Работа во кол-центар

Член од
18 мај 2015
Мислења
40
Поени од реакции
29
Денеска баш ми се јавија од некој си кол центар нудејки/рекламирајки одредени прозводи, уште додека ми зборуваше од таму се слушаа еден куп гласови и хаос.
Веројатно е претерано тешко да се работи во таква средина
Баш напротив, супер им е, си прават муабети, си пијат кафе и по некој повик :)
Јас кај што работев, ако случајно паднеше гол на некоја утакмица, ехееее, хахаха, корисниците ништо не не слушаа :)
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Еве update од искуство. Се вработив на пола работно време во кол-центар за „техничка поддршка“. Платата за пола работно време е околу 9200 денари, 300 евра фиксна за цело работно време. Се работи од понеделник до недела од 10 до 22 часот, нема фиксно определено работно време, од месец за месец ти стига распоред на мејл. Ноќна работа (за која уште искрено не знам како се рачуна) се доплаќа, како и работа на празници.

Во однос на атмосферата, сабота и недела хаотично, во текот на неделата ок е, со тоа што сите вработени се претежно студенти, кои влечат испити, во сред работно време се учи за испити, се дискутира за лоши професори и сл. Јас со дипломата во рака очигледно најстара бев.
Сигурно постои добра причина зошто ваквото вработување не е долгорочно, работам две недели, ама не ми прави некое задоволство работава, планирам еден месец да истуркам само...
Друга работа е тоа што, само што почнав да работам на секои две недели се форсираат некои испити/тестови/проверки на агентите од страна на германци, дали знаеме јазик, дали знаеме да се снајдеме и сл. што мислам дека е претерано... :S треба да поминеш две интервјуа на германски и едно на македонски за да се вработиш и плус да напишеш кратко писмо на германски, тоа нели се е стрес, и после една недела пак тестови.. Ќе запишев друг факултет ако толку сакав испити, бар ќе научиш нешто, а тука гола вода...

Како и да е, парите се ок, ама професионален напредок и кариера во овие води нема, единствен напредок (ако издржиш повеќе од 3 месеца) е да те стават лидер на тимот, да попуваш над другите напатени души и тоа е..
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.050
Поени од реакции
12.936
Читам на минативе две страни пишува перфектно познавање на јазик, од исксутво на блиски луѓе можам да ви кажам дека не е така. Значи и ептен просечно, да не кажам накај лошо познавање да имате за јазикот, може да се вработите, барем за тие сектори каде што се бара германскиот јазик, не сум сигурен дали Б1 се бараше сертификат минимален или ни тоа, ама далеку дека перфектно мора да знаеш. Работата е во тоа што сите мислам имаат обука пред вработувања и ептен солидно те обучуваат, те опремуваат и со реченици и со се што ти е потребно да се снајдеш со тие од Германија.

Другото околу платите така е како што е пишано 9к месечно со 4 часа работно време, а 18к со 8 часа работно време. А за буката и лошите услови за работа, индивидуално е до личноста како и влијаат и секаде мислам различно е, така да најдобро да се отиде и види. Досега знам имаше за германски автобуски компании, за достава на пица, сигурно има и други, но за овие два сум запознаен. Полесно е првото.
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
17
Поени од реакции
7
Здраво на сите, веќе една личност вработив преку Кајгана, па еве ме пак. Навистина немав каде да го постирам ова, па овде ми се чинеше најрелевантно.

Наиме, со мојата компанија нудиме работно место за луѓе што знаат англиски. Дејноста е повикување американски и канадски компании со цел на затварање продажби.

Огласот е на реклама5 (п.с зошто никој не користи линкедин во државава...) па доколку има некој што е заинтересиран да работи од дома нека повели. Сите услови и бенефити ги има на реклама5 огласот.

Доколку имате прашања, I am all ears.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
Здраво на сите, веќе една личност вработив преку Кајгана, па еве ме пак. Навистина немав каде да го постирам ова, па овде ми се чинеше најрелевантно.

Наиме, со мојата компанија нудиме работно место за луѓе што знаат англиски. Дејноста е повикување американски и канадски компании со цел на затварање продажби.

Огласот е на реклама5 (п.с зошто никој не користи линкедин во државава...) па доколку има некој што е заинтересиран да работи од дома нека повели. Сите услови и бенефити ги има на реклама5 огласот.

Доколку имате прашања, I am all ears.
Дали огласот важи за сите градови или само за Скопје? благодарам

Sent from my 4013X using Tapatalk
 
Член од
7 октомври 2015
Мислења
46
Поени од реакции
40
плата за образувани поединци со диплома од факултет е 500е.. со разбирање на француски германски италијански англиски... пријавете се во било кој call-centre, со диплома и знаење нема плата испод 29 000 денари
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
плата за образувани поединци со диплома од факултет е 500е.. со разбирање на француски германски италијански англиски... пријавете се во било кој call-centre, со диплома и знаење нема плата испод 29 000 денари
Е кој е тој кол центар жити се? Јас сум плус на магистерски запишана, и фала богу нели никој не ме ни праша ни дали имам диплома од факултет, ни ништо.. хаха
 
Член од
12 август 2017
Мислења
19
Поени од реакции
6
Работам во кол центар, по деградилна работа не сум видела. На почетокот не обучија, али толку без везе да речам за џабе. Е сега кога дојде до самата работа лесна беше, зборевме само на англиски, кога земав повици луѓево се однесува прилично ок. Ми се дешаваше и некој да ми се извика, али неможеш да им вратиш зошто ти ги преслушкуваат повиците.
Платата е 21.000, во три смени работиме и така пишуваше на договорот. Првата плата која ја земав беше 14.000. А јас се вработив таму со средношколска диплома и студирам. Сум имала и колеги со магистратури, значи нема везе што диплома имаш иста ви е платата на сите.
Какви ликови сум видела да се вработат тоа ти е страшно, добра почетна работа е колку да ти ја гурне кариерата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom