Здраво на сите тука, се регистрирав само за да можам да коментирам на темата, гледам сите сте полни со искуства така што, супер, се надевам ќе ми помогнете.
Добив шанса да работам за Feast Restaurant во склоп на Sheraton Grand Hotel Dubai,
поточно не ми е уште испратен договор, денес имав финално интервју преку скајп со директорот за F&B.
Како што ми кажаа, сместување и превоз е обезбедено, меѓутоа во малку изолирано место, гледам спомнато е и тука, Jebel Ali. Навистина ли е толку лошо?
Платата ми кажуваат девојки кои веќе работат како хостеси е околу 500 евра, како и дали ќе можам со тие пари да живеам во Дубаи? Значи без расфрлање, ама ете, да имам да излезам понекогаш и да си приуштам гардероба шо не е скапа, на пример?
Ви благодарам