САД со нови санкции против Иран, цели уништување на економијата

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Генерализираш, и симплифицираш. Муабетот е дека шизмата сунити-шиити уште во претходните неколку века ја разгорувале разни империи кои се натпреварувале за превласт на Блискиот Исток. Исто како тогаш, така и сега сите судири во овој регион се водат меѓу сунитите и шиитите - иако всушност се работи прокси војни кои се водат меѓу поголемите сили.
Сирија: на власт се Алавитите, шиитска гранка на исламот - се борат против ИСИС (кои се вахабисти, секта на екстремистички сунити) и разни сунитски фракции
Ирак: шиитско мнозинство - се води војна против ИСИС (рековме, вахабисти/сунити)
Јемен: Хутите, шиитскиот дел од популацијата е нападнат од сунитскиот воен сојуз што го предводи Саудијска Арабија

Сите овие судири се меѓу сунити и шиити, подржувани како прокси сили на големите играчи.
Во случајов ’мурика е во кревет со сунитите, и никако не може да ги игра двете страни. Тоа не едноставно НЕ Е возможно.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.922
Не е возможно се дур Исламската Револуција е жива, иако мислам дека Иран секако е поприроден ( и попригоден) партнер на Западот, отколку оние болни сунитски монархии. Колку што Исламската Револуција го кочи прогресот на Иран, толку воедно и го штити од опасноста и штетата на лицемерието на Западот. Барем јас така гледам.

Во ваква констелација на работите, засега не е изгледно некое вистинско приближување на Иран и САД, но односите се подобрени секако. Тоа го покажа Иран со ослободувањето на 10-те морнари.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
Генерализираш, и симплифицираш. Муабетот е дека шизмата сунити-шиити уште во претходните неколку века ја разгорувале разни империи кои се натпреварувале за превласт на Блискиот Исток. Исто како тогаш, така и сега сите судири во овој регион се водат меѓу сунитите и шиитите - иако всушност се работи прокси војни кои се водат меѓу поголемите сили.
Сирија: на власт се Алавитите, шиитска гранка на исламот - се борат против ИСИС (кои се вахабисти, секта на екстремистички сунити) и разни сунитски фракции
Ирак: шиитско мнозинство - се води војна против ИСИС (рековме, вахабисти/сунити)
Јемен: Хутите, шиитскиот дел од популацијата е нападнат од сунитскиот воен сојуз што го предводи Саудијска Арабија

Сите овие судири се меѓу сунити и шиити, подржувани како прокси сили на големите играчи.
Во случајов ’мурика е во кревет со сунитите, и никако не може да ги игра двете страни. Тоа не едноставно НЕ Е возможно.
Блискиот исток не бил битен претходните неколку века како што е денес, иако тврдењето е точно дека двете секти се во постојан конфликт. И не е точно дека судирот е само помеѓу двете секти, туку постои и тежок судир сунити со сунити. Пример ти е ИСИС кој коли се живо.
Пример за Америка која ги играше двете страни: Заливската војна. Ја поддржуваше сунитска С. Арабија, елиминирајќи го сунитот Хусеин кој имаше власт врз мнозинското шиитско население. Очигледно е дека САД играат со двете страни. Очигледно Е возможно.
Блиски односи на релација САД-Иран се многу веројатни во иднина.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Блискиот исток не бил битен претходните неколку века како што е денес...
Eлементарно непознавање, ти е ова погоре кажаново. Блискиот Исток уште одамна бил од непроценлива стратешка важност за Британската Империја, заради Суецкиот Канал и пократката врска кон колониите како Индија. Алтернативата била да се плови окулу Африка, и да се преживее озлогласениот Р’т на добрата надеж, каде неброени бродови имаат потонато.
Понатаму таа стратешка важност на Блискиот Исток е зголемена со почнувањето на експлоатација на нафтата на светско ниво. Сето тоа не е од денес.

Второ големо непознавање - тврдењето за наводните судири на сунити против сунити.
Каде го слушна ова, на си-ен-ен?

Се разбира дека ИСИС го ектремизира сунитскиот свет, но не е воен судир ако ИСИС заклал неколку селани во Рака, заради пушење цигари.
Воен судир е судир помеѓу две војски. Такви судири на сунити против сунити има само инцидентно, мали исклучоци кои не го менуваат праволото дека воените судири на Блискиот исток се меѓу шиити и сунити (иако всушност како прокси алатки на поголемите од нив).

Но пошто ти си голем познавач, сигурно нема да ги биде проблем да наведеш неколку пример за судири сунити против сунити, како овие што ги покажав во претходниот пост:
Сирија: на власт се Алавитите, шиитска гранка на исламот - се борат против ИСИС (кои се вахабисти, секта на екстремистички сунити) и разни други сунитски фракции
Ирак: шиитско мнозинство - се води војна против ИСИС (рековме, вахабисти/сунити)
Јемен: Хутите, шиитскиот дел од популацијата е нападнат од сунитскиот воен сојуз што го предводи Саудијска Арабија

Трето, не дигресирај со примери како Ирак. Садам Хусеин беше симнат од власт затоа што тие најгоре сакаа (и добија) хаос во регионот, плодна почва за раѓање на исламистички екстремисти како ИСИС, Ал Каеда, и другите такви ’мурикански творевини кои ги користат како страшила за сопствените вазали, и за исполнување на задачите на терен, како копнена војска.
Русите само за пар недел мајката им ја ебаа на ИСИС, додека ’муриканците за цела година и половина само се правеа дека војуваат против истите тие ИСИС.

Затоа можеш ти да навиваш колку ти е волја за ’мурика, џабе кога непобитен факт е дека тие со Иран никогаш не биле во понепријателски односи од сега.
Зборуваш за некој детант, ама во реалниот свет се случуваат некои други работи:
https://www.google.com/search?hl=en&gl=us&tbm=nws&authuser=0&q=iran humiliation sailors&oq=iran humiliation sailors

U.S. Sailors Freed by Iran, But Their Humiliation Persists
http://time.com/4180372/u-s-sailors-freed-by-iran-but-their-humiliation-persists/

Iran's humiliation of 10 U.S. sailors was a propaganda coup
http://www.latimes.com/opinion/readersreact/la-le-0116-saturday-iran-sailors-20160116-story.html



Еве како изгледа пријателството, според тебе:





^^
Може и да си во право, невестава и шамија добила на поклон! ;)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
Eлементарно непознавање, ти е ова погоре кажаново. Блискиот Исток уште одамна бил од непроценлива стратешка важност за Британската Империја, заради Суецкиот Канал и пократката врска кон колониите како Индија. Алтернативата била да се плови окулу Африка, и да се преживее озлогласениот Р’т на добрата надеж, каде неброени бродови имаат потонато.
Понатаму таа стратешка важност на Блискиот Исток е зголемена со почнувањето на експлоатација на нафтата на светско ниво. Сето тоа не е од денес.

Второ големо непознавање - тврдењето за наводните судири на сунити против сунити.
Каде го слушна ова, на си-ен-ен?

Се разбира дека ИСИС го ектремизира сунитскиот свет, но не е воен судир ако ИСИС заклал неколку селани во Рака, заради пушење цигари.
Воен судир е судир помеѓу две војски. Такви судири на сунити против сунити има само инцидентно, мали исклучоци кои не го менуваат праволото дека воените судири на Блискиот исток се меѓу шиити и сунити (иако всушност како прокси алатки на поголемите од нив).

Но пошто ти си голем познавач, сигурно нема да ги биде проблем да наведеш неколку пример за судири сунити против сунити, како овие што ги покажав во претходниот пост:



Трето, не дигресирај со примери како Ирак. Садам Хусеин беше симнат од власт затоа што тие најгоре сакаа (и добија) хаос во регионот, плодна почва за раѓање на исламистички екстремисти како ИСИС, Ал Каеда, и другите такви ’мурикански творевини кои ги користат како страшила за сопствените вазали, и за исполнување на задачите на терен, како копнена војска.
Русите само за пар недел мајката им ја ебаа на ИСИС, додека ’муриканците за цела година и половина само се правеа дека војуваат против истите тие ИСИС.

Затоа можеш ти да навиваш колку ти е волја за ’мурика, џабе кога непобитен факт е дека тие со Иран никогаш не биле во понепријателски односи од сега.
Зборуваш за некој детант, ама во реалниот свет се случуваат некои други работи:
https://www.google.com/search?hl=en&gl=us&tbm=nws&authuser=0&q=iran humiliation sailors&oq=iran humiliation sailors

U.S. Sailors Freed by Iran, But Their Humiliation Persists
http://time.com/4180372/u-s-sailors-freed-by-iran-but-their-humiliation-persists/

Iran's humiliation of 10 U.S. sailors was a propaganda coup
http://www.latimes.com/opinion/readersreact/la-le-0116-saturday-iran-sailors-20160116-story.html



Еве како изгледа пријателството, според тебе:





^^
Може и да си во право, невестава и шамија добила на поклон! ;)
Најверојатно имаш проблем со толкувањето на речениците. Никаде не пишав дека Блискиот исток не бил битен, туку дека никогаш не бил битен како што е денес. Огромна разлика.

тврдењето за наводните судири на сунити против сунити.
сигурно нема да ги биде проблем да наведеш неколку пример за судири сунити
ИСИС-Курдите судирот.

Воен судир е судир помеѓу две војски
Хахаха, рече непознавање...
Одамна конфликтите се сведуваат на војска-милитантна група. Основни непознавања, нели?

Садам Хусеин беше симнат од власт затоа што тие најгоре сакаа (и добија) хаос во регионот, плодна почва за раѓање на исламистички екстремисти како ИСИС...
Нели хаосот беше лош за гасоводите?


Русите само за пар недел мајката им ја ебаа на ИСИС, додека ’муриканците за цела година и половина само се правеа дека војуваат против истите тие ИСИС.
Да, еве пар недели поминаа од 30ти септември и Русите ја ослободија пола Сирија од ИСИС. Сиријците се вратија задоволни во своите домови и последниов месец Сириската економија скокна за 10%...

непобитен факт е дека тие со Иран никогаш не биле во понепријателски односи од сега.
Од што се толку непријателски дури и санкциите им ги укинаа, Иранската нафта конкурентна на С. Арабиската сега послободно ќе го наоѓа патот до Западот. Од што се непријатели бе...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Какво спинување, човече... @Human како за почеток, какво е ова пријателство на фотографииве - кои упорно одбиваш да ги коментираш неколку постови по ред:


Журка прават, а?
Додуше гледам некои почињаат да се гузат...





П.С. Факти:

За да се изградат гасоводи,
1. таа територија мора прво да се освои
2. или да се обезбеди марионетска влада.
Садам Хусеин не се согласи со 2. па му се случи 1. Од ’мурикански аспект кога ќе се реши проблемот со Сирија, тогаш ќе се стабилизира и Ирак.

Понатаму, факти:
- Курдите имаат милион факции, и затоа се една од страните кои немаат јасен прокси шуга деди. Ете ти ги ирачките Курди директно соработуваат со Турција и ИСИС, и им шиткаат ирачка нафта на мафијашкото семејство Ердоган (трговијата со човечки органи засега е монопол на ИСИС).
- Санкциите против Иран не се од пријателство туку беа симнати за додатно да се симне цената на нафтата (дел од стратегијата против Русија):
Iran sanctions lifted: Brace for oil shakeup
http://money.cnn.com/2016/01/16/investing/iran-sanctions-lift-oil/

- ’мурика бапнаа нови санкции денеска на Иран, од што се „добри пријателчиња“! ;)
http://www.bbc.com/news/world-middle-east-35340663
Iran condemns new US sanctions over missile test
Iran has denounced new sanctions imposed by the US over its ballistic missile programme. The sanctions had "no legal or moral legitimacy", a foreign ministry spokesman said.

The new US move came just a day after international sanctions against Iran over its nuclear programme were lifted.


^^
Дап, очигледно многу добри другачиња се ’мурика и Иран!!!
Дај сподели уште некое вакво откритие, и жити се кажи на што дроги си (може сака и некој друг да проба). :D

 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
САД нема пријатели и сојузници по светот, тие имат само слуги, без значење дали се бедни или богати колонии.
Иран не е преземена земја од страна на САД, за разлика од Турска, саудијците, Бахреин, Катар. Иако беа во долгогодишна блокада во Иран живеат доста добро и имаат развиена наука и индустрија, сосема сами произведуваат подморници, балистички ракети, тенкови, за разлика од евросодомите кој не дека не произведуваат ништо, но како и секоја колонија не може да се рамни со господарите, немаат свое ПВО, стелт технологии, GPS. Не тврдам дека и Иран има се тоа, но за земја под ембарго има постигнато одлични резултати, тоа е разликата меѓу суверена држава и колонија. Истотака и новот ајнштајн Мехран Таваколи Кеше е Иранец, дали е шарлатан или не, незнам но предлага цел набор теорија и практика за познатите догми во физиката на ниско ниво, гравитација, материја, светлина, познат е случајот со лов на безпилотен авион над територијата на Иран, не соборување а наводно со новите гравитациони системи го приземјиле, дали е вистина незнам, но факт е дека САД молеа да им го вратат, а и на сликите си беше нов, како можеш да приземјиш туѓ авион со нормална технологија не ми е јасно.
Ембаргото не случајно го дигнаа точно сега, гледаме дека организирано ја буткаат цената на нафтата, целта е Русија, дури и Северна Кореја да беше голем производител на нафта и за неа ќе најдеа причина да го дигнат тоа ембарго.
Така да се тоа е привремена етапа, од по виши интереси правиш некоја отстапка на непријателот, после тоа пак се враќаш него. Сега гледаме како во понеделник го кренаа ембаргото за нафта а во вторник под друг претекст дигаат ново во друга бранша. Иран незнам зашто се согласи со тие преговори и дали произведе нуклеарно оружје, можеби да земе малку здив во економијата и да привлече малку капитал, исто така тие 100 милијарда замрзнати средства во странски банки да ги повлече на своја територија, тоа си беше чист грабеж, по тоа ќе разбереме дали им се искрени намерите, мислам дека ќе почнат да предлагаат парите да останат таму како некоја гаранција и така натаму...
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.922
Иран под санкции постигна многу повеќе од некои од своите ривали поддржани од Западот.

Јас Иран го гледам како вулкан кој чека да еруптира после симнување на санкциите. Овие вториве се многу благи за да се значајни воопшто да ги споменеме, можеби се еден вид утеха и заблажување за плачковците од Израел и КСА поради симнување на првите. Секако сум на мислење дека на Иран најмногу му беше потребно нуклеарно вооружување и не требаше тукутака да се откаже од него, освен ако не добиле сигурни гаранции од Русите за софистицирано оружје, во што се сомневам. Вака им останува да се развиваат и да одат напред и да го јакнат Хезболах.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
Какво спинување, човече... @Human како за почеток, какво е ова пријателство на фотографииве - кои упорно одбиваш да ги коментираш неколку постови по ред:


Журка прават, а?
Додуше гледам некои почињаат да се гузат...





П.С. Факти:

За да се изградат гасоводи,
1. таа територија мора прво да се освои
2. или да се обезбеди марионетска влада.
Садам Хусеин не се согласи со 2. па му се случи 1. Од ’мурикански аспект кога ќе се реши проблемот со Сирија, тогаш ќе се стабилизира и Ирак.

Понатаму, факти:
- Курдите имаат милион факции, и затоа се една од страните кои немаат јасен прокси шуга деди. Ете ти ги ирачките Курди директно соработуваат со Турција и ИСИС, и им шиткаат ирачка нафта на мафијашкото семејство Ердоган (трговијата со човечки органи засега е монопол на ИСИС).
- Санкциите против Иран не се од пријателство туку беа симнати за додатно да се симне цената на нафтата (дел од стратегијата против Русија):
Iran sanctions lifted: Brace for oil shakeup
http://money.cnn.com/2016/01/16/investing/iran-sanctions-lift-oil/

- ’мурика бапнаа нови санкции денеска на Иран, од што се „добри пријателчиња“! ;)
http://www.bbc.com/news/world-middle-east-35340663
Iran condemns new US sanctions over missile test
Iran has denounced new sanctions imposed by the US over its ballistic missile programme. The sanctions had "no legal or moral legitimacy", a foreign ministry spokesman said.

The new US move came just a day after international sanctions against Iran over its nuclear programme were lifted.


^^
Дап, очигледно многу добри другачиња се ’мурика и Иран!!!
Дај сподели уште некое вакво откритие, и жити се кажи на што дроги си (може сака и некој друг да проба). :D

Сакаше пример за судир сунити-суниту, доби. Тоа што прават Курдите (а прават многу работи) е небитно за досегашната дискусија.

Понатаму, прво велиш дека санкциите се тргнати за да и се наштети на Русија, за одма потоа да пишиш за нови санкции. Друже, среди си ги мислите.

Ниската цена на нафтата и штети многу и на Америка, која беше производител број 1 до пред околу година и нешто, кога почна нафтата нагло да паѓа. Ниската цена на нафтата им штети на сите економии зависни од нафта, во кои не е Русија.
Смешно е тврдењето за симнување на санкциите на Иран само за да ја симнеш нафтата 5-6 долари. Многу поедноставно е да му наредиш на сојузникот С. Арабија да го зголеми производството, нели? Се разбира, ако можеш...

Заробувањето на Американските војници е право на Иран бидејќи тие навлегле во Ирански води?! Доказ дека односите не се лоши е нивното ослободување, кои се случи многу бргу по заробувањето. Да беа во лоши односи ќе беше поинаку, можеби ќе имаше санкции... бомбардирање на бродови и сл.

Кога сме кај спинувањето, не пишав дека се во добри односи, туку дека односите веќе некое време им се подобруваат.

Во врска со ситуацијата во Ирак, а поново и во Сирија, состојбата нема да се смири во догледен период. САД можат да довлечкаат повторно стотици илјади војници, но штетата е направена и нема враќање. Напротив, може само да се влошува.
Што е спротивно на твоето тврдење.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
САД нема пријатели и сојузници по светот, тие имат само слуги, без значење дали се бедни или богати колонии.
Иран не е преземена земја од страна на САД, за разлика од Турска, саудијците, Бахреин, Катар. Иако беа во долгогодишна блокада во Иран живеат доста добро и имаат развиена наука и индустрија, сосема сами произведуваат подморници, балистички ракети, тенкови, за разлика од евросодомите кој не дека не произведуваат ништо, но како и секоја колонија не може да се рамни со господарите, немаат свое ПВО, стелт технологии, GPS. Не тврдам дека и Иран има се тоа, но за земја под ембарго има постигнато одлични резултати, тоа е разликата меѓу суверена држава и колонија. Истотака и новот ајнштајн Мехран Таваколи Кеше е Иранец, дали е шарлатан или не, незнам но предлага цел набор теорија и практика за познатите догми во физиката на ниско ниво, гравитација, материја, светлина, познат е случајот со лов на безпилотен авион над територијата на Иран, не соборување а наводно со новите гравитациони системи го приземјиле, дали е вистина незнам, но факт е дека САД молеа да им го вратат, а и на сликите си беше нов, како можеш да приземјиш туѓ авион со нормална технологија не ми е јасно.
Ембаргото не случајно го дигнаа точно сега, гледаме дека организирано ја буткаат цената на нафтата, целта е Русија, дури и Северна Кореја да беше голем производител на нафта и за неа ќе најдеа причина да го дигнат тоа ембарго.
Така да се тоа е привремена етапа, од по виши интереси правиш некоја отстапка на непријателот, после тоа пак се враќаш него. Сега гледаме како во понеделник го кренаа ембаргото за нафта а во вторник под друг претекст дигаат ново во друга бранша. Иран незнам зашто се согласи со тие преговори и дали произведе нуклеарно оружје, можеби да земе малку здив во економијата и да привлече малку капитал, исто така тие 100 милијарда замрзнати средства во странски банки да ги повлече на своја територија, тоа си беше чист грабеж, по тоа ќе разбереме дали им се искрени намерите, мислам дека ќе почнат да предлагаат парите да останат таму како некоја гаранција и така натаму...
Не постојат слуги, туку тоа се земји чии одделни интереси со САД на краток рок се поклопуваат. Сите тие земји имаат свои интереси пробуваат да ги остварат без разлика што САД мислат за тоа. Секако во рамките на дозволеното, оти во спротивно ќе добијаат демократија.
Пример Турција има различни интереси во врска со Курдите за разлика од САД. И двете паралелно гледаат да го остварат својот интерес.

Иранската технологија колку и да се фура по медиуми е светлосни години зад Западната. Не за џабе Иран се уште ги моли Русите да добие ПВО стар барем 30тина години (за понов може да сонуваат). Пробуваат нешто да копираат, нешто да направат, но ништо што може да биде конкурентно на Западната технологија стара 30тина години.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Не постојат слуги, туку тоа се земји чии одделни интереси со САД на краток рок се поклопуваат. Сите тие земји имаат свои интереси пробуваат да ги остварат без разлика што САД мислат за тоа. Секако во рамките на дозволеното, оти во спротивно ќе добијаат демократија.
Пример Турција има различни интереси во врска со Курдите за разлика од САД. И двете паралелно гледаат да го остварат својот интерес.
Иранската технологија колку и да се фура по медиуми е светлосни години зад Западната. Не за џабе Иран се уште ги моли Русите да добие ПВО стар барем 30тина години (за понов може да сонуваат).
Доста објективен одговор на мојот коментар, се си кажал, интереси на краток рок, а долгорочно?
Ердоган го изработија како млад мајмун, не станува збор за курдите а се полакоми за територија од Сирија, но треба да си многу глуп после портокаловата револуција на Таксим да продолжиш да веруваш на САД и да ги имаш за сојузници, уште од Фетхулах Ѓулен беше јасно, сеуште живее во САД, одбиваат да го предадат на Турска и од таму раководи паралелни структури, сега кога почнаа да ги вооружуваат курдите, многу му е криво на Ердоган, но после ебење нема каење, иако уште од 2001 приватното ЦРУ(Stratfor) предвиде создавање на курдска држава, а кој е навнатре во работите треба да знае дека ционистката агенција Stratfor не предвидува, а воглавно ги организира и движи тие геополитички настани.
Уште старите кажале, пари на заем од евреин не се земаат, дури и поклон да ти дадат не го земај!
Не е само случајот со Ердоган а со сите 'пријатели' на САД и Израел, од Гадафи, Милошевич, колку пати се договараа, Дејтонски договор и на крај ги убија, или Асад, се разбраа им го предаде хемиското оружје и после пак не е легитимен, или Меркел и Оланд, ако не примат милиони заселеници и доброволно ја предадат земјата на млади арапи, следуваат афери со фолсфаген, казни за француски банки...
Таков 'пријател' не ти треба, подобро го избркаш и никакви дипломатски односи со него, да ќе живееш победно но во другиот случај ја губиш државата.
Колку до Иран нема само ПВО, сигурно има некоја причина, но никој во светот нема сигурно ПВО освен Русија С300,400,500, можеби немаат таков радар да фаќа и невидливи цели, такви процесори произведува само Русија- Бајкал и Елбрус, штом САД не може да произведе нормално е и Иран да неможе.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Interesite na SAD ne se napisani na kamen, se razlikuvaat od edna do druga administracija i od edna grupa lobisti do druga.

Greskite so Iran se napraveni odamna, uste koga bil soboren socijalistot Mosadek i instaliran Shah, za kratkorocni interesi na par korporacii i nivni lobisti i paranojata poradi sirenje na komunizmot - sledele dolgorocni problemi koi traat se do denes.
Isto i soboruvanjeto na sekularni rezimi na cie mesto doagaat moronite na islamskiot radikalizam e ogromna greska. Ne gledam pricina od kade Assad bi bil polosa opcija za zapadot od bilo sto koe bi doslo posle negov eventualen pad (sto nema da se sluci no shemata e taa) osven povtorno kratkorocni celi na aktuelni vlasti na zapad i aktivni lobisti.

Zosto vo 1970-te nemalo voopsto problem so islamski radikalizam, zosto togas bilo nesfatlivo da postoi borba za sozdavanje kalifat? Zosto vo islamskiot svet togas bile aktuelni sekularni i socijalisticki dvizenja?
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Ова фатална грешка на меѓународната заедница не го блокира патот на Иран кон бомбата, туку му го трасира патот кон бомбата. Спогодбата ќе и овозможи на иранската нуклерана програма во голема мерка да остане недопрена, поради што Иран ќе може мошне брзо да произведе нуклеарно оружје. И тоа можеби и за една година,Спогодбата, од која се очекува да запре натпреварот во вооружувањето, напротив ќе го поттикне нуклеарниот натпревар во најопасниот регион во светот. Тоа нема да претставува збогум на оружјето, туку збогум на контролата на оружје. За да разбереме колку е опасен Иран со нуклеарно оружје, треба целосно да ја сфатиме природата на тој режим. Документите, на кои се заснова иранската држава ветуваат продолжување на џихадот. Многу држави на Блискиот Исток се распаѓаат. Додека многумина се надеваат дека Иран ќе се приклучи кон меѓународната заедница, Иран веќе проголта неколку нации, Иран веќе доминира со владите во Багдад, Дамаск, Бејрут и Сана и сигурно и други земји се на дневен ред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom