Работа на брод

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Порано имаше една да речам изрека за поповите - Попот не вика НА, само ДАЈ!
Што ќе ти земат, не очекувај да ти вратат..било кој, не само Коузон. Македонија е ова! Земја на чудата.
Исти ко Контекст, само шо можиш да ги зафркниш и сам да си најдиш работа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
...

За на крај јавно кога ќе ги повикаш да те здупат и да те блокираат од некоја си ФБ страна (на која патем сеуште сум член со друг профил и ако сакам уште 10000000 профили ќе направам!) и да се филмаат како да се во Холивуд а уствари газдата им е обичен мајмун од Прилеп! Да не ме разбере некој погрешно и јас сум со прилепски корени ама не сум толку расипана како Зоран:cool:

...
Му бев јас на презентација пред некоја година на мајмунот Зоран - тогаш немав работа и се мислев да одам на брод, но самиот мајмун од Прилел - немој да се навредиш бидејќи си од Прилеп, јас не вршам генерализација - така убаво изнатропа триста и кусур глупости што човек буквално ќе помисли дека живее во Либија каде што има анархија или во Ирак, каде што во некои градови озрачени од бомбардирањата со осиромашен ураниум, многу бебиња умираат пред својот прв роденден.

Ти посакувам среќа за да успееш да се качиш на брод без посредување од агенција, па да дочекаш и на другите да им објасниш како и тие да се качат на брод без посредување.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301

Не сум од Прилеп, од Скопје сум. Ама по татко сум, од тоа не се бега :icon_lol:
И не ме навреди, не се секирај. Мајмун кажан како збор кон Зоран и мајмун кон нормален човек се две различни работи:pos:

Кога ќе седне човек на презентација во Коузон си мисли дека е во некој вселенски брод. Си викаш - добро бе, јас не припаѓам тука! Не сум толку отиден со паметот..
После почнува перењето на мозок, објаснувањето дека за нас најдобро е да почнеме од фамозната assistant waiter позиција и да догураме нагоре. Ама никој не кажува дека за да догураш нагоре ти треба или многу среќа или многу знаење и добри молитви, да не е менаџерот од Индија или таму преку 7 ридови и планини..

После продолжува со еден збор кажан околу 150 пати, а тоа е банана смајл! Да да, ќе се смееш од 6ка до 6ка и оро ќе играш ако треба.
Откако ќе ти се одјадат бананите за век и векови, ќе ви кажат неколку збора за платите и за тоа како се зема многу голем бакшиш, ама не кажуваат дека ако гостинот е незадоволен може да го повлече бакшишот (ова мислам не важи за сите компании, ама знам луѓе што не само го повлекуваат туку и добиваат гратис крстарења поради некои си Х причини)
Има многу работи што не кажуваат, ама ај да не зборам многу, може ќе најдат врски и ќе ми забранат и од Македонија да излезам:pos:

Муабетот ми беше, на презентацијата ќе слушнете се само не нешто корисно! А ако сеуште сте решени да аплицирате, 500 денари и ќе чекате.. За на крај да ве одјебат...

А на тебе фала ти, јас ќе успеам и ќе се качам, некако сум убедена во тоа. Имам добро CV, јазик и до сега супер ми оди по работиве:)
Се надевам дека и ти еден ден ќе си ги оствариш соновите ;)
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Јас ги препорачувам Мајоми, отидете во Мајоми, ако сте сериозни ќе отидете за неколку месеци, ако не сте сериозни, исто ќе ви биде со било која компанија.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
Ме интересира дали ќе биде забрзана постапката /чекањето за за минување на брод ако имате бугарски пасош и познавање на англиски и германски јазик...Сакам да отидам еднаш или двапати на 3 месеци ..Не сум јас да работам постојано на едно исто место и да е поплатено едноставно не сум таков тип по некое време станува монотоно!
 
Не можеш да отидеш на три месеци (не можеш да отидеш ниту тебе кога ти одговара, ако сакаш за летен одмор како некои), договорите се обично 6-9 месеци. Немам слушнато до сега за 3 месечни дог.
На некои повисоки позиции ротацијата е 4/2, ама најкратко сепак се 4.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
мхм мхм а периодот до заминување со посредување на карти избирање агенции и се останато пак ќе трае долго време ? од што зависи времето до заминување ?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
мхм мхм а периодот до заминување со посредување на карти избирање агенции и се останато пак ќе трае долго време ? од што зависи времето до заминување ?
Зависи од потребата на компанијата.
Избирање агенции, посредување карти..баш си ми нејасен тука.

Имаш неколку чекори:
Преку Коузон
1. Презентација (глупава работа за која ќе ти отидат 2-3 саати)
2. Го предаваш ЦВ-то таму или можеш пред тоа по мејл да им го пратиш (или после тоа, сеедно)
3. Прелиминарно интервју
4. Тука под 4 може да те натераат на обука да одиш, 100 евра на гладно. Зависи од позицијата, може да научиш нешто а може и ништо.
5. Чекаш, чекаш и по некоја случајност дочекуваш главно интервју.
6. (Ако поминеш) чекаш да те повикаат, кога ќе добиеш LOE тогаш правиш медицински тестови, вадиш виза и си плаќаш провизии (пази, не смеат да ти бараат провизија АМА БАРААТ!), карта и слично. (има некои компании што плаќаат билет, ретки се!) Има и компании што бараат пред да ти испратат LOE да направиш мед. прегледи.
7. Бај бај Македонија, хелоу бродски живот.

Сигурно има некое чекорче што го скокнав, не многу битно.

Преку Мајоми мислам ги имаш овие под 2, 3, 5, 6

Се на се, до 5ти чекор можеш да поминеш за 1-2 недели (а слушнав за девојка што неколку месеци чека само за прелиминарно, кај овие коузоновциве). Главното интервју може да ти биде за недела, месец, 3-4 месеци...зависи која компанија и зависи од нивните моментални потреби!
Најчесто тешкото доаѓа после главното интервју, има луѓе што чекаат и по 11 месеци од интервјуто..
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Имав еден познаник кој аплицираше директно во MSC во нивното преставништво во Хрватска.Знам дека помина без многу зезање и чекање.Едноставно требаше само тестовите да ги направи во Хрватска и да потпише некои договори.Слушам преку братучедот дека не се жали и дека му било добро.Во годината има 3 месеци слободни.

така да пробајте си преку МSC хрватска.Пишете си некој емаил.Би требало да завршите работа
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Интересна работа, Коузон по некоја случајност станал голем лузер:гик:
Додека Зоки се шета низ Америка сликајќи ги претставништвата на Ројал, Селебрити, НЦЛ итн, полека пропаѓа. Не знам дали и ќе му дозволат да влезе во нив а не па да соработуваат:pipi:
Не е веќе партнер на Ројал, Селебрити и веројатно сите сестрински компании ниту за Македонија ниту за било која друга земја каде што имаат канцеларии. Тоа може да се провери на официјалните страни (во случај да мислите дека измислувам:pos:)
 
Банана смајл за прилепчанецот кој успеал да избега од тутунските полиња во Прилеп и да стане успешен бизнисмен во Скопје. :icon_lol:
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
Значи сите овие гласнини што се шират за Коузон се сепак вистинити. И јас сум на листа на чекање за youth staff веќе некое време. Ама добро е што само тоа “петстофче“ го имам само платено а не и тие смотаните обуки. Читав еден текст што најверојатно е изваден од Коузон дека балканци, поточно Срби и Босанци се банирани за работа на Ројал и ред други компании поради фејкање на повреди на работно место па тужби па ова па она. Но како одговор на ова, револтиран Србин враќа контра дека е уствари измишлица на Коузон кој се штити со ваков муабет бидејќи изгубил лиценца за работа и посредување.. сега вие видете до кај е стигната работава. :tapp::ROFLMAO:
Енивејс.. бидејќи планирам да играм на друга карта, директно контактирање на бродската компанија (кој знае, можда ќе ми се посреќи) или мајоми, ме интересира дали мајоми посредува со Ројал или сеуште е само со Карнивал?
Фала дечки и со лесно на сите! :)
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Бегајте од тој преварантот Коузон. Лажго невиден.
 
Ф

Флеш

Гостин
Значи сите овие гласнини што се шират за Коузон се сепак вистинити. И јас сум на листа на чекање за youth staff веќе некое време. Ама добро е што само тоа “петстофче“ го имам само платено а не и тие смотаните обуки. Читав еден текст што најверојатно е изваден од Коузон дека балканци, поточно Срби и Босанци се банирани за работа на Ројал и ред други компании поради фејкање на повреди на работно место па тужби па ова па она. Но како одговор на ова, револтиран Србин враќа контра дека е уствари измишлица на Коузон кој се штити со ваков муабет бидејќи изгубил лиценца за работа и посредување.. сега вие видете до кај е стигната работава. :tapp::ROFLMAO:
Енивејс.. бидејќи планирам да играм на друга карта, директно контактирање на бродската компанија (кој знае, можда ќе ми се посреќи) или мајоми, ме интересира дали мајоми посредува со Ројал или сеуште е само со Карнивал?
Фала дечки и со лесно на сите! :)
Мајоми само со Карнивал и нејзините сестрински фирми као Кунард,Кордија(оној брод шо се преврте у Италија).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom