Реална слика за издавање станови во Скопје

T

Tetro

Гостин
Кога му снемаа пари ни кирија не плати,а остави еден куп сметки мамичето негово.
За понатака, прајте си договор. Секој месец ќирија со датум на исплата, + пари за сметки, со потпис твој и негов.
Чист бизнис. Потстанарот треба да ти биде и пријавен во МВР, со привремено место на живеење (кошта некои 150-200 денари, ама не ви се даваат пари, нели), па после нека бега. ;)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
За понатака, прајте си договор. Секој месец ќирија со датум на исплата, + пари за сметки, со потпис твој и негов.
Чист бизнис. Потстанарот треба да ти биде и пријавен во МВР, со привремено место на живеење (кошта некои 150-200 денари, ама не ви се даваат пари, нели), па после нека бега. ;)
Веруј за 150-200 не се проблем,па и више нека се..........за да бидеш сигурен дека се ќе ти стигне не е тоа проблем.Не сме такви цигани.Него фората е што мајка ми ги знае неговите,од ист град се,па ај преку нив.И ко божем сигурен беше.........А и прв пат издававме стан тогаш.......друг пут така не.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Темава ја отворам од економска гледна точка на една мала, но растечка група на граѓани во Скопјево. Верувам дека истава нема да заврши на буниште наскоро. :)

Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...

Се јавуваме на неколку огласи дадени во огласникот 24 (излегува со Вест, Утрински, и Дневник, ако не се лажам), преку неколку веб огласници reklama5, pazar3, и некои други.

Ме иритира тоа дека има многу "газди" на станови кои живеат веќе таму фамилијарно и издаваат соба/две со пренапумпани цени, притоа забрануваат да се користи една скапана перална која ја имаат, забрануваат да си готвиш храна, забрануваат било кој да ти дојде во посета (за едно кафе пиење бре, за едно пола саат видување).

Кај отиде светот?


Целта на дискутирање ми е: дали сте до толку отепани финансиски, па сте решиле да издавате една соба со мизерни услови на живеење, по толку напумпани цени, па и куќен ред кој го немало ниту во Аушвиц?
и после во Охрид било скапо и биле никакви собите ... само да се мрчело ...
 
Член од
9 февруари 2014
Мислења
25
Поени од реакции
36
Живеам во град во кој може да се каже дека нема хотели. И доколку ти дојде некој гост или пак не дај Боже, деловен човек, немаш каде да го сместиш. Ми падна идеја да започнам со изнајмување станови ( апартмани) за краток престој (short time rentals). Би изнајмила станови од лица кои изнајмуваат на подолг период, би ги адаптирала и изнајмувала на дневна основа. Дали има некој такво искуство и ако има добро би ми дошла секоја сугестија. Исто така никаде не можев да најдам насоки за отварање на Агенција за недвижности, лиценци потребна документација и.т.н
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Бидејќи темава е конкретно за Скопје, изгледав доста станови летово и есента кога баравме, и можам да кажам дека скопјани едно вишок вц да имаат во стан, и тоа стан ќе го направат за да извлечат пара од него.

Претходните години живеев во стан кај што газдите беа подолу од нас. Приватност немавме никаква, ги интересираше буквално се, дури си даваа за право да ми коментираат кој и како спие кај мене, дали тој истиот бил добар за мене и слично. Више барање на станови кај што се дели станот, или се блиску газдите, големо НЕ.
Некои и по договарање на телефон можеш да ги осетиш колку се културни и воспитани, а срамота е што се работи за постари особи. Ти кажуваат дека се работи, тоа има, ова има, она има, а одиш и гледаш дека се е во фаза на распаѓање. Али сепак, мора да видиш нели.
Има и такви кои се фалат дека имале уште 2-3 заинтересирани страни, али можеле да намалат малце од киријата. Ахм.
Видов и стан (ова во наводници) којшто беше буквално ко тие малите собчиња за летување што се, пола од зградата беше распадната, внатре беше ... па да не претерам, али и најлошо распоредениот подрум би бил поарен. Тоа беше за цена од 140 евра месечно + трошоци нели, на почеток на Аеродром. Таму еден дожд посилен или пак снег и има сите тенџериња да ги ставиш во употреба водата да ти ја соберат. Срамота.
Се изнагледав буквално мизерии за 200 евра од 30 квадрати. Никој не им бара луксуз некаков, али да е нешто функционално, да не изгледа ко од подрум извлечено и лупнато колку да се намести нешто.
Овој сега е ок донекаде, цената е исто ок, мене лично најќефска ми е локацијата, зашто сегде кај што се движам ми е блиску, пари за автобус не памтам од кога немам дадено. Али во глобала, ич не е сјајна потрагата по станови.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
EVE od mene.
Dvosoben stan vo avtokomanda,kujna baska e, + kujna na eden zatvoren balkon,vseliv od deneska, namesten ama ROGOLDISAN,treba cistenje i nekoj sitni popravki.
Go izdavam na nasi KAJGANA lica, za cena od sega do Nova godina za 100 E,za site meseci mu doaga po 1000 denari.
Od januari natamu po dogovor, startni 30 E mesecno za naredni 6 meseci, potoa ke vidime.
( se mislam samo ne na neraminajkovci,znam koj tuka spagaat)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom