Русија би можела да се распадне и да има четири Европи

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748

Западот има план: Путин ќе го прогласат за криминалец, а потоа следи напад на Русија!

Видео

Среда, 27.01.2016 23:48 Свет
Завчера во 8 часот попладне во Лондон беше прикажан филм на BBC долг половина час со наслов Тајните богатства на Путин. Филмот може да се најде и на Јутуб. Пред тоа, иако во Русија мина релативно незабележано, се случија неколку настани кои ако се набљудуваат заедно воопшто не изгледаат како да се случајни.

  1. Холандија отвори меѓународна судска постапка за соборувањето на Боингот МН-17 (авионот кој беше соборен над Украина во 2014 година). За тоа јавно не се зборува многу, но се подразбира дека како обвинет во таа постапка ќе се појави Владимир Путин.
  2. Британскиот суд конкретно го поврза Путин со убиството на Литвиненко (пребеганиот руски шпиун кој пред неколку години почина во Лондон откако беше отруен со плутониум) нарекувајќи го “можно нарачано”. И во овој случај формулацијата "Можно" може и да биде изоставена.
  3. Сега и со филмот, по чија основа може да се покренат кривични постапки...

Западот секогаш си остава одреден коридор за можности или неколку можни сценарија кои на крајот доведуваат до ист резултат. Меѓу тие сценарија – во она кое може да биде остварено само во краен случај – постои нешто ритуално и мистично, нешто што влече корени уште од средниот век или дури ос предхристијанското варварство. Тоа е јавна егзекуција – за која Западот ќе ги вложи сите свои напори за да ја види целиот свет.

Тоа се случи со СадаM и Гадафи... Се ќе се одигра со молљевитa брзина. Западот Путин ќе го осуди како меѓународен криминалец, а Русија ќе ја окриви за негово прикривање. Веќе на големо се кројат и нови санкции за целосна забрана за трговија со Русија. По тоа планот е системот сам да се реши од Путин по патот на "дворcки преврат"...

Ќе следи враќање на Крим на Украина, репарација за Дoнбас, купување на руските стратешки гранки од страна на глобалните корпорации итн, итн..

Да се надеваме дека до тоа нема да дојде, но треба да сме свесни дека такво сценарио пости... а дека навистина го има во некои глави, покажано е директно и јавно на ТВ...
http://vesti.mk/read/article/2875663/zapadot-ima-plan-putin-kje-go-proglasat-za-kriminalec-a-potoa-sledi-napad-na-rusija
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583

Оди легни си,помина 10 сааат
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
^^
Хаха, налетав на видеото на бибиси и баш се прашував каде да го поставам, па ми текна на темава - која е своевиден „Чек дис аут“ на подфорумов.
Ама Реалниот веќе ме претекнал (несомнено со гаќичките утоп влажни додека го читал)! :D

Ќе следи враќање на Крим на Украина, репарација за Дoнбас, купување на руските стратешки гранки од страна на глобалните корпорации итн, итн...
Ахахахахааа... хахаха.... ааахахахахаааахахахаааа!!!!
Каква бе Џина Џејмисон, какви бакрачи - ненадминати влажни соништа се овие погоре! :P

Ама сепак крајот го краси делото:
Да се надеваме дека до тоа нема да дојде, но треба да сме свесни дека такво сценарио пости... а дека навистина го има во некои глави, покажано е директно и јавно на ТВ...
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825

Западот има план: Путин ќе го прогласат за криминалец, а потоа следи напад на Русија!
Западот е јасно дека нема да ја нападне Русија. Тие веќе дејствуваат на друг начин - цветни револуции. Ќе обидат либиско и сириско сценаријо. Нема да успеат, САД воопшто не разбираат менталитетот на Русите кои ќе сакаат да ги управува дури корумпиран лидер, но Русин, а не западeн пион. Тие се подготвени дури корени да јадат ако лидерот им каже дека нивната татковина е во опасност и тоа е потребно за победа.

Овие кои копаат гробот на Русија треба да се свесни за некои работи :
Западното општество по децении на либерализам и мултикултурализам е неспособно да војува. Западноевропските мажи се целосно неспособни да војуваат. Војната е крв, страдање, мизерија ... и сето тоа треба да биде надминато во името на една кауза. Западното потрошувачко општество нема никакви каузи, нема желба да го напушти богатиот живот за да оди на фронтот.

Западниот маж веќе одамна e изгубил типично машките квалитети како агресија и непримиримост. Видете само што прават арапските и африканските емигранти - силуваат жените и нивните ќерки додека оние стојат настрана и во паника бараат полиција наместо да ги заштитат. Либерализмот целосно е уништил западните нации.

Овој кој мисли дека Русија може да биде нападната на класичен воен начин е или целосно луд или многу глуп. Русија не е некој bantustan на кој може да биде заплашуван тоа е земја со огромен нуклеарен арсенал.

Патем Русите веќе развиваат нова балистичка ракета - Сармат (доста воинствено име;))
.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Горбачов првпат јавно прозборе за Путин и кажа прилично мрачни работи: Се срамам од него (ВИДЕО)
Михаил Горбачов првпат јавно прозборе за Владимир Путин, во интервју што неодамна го даде за руското Радио Свобода. Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз ги критикуваше и Путин и премиерот Дмитриј Медведев.

Михаил Горбачов отворено изјави дека се срами од обајцата и истакна дека Путин владее самоволно, со помош на мрачни фракции прекалени во корупција. Тој кажа и дека изборите во Русија не се слободни и дека доминацијата на безбедносните служби во државата е недозволива.

Горбачов има висока репутација на Западот, бидејќи го овозможи мирното распаѓање на Советскиот Сојуз, но во Русија и не е многу популарен. Во интервјуто за Радио Свобода тој првпат отворено и јавно го критикува Владимир Путин.

Тој рече дека Путин владее со земјата преку своите пријатели, луѓето со кои играл фудбал на улица.

Овој стил на односи за мене е неприфатлив“, рече Горбачов и додаде дека Путин го предал народот кога државниот имот под изговор за реформи им го поделил на подобните луѓе и уште повеќе ја зајакнал корупцијата. Тој додаде дека авторитарните режими и диктатури се враќаат во целиот свет и дека Русија не е исклучок.

„Слабите руски институции овозможуваат самоволно однесување и злоупотреба.“

Тој тврди дека Путин и Медведев владеат со страв.

„Тие двајца имаат поинакво искуство, искуство на самоволно владеење. Владеење со страв“, вели Горбачов цитирајќи го рускиот офицер од безбедносните служби Виктор Черкесов, кој рече дека сегашниот систем е од чекистички тип, алудирајќи на Лениновата чека, тајна полиција и претходник на КГБ.

„Јас и самиот речиси завршив во КГБ. Ме повикаа по студиите“, рече Горбачов.

На прашањето дали одговорил на повикот, тој вели:

„Не е работата во тоа. Владеењето на безбедносните структури, нивното прекумерно влијание врз донесувањето на одлуките за политичките прашања и мешањето во животите на луѓето се неприфатливи, ги преминуваат сите граници.“

Горбачов е убеден дека на Русија ѝ треба нов изборен систем, кој на народот ќе му го гарантира правото сам да ја избере својата влада.

„Го отфрлам системот во кој двајца луѓе одлучуваат за сè“, рече тој, „Се срамам поради нив. Тие се однесуваат недолично. Како да не постои општество, како да не постои устав, изборен систем. Сè одлучуваат сами. Тоа е дуумвират. А каде сме ние другите 140 милиони? Мене не ми се допаѓа тоа, но тие двајца мислат дека се спасители на татковината“, рече Горбачов.

Тој тврди дека руските избори од 1990 година се помалку слободни отколку во советско време.

http://m.mkd.mk/svet/vesti/gorbachov-prvpat-javno-prozbore-za-putin-i-kazha-prilichno-mrachni-raboti-se-sramam-od

Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Чекаат да дојде лето за да ја нападнат Русија пошто знаат кој и да ја рчнал мечката зимно време, наебал. Ама кога ќе дојде лето им е многу топло и одлагаат за наредно лето и така
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ова е светот за 10 години: 11 предвидувања на американските разузнавачи

Телеграм - Загреб

Приватната тексашка разузнавачка компанија Strategic Forecasting (Стратфор) ја објави својата прогноза како во идните десет години ќе изгледаат светските политички и економски движења и веруваат дека ги идентификувале главните трендови. Од Стратфор сметаат дека светот во идната деценија ќе стане уште поопасен. САД помалку ќе влијаат на светските настани, а некои истакнати земји ќе поминуваат низ период на хаод и пропаст, пишува Индепендент.

Компанијата Стратфор има седиште во Оустин, основана е во 1996 година, а се истакнала со своите прогнози во текот на војната во Косово, кога нејзините аналитичари со преглед на податоците добиени од земјите од Балканот со висока точност го предвиделе текот на настаните во тој судир.

Во својот извештај за претстојната деценија истакнале 11 промени кои ќе се случат во светот.

1. Русија ќе пропадне
„Нема да има востание против Москва, но намалената способност на центрите на власт да пружат поддршка и да ја контролираат целата Руска Федерација, ќе ја остават земјата во вакуум‟ - предупредуваат аналитичарите на Стратфор. „Во тој вакуум ќе постојат само некои фрагменти од Руската Федерација‟ - додаваат тие.

Санкциите, падот на цената на нафтата, нестабилната рубља, зголемените воени трошоци и растот на внатрешната нескладност ќе ја ослабат централната власт. Русија нема официјално да се распадне на повеќе земји, но моќта на Москва ќе ослабе до таа мерка што ќе се основаат низа полуавтономни региони, кои можеби дури и нема меѓусебно да се согласуваат.

„Очекуваме моќта на Москва многу да ослабе, што ќе доведе до формална и неформална фрагментација на Русија‟ - се наведува во извештајот и се додава: „Малку е веројатно дека Руската Федерација ќе остане во сегашниот облик‟.

2. САД ќе мораат да испратат своја војска да ги обезбедува руските нуклеарни бомби

Руската нуклеарна инфраструктура се протега на огромен простор. Ако навистина се случи политичка дезинтеграција на земјата каква што предвидува Стратфор, тоа може да го направи ранлив цел нејзин нуклеарен арсенал. Руските резерви на нуклеарно оружје ќе бидат причина за „најголема криза во следната деценија‟ - наведува Стратфор.

Поради тоа САД ќе мораат нешто да смислат за да го решат тоа, дури и ако тоа значи праќање на своја копнена војска да го обезбедува руското оружје, нуклеарниот материјал и ракетите. „Вашингтон е единствен во состојба да го реши проблемот, но нема да може да ја преземе контролата над огромниот број на воени локации и да гарантира дека ниту еден проектил притоа нема да биде испален. САД ќе мораат или да измислат некое воено решение, кое донесува опасност од ненамерно лансирање, или да се обидат да создадат стабилни и економски одржливи влади во регионите во кои се наоѓа нуклеарна инфраструктура и да ги вклучи во нивно неутрализирање‟.

3. Германија ќе падне во проблеми

Германското стопанство се темели на извоз и поради тоа има корист од либерализација на пазарот во Европа, овозможена преку ЕУ и еврото, но тоа од друга страна значи дека таа земја може најмногу да изгуби ако кризата во Европа се влоши. Во тој случај во Германија ќе дојде до бран на евроскептицизам, наведе Стратфор.

Домашната потрошувачка нема да може да го надомести падот во германскиот извоз, а се предвидува и пад на бројот на жителите. Резултат ќе биде стагнација слична на таа која се случи во Јапонија. Во извештајот се предвидува дека Германија во идната деценија ќе претрпе тешки економски пресврти.

4. Полска ќе стане еден од европските лидери

И додека Германија ќе биде во пад, во центар на стопанскиот раст и поголемо политичко влијание ќе се најде Полска. Бројот на жителите во таа земја нема да се намалува толку како во другите големи европски стопанства. Фактот дека се работи за најголема и најбогата европска држава на западната руска граница, ќе биде причина за нејзино преземање на позицијата на регионален лидер, што ќе мора да станат за да остварат поголем политички и стопански престиж.

Во сето тоа ќе и помогне и долгорочното стратешко партнерство со САД, истакнуваат аналитичарите на Стратфор.

5. Ќе постојат четири Европи

Не толку одамна, европското единство се чинеше стабилно, а политичките и економските пречки меѓу земјите избришани. Но во идните десет години тоа може да стане далечно минато. Според прогнозите на Стратфор, Европа ќе се подели на четири дела, меѓусебно се повеќе оттуѓени: Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и британските острови. Тие и понатаму ќе мора да го делат истото соседство, но нема да бидат толку тесно поврзани.

„Европската унија може да опстане, но стопанските, политичките и воените односи ќе бидат регулирани примарно со билатерални или ограничени мултилатерални односи, кои нема да бидат обврзувачки‟ - се истакнува во извештајот. „Некои држави ќе останат членки на високо модифицираната Европска унија, но тоа нема да ја дефинира Европа‟.

6. Турција и САД мора да имаат блиска соработка

Хаосот во арапските земји ќе потрае подолго време, од што најмногу ќе профитира Турција, силна, релативно стабилна земја чии граници се протегнуваат од Црното море до Сирија и Ирак. Можеби нема да биде претерано волна да интервенира во судирите на своите граници, но тоа на крај ќе биде неизбежно. Како што ќе расте силата на Анкара, така Турција ќе стане близок партнер на Америка.

Но, притоа ќе сака и нешто за возврат: помош во одбраната против агресивниот сосед од другата страна на Црното море, кој има воени бази во Ерменија – Русија. „Турција ќе побара американска вклученост од политички и воени причини‟ - се наведува во извештајот. „САД ќе се обврзаат на тоа, но тоа и ќе го наплатат: ќе побараат помош од Турција во спречување на Русија‟.

7. Кина ќе се соочи со голем проблем

Идната деценија во Кина може да биде одбележена со зголемено незадоволство кон Комунистичката партија поради успорувањето на стопанскиот раст. Но, КП нема да се либерализира, што значи дека единствена можност да ја задржи контролата ќе биде засилена внатрешна репресија.

Пекинг ќе доживее втор, а можеби дури и поголем проблем: кинескиот раст не е рамномерно географски распореден. Крајбрежните градови се по успешни, но внатрешноста е сиромашна. Со понатамошната урбанизација тој проблем само ќе се влошува, што може да предизвика и опасни поделби и политички хаос.

8. Јапонија ќе биде водечка азиска поморска сила

Јапонија има стогодишна поморска традиција, која е поврзана и со нејзината геополитичка положба. Но, со растечките поморски агресии на Кина, која ја зајакнува својата морнарица во обид да ги контролира трговските рути на Источното и Јужното кинеско море и кон Индискиот океан, на Јапонија нема да и преостане ништо друго туку и сама да ја истакне својата поморска сила и да ги заштити тие правци.

„Јапонија моментално зависи од поддршката од САД‟ - се истакнува во прогнозата. „Но, со оглед дека се очекува повнимателен ангажман на САД во иднина, како и дека САД не зависи од увоз, Јапонија ќе мора сама да се погрижи за тоа‟.

9. Околу островите во Јужното кинеско море нема да избие судир, но постојат тензии

Регионалните сили ќе одлучат дека околу островите во Јужното кинеско море нема да се исплати да се почнува воен судир. „Борбата околу некои островчиња нема повеќе да биде примарен проблем во регионот‟ - се наведува во предвидувањето. „Наместо тоа, ќе се појават тројца стари играчи. Русија, чија моќ ќе биде во пад, ќе ја губи способноста да ги заштитува своите поморски интереси. Кина и Јапонија, наспроти тоа, ќе сакаат да ги зајакнат своите позиции, како и да го спречат другиот да се зацврсти на ова подрачје‟.

Источна Азија поради тоа повторно ќе стане полигон за докажување на сила на големите сили, дури и ако тоа не доведе до некој вооружен конфликт.

10. Ќе настанат 16 (економски) мини-Кина

Падот на кинеското стопанство ќе биде добра вест за неколку земји. Основните производни дејности ќе заминат од Кина и ќе се преселат во 16 стопанства во настанување, кои вкупно имаат 1,15 милијарди луѓе. Се работи за Мексико, Никарагва, Доминиканската Република, Перу, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Бангладеш, Мјанмар, Шри Ланка, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Филипини и Индонезија.

Во тие земји ќе може да се види големо подобрување на економската состојба во идните десет години, како последица на отварање на нови работни места.

11. Својата моќ САД многу малку ќе ја покажува и ќе ја користи

На нестабилноста во светот САД ќе реагира така што ќе се обидува попаметно да ги бира своите предизвици, нема да презема водечка улога при решавање на светските проблеми. Растечкото стопанство, зголеменото домашно производство на енергија, падот на извозот и безбедносните настани во најстабилниот дел на светот ќе и пружи на Америка луксуз да може да се изолира од светската криза.
„САД и понатаму ќе бидат главна стопанска, политичка и воена сила во светот, но во тој свет помалку ќе се ангажира отколку до сега‟ - се наведува во прогнозата. „Својата моќ САД многу помалку ќе ја покажува и користи‟.
http://sitel.com.mk/ova-e-svetot-za-10-godini-11-predviduvanja-na-amerikanskite-razuznavachi
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46

Најслабата точка на Русија е економијата. Ако им паде економијата ќе се соочат со поголеми катастрофи дури и од распадот на СССР.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Најслабата точка на Русија е економијата. Ако им паде економијата ќе се соочат со поголеми катастрофи дури и од распадот на СССР.
Ну вот!
Руската економија е базирана на крупно ( нафта , гас драгоцени метали , оружје) и тако то . Нив не ги демне опасност од немање пари , туку што немаат своја база и производство на основни намирници и потребштини.
Резултат на погрешна развојна стратегија .
А чудно , раководството им се евреин до евреин , што ме доведува у дилема : дали евреите се лоши стратези или тоа е сееврејски заговор да се парализира Русија !
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
НАТО: Сојузниците да се подготват за одговор на потенцијална закана од Русија

Во декларацијата се изразува жалење за употребата на сила од страна на Русија врз нејзините соседи и од обидите за заплашување на сојузниците на НАТО.

МИА ● 21:46 30 мај 2016 ●

Парламентарното собрание на НАТО денеска ги повика сојузниците да бидат подготвени да одговорат на потенцијална закана од страна на Русија врз една од земјите-членки на Алијансата.

Апелот е упатен по тридневана парламентарна сесија што се одржа во Тирана.

- Предизвикот, што доаѓа од Русија е реален и сериозен, изјави Мајкл Тарнер, претседатал на Парламентарното собрание, во кое има 250 пратеници од 28 земји-членки на НАТО.

Во декларацијата се изразува жалење за употребата на сила од страна на Русија врз нејзините соседи и од обидите за заплашување на сојузниците на Северноатлантската алијанса.

- Во такви услови НАТО нема друг избор освен тоа да го гледа како потенцијална закана од евентуална можност за агресивна акција од страна на Русија против земја-членка на Алијанасата и да преземе соодветни и пропорционални одговори - се посочува во декларацијата.

http://plusinfo.mk/vest/72753/nato-
sojuznicite-da-se-podgotvat-za-odgovor-na-potencijalna-zakana-od-rusija
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
САД и НАТО дејствуваат воено насекаде во светот,но вистинска закана е Русија................приказни за мали деца од корумпирани политичари
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
U ovom projektu, predviđa se da će se Unija raspasti, a Evropa bi trebalo da se podeli na tri dela.

Zapadni blok bi činile Nemačka, Francuska, Velika Britanija, Irska, Austrija, Italija, Španija, zemlje Beneluksa i Skandinavija. Druga unija nazvana je Nova Evropa sa članicama Estonijom, Letonijom, Litvanijom, Češkom, Slovačkom, Poljskom, Mađarskom, ali i Hrvatskom i Slovenijom na jugu, preko kojih bi „katolička istočna Evropa“ imala izlaz na Mediteran.

Atlantski savez bi, prema projekcijama Amerikanaca, trebalo da ima kontrolu nad ovim delom Starog kontinenta.

Istočnom Evropom, odnosno Pravoslavnom unijom gospodariće Rusija, a sačinjavaće je Ukrajina, Belorusija, Gruzija, Moldavija, Rumunija, Bugarska, Grčka, Makedonija, Srbija, Crna Gora, ali i BiH (prevagu će odneti postojanje Republike Srpske). Kada je Albanija u pitanju, procene su podeljene: ili će je Rusi svojim kapitalom približiti istočnoj Evropi ili će Tirana i dalje ostati pod patronatom NATO i SAD.
.....
Stiže i predsednik Makedonije

Policija će na graničnom prelazu Preševo sutra u jutarnjim satima privremeno zatvoriti kolovoznu traku auto-puta koja vodi ka Nišu, zbog posete predsednika Makedonije Đorđa Ivanova, saopštio je MUP.

Kako se navodi, saobraćaj će takođe biti privremeno zatvaran sutra i prekosutra na trasi kretanja eskortne kolone.

Iz MUP-a apeluju na građane da imaju razumevanja za aktivnosti policije i da koriste alternativne pravce.

Nashiov prezident kako da se plashi da leta so avion????

http://www.intermagazin.rs/zapad-i-cia-predvidjaju-srbija-ce-uci-u-najnoviji-savez/
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Евее бе сга Сибир распишуе референдум за независност, док на Камчатку се забележуваат вооружени паравојни формации, а Калининград воведува немачки како втор службен јазик...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Zapadni blok bi činile Nemačka, Francuska, Velika Britanija, Irska, Austrija, Italija, Španija, zemlje Beneluksa i Skandinavija. Druga unija nazvana je Nova Evropa sa članicama Estonijom, Letonijom, Litvanijom, Češkom, Slovačkom, Poljskom, Mađarskom, ali i Hrvatskom i Slovenijom na jugu, preko kojih bi „katolička istočna Evropa“ imala izlaz na Mediteran.

Atlantski savez bi, prema projekcijama Amerikanaca, trebalo da ima kontrolu nad ovim delom Starog kontinenta.

Istočnom Evropom, odnosno Pravoslavnom unijom gospodariće Rusija, a sačinjavaće je Ukrajina, Belorusija, Gruzija, Moldavija, Rumunija, Bugarska, Grčka, Makedonija, Srbija, Crna Gora, ali i BiH (prevagu će odneti postojanje Republike Srpske). Kada je Albanija u pitanju, procene su podeljene: ili će je Rusi svojim kapitalom približiti istočnoj Evropi ili će Tirana i dalje ostati pod patronatom NATO i SAD.
Ова го пишел некој кој имал двојка по историја а дома нема ни атлас (а и веројатно е 1994 годиште)

.....
Stiže i predsednik Makedonije

Policija će na graničnom prelazu Preševo sutra u jutarnjim satima privremeno zatvoriti kolovoznu traku auto-puta koja vodi ka Nišu, zbog posete predsednika Makedonije Đorđa Ivanova, saopštio je MUP.

Kako se navodi, saobraćaj će takođe biti privremeno zatvaran sutra i prekosutra na trasi kretanja eskortne kolone.

Iz MUP-a apeluju na građane da imaju razumevanja za aktivnosti policije i da koriste alternativne pravce.

Nashiov prezident kako da se plashi da leta so avion????

http://www.intermagazin.rs/zapad-i-cia-predvidjaju-srbija-ce-uci-u-najnoviji-savez/
Македонија има службен мерцедес кој е поскап од авион
 
Kajgana Shop

На врв Bottom