Пустошењето на шумите во Македонија

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Еве пример како се пустошат (ми се виде пушат, си велам њтф) шумите во Македонија;
(ѕирнете од 6:06 - till the end.)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Еве пример како се пустошат (ми се виде пушат, си велам њтф) шумите во Македонија;
(ѕирнете од 6:06 - till the end.)
Треба да се најде снимка од новиот документарец во серијата КОД на Снежана Лупевска, посветен на дрвокражбите и дрвната мафија. Ги потврдува овде изнесените грижи и негодувања за оваа голема општествена штета. Во документарецот е прикажан и овој исечок.

Ми остана во спомен искажаната подзаборавена поговорка:
„Ако сакаш да уништиш еден народ, уништи му ги шумите“.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Треба да се најде снимка од новиот документарец во серијата КОД на Снежана Лупевска, посветен на дрвокражбите и дрвната мафија. Ги потврдува овде изнесените грижи и негодувања за оваа голема општествена штета. Во документарецот е прикажан и овој исечок.

Ми остана во спомен искажаната подзаборавена поговорка:
„Ако сакаш да уништиш еден народ, уништи му ги шумите“.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502



Оваа специјална единица (МЕЧКИ) која беше во склоп на Шумската полиција беше страв и трепет за дрвокрадците.

Беа вооружени со кратки (пиштоли) и долги (калашникови) цевки, беа опремени и со модерна воена опрема како панцири и шлемови, имаа нови неискинати чизми и неизбледени униформи, лисици итн. Така да ако наидеа на вооружен отпор од дрвокрадците имаа одврзани раце и можеа слободно да ја неутрализираат опасноста употребувајќи огнено оружје. Единицата постојано имала вежбовни активности (најчесто вежбите ги изведувале на полигон во Кичево), во боево стрелање, физички активности, а во самата единица имало и луѓе кои биле оспособени за однесување при средба со диви животни во шума. Со ова се покажувало дека била високо професионална единица, која можела да дејствува во планински предели во кординација со ЕБР, ЕСЗ и ЕСН, класична воена формација, иако не била единица под ингеренција на АРМ или МВР, туку на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.

НО

на некој изгледа му сметала оваа единица, бидејќи бизнисот му се упропастувал па носи одлука да ја распушти, така да останува само шумската полиција која е слабо опремена и која нема овластување да носи (ниту пиштол) и употребува оружје, и често се мета на физички и вооружени напади од страна на крадците. Имаа петиција, шумската полиција да биде под надлежност на МВР, така да што би искористиле од буџетот за набавка на модерна опрема и оружје за нив. Но ништо не испадна од тоа.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
на некој изгледа му сметала оваа единица, бидејќи бизнисот му се упропастувал па носи одлука да ја распушти
Заборави плус да спомнеш за политички цели - гледај го Силванева Бонева.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Прилепските дрвокрадци пустошат без трошка страв од полицијата


Дивата сеча сезонава е подобро испланирана, крадците имаат помоќни возила за пренос на пленoт и немаат страв од полицајците, туку напротив, агресивни се и често ги напаѓаат, велат од шумската полиција




Почетокот на грејната сезона и недостигот од огревно дрво го раздвижија црниот пазар со дрва, коментираат упатените. Случаите со дива сеча се честа вест во полициските билтени, а сликата од терен не е ништо поразлична. Дрвокрадците, наместо поединечно, сѐ почесто ја пустошат шумата во организирани групи, подобро се „потковани“ со опрема и не избираат место за нивната бесправна сеча.


Ова се насоките во кои годинава се движи црниот пазар со огревно дрво, за што сведочат и надлежните служби. Последните месеци дрвокрадството зема сѐ поголем замав и во Прилеп, каде што најчесто место на кое оперираат еколошките криминалци се пределите со дабова и букова шума.

- Многу добро се организирани, агресивни се и постојано нѐ напаѓаат, не само нас туку и редовната полиција - велат од шумската полиција во Прилеп.

За тоа сведочи и еден од последните регистрирани случаи во СВР-Битола. Имено, на 5 ноември прилепските полицајци во рамките на редовните контроли во акцијата „Гора“ забележале три возила без регистрации на регионалниот пат Прилеп-Велес, кои биле натоварени со огревно дрво. И покрај тоа што им дале знак да застанат, возилата не запреле, па полицајците се упатиле по нив кон населбата Тризла.
- Таму полицијата била пречекана од поголема група, која ѝ се спротивставила. Ги нападнале полицајците и го оштетиле службено возило. Во меѓувреме групата се зголемувала, па така на помош дошле и други полицајци, меѓутоа толпата и понатаму се спротивставувала на наредбите. Од страна на полициски службеник како предупредување било пукано во воздух, при што толпата се разбегала и бил воспоставен ред - велат од СВР-Битола.

Во истата населба ова е втора акција против дрвокрадци во последните два месеци, сведочат граѓаните и здруженијата, кои реагираат дека ваквите случувања внесуваат вознемиреност меѓу населението.

- Ваквите акции предизвикуваат вознемиреност кај локалните жители, се изложуваат на опасност пешаците и се загрозува нормалното одвивање на сообраќајот. Апелираме до институциите своите надлежности за справување со дрвокрадците да ги спроведуваат надвор од населено место, а со тоа да им овозможат безбедност на локалните жители и да не дозволат нарушување на јавниот ред и мир - реагираат од здружението „РОМА С.О.С“.

Меѓутоа, надлежните велат дека, и покрај нивните контроли и одземања возила и дрва, еколошките криминалци немаат страв, туку напротив, како што сведочат, покажуваат сѐ поголема агресивност.
- За разлика од минатите години, дрвокрадците се добро подготвени. Имаат подобри возила, кои или не се регистрирани или се со бугарски регистарски таблички. Насекаде се присутни и постојано нѐ напаѓаат. Имаме и заеднички акции со редовната полиција, ама и така не им е страв, и тогаш нѐ напаѓаат. Одат во големи групи и многу се агресивни - вели Илија Спиркоски, командир на шумската полиција во Прилеп.
Според нивната евиденција, како што вели Спироски, иако не се сумирани податоците за годинава, има големо количество одземени дрва, моторни возила и пили, а поднесени се повеќе од 150 прекршочни пријави.

Лани во овој регион се одземени околу 370 кубни метри огревно дрво, а против 237 лица биле поднесени прекршочни пријави. Надлежните одзеле и 68 автомобили, осум товарни возила, три трактори, како и десетици парчиња алати за сечење дрва.

Лани запленети 2.700 кубици дрва


На ниво на Македонија, пак, официјалните статистики за 2014 година говорат дека надлежните одзеле околу 2.700 кубни метри дивоисечени огревни дрва и 160 стебла во околу пет илјади контроли врз патнички и товарни возила. Според статистичките податоци, инспекторите и полицајците лани во просек секој ден одземале по седум кубици дрва. Како што нѐ информираат од МВР, најголемите заплени се направени во источна Македонија, односно на подрачјето на СВР-Штип, а на врвот на листата се наоѓа и тетовскиот регион. Кога станува збор за кривичните пријави, нив ги има над 700 и најчесто се однесуваат на кражба, пустошење шуми, злоупотреба на службена положба, несовесно работење итн.


А кој е виновен за тоа што станале толку самоуверени и насилни?
 

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
4,500 за дрва е легално да купиш во Скопје. Порано беше најевтин начин за сиромашкиов народ во недостиг на друг поевтин енергенс да внесе топлина во домовите преку зимата. Сега и тука не удрија. Со кои плати да се инвестира во друго бе?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вo Штип еден фатен со 5 кубици дрва исечени од приватна шума
Двајца фатени со кубик и пол, не пишува кај ги исекле дали од приватна или државна шума
http://vecer.mk/makedonija/krivichni-prijavi-za-shtipski-drvokradci
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Кој се плаши од волкот лош

Локален шумски полицаец без срам изјавува дека дрвокрадците повеќе не се плашеле од полицијата и бесправно си сечеле дрва без мува да ги лази. А тој не знаел што да прави. Логиката наложува човекот веднаш да оди на курс, а во меѓувреме некој поербап да се справи со проблемот и да запре секоја година во градите на секој Македонец да влегуваат 125 килограми кислород помалку


Акциите за садење дрва сѐ до неделата што е зад нас ми беа симбол за општествено-политичка безидејност како проект преку кој власта уште од 1945 година сакаше да се приближи до обичниот народ. Тој мораше со наредба доброволно да учествуваат во проектот, а политичарите од сите рангови тој ден со ќеф ги валкаа чевлите пред камерите. Оти колку повеќе заглибуваа во калта при садењето, толку појако котираа во извештаите праќани „горе“. Се разбира, сето ова сплотување на дејците беше поткрепено со неизбежниот декор на знамиња, говори, делење благодарници. Следуваше фамозниот проект „88 садници за другарот Тито“. Па во тоа време не постоеше директор што барем неколкупати не ја повтори оваа политичка активност во дворот на својата институција. Кутрите беа избезумени и со денови се туфкаа кога ќе снемаа место каде да садат. Инаку, како што велеа, тие би саделе до бесвест, ама дворот бил мал.
Сагата продолжи и во независна Македонија. За мене како урбан аристократ овие акции за пошумување проследени со слободен ден повторно беа теми за шегување. Ама, како што кажав, сѐ до завчера, оти на една скопска улица добив таква болка во градите како некој да ми забоде бајонет во нив. Буквално не можев да земам воздух, а белите дробови ми пулсираа како да ќе експлодираат.
Ништо, бе, ми вели докторот. Тоа тие е од загадувањето на воздухот, земи витамин Ц, лежи, ќе дувне ветер и нема гајле. Како и да е. Длабоко им се извинувам на сите оние што дале придонес во овие акции за пошумување, оти се обиделе да произведат повеќе кислород на ова парче земја. Ветувам дека повеќе нема да пропуштам ниту една акција за садење. Ако не за друго, барем да се намалат 1.300-те смртни случаи годишно што, според Светската банка, се директна последица на рекордно зголемената концентрација на тврди честици во воздухот. Па, не за џабе викендов Скопје и Тетово според светските агенции се на врвот на листата како најзагадени градови во Европа, светот или пошироко, сеедно.
Но, од каде толкаво загадување. Железарите не работат, загадувањето зголемено. Не е од нив. Грејната сезона само што почна. Значи не е и од неа. Дозволете ми да дадам свое видување за лаичко лоцирање на виновникот. Мислам дека тој лежи во вандалското уништување на шумскиот фонд од страна на зелената мафија која, според изјавата на локален шумски полицаец, повеќе не се плашела од полицијата и бесправно си сечела дрва без мува да ја лази. А тој не знаел што да прави. Ако не знае, нека си најде друга работа. Секогаш има некој поербап што ќе знае како да се справи со проблемот и ќе запре секоја година во градите на секој Македонец да има 125 килограми кислород помалку.
Според експертите, како директна последица на бесправно исечените дрва секоја година остануваме без фантастични 250.000 тони кислород, или 685 тони дневно ако сакате. А ако ова се дополни со степенот на ерозија, кој е еден од највисоките во Европа (700 кубни метри јалов нанос на секој квадратен километар), трагедијата во Речица, голите ридови околу нас, проблемот е повеќе од доволно апсолвиран и мора што поскоро да се справиме со него. Официјално имаме два милиона и 400 илјади хектари под шума, или околу 35 отсто од државната територија. Милион и двесте илјади кубици секоја година се предвидени за огревно сечење. Секоја година шумската маса се зголемува за 1,8 милион кубни метри. А мафијашкиот данок е ништење на двесте-триста илјади кубици дрва.
Како да се пресмета штетата што ја трпат белите дробови на секој Македонец, оставам на поумните од мене. Знам само дека последиците почнавме да ги плаќаме со здравјeто и со човечката крв. А за тоа што следува допрва ќе нѐ боли глава, не само нас туку и нашите деца. Граѓаните мора да се признае, поради немаштијата или за да заштедат, ставаат како гориво за загревање разновидни отровни ресурси, како стари гуми, лакиран паркет со катран, прегорени масла, штици со бетон и што уште не. Ете ти дел од отровот што ги демне нашите бели дробови, а екополиција да мери по домаќинствата степен на издувни гасови од согорување нема.
Очигледно работата е многу посериозна од партиски препукувања на дневна основа за тоа кој е виновен за состојбата. Одговорните институции треба да повлечат сериозни потези за да се заштити здравјето на граѓаните. Градот веќе почна со хемиско прскање на улиците за намалување на загаденоста на воздухот. Се поставува прашањето дали е доволно, бидејќи ова е само една од мерките што може и треба да се преземат. МВР континуирано со акцијата „Гора“ фаќа дрвокрадци и запленува илјадници кубици бесправно исечени дрва. Но сериозна и храбра акција за фаќање на оние што направија пустош по шумите пред да ги запалат моторните пили е повеќе од потребна.
Попусто ни се дронови, сензори за движење, инфрацрвени камери, зголемување на казните, кога дијагностицираме болест по смрт. Дрвата се исечени и приказната е завршена. Факторот време потребно исеченото да порасне не оди во наша полза. Владата додуша секоја година сади милиони нови садници. Позитивноста и големината на проектот со пошумување нѐ однесоа директно во Гинисовата книга на рекорди. Благодатот од ова, според редот на нештата, треба да го осетат нашите идни генерации. Но што да се прави во меѓувреме за да се спасат дишните патишта на оние што живеат сега?
Државен капацитет за да покажеме кој треба да биде господар во шумата имаме. Потребно е да се даде команда, трошка храброст и многу брзо штетниците во човечка форма ќе ги снема пред да се обидат да удрат секира во кориите. Се разбира, ако сакаме да оставиме малку чист воздух за нас и за нашите деца и внуци.

Автор: Роберт Митевски / robert.m@novamakedonija.com.mk
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Конечно поместување од мртва точка.




...иако се кради, ама барем не слободно со автомобили по асфалт во големи количини.​
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Радовиш, видео објавено на 14.11.2015 : Дрвокрадци вс полиција

Видете која дрскост им се собра цело село на полицијата ја туркаат и навредуваат . А полицајците не смеат да реагираат. Еден од учесниците го снимил целиот настан и без срам го објавил јавно на Фејсбук.

 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Радовиш, видео објавено на 14.11.2015 : Дрвокрадци вс полиција

Видете која дрскост им се собра цело село на полицијата ја туркаат и навредуваат . А полицајците не смеат да реагираат. Еден од учесниците го снимил целиот настан и без срам го објавил јавно на Фејсбук.

Овде се пушта ЕБР
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако памтам добро пред 3-4 години во село во радовиш имаше сличен инцидент (не знам дали беше ради дрва ама исто вака дошле неколку полицајци ги влечеле тегнеле навредувале). После една недела им пуштиле ЕБР па после цел месец кукаа ѓупциве во хелсиншки, амнести и други невладини како ги тепале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom