Промена на име

Член од
19 јуни 2015
Мислења
414
Поени од реакции
623
Ме интересира колкава е процедурата, што се треба понатаму да се промени (изводи, дипломи и сл.), колку чини, колкав временски период, и што ако на пример во меѓувреме имам аплицирано за бугарски пасош, а променам име во Македонија, дали многу ќе се усложнат процедурите од таков тип?
 

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Мислим дека не беше појќе од 500-600 денара процедурата и не знам колку време треба да се одобри. Што се тиче мењавање ќе треба све што сакаш да користиш - да мењаш. Извод, државјанство, диплома, лична карта, возачка и ред други работе ( а тоа кошта многу ). За бугарскиот пасош ако си дал документи пред да ти е одобрена промената на име по некоја логика ќе ти пропаднат освен ако не е дозволено да доставиш и друг документ отпосле како доказ, а мислим дека не е.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Процедура од суд дека не си осудуван, од ујп дека не должиш, од банки исто... и ред други работи дека си легален. А дека ќе извадиш пасош по едно име таму а овде ќе имаш друго тоа тешко... едноставно заборави засега на промена на име. Тогаш чекај да ти излезе бугарскиот и ако се уште сакаш ново име тогаш тргни постапка за менување овде па од кога ќе завршишт оди со нови документи во бугарија и кажи им дека имаш ново име па да ти дадат нов пасош со ново име. Верувам ќе го јадеш некаде ако во македонски пасош има едно а во бугарски друго име колку и да е тоа по легален начин направено.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Ме интересира колкава е процедурата, што се треба понатаму да се промени (изводи, дипломи и сл.), колку чини, колкав временски период, и што ако на пример во меѓувреме имам аплицирано за бугарски пасош, а променам име во Македонија, дали многу ќе се усложнат процедурите од таков тип?
Граѓанинот има право да го промени личното име, односно само името или презимето. На малолетно лице ќе му се промени личното име, односно само името или презимето на барање од родителите или посвоителите, односно на старателот со согласност од надлежниот орган за старателство. Ако се бара промена на личното име за дете кое наполнило 10 години живот, потребна е и негова согласност. Барањето за промена на личното име со потребната документација се поднесува до Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи донесува решение за промена на личното име во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за промена на личното име.Конечното решение за промена на личното име се доставува на органи и организации кои со закон се должни да водат евиденција со податоци за личното име на граѓанинот.Нема да му се одобри промена на личното име, односно само на името и презимето на лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело, додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата, како и на лице кое не ги регулирало имотно-правните и други законски обврски од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во Република Македонија.Министерството за внатрешни работи во постапката на одлучување по барање за промена на личното име, по службена должност утврдува дали подносителот на барањето е осуден за кривично дело за кое се гони по службена должност.

Кон барањето се доставуваат следните докази:

- доказ за идентитет на подносителот (лична карта или патна исправа);

- уплатница за уредно наплатена административна такса во износ од 300.00 денари;

- согласност од малолетно дете за кое се бара промена на личното име доколку истото има наполнето 10 години;

- уредно полномошно доколку барањето за промена на личното име е поднесено преку полномошник;

- ако барањето за промена на личното име се однесува на малолетно дете барањето се поднесува од страна на двајцата родители, освен во случај на отсуство односно спреченост на едниот родител, кога може да се приложи изјава заверена на нотар или во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Документи кои треба да се достават:

- препис од Матична книга на родени заради обезбедување точни податоци односно споредување со евиденцијата на матичен број на подносителот на барањето (по службена должност).;

- уверение односно известување од надлежен суд дека за подносителот на барањето не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;

- уверение односно известување од надлежен центар за социјални работи дека подносителот на барањето ги има регулирано имотно-правни и други законски обврски што произлегуваат од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во Република Македонија (по службена должност).

Временски рок : 15 дена.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.861
Промени го мозокот на пример.
Oh, wait...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Да прашам, ако родителите се разведени а старателството на бебето ( 1 ипол год) го има мајката, дали смее мајката да го промени презимето на бебето- да го носи презимето на мајката? Која е постапката и дали се бара дозвола од таткото? Кои се можни причини за промена на презимето на бебето?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom