Работа во Катар и Дубаи

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Околу годишниот одмор зависи од кој период ке го бараш и дали има доволно вработени во местото каде што ке работиш. Обично во јули и август (Кога е празник) даваат одмор без проблем , но за време на сезона ноември - март малце потешко, но не верувам дека ке ти направат проблем за 2 недели , се зависи од менаџерот. Многу е битно лугето кој ти се супервизори да се европејци или американци дека имаат многу поголемо разбирање околу проблемите на вработените. Првите 3 месеца си на пробен период и имаат право да те избркаат од работа без апсолутно никакво образложение , после тоа си официјално примен и доколку сакаат да те избркаат треба да имаат причина и месец дена период пред денот на терминација мора да си таму за да најдат нов вработен. Ретко се дешава да те пратат дома истиот ден кога ке те избркаат. Пасошот ти го вракаат после завршување на процедура за вадење на резидентска виза ,лична карта, здравствено така да не се секирај можеш да си отидеш кога сакаш но ке имаш забрана за вракање за 1 година.

Мој предлог е да идеш со друга филозовија на работа, доколку константно размислуваш за дали ке те отпуштат ке имаш проблем, фокусирај се на добрите работи и искуството кое ке го стекнеш тука.Првите три месеци се најбитни после се е подлизгано, распрашај се за местото каде што ти е најдена работата и дали се строги правилата или се пак многу либерални. Кај мене лично е малце построго ама во други хотели не се знае кој јаде кој пие.

Сподели повеке информации околу работата и ке гледам да ти помогнам со повеке инфо.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
во секој случај работата тука и таму е различна, и не е проблем и 10 саати да си на нозе .муабетот беше дали има простор и опција да се напредува ,и се разбира дека треба да помине некој период (па и една година ) за да тргне работата во нагорна линија ,шо значи поголема позиција и подобра плата ,Шо ра залика од овде и десет години да работиш пак нема да пркниш од нулта позиција . Муабетот е дека секој си сака да задржи квалитет ,па ако се докажиш белким ке знаат да го видат тоа во тебе !
 
Член од
27 ноември 2012
Мислења
58
Поени од реакции
27
На 18 ноември најверојатно во Александар Палас ќе има интервју за работа во Катар.Се бараат келнери,келнерки,шанкери,хостеси.. Ресторанот се отвара некаде после нова година, а тие што ќе го поминат интервјуто би требало да стигнат некаде на крајот на ноември и ке имаат тренинзи и обука.. Сите заинтересирани може да пратат меил на gm.aqtcc@gmail.com и ке добијат повеќе информации за времето и местото на интервјуто, исто така информации за компанијата,ресторанот,плата...Поздрав :)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
http://republika.mk/?p=503769
“Поради нашиот специфичен изглед, светлите кадрави коси, интересни сме им на Арапите, па понудите за работни ангажмани секојдневно пристигаат.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Ако има некој искуство да сподели дали е потребно работно искуство за позиција келнер, хостеса и сл. и што е им е битно на работодавците при интервјуто. Прашувам во случај да одлучам да аплицирам преку некоја од агенцииве што посредуваат за работа.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
162
Поени од реакции
24
Dali nekoj zaminal vo bliskiot istok bez rab iskustvo kako kelner I preku koja agencija?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
66
Поени од реакции
17
Здраво, дечки.
Знае ли некој дали треба нешто да се стори во врска со преселување и работа во Абу Даби, Дубаи од наше министерство пред да се иде?

Ми стигна визата и ми кажаа да завшрам со подготовките емиграција или да земам некое одобрување, дозвола, па ме интересира дали има некој да ми каже на што мислат?

Како што ми пишаа: "please do the necessary arrangement from your immigration requirements or clearance"

Фала ви однапред.
 
A

Amelie85

Гостин

Clearance се однесува на потврда за неосудуваност. (Police Clearance)
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Има некој искуство со Агенцијава pes.mk?Ако има би ми било од корист да сподели.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
66
Поени од реакции
17
Има некој искуство со Агенцијава pes.mk?Ако има би ми било од корист да сподели.
Имам јас. Бев кај нив пред година дена. Првиот впечаток ми беше дека се фини многу и ептен гледаат да ти завршат работа. Еве што не ми се допаѓање :

1. Ми бараа да дадам на почеток 3000 денари за тест по Англиски, кој ми рекоа дека е задолжителен за работодавецот да те прифати. Им кажав дека имам факултетска диплома од Филолошки-Англиски, и ми кажаа, нема врска пак сака работодавецот да се сертифицираш. Отидов, тестот беше смешка и е од школо за странски јазици. Го решив, си отидов. И никогаш не ми беше побаран од ни еден работодавец сертификатот, ни па ми го дадоа.

2. Добив работа на саем за работа што тие го организираа. Пред да отидам ми рекоа мора во некоја клиника во Скопје да се направат прегледи, околу 5000 денари чинеа, а можда и нешто помалце, не ме фаќај за збор. Им реков дај да ги направам у Куманово, ми кажаа нема добро да ги сработиле.

После сево ова ја одбив работата и не сакав да идам едно 6 месеци.

Во септември оваа година направив профил на Catererglobal.com и ми се јавија и понудија работа. Добив виза, карта и исти услови и слетав овдека. Тука прегледите се на трошок на работодавецот и се задолжителни, затоа не ти ни требаат во најголем број случаи однапред. Но, има исклучоци во зависност од позицијата. Некои знам дека и преку Catererglobal што добиле понуда им барале прегледи, обично тие што идат за пониска плата.

Ако добиеш работа од PES сум слушнал дека ќе ти ги барале и парите за регрутација и слично ако се откажеш, мада овдека викаат дека незаконски било тоа. Знам дека овде според законот треба да се платат 1.5 плата ако си идеш пред време и само тоа.

Моето искуство е тоа, ти види си.

Инаку не се обидувам да ги потценувам и да ширам лоши коментари, луѓето се стварно многу фини и трпеливи и не ти бараат никакви пари пред да идеш, додека од другите агенции ми бараа преку рака 200-300 евра доколу добијам понуда, што е смешно имајќи во предвид дека и без пари можеш да пројдеш.

Тоа е мое лично искуство. Ти види што ти е полесно, поудобно итн, па пробај.

Поздрав
 
Благодарам многу за исцрпниот одговор, многу ми помогна.Поздрав
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Веќе 5 месеци аплицирам преку catererglobal.com на различни позиции: Receptionist, Guest Service Agent...но досега никаков успех. Ако може некој да каже дали се поголеми шансите преку агенција да пробам.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Веќе 5 месеци аплицирам преку catererglobal.com на различни позиции: Receptionist, Guest Service Agent...но досега никаков успех. Ако може некој да каже дали се поголеми шансите преку агенција да пробам.
Habibi само ЦВ то треба да е ептем јако ништо друго----цакум пакум
да внимаваш баш на се во цв то
јас имав 17 понуди сам преку нет си аплицирав моментално сум тука ![DOUBLEPOST=1451816822][/DOUBLEPOST]Бај д веј работите во Абу Даби стојат вака
Цигари малборо 150 ден
леб 90 денари
пиво во паб 520 ден
пиво во ,,маркет,, 120 денари лименка
такси старт 55 денари секој километар 25 денари
маслинки 480 ден кг
пилешки гради 700 ден кг
бензин 29 денари
рента кар од ден 1500 денари
интернет пакет за дома 5000 денари месечно
кафе во ,кафетерија,-кафич 280 денари
гардероба горе долу како кај нас
масло за јадење 0,7л. 105 денари
јајца 6 60 денари
една седенка во ресторан за двајца со 4 пијачки две пици и две салати 4500 ден
бургер во бургер кинг или мекдоналдс 370 ден
кока кола 0,5 30 ден
кафе нес 200 гр 350 ден
мобилки и остали бела техника горе долу како кај нас
вода 1л 15 ден
 
Последно уредено:
Член од
6 јуни 2011
Мислења
185
Поени од реакции
138
Здраво. Дали некој има искуство за работа во Катар со агенција Астериа?
 
Член од
8 октомври 2014
Мислења
489
Поени од реакции
300
Habibi само ЦВ то треба да е ептем јако ништо друго----цакум пакум
да внимаваш баш на се во цв то
јас имав 17 понуди сам преку нет си аплицирав моментално сум тука ![DOUBLEPOST=1451816822][/DOUBLEPOST]Бај д веј работите во Абу Даби стојат вака
Цигари малборо 150 ден
леб 90 денари
пиво во паб 520 ден
пиво во ,,маркет,, 120 денари лименка
такси старт 55 денари секој километар 25 денари
маслинки 480 ден кг
пилешки гради 700 ден кг
бензин 29 денари
рента кар од ден 1500 денари
интернет пакет за дома 5000 денари месечно
кафе во ,кафетерија,-кафич 280 денари
гардероба горе долу како кај нас
масло за јадење 0,7л. 105 денари
јајца 6 60 денари
една седенка во ресторан за двајца со 4 пијачки две пици и две салати 4500 ден
бургер во бургер кинг или мекдоналдс 370 ден
кока кола 0,5 30 ден
кафе нес 200 гр 350 ден
мобилки и остали бела техника горе долу како кај нас
вода 1л 15 ден
pileski gradi ne se 700 be druze :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom