Редовна војска повторно?

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
кои се физичките условите за професионален војник-колку склекови/стомачни/згибови и други работи,пошто кога објавуваат конкурс не пишуваат зато тука прашувам кој знае нека пише
мислам дека прво доброволно треба да служиш 3-4 месеци како регрут
 
Член од
6 декември 2014
Мислења
97
Поени од реакции
6
Ако сакаш да знаеш јас се пријавив,не ме примија пошто сум на факс,иначе за тоа шо прашувам си велам како за конкурс за полицаец пишаат колку треба склекови едно друго а кога објавуваат за војник не пишаат
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
Незнам колку е точно ама спред Associated Press Шведска повторно ја воведе воената обврска која ја имаше укинато но со таа разлика што сега таа ке бие обавезна и за мажи и жени. Не навлегов подетално што точно пиши па кој сака нека си провери на линкот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Јас мислам дека секој граѓанин задолжително треба да помине само обука за користење оружје највеке до позиции на пукање и основни тактички шеми и сето тоа во една до две недели, повеке од ова ми е безсмислено.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

то е само џабе фрлање пари и пак нема да има обучена војска за недајбоже
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Без модерно оружје генералите може да прават тактики само во стилот на 1-ва светска војна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.062
Ако сакаш да знаеш јас се пријавив,не ме примија пошто сум на факс,иначе за тоа шо прашувам си велам како за конкурс за полицаец пишаат колку треба склекови едно друго а кога објавуваат за војник не пишаат
За редовен војник не треба да правиш склекови за да те примат. Никогаш не требало. Во војска не служат само физички супериорини лица Армија е една сложена структура, составена од разни родови и буквално има работа за секого.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
то е само џабе фрлање пари и пак нема да има обучена војска за недајбоже
Наспроти, јас мислам дека тоа би било баш добро. Кога би имало бесплатна обука за мажите, па и за жените, во рок од недела две за користење на оружје и одбрана, како и обука за тоа како се постапува во време на војна, би било баш добро и корисно за населението. Но војска со времетрање од три месеци, па се до година или две, мислам дека е само губење на време од животот, а и еден период од животот на еден млад човек кој може да нанесе врз неговото физичко и психичко здравје само трауми.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Наспроти, јас мислам дека тоа би било баш добро. Кога би имало бесплатна обука за мажите, па и за жените, во рок од недела две за користење на оружје и одбрана, како и обука за тоа како се постапува во време на војна, би било баш добро и корисно за населението. Но војска со времетрање од три месеци, па се до година или две, мислам дека е само губење на време од животот, а и еден период од животот на еден млад човек кој може да нанесе врз неговото физичко и психичко здравје само трауми.
Војната е многу посложена работа од колку да научиш да наплониш пушка и испукаш 5 куршуми во мета на 100 метри далечина која не мрда и не возвраќа оган.
Мнооогу млади војници загинаа затоа што знаеа само да пукаат.
Со систем кој ти го мислиш само џабе пари ќе се фрлат за ќеиф на деца кои би сакале 2-3 недели да се играат војници и да пукнат по некој куршум
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Војната е многу посложена работа од колку да научиш да наплониш пушка и испукаш 5 куршуми во мета на 100 метри далечина која не мрда и не возвраќа оган.
Мнооогу млади војници загинаа затоа што знаеа само да пукаат.
Со систем кој ти го мислиш само џабе пари ќе се фрлат за ќеиф на деца кои би сакале 2-3 недели да се играат војници и да пукнат по некој куршум
Но во време кога животот тече во едно брзо темпо и во време каде образованието и барањето работа одземаат многу време, како и во време полно со стресови, војската во рок од три месеци, па се до една година, би била само еден период кој би можел да предизвика повеќе лошо отколку добро.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Но во време кога животот тече во едно брзо темпо и во време каде образованието и барањето работа одземаат многу време, како и во време полно со стресови, војската во рок од три месеци, па се до една година, би била само еден период кој би можел да предизвика повеќе лошо отколку добро.
и година дена е малце да од младо момче направи искусен војник. Затоа е најдобро професионална војска па кој сака и има желба и страст да си го посвети животот во униформа, чизми, оружје и постојани обуки да си биди вистински војник а тој кој е зафатен со стресни бизнис начин на живот да не си губи време со работи кои не го занимаат и не му требаат
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Војната е многу посложена работа од колку да научиш да наплониш пушка и испукаш 5 куршуми во мета на 100 метри далечина која не мрда и не возвраќа оган.
Мнооогу млади војници загинаа затоа што знаеа само да пукаат.
Со систем кој ти го мислиш само џабе пари ќе се фрлат за ќеиф на деца кои би сакале 2-3 недели да се играат војници и да пукнат по некој куршум
па не мора ни тоа, кој видел аир од војни, во војните мислат луѓето дека се борат за некои идеали, а уствари гинат ради нечиви интереси, кога ќе ги видам тие офицери и тие над нив кога ќе одат во војна е тогаш и јас би изразил желба да се борам со нив рамо до рамо, а додека тие уживаат во некоја канцеларија додека некому мозокот му е растурен од шрапнели, не фала.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
па не мора ни тоа, кој видел аир од војни, во војните мислат луѓето дека се борат за некои идеали, а уствари гинат ради нечиви интереси, кога ќе ги видам тие офицери и тие над нив кога ќе одат во војна е тогаш и јас би изразил желба да се борам со нив рамо до рамо, а додека тие уживаат во некоја канцеларија додека некому мозокот му е растурен од шрапнели, не фала.
кој офицер оди рамо до рамо да се бори?
кој министер за внатрешни работи со пиштол в раце брка криминалци по улици?
Кој мнистер за здравство оперира луѓе по сали?
Кој газда на фабрика седи на машина и работи
Ептен ви се детски муабетите
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
кој офицер оди рамо до рамо да се бори?
кој министер за внатрешни работи со пиштол в раце брка криминалци по улици?
Кој мнистер за здравство оперира луѓе по сали?
Кој газда на фабрика седи на машина и работи
Ептен ви се детски муабетите
епа зошто би гинел некој за такви амеби додека они го ладат у некоја канцеларија? Тоа ми беше муабетот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
епа зошто би гинел некој за такви амеби додека они го ладат у некоја канцеларија? Тоа ми беше муабетот.
не си служен војска, але еве пример, една помала единица, пешадиски батаљон, нејзин командант мајор, има под себе 3 чети, чета за огнена подршка, заднински вод, команден вод.... сето тоа распоредено на површина од пример неколку километри квадратни, кај него одат сите информации и тој треба да одлуччи за тактички потези, за логистики, за одбрана или напад, за фортификација.... или да постапи по добиена наредба од повисока команда, или да синхронизира содејство со соедни едници... а ти велиш да е во прввиот борбен ред со пушка во раце и да јуриша на неприател.
Леле колку би сакал да ми е неприателот таков, со команден кадар на прва линија!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom