Разговор со детето за секс

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Детски секс прашања

Кога децата ќе почнат да стануваат љубопитни за „скокотливите“ теми како што е сексот и се’ што е во врска со него, родителите се оние кои треба добро да одиграат.

Мислењето е поделено. Едно мислат и зборуваат психолозите друго свештените лица. Првите, секогаш се подостапни и поинтересни иако веќе толку добро се знаат препораките на овие стручњаци што можеби интересно би било да се слушне нешто поинакво и ново.

Мастурбацијата психолозите не само што ја сметаат за нормална туку и ја препорачуваат, затоа што таа релаксирала и причинувала задоволство. Единствено што треба родителите да направат за своите деца било да кажат дека не се онанира јавно, туку на само.

Врсниците обично се чувствуваат „важни“ кога за половите органи користат некои прекари или скратени имиња, како „петел“, „стап“, „баскети“ и сл.

Според психологот д-р Џоан Кембел родителите треба да ги користат вистинските имиња на органите, доколку го водат разговорот пред своите деца затоа што ако го користеле жаргонот, кај детето ќе предизвикале чувство на срам.

Децата треба да се научат дека не можат кога сакаат да влезат во тоалет и да ги видат своите родители голи. Но, сепак не треба да се прави „фама“ доколку тоа се случи, повторно, да не би се фрустрирале децата, од голотијата на своите родители треба да се реагира природно.

Околу репродуктивните функции на човекот и интересот за истите кај децата работите стојат вака.

Родителите треба да искористат некоја книга во која има цртежи или пишува за тоа како луѓето се размножуваат. Се разбира дека тоа не треба да биде порно списание или „камасутра прирачник“, советуваат психолозите.
 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
Да да добра тема. Незнам јас тоа, ама ... мислам дека е добро децата уште од најмала возраст да дознаат како дошле на овој свет,ама се разбира да не испробуваат на комшивчето од другата зграда
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Вашето дете веќе не е мало и е во години кога почнува сексот да му станува занимлив и интересен!Безброј прашања во вашата глава ,а сепак неможете да ги одговорите,но сепак сакате да поразговарате во врска со темата.На кој начин?Од која возраст?
Имам читано дека детето во мала возраст 7-8 години подобро ќе те разбери и свати отколку пубертетлија.
Зборовите треба да бидат пажливи и треба да се биде отворен и со нивен речник,а не на голема маса со свеќи како да се предава политика.
Признавањето дека сексот е позитивен(колку ли тоа да е тешко)е само еден чекор напред,отколку да се зборува „Нееее каков секс,ти си уште мала/мал за тоа!„на тие зборови едноставно се исклучуват и нема да ве слушат.
Дали опуштеноста помага?
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Во зависност од тоа како се имаш поставено кон твоето дете. Работите што занего стануваат занимливи треба да му ги кажиш добрите нешта, не грешките. Сепак ние учиме од грешките, но ако учиме од своите грешки многу ќе платиме! Најдоброто нешто за да се каже е мислам: Не бери гајле не е нешто посебно и тоа иде во нашиот живот, само пази да не се повредиш затоа ќе ја користиш главата што ти стои на рамена и секогаш размислувај однапред за последиците :)
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
Samo po sebe ke si doznae sto i kako...nie sami se ucevme:)
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Мислам дека треба отворен разговор, но со внимателно одбрани зборови.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Тема на која многу пати сум размислувала ...
Не знам дали еден ден би имала до толку слобода на моите деца да им зборувам отворено во врска со ова, да ги советувам и да им објаснам. Не сум ја имала таа слобода со моите родители и сеуште ја немам па затоа ми е несватливо некако. Во секој случај мислам дека тоа ќе го организирам поинаку ... ќе ги научам да имаат доверба во мене, да не се плашат ништо да ми кажат и да ме прашуваат се што сакаат да знаат дека нормално би им помогнала најмногу. Со самото тоа може и мене ќе ми е полесно да почнам еден таков разговор, а може и тие некако ќе започнат па ќе се отвори муабетот ... верувам дека ако дојде до тој момент после ќе е лесно ... важно некако да се скрши мразот дека сепак не е едноставно.
А за тоа на која возраст да се разговара за секс ... незнам ни тоа ... секогаш за родителот детето останува дете и не верувам дека ќе дојде момент кога ќе си кажам дека е спремно за тоа ... секое дете си е различно, различно се развива, различно размислува, па мислам дека неможе да се глобализира една возраст која би важела за сите ... времето само си ги покажува тие моменти, само треба да не се остават да ни се лизнат низ раце дека колку и да ги занемаруваме доста се важни.
 

Marata

kinky
Член од
9 мај 2006
Мислења
473
Поени од реакции
3
Мене многу ме нервира што нема сексуално образование по школите. Мислам дека тоа е совршен начин детето да добие потребни инбформации за своето тело и за телото на спротивниот пол, без препотувањето и петелчењето на родителите. Ама кога ќе созрееме за тоа...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Која возраст? Појма немам, ама знам дека брат ми на 11 години знае се, не можеш да го лажеш дека штркот ги носи децата. Во многу прилики стресувал по нешто, па ми бил смешен. Сум се обидувала да го прашувам што тој разбира под тоа, каква претстава има за целиот сексуален чин, но после тоа се срамел да разговара за тоа. Сум се обидувала да го опуштам и да почне да поставува прашања, но секогаш се црвенее во обравчињата од незгодно што му е. Само знае дека со мене може да разговара за било што, секогаш сум отворена за било какви прашања. И не верувам дека некогаш би се променило тоа и со моите деца.
Иначе барем кај мене дома сите сме отворени и отворено секогаш разговараме за тоа, па не гледам некој проблем да му се објасни и сега.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас сум за тоа дека сексот треба да остане табу тема во семејството. Односот дете - родител, бар по мене, не е таков што допушта муабети како „и ќерко, ние тебе те напрајве еднаш кога се вративме од слава, на подот во WC” или она попопуларното „веќе си голема и треба да знаеш дека ти дојде на светов откако девет месеци пред тоа татко ти сврши во мене”. Во училиште да има сексуално образование - можеби и е прифатливо, али дома мислам дека нема потреба...
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Задача на родителот е да му влее доверба и голема блискост на детето за тоа понатаму во животот не се срами да праша било што. Секако, родителот треба во секој момент да е подготвен да даде добар одговор и на најсоодветен начин истиот да му го долови.
 

Marata

kinky
Член од
9 мај 2006
Мислења
473
Поени од реакции
3
Анастазија напиша:
Јас сум за тоа дека сексот треба да остане табу тема во семејството. Односот дете - родител, бар по мене, не е таков што допушта муабети како „и ќерко, ние тебе те напрајве еднаш кога се вративме од слава, на подот во WC” или она попопуларното „веќе си голема и треба да знаеш дека ти дојде на светов откако девет месеци пред тоа татко ти сврши во мене”. Во училиште да има сексуално образование - можеби и е прифатливо, али дома мислам дека нема потреба...
О колку не се сложувам со тебе! Се додека нема сексуално образование во школите родителите МОРА да им појасната на децата накои работи. Сексот воопшто не треба да биде табу тема. Нормално, ти нема со мајка ти да збориш за пози, ама има многу други работи во врска со сексот кои за кои мајката би требала да збори со својата ќерка, на пр. контрацепција, заштита, секс во врска... Сексот е природна работа и нема зашто родителите да се прават мутави дека не постои такво нешто, дека тоа е нешто безобразно и дека нивните деца немаат секс.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Таква отвореност е несвојствена за повеќето нормалми семејства Маро! Не знам зашто на толку многу од младите не им е јасно дека родителот не е другар. Во животот можеш да имаш неверојатно многу пријатели, со сите нив можеш слободно да разговараш за секс, пози, контрацепција. Али имаш едни родители. Никој не порекнува дека сесксот е природно нешто али тој муабет не е за со мајка!!!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
Анастазија напиша:
Таква отвореност е несвојствена за повеќето нормалми семејства Маро! Не знам зашто на толку многу од младите не им е јасно дека родителот не е другар. Во животот можеш да имаш неверојатно многу пријатели, со сите нив можеш слободно да разговараш за секс, пози, контрацепција. Али имаш едни родители. Никој не порекнува дека сесксот е природно нешто али тој муабет не е за со мајка!!!
И ти забегуваш Анастазијо. Никој тука не збори за дискусии со родителите од типот на свршување, голтање, пози, камасутра и слично, освен ти. Не ја изобличувај дискусијата.

Што се однесува на делот: „во животот можеш да имаш неверојатно многу пријатели, со сите нив можеш слободно да разговараш за секс, пози, контрацепција. Али имаш едни родители"... Точно, но не верувам дека на таа возраст (пред пубертет и пубертерската возраст) некој ти мисли подобро од родителите, а не верувам ни дека мрсулавите другарчиња знаат да ти објаснат нешто битно за сексот (како тоа зошто се користи кондомот, што е сида, како се пренесува...).

За такви муабети збориме. Работи кои секој родител би требало да му ги објасни на своето дете. Тоа не е некоја табу тема. А за пози, прскање, каде ти е најлезетски да ти свршат (и слични маалски муабети) нормално дека ќе разговараш со другарките, но откако ќе ја поминеш добата на детство.

Се надевам дека ти стана барем малку појасно каде ја „загуби“ поентата на темата...
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Ti e muabeti koga mi gi pocnaja doma samo mu kazaf deka ceca koja e 11 god postara mi gi napraeno i tolku bese .
A kaj nas doma rado ke prepustam maz mi da gi zemi ie diskusi i bez ona corapi dali koristish sine :)))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom