Работа во Германија

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Јас кажав, не сакам генерализирање токму поради оваа причина. Има и такви и такви. Немам причина да лажам, едноставно тоа што го напишав погоре е факт, кој секој ден го гледам. Факт е дека и Германија е напредна земја, но работниците кои навистина си ја работат работата, си работат нормално. Текстов алудира на тоа дека се утепуваат од работа, бре бре, инаку си ја работат работата нормално и резултатите си следуваат. Еве да генерализирам и јас сега. На тие што се спомнати во текстот, дека се утепуваат од работа, кажи им на пример дека моментално ситуацијата во фирмата е таква да мораме да работиме и саботи за да постигнеме, пола ке ја напуштат фирмата во рок од еден месец. Твој избор на што ке веруваш.
Како што кажав никогаш не сум бил во Германија и неможам да кажам како е и што е. Имам доста роднини и пријатели таму кои на пример ми викаат дека таа работа што ја работат Македонци, Срби, Босанци и остала багра од Балканов па и пошироко многу тешко може да се најде Германец да ја работи. Затоа и увозот на работници од страна. Инаку ти верувам дека е така како што кажуваш, како и кај нас така и во Германија има луѓе кои работат стварно но има и такви кои сакаат да забушаваат а да земаат плата. Кај нас всушност работел или не работел платата е таа, 200 евра, а таму за да ти дадат 2000-3000 евра плата треба газето добро да го испотиш. Мој другар отиде пред месец дена да работи во некоја печатница за весници или што ти знам што е и рече дека првиот ден кога тргнал на работа три дена не ги пуштиле да си одат дома. 72 часа работа без престан само со по пола саат пауза за јадење на секои 8 часа и толку. Така барем тој ми кажува, иако мене не ми се веруваше да се работи за толку нечовечки услови сепак тој се колне дека е така.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Ова нема шанси да е вистина. Во спротивно печатницата ќе постоела 3...2...1 и толку минути. Нема шанси.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Тој другарот твој сигурно користи некој опојни средства,нема шанси да е така.Тоа што си го напишал го нема ниту во Кина
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ова нема шанси да е вистина. Во спротивно печатницата ќе постоела 3...2...1 и толку минути. Нема шанси.
Тој другарот твој сигурно користи некој опојни средства,нема шанси да е така.Тоа што си го напишал го нема ниту во Кина
И јас мислам/в дека нема шанси, ама он се колне дека е така. Ама збориме за првите 3-4 дена откако била отворена печатницата и почнала со работа, сега не е така. Сега биле на смени од по 12 часа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не верувам кој може да издржи 72 часа на работа. Јас имам работено 16 часа и тоа лесна работа, па после два дена не можев да се освестам. :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И јас мислам/в дека нема шанси, ама он се колне дека е така. Ама збориме за првите 3-4 дена откако била отворена печатницата и почнала со работа, сега не е така. Сега биле на смени од по 12 часа.
Ни на отварање ни за затварање. Те лаже. Луѓето многу измислуваат и сакаат драми.
И на 12 часа колку му е пауза пола саат?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ни на отварање ни за затварање. Те лаже. Луѓето многу измислуваат и сакаат драми.
И на 12 часа колку му е пауза пола саат?
Па незнам зошто би имал потреба да ме лаже, иако и мене не ми се веруваше дека е така. Незнам пауза на 12 часа, знам само дека не е задоволен од работата и ќе си дојде кај и да е :icon_lol:
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
735
Поени од реакции
660
Другар ти терминатор да не е? 72 часа без престан...да не биле 7 ама ефективни а шупчето не му држи па мама му рекла дојди ми сине;) Не сакам да навредам никој ама ... Аушвиц не е во функција одамна а ова ми личи на тамошна приказнаO.O
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па незнам зошто би имал потреба да ме лаже, иако и мене не ми се веруваше дека е така. Незнам пауза на 12 часа, знам само дека не е задоволен од работата и ќе си дојде кај и да е :icon_lol:
Другар ти е плачко. И измислува глупости за да си се оправда себе си за својата неспособност за прилагодување. А и сигурно е некоја мрза.
И овој ќе се врати и ќе кажува филмски сценарија за Германија :facepalm:
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
324
Поени од реакции
314
И јас мислам/в дека нема шанси, ама он се колне дека е така. Ама збориме за првите 3-4 дена откако била отворена печатницата и почнала со работа, сега не е така. Сега биле на смени од по 12 часа.
Kazi mu na drugar ti, ochigledno ne znae, vo Germanija ima nesto shto sè vika: "Arbeitsgericht" i "Arbeitsrecht". Pechatnicata bi bila ushte vtoriot den zatvorena.
Ako se vrabotil na crno (chitaj, na divo), negov problem, neka bara "spas" vo MK !
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Другар ти е плачко. И измислува глупости за да си се оправда себе си за својата неспособност за прилагодување. А и сигурно е некоја мрза.
И овој ќе се врати и ќе кажува филмски сценарија за Германија :facepalm:
Kazi mu na drugar ti, ochigledno ne znae, vo Germanija ima nesto shto sè vika: "Arbeitsgericht" i "Arbeitsrecht". Pechatnicata bi bila ushte vtoriot den zatvorena.
Ako se vrabotil na crno (chitaj, na divo), negov problem, neka bara "spas" vo MK !
Се врати синоќа, ептен утепан и изморен од работа. Ослабел 8 кг за месец дена од многу работа :icon_lol:
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Дали некој има искуство со овие https://www.facebook.com/pages/Royal-Work-and-Travel/1389897971316653?sk=timeline нудат работа во Германија со македонски пасош?
Ако плакаат под минималната плата во Германија, мора да има нешто што не е како што треба................
Дечки, дали имате слушнато некој да има отидено за Германија преку жената од штип што посредува за доктори во Германија....

http://doktori.mk/element/view/50bb7a2fa6654/rabota-za-doktori-specijalizacija-germanija

Искуство некој, колку чини сето тоа....во кој град се одвива...позитивни и негативни искуства...
 
Член од
8 октомври 2010
Мислења
144
Поени од реакции
103
Ако плакаат под минималната плата во Германија, мора да има нешто што не е како што треба................
Дечки, дали имате слушнато некој да има отидено за Германија преку жената од штип што посредува за доктори во Германија....

http://doktori.mk/element/view/50bb7a2fa6654/rabota-za-doktori-specijalizacija-germanija

Искуство некој, колку чини сето тоа....во кој град се одвива...позитивни и негативни искуства...
Доста ми е сумливо, никаде неможам да најдам информации за агенцијата а фејсбук страната им е направена јануари 2015.
Како да видам им испратив апликација денес ми се јавија како наводно апликацијата е прифатена ќе ме информираат за процедурата понатаму и дека соработуваат со бугарска агенција.
Ризично е, уплаќањето на пари пди преку вестерн инион.
Некој да има екакво искуство со вакви нонејм "агенции" ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom