Работа на брод

M

Moon Child

Гостин
Aj nekoj poupaten ako znae nekoi web adresi od agencii od Makedonija sto posreduvaat za rabota na brod? Golema e temava nemozam da baram.
Fala odnapred.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Ти пратив..
Е ај прати ми и на мене, бидејќи освен Коузон и Мајоми не знам за други, а другариве очајнички бараат да фатат џаде на брод - не се членови на форумов.
 
perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
до колку години можи да се аплицира да се работи ваму?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Aj nekoj poupaten ako znae nekoi web adresi od agencii od Makedonija sto posreduvaat za rabota na brod? Golema e temava nemozam da baram.
Fala odnapred.

Што и да правиш, гледај да ја избегнеш Коузон по секоја цена.
Како ме заебаа денес, ќе им памтам за цел живот и не само тоа, туку ќе го видат на дело она - добриот збор надалеку се слуша, а лошиот уште подалеку:гомце:[DOUBLEPOST=1414776892][/DOUBLEPOST]
до колку години можи да се аплицира да се работи ваму?
Зависи од позицијата ама реално до кај 35 год
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Што и да правиш, гледај да ја избегнеш Коузон по секоја цена.
Како ме заебаа денес, ќе им памтам за цел живот и не само тоа, туку ќе го видат на дело она - добриот збор надалеку се слуша, а лошиот уште подалеку:гомце:
Сподели со останатите за да знаат.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Три месеци чекам за датум за тренинг круз, некоја невидена глупост што ја организира MSC за мојата позиција, арно ама Коузоновци се крајно несериозни кога не можат во моментот да ти дрпнат пари.. Да беше за да ми побараат пари 200 пати ќе се јавеа, а сега...

Пред три месеци поминав интервју за Program Hostess и ми рекоа дека кон средината на септември ќе заминам со уште една девојка од Босна за Џенова а од таму на брод, една недела на тренинг круз, платен авио билет од компанијата! И чекавме чекавме, живи ги нема. Не знам дали 3 или 4 пати ги контактирав Коузон да ме известат до каде е постапката, ама единствен одговор им беше НЕ ЗНАМ, НЕ МОЖАМ да ја контактирам регрутерката од MSC!
Ете затоа што тие не можеа, јас МОЖЕВ и ја контактирав еднаш пред месец ипол, ми рече дека ќе види до каде е постапката и останав на тоа. Затоа што ги немаше Коузон никаде живи и постојано не можеа и не знаеа како да ги контактираат MSC, јас пак ја контактирав регрутерката и ми рече дека ги известила во Коузон дека тренинг крузот е одложен на неопределено време (значи не им требаме сега и не им се брза).. Во Коузон секако сеуште НИШТО не знаат...!
Денес им пишав на ѕидот на групата Коузон Морепловци, (да видам дали сеуште не знаат!) и во рок од 30 секунди го избришаа постот! Ме исфрлија од групата и ме блокираа:pipi:
Во следните 10 минути одма добив мејл дека постапката за мое вработување е ПРЕКИНАТА и дека преку Коузон ниту сега ниту во иднина нема да можам да аплицирам за било какво вработување:pos:

It`s all about the money

А во случај да се прашувате колку непристојна сум била, еве што им пишав. Да беа сериозна компанија ќе прифатеа критика и ќе одговореа со иста мера!

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Гнаси, а како поинаку можи да се најди работа на брод освен преку Коузон?
 
perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Мајоми или онлајн (ма да второво малку потешко, ама не е невозможно)
Убо е шо можам до 30 да работам германија(го влечам факултето и како студент преку цаф) ама после то шо ќе прам, ке одам на брод.

Овие од Коузон треба да ги пиши во весници и да ги дава по телевизии, за да пропадна и тогаш да сфата дека никој не му ги дава тие пари бакшиш.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Види, не ми е за парите ниту за работното место. Туку за начинот на кој што работат. Не може да те мота со месеци а после кога ќе прашаш да се прави на три ипол. За на крај јавно кога ќе ги повикаш да те здупат и да те блокираат од некоја си ФБ страна (на која патем сеуште сум член со друг профил и ако сакам уште 10000000 профили ќе направам!) и да се филмаат како да се во Холивуд а уствари газдата им е обичен мајмун од Прилеп! Да не ме разбере некој погрешно и јас сум со прилепски корени ама не сум толку расипана како Зоран:cool:
Јас пак ја контактирав регрутерката да ја прашам дали ќе дозволи постапката да оди без посредство од агенција, ако дозволи ОК ако не да сме здрави и живи. Ама ќе ги оцрнувам Коузон до кај што можам и не можам, така да си знаат:love:
 
Абе си му дала пари да ти заврша работа, не ти завршија, треба да ти ги врата.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Абе си му дала пари да ти заврша работа, не ти завршија, треба да ти ги врата.
Порано имаше една да речам изрека за поповите - Попот не вика НА, само ДАЈ!
Што ќе ти земат, не очекувај да ти вратат..било кој, не само Коузон. Македонија е ова! Земја на чудата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom