,како инвентар и имаш поврат на ддв.Фактурата во оргинал ја доставуваш до својот сметководител,а од банка он оди и зема изводи преку кој се гледа дека си извршил трансакција под тој основ-купување печатач.
-Плаќање кон странство се врши од девизна сметка отворена на правното лице.Се потполнуваат некои обрасци во банка при самата трансакција и банкарот ти ја врши трансакцијата.Доколку имаш пари само на денарската сметка,прво мора да одиш на девизен пазар (во банката каде си клиент се врши тоа),да купиш девизи и да ја платиш трансакцијата од девизна сметка.За тоа добиваш извод дека си извршил плаќање по основ фактура.Вака е кај мене кога плаќам кон странство.А од сметката на правно лице секој потрошен денар мора да биде под основ.Иначе ќе ти се отвори минус и непризнаени пари.
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Фала за одговорите. Ова за плаќање со странство го знаев (немам искуство, но ми кажаа како оди отприлика), но барам начин за поедноставување на работите. А на кредитните картици за правни лица, пишува дека може да се плаќа и дома и странство (пример НЛБ тутунска, Виза картичката за правни лица што е). Затоа прашав, дали некој користи ваков метод, пошто 1. скратува потреба од одење до банка и уплаќање по фактура, 2. може да купиш услуги преку интернет портал од странство, без купопродажба на девизи, интернационален трансфер итн. Можда некој со искуство во банкарско работење може да знае. А ќе прашам и во тутунска како оди тоа, па ќе објаснам деновиве.
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Дали некој може да ми каже како оди со повлекување пари од сметка на фирма како Материјални трошоци? Тие треба потоа да се оправдаат со сметкопотврди, фискални итн. Дали пр. ако сакам да купам мобилен, (од т-мобиле, вип или оне) и дали е подобро: да им побарам фактура, па да платам преку фирма и да одам со уплатница да подигнам, или да извадам материјални трошоци, да одам да купам и со фискална ќе се оправдаат?
 
мислам дека во кеш-готовина со фискална и сметкоптврда можеш до 6.000 денари да купуваш. над тоа не се признава т.е. не смее да се книжи. можда е границата поместена ама начелно така е. во суштина, нај убаво е фактура, па да си ја платиш преку сметка. така платените средства ке ти се книжат како трошоци а мобилниот ке ти влезе како капитал во фирмата, кој мораш да му напоменеш на сметководителот, после 12 месеци да ти го раскнижи т.е. расходува. прашај го сметковогата зашто ке ти појасни зашто вака, да не се распламтувам сега тука со пишување по тоа прашање може дури и апарати за домакинство преку фактура да се купуваат (фрижидери, телевизори, системи, шпорети и слично), само тие одма влагаат како капитал во фирмата.

подигањето готовина од сметка за книжење на материјални трошоци може да биде и по голема ама ниедна фискална не смее да ти прејде преку оние 6.000 денари. нај убаво е за гориво да се зимаат сметки или за нешто такво секојдневно. за гориво ке мора мислам и возило да имаш наиме на фирмата.... кафански рачуни не важат, храна, пијалаци и слично... инаку средства за материјални трошоци може да си префрлиш и на трансакциона сметка или виза картица... не мора кеш. само битни се фискалните да се зимаат со се сметкопотврда... јас на пример и фискалните од патарините ги книжам како материјален трошок (не јас туку на сметководителот му давам нели)...

знам зашто прашуваш... се појави сума на сметка ама проблем е за вадење нели?
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Една фискална до 6000 месечно, или збир на сите до 6000 месечно? Или годишно да не сумава?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали некој може да ми каже како оди со повлекување пари од сметка на фирма како Материјални трошоци? Тие треба потоа да се оправдаат со сметкопотврди, фискални итн. Дали пр. ако сакам да купам мобилен, (од т-мобиле, вип или оне) и дали е подобро: да им побарам фактура, па да платам преку фирма и да одам со уплатница да подигнам, или да извадам материјални трошоци, да одам да купам и со фискална ќе се оправдаат?
И јас итово го прашував кај сметководителот.Најубаво е се да оди на фактура,што сакаш да си купиш плати на фактура преку фирма.За да ти признаат гориво,мора колата да ја пријавиш на фирма,што ако искрсне проблем ќе мора да ти ја земат извршители :)
Можеш и во кафана на потпис да идеш,ќе му дојде во раскнижување како средства за состанок и сметката може да биде 30000.Што значи ќе се договориш со некоја кафана,ќе изедеш за 1000ка а ќе ти исфактурира 30000,другите пари ќе одат во џеб :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
па тоа и јас реков, нај убаво е на фактура.

еден апдејт.. она финтана со кафаната. тоа можеш со се друго, немора со кафана, можеш со било што. се што купуваш, ако ти е од кај пријател, може да ти фактурира двојно, тројно и слично и разликата да ти ја врати во кеш. само има едно проблемче а тоа се нарекува ддв. значи за да се извлече ддв вредност од фиксна сума беше негде околу 13 и нешто посто од сумата, пари кои мора да останат кај пријателот зашто инаку ке треба од џеб да си ги даде. ова важи за оние кои не се ддв обврзници. а и за оние што се ддв обрзници, пак нема да ти го прават како услуга за џабе зашто како што гледате државата до сега сеуште го нема вратено ддв-то од 2009 година т.е. каснат веке 7 месеци... немаат пари... ама има за споменици... али тоа е друга тема... сакав да кажам никој нема да ти направи услуга за тебе а притоа да си става трн во нога за ништо...

а советот за кафански рачуни... ако сакаш да не ти се закачат инспекции на врат немој да книжиш кафански трошоци. зашто ке ти дојдат после приложената завршна во февруари и ке ти исчешлаат се... ама баш се... и само за 100 денари да ти најдат грешка ке го папаш со пријава за затајување данок. тоа е совет од извесен пријател во управа за јавни приходи. кога им требаат пари од казни прво ги вадат фирмите кои книжат кафански трошоци, трошоци од фирми кои се бават со трговија со прехрана и слично... а како што гледаме деновиве (годинава цела) пари им фалат ептен многу... предлабоки џебови ебаго...
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
ima nekoj smetkovoditel na formumot sto ima firma registrirana za smetkovodstveni uslugi so sifra na dejnost 69.20 SMETKOVODSTVENI, KNIGOVODSTVENI I REVIZORSKI RABOTI, DANOCNO SOVETUVANJE, i ako moze da mi kaze na kojs stapka plaka pridonesi, inaku jas plakam momentalno na 14915 denari bruto no neznam dali e toa ispravno ili bidejki imam slusnato deka treba da se plaka na povisoka stapka. POZDRAV
 
Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
Вака,ми треба контен план по проф. д-р Трајко Русевски, се искинав од барање,на интернет ништо не можам да најдам.. може ли некој од вас сметководителите да ми помогне????
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Вака,ми треба контен план по проф. д-р Трајко Русевски, се искинав од барање,на интернет ништо не можам да најдам.. може ли некој од вас сметководителите да ми помогне????
Во книжарата на Економски факултет имаш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom