Регистрирање на фирма?

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од Овердрајв, 18 јуни 2007.

  1. Delinda

    Delinda

    Член од:
    8 октомври 2009
    Мислења:
    773
    Допаѓања:
    238
    Што?:confused:o_O
    Регистрирање....обично...за смртници :pos:
    На concrete му/ѝ се допаѓа ова.
  2. concrete

    concrete alte Esel

    Член од:
    22 март 2005
    Мислења:
    9.020
    Допаѓања:
    657
    ...за ефтино, по направи сам метода ...види овде..:)
  3. Delinda

    Delinda

    Член од:
    8 октомври 2009
    Мислења:
    773
    Допаѓања:
    238
    Тоа го знам и јас одамна. Мислев дали некој се занимава со регистрација на фирми, не ја да се мотам натаму наваму. Немам време за таканаречениот едношалтерски срање систем.
  4. d_roskispi

    d_roskispi

    Член од:
    26 април 2012
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Me interesira dali osnovacot na firmata i voedno eden od dvajcata direktori moze da bide vraboten vo druga firma.
    Bidejki veke napraviv registracija na firma kade sum osnivac i direktor(ne ima dvajca), a sum vraboten vo druga firma , se plasam da ne imam problemi.
    Ako nekoj znae nesto okolu toa neka mi pomogne.
    Pozdrav, ...
  5. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.038
    Допаѓања:
    32.153
    Немаш гајле, можеш во 100 да си основач, а само на едно место да ти течат придонеси.
    --- надополнето: 26 април 2012 во 23:07 ---
    Јас да ти продадам фирма без обврски, една вишок имам. Озбилно. Поефтино од регистрација ќе ти ја дадам :)
  6. pLaToOn

    pLaToOn

    Член од:
    5 август 2009
    Мислења:
    1.186
    Допаѓања:
    412
    Немораш да имаш вработен, но во секој случај, раководителот ќе одговара во име на фирмата и во свое име исто како и кога би бил вработен. Партнерот, за кој не спомнуваш дали е вработен, евентуално може да има дополнителни последици од тип недобивање на здравствено осигурување како невработен и сл. кои и не се така страшни.
  7. Delinda

    Delinda

    Член од:
    8 октомври 2009
    Мислења:
    773
    Допаѓања:
    238
    Ај ќе ти пишам :)
  8. drozer

    drozer

    Член од:
    13 октомври 2011
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    2
    Decki, me interesira dali nekoj znae, t.e da mi objasni, sto tocno znaci ova:
    Ako dobivkata na firmata vo tekot na edna godina nadmine 2000000 den, togas firmata stanuva DDV obvrznik!
    Sto znaci ova DDV obvrznik? Kakvi posledici ima firmata togas, mislam jas kako edinstven nejzin upravitel i radnik:)?
    Ili ako znae nekoj kade mozam da najdam nesto da procitam...

    Vi blagodaram odnapred,
    Pozdrav
  9. pLaToOn

    pLaToOn

    Член од:
    5 август 2009
    Мислења:
    1.186
    Допаѓања:
    412
    Прочитај тука и тука ... и преврти по другите страници често пати е дискутирано.
  10. drozer

    drozer

    Член од:
    13 октомври 2011
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    2
    Значи да резимираме,
    Бидејќи јас ќе работам со странски фирми, а нели со нив не се пресметува ДДВ, како тогаш?
    За да бидам ДДВ обврзник, тогаш треба доста да работам со македониски фирми, бидејќи кога работам со странски и им праќам фактура, таа фактура е без ДДВ.
    На пример, сега треба да ми префрлат пари на сметка од странство, т.е од странска фирма и нормално на овие пари само ќе треба да им пресметам данок на добивка и персонален данок на крајот од годината. Така да колку и да бидат овие пари нема да влезат во игра за тие 2 милиони денари за да бидам ДДВ обврзник, така?
    Пошто од досега прочитаното тука на форумов, сфатив дека ДДВ обврзник се станува само за да можеш да работиш со ДДВ, т.е ако сакаш да бараш поврат на ДДВ или ако сакаат твоите муштерии на кои претходно сум им издал фактура со пресметан ДДВ да си го повратат, така?
  11. DadoTom

    DadoTom

    Член од:
    3 ноември 2009
    Мислења:
    1.089
    Допаѓања:
    372
    Доколку направиш толкав обрт стануваш автоматски ДДВ обврзник, без разлика од каде е изворото на тие средства. Ти фактурираш и примаш пари за тоа. Тоа ти е приход кој подлежи на сите давачки. Ако од странство ти префрлат пари тие влегуваат во твоите приходи и ако го надминеш износот ќе станеш ДДВ обврзник.

    Инаку ДДВ пресметуваш за сите услуги кои ги даваш на територијата на Република Македонија, без разлика кој е клиентот. Во зависност од обртот ДДВ пресметка правиш месечно, квартално или годишно.
  12. concrete

    concrete alte Esel

    Член од:
    22 март 2005
    Мислења:
    9.020
    Допаѓања:
    657
    ..тоа што го наплатуваш е само интелектуална , нематеријална работа или во неа има вградено нешто што си го купил во МКД со фактура на која е пресметан ДДВ??? При извоз се враќа тој ДДВ , кој ти си го платил на добавувачи во земјата. На својот дел..при извоз не пресметуваш ДДВ.
    Ако работиш само со странство, а сумата е мала , не мораш да бидеш ДДВ обврзник. На парите кои ќе ги фактурираш плаќаш данок на добивка, а на она што од парите ќе ставиш во џеб и персонален данок...и двата по 10%. Уште фирмарината како трошок и толку. Под услов ако работиш од дома и немаш други трошоци кои се признаваат во пресметката како трошок....како платата, давачките по плата.. итн.:)
  13. pLaToOn

    pLaToOn

    Член од:
    5 август 2009
    Мислења:
    1.186
    Допаѓања:
    412
    Бидејќи јас ќе работам со странски фирми, а нели со нив не се пресметува ДДВ, како тогаш?
    - ДДВ обврзник можеш да бидеш и со промет 0 (нула), но тоа само по сопствена желба. Задолжително стануваш ДДВ обврзник по надминување на долната одредена граница, при што не е битно каде е направен прометот.

    За да бидам ДДВ обврзник, тогаш треба доста да работам со македониски фирми, бидејќи кога работам со странски и им праќам фактура, таа фактура е без ДДВ.
    - Во основа, ниту една крајна цена на производ или услуга не е без ДДВ. Тоа што при извоз имаш ослободување од ДДВ е точно, но исто така е точно дека и цената наведена во фактурата е составена од повеќе елементи кои во себе содржат ДДВ. Ова ќе го воочиш ако едноставно седнеш и направиш разложена калкулација на крајната цена. Тоа што во некои фактури не е изразен ДДВ, не значи дека истиот не е вкалкулиран. Има фактури кај кои ДДВ не е изразен поради тоа што оној кој што ја составил не е обврзник за ДДВ но и фактури кај кои не се појавува ДДВ поради тоа што имаш даночно ослободување за прометот.

    На пример, сега треба да ми префрлат пари на сметка од странство, т.е од странска фирма и нормално на овие пари само ќе треба да им пресметам данок на добивка и персонален данок на крајот од годината.
    - Данок на добивка да, задолжително на добивката. Персонален само во одредени ситуации (ако парите ги вадш од „игра“ како дивиденда, трошоци,...)

    Така да колку и да бидат овие пари нема да влезат во игра за тие 2 милиони денари за да бидам ДДВ обврзник, така?
    - Ќе се рачунаат без разлика каде е направен прометот.

    Пошто од досега прочитаното тука на форумов, сфатив дека ДДВ обврзник се станува само за да можеш да работиш со ДДВ, т.е ако сакаш да бараш поврат на ДДВ или ако сакаат твоите муштерии на кои претходно сум им издал фактура со пресметан ДДВ да си го повратат, така?
    - Начелно да, се до оној момент додека не ја надминеш долната граница на промет по што по автоматизам влегуваш во група на ДДВ обврзници.

    .....
    Зошто имаш проблем да станеш ДДВ обврзник? Еве по точки што ќе се измени:
    - Во работењето со странство постапката на фактурирање нема да претрпи измени
    - Ќе ти се искомплицира сметководството со тоа што ќе треба да поднесуваш и ДДВ пријави, но претпоставувам дека најмалку 1 година би бил годишен обврзник, односно еднаш годишно би поднесувал пријава.
    - Иако не пресметуваш ДДВ кон странците, на целиот ДДВ кој е дел од твојата крајна цена ќе можеш да правиш поврат. Колку и да не работиш во Македонија сепак плаќаш струја, телефон, интернет, ...

    Заклучок: не губиш ништо, не се секирај. Наместо тоа, седни направи план како правото на поврат практично ќе го искористиш како придобивка (на фирмата).
  14. drozer

    drozer

    Член од:
    13 октомври 2011
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    2
    Vi blagodaram na site za vasite odgovori, dosta korisni informacii...

    Ajde "OSMELI SE" IDEME SAMO NAPRED, ili kako bese taa narodnata: Vikaj ura i begaj nazad:)))

    Golem pozdrav do site,
  15. concrete

    concrete alte Esel

    Член од:
    22 март 2005
    Мислења:
    9.020
    Допаѓања:
    657
    А бе човек што паничиш.., најважна работа за секој бизнис , за мал посебно, е да има константно работа и прилив на пари..не мора да се големи пари, клучниот збор е постојаност... Ако е така , нема никакви проблеми ни со данок, ни со бутур. А проблемот настанува кога нема проблем...т.е. кога нема пари.
    Ако ти е бизнисот кој го спомнуваш константен и изгледен буткај фирма , ако не е..... наплати што имаш да наплатиш на било каков можен начин и викај ура, бегајќи назад:) :)

Сподели преку: