Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Би ве замолила доколку имате некои рецепти за приготвување на едноставни , брзи и вкусни десерти ( по можност чоколадни ) , но без употреба на миксер, да ги споделите овде.
Абе зашо без миксер тоа ти е 5 мин работа...
Земи две шлаг кремови од ванила измиксирај да се створи кремот (секако со млеко матиш) и срендаш една блок чоколада пак измиксираш,ставиш во фрижидер да се олади и малце да се втрдне ос слатко послатко да бараш нема и лесно и брзо...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Попросто од ова - здравје :)
Купи 500гр чоколаден крем (ти го препорачувам на Таково, сум пробала со Агрокрем и Нутела, не е тоа тоа) и 3 чоколади за готвење. Прво стопи ги чоколадите и во нив додај го кремот.
Предходно имај исецкано ореви, лешници, кикирики (што сакаш). Кога ќе го тргнеш од шпорет стопениот крем со чоколадо, додај го исецканото овошје.
Со мала лажичка во хартиени корпички наполни со смесата и почекај да се оладат :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
измати сметана (слатка павлака), додаj малку цимет и 1-2 стопени темни чоколади за готвење и имаш убав Mousse :)
немора со миксер - може и со жица за матење
 
A

AnFem

Гостин
Џино, Шведски десерт:

Ситно се сецкаат киви, банани и јагоди (ако сакате, комбинирајте и со други овошја). Се мешаат, се ставаат во чинија и одозгора се ренда чоколадо (црно или бело, по желба). Рерната ја уклучувате на највисока температура и ја ставате чинијата внатре. Е сега, нема мрдање од пред рерна, стоите и чекате само да се стопи чооладото. Откога ќе се стопи, одозгора ставате топка сладолед (вкус по желба). Едноставен, а преубав!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Џино, Шведски десерт:

Ситно се сецкаат киви, банани и јагоди (ако сакате, комбинирајте и со други овошја). Се мешаат, се ставаат во чинија и одозгора се ренда чоколадо (црно или бело, по желба). Рерната ја уклучувате на највисока температура и ја ставате чинијата внатре. Е сега, нема мрдање од пред рерна, стоите и чекате само да се стопи чооладото. Откога ќе се стопи, одозгора ставате топка сладолед (вкус по желба). Едноставен, а преубав!

Ова ме потсети на - фонду (такво бесплатно можете да добиете и во Cocktail Room (веднаш до старо Бенетон), секако ако нарачате коктели :icon_mrgr:

Инаку, припремата е доста слична - било какво свежо овошје се сецка (мене најмерак ми прави грозјето, тоа не го сецкаш ;) ) а во тенџерче се топи чоколадо.
Потоа со долги чечкалици (или како и да се викаат) се боцка овошјето и се брцка низ чоколадото.
Проблем е што ако не се изеде брзо, чоколадото се здрвува.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Домашен пудинг:

50 гр путер се стопува и во него се додава 40 гр брашно. Се пржи како за бешамел. Се додава 1 литар топло млеко со мешање со дрвена лажица (нешто помалку ако сакате многу погуст пудинг што не мрда ич), пополека за да не настанат грутки. Се додава 50 грама шеќер (помалку ако сакате да има вкус на црно чоколадо) и се остава да врие неколку минути...
Додадете 200 грама чоколадо за готвење, да се стопи во смесата (5 - 10 минути да врие по малку, со мешање),
Се става во садови за сервирање, да отстои малку надвор, па во фрижидер неколку часа.
И толку :)
 
Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Крем од лимон

Потребно:

- 500 мл. неутрална павлака
-120гр. шеќер
- 4 лаж. сок од лимон
- 1 лаж. рендана кора од лимон

Павлаката и шеќерот се варат додека не зовријат,потоа се додаваат сокот и кората од лимон.Кремот се става во чашки и се остава да се олади,потоа може да се декорира со шлаг или нешто друго по желба.
 
каj има неутрална павлака и од коj бренд?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Торта од вишни

1кг вишни
1кг бисквити или плазма
1 јогурт (најдобр битолски, погуст е)
1 шлаг пена
16 лажици шеќер

Над исчистените вишни се стават 16 лажици шеќер, се кршат бисквитите и се истура одозгора јогуртот. Се промешува смесата да се соедини и се става во фрижидер да се стегне. Одозгора се украсува со шлаг пена.
Ем вкусно ем лесно, полесно здравје ;)
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Би ве замолила доколку имате некои рецепти за приготвување на едноставни , брзи и вкусни десерти ( по можност чоколадни ) , но без употреба на миксер, да ги споделите овде.
Љубави, у 5 за 12 си отворила тема :D
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Бисквити или плазма + пудинг + хопла

Еден ред бисквити (пред тоа ги ставаш во млекце да омекнат), потоа додаваш пудинг, па пак бисквити, па пак пудинг...итн
На крај матиш хопла, и ја филуваш тортата, ја џиткаш в фризата ...
Останато се подразбира
Се надевам помогнав
:cool:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963

E sea da naprais i da donesesh :D
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Еј а замисли еден ред пудинг од карамела, еден од чоколадо..... а одозгора може и со топка сладолед, и со чоколаден прелив...... :vozbud:
nesakam da zamisluvam sakam da probam mmmmmmmmm a toa so vikas i edno jagodche na krajot vrz topkata sladoled ima da dojde m m m m :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom