Рецепти за шпагети, лазањи и други видови тестенини

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
За сосови за шпагети/макарони се водам по намирници кои ги имам. Обично правам стандард бел сос - ставам тава со зејтин да се загрее, па неколку лажици брашно да се зарумени, малку млеко да добијам густа смеса, па павлака/јогурт/кисело млеко зависи што има дома. После тоа додавам саламче/сланинче, буковец, печурки, оригано.... во зависност од тоа на што сум се настрвила :icon_lol: Врз шпагетите рендам биено сирење или кашкавал, па сипувам од белиот сос.
Кога имам домати, знам да изрендам неколку и да ги ставам да се потпржат заедно со две чешниња лук. Додавам сол, оригано, пржена сланина/салама и ставам врз шпагети со рендано сирење/кашкавал. Доколку немам домати правам црвен сос со томатело :)
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798

Mjammmmmmmmmmmmmmm ajde na pauza ke odam da jadaam
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Лут сос за шпагети

Шпагети
домати (свежи или доматен сос)
магданос
пиперка (лута)
лук
сирење (или пармезан)
кашкавал
маслиново масло
зачини , бибер, оригано, вегета

Ги варите шпагетите едно 5 мин, само да се сварат до пола да не бидат ептен преварени, ги тргате на страна, земате подлабока тава, ставате маслиново масло, доматниот сос или рендани свежи домати, ставате тенко на кругчиња свежа пиперка, рендате лук, и магаднос + зачините, убаво да проврие и на крај го додавате сирењето или пармезанот, промешувате убаво, ги исутрате во тавата веќе сварените шпагети оставате да прокрчкаат уште 5 минути, ја тргате тавата на страна земате кашкавалот го рендате на крупното ренде и ставате во рерна 5 минути да зарумени и страшно добар оброк особено на љубителите на пикантни сосеви.
 

gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
Spageti so bel sos

Prethodno se varat 1 pakovanje spageti na standarden nacin
Potrebni sostojki za sosot:
lukce,
feta sirenje okolu 300gr,
kravjo meko sirenje okolu 200gr,
1 pavlaka,
1 casa mleko,
3 zdenki,
kaskaval 300 gr
magdonos, crn biber ili dr. zacini po izbor

podgotovka na sosot:

Na tava na ogan na malku puter se proprzuva sitno seckano lukce i magdonos, potoa postepeno se dodavaat raznite vidovi sirenje koi mozat da bidat po vas izbor, se proprzuva na tivko dodeka sirenjeto ne se rastopi i se dobie homogena smesa i potoa se naleva mlekoto i pavlakata. Na kraj ide zacin po izbor i vkus.
Sosot se naleva vrz prethodno svarenite spageti , a odgore se renda kaskaval ili parmezan.
Bon apetit:)
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Шпагети со туна
Состојки:
400g шпагети
400g конзервиран домат
100g пармезан
50ml бело вино
1 конзерва туна
2 чешниња лук
босилок
магдонос
маслиново масло
масло за јадење
сол и црн пипер

Насока за подготовка:
Во тенџре со посолена зовриена вода ги ставаме шпагетите да се варат. Во тава за пржење наливаме маслиново масло. Чешнињата лук ги лупиме и гмечиме, така згмечени ги ставаме во тавата за пржење малку да се запржат. Го вадиме лукот од тавата и го ставаме во сад настрана. Во тавата го ставаме конзервираиот домат и ситно исечканиот босилок. Промешуваме, посолуваме го додаваме белото вино во тавата и зачинуваме со мелен црн пипер. Туната ја дробиме и ја додаваме во тавата на оган. Сварените шпагети ги тргаме од оган и ги процедуваме. Потоа ги плакниме со ладна вода и ги додаваме во тавата на оган. Потоа магдоносот го сечкаме, така исечканиот магдонос го додаваме во тавата на оган пред крајот на динстањето. Тавата ја тргаме од оган. Така подготвени ги сервираме во чинии. И одозгора наросуваме со пармезан
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас, пак, сакам после варењето да им додадам претходно пропржени мелени кикиритки, коцкички сув леб и сусам, а сосот може да биде доматен со лук и босилек, или хопла со кари... :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Најубави шпагети се оние кои татко ми ги спрема.Прво ги зоврие и ги знаете сите тие процедури и после тоа на оган стави путер да се стопи и сренда кашкавал и стави печурки шампињони да се пропржи малце и се додадат пак шпагетите.Може и со зејтин.Се додава оригано,црвен пипер и малце вегета и се пропржува.После тоа сервираш и со кечап ги јадеш ммм преслатко :D
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Како нељубител на лазањи со мелено мевце, пробав да направам некој експеримент нормално од состојки кои би можеле да се вклопат и јадат :icon_lol:
Па така, ги ставив лазањите во претходно зовриена вода со сол и зејтин, проварив 10 минути и ги ставив да се цедат. За тоа време го подготвив бешамел сосот:
- малку зејтин
- 4 лажици брашно
- 250 мл. млеко
- сол, вегета и оригано.

Во стаклен огноотпорен сад ставив малку зејтинче и почнав да ги редам лазањите, па бешамел сосот, па ред шунка. После тоа повторно ред лазањи, бешамел па кашкавал, И така најизменично еден ред лазањи, па бешамел, па шунка, кашкавал. На крај не премачкав со бешамел туку ги попрскав со зејтинче и оставив да се потпечат. Печев 20 минути на 200 степени. Ги извадив и полеав со павлака и кашкавал и печев уште 10 минути.
И после тоа си уживкав во превкусните лазањи со шунка, кашкавал и павлака.
Иако следен пат би ги правела со потпржена печеница/свински врат и би додала шампињони :vozbud:
 
H

HITCH

Гостин
Како нељубител на лазањи со мелено мевце, пробав да направам некој експеримент нормално од состојки кои би можеле да се вклопат и јадат :icon_lol:
Па така, ги ставив лазањите во претходно зовриена вода со сол и зејтин, проварив 10 минути и ги ставив да се цедат. За тоа време го подготвив бешамел сосот:
- малку зејтин
- 4 лажици брашно
- 250 мл. млеко
- сол, вегета и оригано.

Во стаклен огноотпорен сад ставив малку зејтинче и почнав да ги редам лазањите, па бешамел сосот, па ред шунка. После тоа повторно ред лазањи, бешамел па кашкавал, И така најизменично еден ред лазањи, па бешамел, шунка, кашкавал. На крај не премачкав со бешамел туку ги попрскав со зејтинче и оставив да се потпечат. Печев 20 минути на 200 степени. Ги извадив и полеав со павлака и кашкавал и печев уште 10 минути.
И после тоа си уживкав во превкусните лазањи со шунка, кашкавал и павлака.
Иако следен пат би ги правела со потпржена печеница/свински врат и би додала шампињони :vozbud:
Па, ние денес сме имале ист ручек! :pos:

Мене ме мрзи да ги варам лазањите, се` едно што одзема многу малку време. Ставам масло на земјената тава или путер (зависи што имам дома), па бешамел сос, лазања, шунката, кашкавалот, па после пак исто: бешамел, лазања, шунка, кашкавал... Оригано не ставам, ич не го сакаме. Двете мали земјени тави ги печам во незагреана рерна, оти може земјената тава да ми пукне, околу 35 мин. Откако ќе ги ставам во рерна уклучувам на 250 степени, штом закрчка намалувам на 200 степени и додека се испечат вртам `ко мачка околу риби. :LOL:
Се разликуваме за бешамелот, јас на 2 полни лажици брашно ставам 300 мл. млеко, зависи од масленоста, и 100 мл. вода, за сосот да е потенок, не го сакам многу густ. Така ем ќе го прекрие зајрето, ем нема потреба од дополнително прелевање, а да бидам искрена не ми текнало одозгора да ставам павлака и кашкавал.

И денес приметив дека сенфот го користам повеќе од леб! Во бешамелот откако ќе го направам ставам малку сенф, сол и бибер, многу поубав вкус има. Плус во бешамелот, откако ќе го направам, додавам и печурки малку пропржени. Мојов бешамел испадна сваштарија.:pos: По правило е вода/млеко и брашно, ама јас кога ќе почнам да си доставам мирудии...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
„Зајре“ - браво за зборов :), одамна не сум го слушнал/прочитал.

Наместо да ги вариш, тестенините може, конечно спремни со сите зарзавати, т.е. со сето зајре :) да ги наредиш во тава и полиеш со газирана вода - имаш варење и печење на исто место и во исто време... ова сум го пробал само со домашни кори, такаречи јуфки, ама мислам дека може да се примени и кај лазањи....

На здравје ручекот...
 
H

HITCH

Гостин
„Зајре“ - браво за зборов :), одамна не сум го слушнал/прочитал.

Наместо да ги вариш, тестенините може, конечно спремни со сите зарзавати, т.е. со сето зајре :) да ги наредиш во тава и полиеш со газирана вода - имаш варење и печење на исто место и во исто време... ова сум го пробал само со домашни кори, такаречи јуфки, ама мислам дека може да се примени и кај лазањи....

На здравје ручекот...
Макарони со сирење правам со кисела вода, лазањиве само на овој начин, на друг њет. Ни макароните не ги варам претходно, директно ги истурам во огноотпорен сад, ренданото сирење го ставам и едно шише кисела вода, обично Пелистерка, погазирана е. Се пече околу 40 минути на 200 степени.

Фала.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Макарони со сирење правам со кисела вода, лазањиве само на овој начин, на друг њет. Ни макароните не ги варам претходно, директно ги истурам во огноотпорен сад, ренданото сирење го ставам и едно шише кисела вода, обично Пелистерка, погазирана е. Се пече околу 40 минути на 200 степени.

Фала.
Јас ко да кажав нешто ново... :)

Муабетов беше да забележам околу зајрето и зарзаватите :)
Поздрав.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Макарони со сирење правам со кисела вода, лазањиве само на овој начин, на друг њет. Ни макароните не ги варам претходно, директно ги истурам во огноотпорен сад, ренданото сирење го ставам и едно шише кисела вода, обично Пелистерка, погазирана е. Се пече околу 40 минути на 200 степени.

Фала.
Meне така ми се ептен тврди макароните, затоа прво ги варам па ги печам:pipi:
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Лазањи моето омилено јадење ... ама кога ми ги прави мајка ми
со домашен сос од патлиџан бешамел сос рендан растителен кашкавал и мелено месо ....
Мммммммммммммм
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Meне така ми се ептен тврди макароните, затоа прво ги варам па ги печам:pipi:
Може да го избегнеш ефектот на „сушење“ ако после „варењето“ ги посипеш со рендано сирење, на пример. Јас сум пробал со „покривање“ со кисело млеко - веројатно „посипаното“ зајре :) создава слој кој не дозволува да испари целата вода, па се задржува соодветната текстура и мекост на тестенините...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom