Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Macedalien, 4 мај 2005.

  1. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    32.357
    Допаѓања:
    20.444
    Се прави дома локум, мајка ми има правено. Испаѓа добро (ако си манијак и кризираш по благо), ама неможе да се спореди со тој купечкиот... Така да, прави ако ти е мерак, ама сепак тој од продавница е поубав. :wink:

    Да не сакаш рецепт?
  2. ABC

    ABC “градител“

    Член од:
    24 февруари 2005
    Мислења:
    15.723
    Допаѓања:
    135
    Klajgo,ne e na odmet da se ima i toj recept ako go znaesh i moze da se stavat poveke orevi otkolku vo onoj kupeckiot.:)
  3. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Ако сакаш нешто благо со многу ореви јас би препорачала [FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]тортички од ореви ( посни колачи ). И ејсид ти кажа сам дека домашниот локум не е ништо посебно, ама како сакаш. Ти останува само да го чекаш рецептот од локумот што го направила мајка му.:wink:[/FONT][/FONT]
  4. BusHav

    BusHav Е ајде де.....можеш и така

    Член од:
    5 декември 2005
    Мислења:
    4.343
    Допаѓања:
    75
    Abe gadni se blagite so orevi be.Jas si postuvam blago so sto e mozno povekje krem,slag i nekoi takvi poteski stvari
  5. Batistuta

    Batistuta ..пак од скриен број...

    Член од:
    16 февруари 2005
    Мислења:
    2.034
    Допаѓања:
    48
    Кога сме кај благо добро е у комбинација со боза од Апче :)
  6. BusHav

    BusHav Е ајде де.....можеш и така

    Член од:
    5 декември 2005
    Мислења:
    4.343
    Допаѓања:
    75
    Kolaci so Corn-flakes

    Potrebno e:


    400gr.Corn flakes,
    1 vanilin seker,
    100gr.cokolado za gotvenje,
    1 margarin kristal,
    3-4 lazici med(supeni lazici)

    Nacin na podgotovka:

    Se stava margarinot,cokoladoto vo edno tenzere pogolemo i se mesa da se stopi sve toa pa se dodava medot,vanilata i koga se ke se soedini se stava i corn flakes-ot i se mesa celoto(ama da ne se sikrsi corn flakes-ot.
    Posle se servira vo edni hartieni(ko za bombici) ama duri e toplo za da moze da se formira.
  7. Мари

    Мари ...

    Член од:
    31 декември 2005
    Мислења:
    1.109
    Допаѓања:
    0
    мх мх мх какви лиги ми направивте со благово....сега одма на мајка ми ке и кажам да ми напраи...:je: :pos: :baeh: :baeh: :se_ molam :smeshko: :party2: :love3:
  8. sagaqua

    sagaqua Successful and Creative

    Член од:
    23 декември 2005
    Мислења:
    2.219
    Допаѓања:
    28
    Браво!!!! Најдобар рецепт за Рафаело бомбици што сум го пробала:) :aplauz: :aplauz: :aplauz:
  9. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Рафаело коцки


    потребни состојки:
    - 5 јајца
    - 250 гр путер
    - 150 гр шеќер
    - 1 кесичка шлаг пена
    - 100 гр кокосово брашно
    - 250 гр шеќер
    - 6 лажици брашно
    - 1 прашок за печиво
    - 100 гр брашно
    - 1 ванилин шеќер
    - 500 мл млеко
    - 200 мл млеко

    Подготовка:
    Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчите. Белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките во сад настрана. Ги матиме белките со миксер. Во садот за матење додаваме 250 гр шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучУваме миксерот. Во садот додаваме 100 гр кокосово брашно, 100 гр брашно и прашокот за печиво. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Во тавата го ставаме тестото од изматени белки. Го рамниме тестото. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 175 степени
    Во меѓувреме го подготвуваме филот. Во сад за матење ги ставаме жолчките. Ги матиме со миксер. Во садот за матење додаваме 150 гр шеќер. Во тенџере на оган го ставаме поголемиот дел од млекото. Преостанатото млеко го додаваме во садот за матење. Во садот за матење ги додаваме ванилиниот шеќер и 6 лажици брашно. Откако смесата ќе се соедини го ислкучуваме миксерот. Непрекинато мешајќи со жица за матење во тенџерето со загреано млеко ја додаваме смесата од садот за матење. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Тавата со испечениот пандишпан ја тргаме од оган.
    Во тенџере ставаме 200 мл млеко. Го ставаме тенџерето на оган. Откако млекото ќе се загрее го тргаме тенџерето од оган. Со лажица со топло млеко ја преливаме испечената кора за Рафаело коцките. Ја оставаме кората да се излади.
    Во меѓувреме во сад за матење го ставаме путерот. Го матиме путерот со миксер. Во садот за матење го додаваме претходно сварениот и изладен крем. Матиме со миксер додека смесата не се соедини. Филот го нанесуваме врз кората во тавата. Целата кора ја премачкуваме со фил. Во сад за матење ставаме млеко. Го додаваме прашокот за шлаг. Матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина. Колачот во тавата го сечеме на коцки. Шлагот го полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ја украсуваме секоја рафаело коцка. Неколку Рафаело коцки редиме на чинија за колачи.
  10. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Ледени коцки

    Потребни состојки:

    - 4 јајца
    - 10 лажици брашно
    - 12 лажици шеќер
    - 2 лажици какао
    - половина кесичка прашок за печиво
    - 500 мл. млеко
    - 200 мл. хопла
    - 125 гр. маргарин
    - 200 мл. вода
    - 100 гр. чоколада за готвење

    Подготовка:


    Во тенџере ставаме 400 мл. млеко и го ставаме тенџерето на оган. Мешајќи со жицата за матење во тенџерето додаваме 6 лажици шеќер. Во преостанатото млеко во мензурата додаваме 4,5 лажици брашно и промешуваме со жицата. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино, кое е без адитиви. Во зовриеното млеко го додаваме размешаното брашно и непрекинато мешаме со жицата. Вариме на оган додека кремот не ја добие потребната густина.

    Во друго тенџере ја ставаме водата и го ставаме тенџерето на оган. Во тенџерето додаваме шеќер и оставаме да зоврие. Во сад за матење ги кршиме 4-те јајца и ги матиме со миксер. Во јајцата додаваме 6 лажици шеќер и матиме со миксерот додека шеќерот не се растопи. Зовриениот шербет го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво и какаото ги мешаме со брашното, а потоа ги додаваме во садот за матење. Мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Потоа смесата ја истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Со лажица ја мазниме горната површина на тестото и тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса.

    Чоколадата ја сечеме на парчиња и ја ставаме во метален сад. Садот го ставаме врз тенџере со вода на оган за да ја растопиме чоколадата на пареа. Со остар нож ги одлепуваме краевите од пандишпанот од тавата. Пандишпанот го превртуваме на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Претходно сварениот и изладен крем го ставаме во сад за матење и го матиме со миксер. Во садот го додаваме маргаринот и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Со овој фил го премачкуваме пандишпанот.

    Чоколадата која се топи на пареа ја промешуваме и додаваме масло за јадење за да има поубав сјај. Го вадиме металниот сад од тенџерето и го ставаме на работната маса. Во сад за матење ја ставаме хоплата и ја матиме со миксер. Дел од шлагот го ставаме во сад настрана, а преостанатиот го матиме додека шлагот ја добие потребната густина. Шлагот го нанесуваме врз кремот и рамномерно го размачкуваме.

    Од хартија правиме готварски шприц, кој го полниме со шлагот кој го оставивме настрана. Врз шлагот на тортата ја нанесуваме растопената и изладена чоколада и рамномерно ја размачкуваме. Со шприцот наполнет со шлаг ја декорираме чоколадата.
  11. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Чоколадни бакнежи


    потребни состојки:


    - 300 гр. млечна чоколада
    - 200 гр. бадеми
    - половина лажичка рендано морско оревче
    - 1 портокал

    Подготовка:
    На работната маса ги толчиме бадемите. Истолчените бадеми ги собираме во една тава. Тавата ја ставаме во рерна. Неколку минути ги потпекуваме бадемите на температура од 200 степени. Во сад врз тенџере со зовриена вода на оган ја кршиме чоколадата. Мешаме за чоколадата побрзо да се растопи. Тавата со бадемите ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Во садот во кој на пареа ја топевме чоколадата ја рендаме кората од портокалот. Портокалот го сечеме на половина. Половината портокал го цедиме во цедалка. Сокот од портокал го додаваме во садот со растопена чоколада. Мешаме. Потоа во садот ги додаваме бадемите. Повторно мешаме. Го тргаме садот од тенџерето и го ставаме на работната маса. Мешаме додека смесата не се соедини. Потоа го додаваме изренданото морско оревче. Повторно мешаме. Со кафена лажица земаме од смесата и формите ги редиме на тава обложена со хартија. Откако ќе се изладат чоколадните бакнежи ги редиме на чинија за сервирање.
  12. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Рафаело бомбици

    потребни состојки:


    200 гр. шеќер
    100 мл. вода
    200 гр. млеко во прав
    100 гр. лешници
    125 гр. маргарин
    80 гр. кокосово брашно

    Подготовка:
    Во тенџере ја ставаме водата и го ставаме тенџерето на оган. Почнуваме да мешаме со жицата за матење и во тенџерето го додаваме шеќерот. Непрекинувајќи со мешањето во тенџерето го додаваме маргаринот. Откако маргаринот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Повторно мешаме со жицата за матење и во тенџерето го додаваме млекото во прав и кокосовото брашно. Мешаме со жицата за матење додека смесата не се соедини. Тенџерето со смесата за рафаело бомбиците го ставаме во замрзнувач за да се стегне смесата. Потоа со раце земаме од смесата, ја расплескуваме и на средината ставаме еден цел лешник. Со раце ја формираме бомбицата во големина на орев и ја валкаме во кокосово брашно. Вака подготвените бомбици ги редиме на чинија за сервирање.
  13. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.944
    Допаѓања:
    84
    Рум топки



    потребни состојки:
    - 100 гр. чоколадо за готвење
    - 100 гр. чоколадни трошки
    - 50 гр. Суво грозје
    - 50 гр. Путер
    - 100 гр. шеќер во прав
    - 3 лажжици рум


    подготовка:
    На оган ставаме едно тенџере и во него ставаме 50 гр. Путер. Промешуваме за путерот побрзо да се растопи.
    На даската за сечење ситно го сечкаме сувото грозје. Го собираме во еден сад и го полеваме со 3 лажици рум.
    Потоа го рендаме чоколадото.
    Тенџерето со растопениот путер го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Потоа во тенџерето го додаваме шеќерот во прав. Промешуваме. Во тенџерето го додаваме и сувото грозје натопено со рум. Промешуваме и го додаваме ренданото чоколадо. Повторно промешуваме додека целата смеса не се соедини. Рацете ги намрснуваме со масло за јадење. Земаме од смесата во тенџерето и формираме топки со големина на орев. Рум топките ги валкаме во чоколадни трошки и ги ставаме во хартиени корпи. Врз секоја од рум топките на средината ставаме по еден цел лешник. Готовите рум топки ги редиме на чинија за послужување.
  14. bibika

    bibika

    Член од:
    29 мај 2005
    Мислења:
    2.235
    Допаѓања:
    31
    Beli minjoni

    [​IMG]


    sostojki za testo:
    20gr puter
    160gr shekjer
    4 jajca
    1 lazhica kisela pavlaka
    70gr brashno
    1/4 vrekjichka prashok za pecivo
    100gr leshnici
    3 lazhici kakao

    za fil:
    150gr marmelada od marelica
    200gr gotov marcipan

    za glazura:
    300gr belo chokolado za gotvenje
    200ml hopla


    Se mati penasto puterot so shekjerot, potoa se dodavaat zholchkite.Koga smeshata kje stane dovolno penasta se dodava kakaoto, pavlakata, brashnoto izmeshano so prashokot za pecivo, melenite leshnici i na kraj izmatenite belki.
    Se peche na temperatura od 200 stepeni okolu 25 minuti vo pleh so dimenzii 40 x 30 cm.

    Pechenoto testo se ladi, seche na dva dela , edniot premachkuva so marmeladot, koj predhodno malku ste go zagreale i dodale rum ili maraskino.Se pokriva so drugiot del pa dobro se potisnuva.Potoa oddozgora tenko se premachkuva so marmeladot.Gotoviot marcipan tenko se razvlekuva so sukalo i se pokriva biskvitot so nego.Se seche na mali kocki koi se stavaat vo zamrzivach okolu polovina chas.

    Glazurata se pravi na sledniov nachin:
    Na parea se topi chokoladata, hoplata se zovriva pa se dodava na stopenata chokolda, se trga od oganot i se mesha se dodeka ne se dobie homogena smesha.
    Sekoj kockichka od minonjite se potopuva vo glazurata, se stavaat na reshetk da se iscedat i dobro ocvrsnat i ukrasuvaat po zhelba.

    sovet:ako vo belata chokolada dodadete malku temna chokolada kje dobiete interesen mramoren izgled.


    Chokoladni bombici

    [​IMG]

    Potrebno e:

    - 50 g secer, 1 vanilin secer, 100 g puter
    - 1 jajce, 200 g cokolada za gotvenje, 250 g meko brasno
    - 1 prasok za pecivo, 3 lazici kakao, 200 ml mleko
    - 50 g orevi, 50 g lesnici, 50 g bademi, 200 g borovnici ili visni

    Puterot, secerot i vanilin secerot dobro da se izmatat so mikser. Neprekinato mesajci se dodava jajceto, rastopenoto cokolado,potoa se dodava postepeno brasnoto so prasokot za pecivo, kakaoto i mlekoto. Na kraj poleka se dodavaat orevite, lesnicite i bademite, borovnicite ili visnite.
    Podgotvenata smesa se istura vo kalapi za bombici (kalap vo koj se pecat mali pogacici).
    Da se pece vo rerna zagreana na 180 stepeni okolu 30 minuti. Koga se gotovi se stavaat vo hartieni korpici i se sluzat.
  15. bibika

    bibika

    Член од:
    29 мај 2005
    Мислења:
    2.235
    Допаѓања:
    31
    Ishleri

    Za testoto potrebno e:

    140gr puter
    200gr meko brashno T500
    70gr shekjer vo prav
    1 zholchka
    3 lazhici kakao

    Za kremata potrebno e:

    3 jajca
    150gr shekjr
    100gr puter
    1 vanila

    Od brashnoto, puterot, zholchkite i kakaoto se zamesuva testo.Se razvlekuva tenka kora i so okrugla modla se vadat mali krugchinja.
    Se stavaat na pobrashnet pleh i se pechat okolu 15 minuti na 220 stepeni.

    Za kremot, izmatenite jajca, shekjer i vanila se stavaat na parea i se mesha se dodeka kremot ne se zgusne.
    Koga kremot kje se oladi se mesha so razmateniot puter.

    Pechenite trkalca se premachkuvaat so kremot i spojuvaat dve po dve.
    Se redat na reshetkasta podloga i prelivaat so chokoladna glazura i se ukrasuvaat , po zhelba so ruzhichka od kremot.

Сподели преку: