Работа на брод

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Најверојатно е поставувано прашањето ама не можев да најдам на последнице страни па ако може некој да ми каже колку трае целата процедура,откако ке аплицираш до заминување и колку пари ти се потребни одприлика оти ми кажаа околу 1800 евра а јас имам слушнато многу помалку.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Зависи каква ти е среќата, од тоа што сум го зборел со луѓе, а и тоа што го пишуе на темава (замисли се згнав да прочитам малце поише :)) Прво, зависи од тоа коа ќе аплицираш дали се бара позицијата на која што аплицираш, може да имаш интервју за недела дена, а може и за 3, 6 месеци. Ако поминеш на интервју, исто зависи колку кандидати имало и дали исполниле квота од компанијата и колку луѓе им требале за таа позиција, може дури и ако си прошол да чекаш од 2 месеци, до 8-10 да речеме. Трошоци, зависи од компанијата, дали ти плаќаат авионска карта, дали треба да имаш STCW95 тренинг што чини 550 евра и зависи од тоа каде треба да се качиш на брод. ако леташ до L.A. и компанијата не ти плаќа авионска карта, може и до 1800 да стигне со сите други трошоци. Ако се качуваш во европа, можеби ќе пројдеш и со 800-900.
 

fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
459
Поени од реакции
376
преку коузон мене ме чинеше се вкупно, обуки, провизии, до куфер и четка за заби 1500, се качив од мајами само картата ми беше 700 долари а од европа би требало да е 30 до 40% поефтино
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Да не знае некој каде и колку чини STCW95 обука и каде може да се земе истата ? Може и ПП
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Секоја компанија е различна приказна. Некои плаќаат лет, некои не, а некои накнадно рефундираат. Лекарско и виза некои компании рефундираат, некои не. Башка што сите ти праќаат листа на работи кои треба да ги понесеш со себе пред д се качиш на брод. Башка што треба да си носиш пари со себе за да имаш додека да почнеш да зимаш плата, тука би ставил некои 200-300$ џепарлак. Мене севкупно пред 3 години за фотограф ме фати околу 1500 евра. Дел од трошоците си ги покривав сам од платата од претходното работно место (општинска администрација), а дел татко ми подигна кредит.

Тренингот STCW некои компании го реализираат на копно, пред да се кчиш на брод, некои после. Интересно е што на пример Дизни не признава доколку тој тренинг го имаш направено со друга круз компанија и мораш се од почеток :)
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Да не знае некој каде и колку чини STCW95 обука и каде може да се земе истата ? Може и ПП
Кај нас сеа коузон отворија тренинг центар за STCW95 и колку што знам, чини 550 евра. Освен оваа опција, имаш у странство ваљда...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Канал5 на својот сајт имаат ставено заштита да не им ги копираат вестите, ама во дигиталнава ера нема нешто што може да бид заштитено :)))) Се работи за статија превземена од Net.hr таблоиден портал (Точка, Мотика... пенис се тресе во ладна вода) И да не должам, текстот:
Работата на крузерите можеби звучи како совршена - патување по светот, запознавање на различни нации и одлична плата, но оваа работа е се само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузните пловечки хотели ги откри Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival cruise“ кој го одработил целиот договор беа давање отказ.
- Како келнер на бродот “Carnival’s Legend” работев 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, после тоа едноставно престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара на одработените часови, поради што ретко ќче видите работници од развиените земји. На „Легендата“ добивав вкупно два слободни ручеци секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. А често и во полноќното бифе. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот едноставно ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, колку ви е температурата во кабината, апсолутно се, вели Брајан.
Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат натискани во кабините како сардини без нималку приватност и дека се платени неверојатно малку, работниците морале некако да преживеат. Во тоа им помагал сексот. Многу секс и исмејување со гостите.
- На крузерите сите имаат секс со сите. Тоа е исклучителна прилика да го „вкусиш светот“ ако можам така да се изразам. Екипите се ротираат на неделна база, па нова бродска романса е секогаш достапна, ја продолжи Брајан приказната.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Ме интересира доколку си на најниската платена позиција,и со средно трошење колку би можел да имаш чисти пари кога ке се вратиш?Јас се мислам дали да аплицирам,ама што направив некоја пресметка отприлика еве ако земам 900 долари плата,за 7 месеци би заработила 6300$ .Кога од тие пари би ги одбила 1500 евра што го даваш пред да отидеш,и парите што би ги потрошила остануваат отприлика 3000$ чисти можеби и помалку.Знам дека не се прави математика пред да се отиде ама со оглед на тоа што јас би одела претежно поради финансиски причини,не ми изгледа многу привлечно да работам 7 месеци по 12 саати секојдневно за да имам на крај 2000 евра чисти пари.Што мислете вие?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Мислам дека си го утнала курсот на доларот. Мнооогу е блиску до еврото.

Второ, зошто поаѓате од НАЈНИСКА позиција, дај аплицирајте за нешто фино и пристојно платено. Имате продавници, детска грижа, фото, казино.....

Не знам ти со што се занимаваш и колку заработуваш, ама јас напуштив државна работа за да работам на брод и воопшто не се каам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Мислам дека си го утнала курсот на доларот. Мнооогу е блиску до еврото.

Второ, зошто поаѓате од НАЈНИСКА позиција, дај аплицирајте за нешто фино и пристојно платено. Имате продавници, детска грижа, фото, казино.....

Не знам ти со што се занимаваш и колку заработуваш, ама јас напуштив државна работа за да работам на брод и воопшто не се каам.
Не дека сум луд по бродови и по работа на брод, но чисто да те прашам:

Не бараат знаење и искуство за тие работни позиции - продавници, детска грижа, фото, казино ?

Те прашувам онака, бидејќи овде во Македонија за работа на копно се бара искуство - и врски се разбира - а таму по бродовите ?

Чисто ради убавина даваат работа или има некои основни услови кои мора потенцијалниот продавач/забавувач/фотограф/дилер да ги исполни ?
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Добро сега се качил доларот,јас го сметав околу 45 денари.Во секој случај не менува којзнае колку,може да се намали за кратко време.Инаку јас секогаш ја земам во предвид најпесимистичката опција,па ако таа ми одговара се друго е плус.Таква ми е математиката :) А јас мислев доколку аплицирам,да аплицирам за нешто во bar department,бидејки за чистење прочитав многу негативни коментари а и ass waiter било доста тешко.А за овие другиве мислам дека многу се чека а јас ако одам сакам побрзо да заминам.Не работам ништо тука моментално,сега наскоро ќе дипломирам па не сакам да одам на брод за пола или една година бидејки до тогаш може ке најдам работа по струка па нема да сакам да ја напуштам за да одам на брод.Така што идеално би ми било за два три месеци да одам.После ќе одам до мајоми да прашам па ако има нешто ќе пишам тука,друго е кога ти дава совет некој што бил.Фала
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Хух, 2-3 месеци е многу оптимистички :) КАко и да е, прбај :)

Декстер, сеа ќе ти пишам за фото бидејќи тоа работам. Само весела насмефка и желба, во пследно време платите во фото се од 1000-1500 долари па нема некоја турканица за да се вработуваат фотографи.
За продавниците мислам дека бараат претходно работно искуство кое може и фалц да се направи, само биди уверлив на интервјуто за работа.
Детска грижа мислам дека треба соодветно образование, или нешто слично.
Казино, колку што имам разбрано на интервјуто имало симулација на работен ден в казино, така да ако имаш фат поминуваш, мада за ова не сум сигурен, ова ми е што сум читал други луѓе по други форуми. Јас лично досеа неам работено на брод со казино.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Хух, 2-3 месеци е многу оптимистички :) КАко и да е, прбај :)

Декстер, сеа ќе ти пишам за фото бидејќи тоа работам. Само весела насмефка и желба, во пследно време платите во фото се од 1000-1500 долари па нема некоја турканица за да се вработуваат фотографи.

...
Ти благодарам за одговорот.

Кај мене дома сестра ми донесе некој скап фотоапарат Canon EOS700D кој се плашам да го допрам бидејќи не е наш, туку нејзина пријателка и го даде на кратко. Но јас не се занимавам со фотографија, а и самата помисла да бидам задолжен за скапа опрема која може скапо да ме чини во случај на оштетување ми ја крева косата.

Само насмевка и добра волја за влез се доволни,
овде можеш да најдеш што нигде не се наоѓа...


 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Се извинувам сакам да прашам нешто: дали некој знае отприлика колку се платите за казино деалер (и општо платите за во казино)? Ви благодарам.
 

fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
459
Поени од реакции
376
Се извинувам сакам да прашам нешто: дали некој знае отприлика колку се платите за казино деалер (и општо платите за во казино)? Ви благодарам.
na Celebrity za casino diler 1450 minimalnata a moze da se kazi do 1900, za slot technician/ attendant 1200/300, cashier 900 minimalnata, za sekoja pozicija na brod treba prethodno rabotno iskustvo ama toa se lazira, a za kazino diler pravat table test.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom