Русите - “цареви“ во вселената

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.046
Поени од реакции
4.700
РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА ЗА НАСА
Седиште во руска ракета чини 63 милиони долари

НАСА склучи договор со Русија од 753 милиони долари за 12 патувања до Меѓународната вселенска станица, но сега ќе мора да доплаќа речиси по 63 милиони долари по астронаут за едно такво вселенско патување. Така, во период од 2014 до 2015 година НАСА ќе може да испрати 12 свои астронаути до станицата со помош на руското вселенско летало „Сојуз“. Меѓутоа, секое зафатено седиште ќе ја чини дополнителни 62,67 милиони долари. Кога вселенските шатлови ќе престанат да летаат на крајот од оваа година, НАСА ќе мора да се потпира исклучително на Русија за летови до меѓународната станица. Досега цената за праќање американски астронаут со руско вселенско летало изнесуваше 51 милион долари, но таа сума Русија ја зголеми значително. Новиот договор беше вклучен во период кога НАСА поминува низ голема транзиција - пензионирање на вселенските шатлови, „Дискавери“ веќе го изведе последниот лет, а „Ендевор“ и „Атлантис“ треба да бидат лансирани за последен пат во април и во јуни.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2266&ArticleID=157974

--- надополнето ---

Супер,можеби во вселената ќе најдат храна,да се прехранат.
Ќе најдат начин како да ја произведат. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.813
Русија - победник во вселенската трка?

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2011/03/110318_space_ussr.shtml

Пред речиси половина век, рускиот космонаут Јуриј Гагарин беше првиот човек во вселената кој ја обиколуваше земјината топка 108 минути.
Што се однесува до историските предмети, остана само исцрнетото ѓуле-капсула со пречник од 2 метра кое внатре едвај имаше место за еден човек.
Со оглед на важноста на капсулата „Восток“, но и присутната носталгија по Советскиот сојуз, малкумина денес можат да ја видат.
Таа е изложена во приватен музеј на државната компанија „Енергија“ и понекогаш се потребни месеци за да се договори посета.
Внатре, покрај капсулата на Гагарин, се наоѓа и онаа на Валентина Терешкова, првата жена во орбитата, како и првата капсула за три лица и онаа за Алексеј Леонов, кој ја направи првата вселенска прошетка.

Тајни
Некогашните строго чувани детали излегуваат на видело дури сега: на пример „Восход 1“, бродот за тројца, бил толку тесен, што космонаутите не можеле да носат скафандри.
Еден инженер го предупредил главниот дизајнер Сергеј Корољов дека најмал процеп може да доведе до катастрофа.
Корољов пак токму него го назначил како еден од космонаутите во екипажот, сметајќи дека така ќе го мотивира да ја направи капсулата што е можно побезбедна.
Сите тројца космонаути преживеаја.
Денес...
Денешните бродови „Сојуз“ не изгледаат многу поразлично од првите пионерски дизајни, а тие дури и се лансираат на ракета која како да припаѓа во 50-те.
Но во „Ѕвездениот град“ постои центрифуга, најголема на светот, која се користи за обука на космонаутите.
Пензионираниот полковник Бељаев кажува како учел многумина како да издржат гравитација и од 12Г и да функционираат во такви услови.
Денес пак е поверојатно дека во прилично застарениот комплекс од бетонски згради во предградие на Москва, ќе сретнете американски, кадански, јапонски и европски астронаути.
Трите симулатори „Сојуз“ изгледаат по малку „ретро“, дури и кичерски, застарено, но... работат!
Имено, „Сојуз“ се лансира и по тешки виулици, додека најмало развигорче го сопира американскиот „шатл“.
Во 90-те, руската вселенска индустрија спадна на ниски гранки: вселената беше тешко достапен луксуз, беше откажан вселенскиот авион „Буран“, станицата „Мир“ не беше најсигурна, а државниот музеј се користеше како салон за автомобили.
Но полковникот Бељаев се надева дека програмата ќе добие нова енергија.
Меѓународната вселенска станица е темелена на руското знаење, руските ракети носат залихи, и наскоро ќе биде командувана од Русин, а се зборува и за мисија кон Марс и нови бродови на атомски поогн.
За споредба, американскиот „шатл“ се пензионира, а трошоците доживуваат големо штедење.
Дали е можно, 50 години по првата орбита на Гагарин, Русија да е вистинскиот победник во вселенската трка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom