Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски

На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите

Александар Македонски е Македонец, има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Ова го покажува факсимилното издание на руската "Илустрирани белешки од 16 век". Гледајќи ги цртежите и читајќи го тектот во книгата, во мислите човек се навраќа неколку векови наназад. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Древната книга, која е ново издание и се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада.

Руската историска книга ја покажува и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

Во Илустрирани белешки е прикажана и историјата на Византија. Опишана е македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Книгата ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно. Сепак Илустрираната белешка е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни.

Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставива дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван. На сликите се гледа како во кој период биле облечени луѓето, како војниците наоружани, какви биле градбите и со кои занаети се бавеле луѓето.

Издавањето на книгата го фунансирал Владимир Јакуњин, сопственик на најмоќната фармацевтска компанија Протек, а негова цел била да допринесе младите поколенија да ја научаи својата историја.


Билјана ЗАФИРОВА

Извор: www.vecer.com.mk

За мене ова е сензационална вест, така дирекно и чисто се преставува Александар Македонски како Македонец.
Исто се споменувало и за македонските династии во Византија кои ги поврзува со Александар Македонски.
Тоа е природниот тек на нештата а не постоење на црни дупки и смешни објаснувања за мрачните доба на историјата.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Книгава се вика “Илустрирани белешки од 16 век“?

Како да се најде?
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски

На еден од историските цртежи е прикажано како Александар Македонски ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите, се извлекува доказот дека не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите
Od koga toa, Grcite ne vojuvale pomegju sebe?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ова е навистина сензационално и кога го прочитав навистина ме израдува и ги дополнува нашите докази за уште еден вреден документ со кој ќе си ја браниме нашата историја со факти.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Прво да не беше важно немаше да се тепаат сите околу нас за тоа име и за таа историја а второ ние не мислиме дека СМЕ антички Македонци (може ќе бидеме за едно 1000 години :) ) туку знаеме дека сме нивни потомци. И доста со тие глупости кој се не прошол па различни гени сме имале.

Да немаше ништо македонско останато во нас не би имало никаква логика да се бориме за тоа име ако генетски и по националност сме нешто друго.

Значи тоа Мaкедонско име ни е оставено од нашите претци а наша задача е да го одбраниме меѓудругото и од вакви залутани овчички како овој Диџејот.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
На втората слика дури штитот му е погоден на Александар. :D

Само ме интересира како светот го согледува ова и дали им е сеедно. Изгледа дека им стана и на Русите јасно дека гејците плукаат по се што зборува на словенски јазик.

Интересно е тоа што во двете слики на коњот на александар има жиг од Бик?

Да не е ова поврзано со БИКОГЛАВА или пак со култот на минерва т.е. култот од каде што потекнува и ѕвездата од Кутлеш?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не смее да се дознае вистината за Македонија, зошто таа вистина денеска ја делат 400 милиони Славјани.

Ако се дознае таа вистина отиде Ватикан и останатите узурпатори на словенската земја у три лепе.

Пољаците кукаа на времето, пратете ни луѓе учени да не поучат зошто германите ќе не асимилираат. Не беа германи, папата од Рим беше. Денеска се поголеми католици од папата. Јазикот им е целосно деформиран и уништен.

Истото е и со другите словенски народи. Тој народ словенски си е автохтон и домороден на Балканот а негоавата нова територија е Русија.
.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Каде може целата книга да се најде, или барем сликите од нејзината содржина да ги видиме овде на интернет. Ова треба да биде помогнато од наша страна мислам на влада ил инекоја друга организација која с егрижи за македонското национално чуство.
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Neli znaete deka DNK-kompanija od Rusija potvrdi deka slovenstvoto pocnuva vo Makedonija.

Eden rusin mi rece za slovenite,kakvi karpati be,i nie vikame zad karpatite i vie vikate zad Karpatite...mislam se e jasno.

Imeno,genite pokazuvaat postoenje na slovenstvoto pred 12.000 (12 iljadi) godini...Slavjanski samo za tebe!

:baeh:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
Славјански имаш чудни квази-теории. А и нека се чудни, барем да имаш за некаков доказ за некакво си Македоснко Античко Славјанско население. Пропаганда и квази теории е се што ви служат политичариве а вие го сркате и тражите репете.

Да ти објаснам просто зошто античките македонци НЕ СЕ Славјани, господине Славјански. Тие се молеле на Хеленски пантенеон на Богови. Словените на Словенски, и двете култури се ДРАСТИЧНО различни една од друга. Античките Македонци зборелел грчки и пишувале грчки. Античките Македонци се викале - Аминта, Пердика,... Ние се викаме, Драган, Спасе, Стефан, Иван...

Уште еднаш, квази теорија друже.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Србине или Бугаре, кој и да си, пак утка.

Се молеле на пелазгиски богови.

Пантеонот е пелазгиски, во темелот му е крепидомата а главата му е тимбанон.
Крепи домот е македонски збор, односно пелазгиски, односно словенски.
Ако темелот не ти е хеленски на Пантенонот, тогаш за што друго да говориме.

Мора да ја дефинираме твојата теорија. Германски историчари, 18 век, формирана за потребите на новата измислена држава, Грција.

Доказ? Види историја на Грција...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Се молеле на пелазгиски богови.
Пантеонот е пелазгиски, во темелот му е крепидомата а главата му е тимбанон.
Пелаазгијскиот се нарекува Пелазгион врз кој агресивните Хелени изградиле свој Партенон како копија на оригиналот.

Тоа треба да си го прочитал во твојата литература за Винчанското писмо (барем така те разбрав претходно дека се интересираш на тоа поле). Цела низа научници укажуваат на тој факт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom