Пријавување во завод

Член од
3 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
9
Здраво, имам едно прашање, доколку некој знае ве молам одговорете ми. Јас на факултет сум со апсолвентски стаж, значи требаше да дипломирам пред пола година, но не успеав бидејќи имам уште некој предмет за полагање, но веќе не посетувам предавања. Е сега, сакам да се пријавам во заводот со документите од средно училиште, поради тоа што сакам да си оформам сопствен бизнис (не преку кредитите за самовработување). Знам тројца што ете со истиов мој статус на апсолвент се имаат пријавено во завод со свидетелство од средно без проблем, но пак ме фаќа страв. Знам дека додека активно студирам не може, но еве веќе сум со стаж.
Ве молам за одговор.
Ви благодарам однапред. :*
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Ве молам за одговор.
Ви благодарам однапред. :*

Можеш да се пријавиш за невработена, ако прашуваш тоа. Ќе ја позајмиш дипломата, и со неа ќе појдеш на шалтер. Ќе пополниш еден документ, па ќе те пратат во една соба, и тоа е тоа.

Јас се пријавив како студент, на истиов начин. Според тоа колку години бев во моментот на факултет, и јас имав апсолвентски стаж, т.е. се уште го имам.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
И јас во 2010-та со дипломата со средно се пријавив, иако бев редовен студент. Ја зедов дипломата од факултет. Ја однесов во АВРМ, потоа ја враќаат. Обично другиот ден. И си ја враќаш на факултет.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Здраво, имам едно прашање, доколку некој знае ве молам одговорете ми. Јас на факултет сум со апсолвентски стаж, значи требаше да дипломирам пред пола година, но не успеав бидејќи имам уште некој предмет за полагање, но веќе не посетувам предавања. Е сега, сакам да се пријавам во заводот со документите од средно училиште, поради тоа што сакам да си оформам сопствен бизнис (не преку кредитите за самовработување). Знам тројца што ете со истиов мој статус на апсолвент се имаат пријавено во завод со свидетелство од средно без проблем, но пак ме фаќа страв. Знам дека додека активно студирам не може, но еве веќе сум со стаж.
Ве молам за одговор.
Ви благодарам однапред. :*
Ако имаше дипломирано, ќе мораше да се пријавиш како дипломиран студент.
Но ти не си, затоа можеш да си се пријавиш комотно со диплома од средно.
 
Член од
3 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
9
Фала ви многу на сите за одговорите, ми беа потребни мислења стварно :) :*
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Одиш, носиш со тебе диплома од средно, ти даваат еден лист (пријава) да си ја пополниш и завршуваш за 20 минути..Сето тоа ти го кажаа погоре
Само сакав да дополнам дека дипломата не ти ја задржуваат...Барем мене не ми ја задржаа кога се пријавував
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Дали можам да се пријавам во завод со странска диплома еу ( не е нострифицирана)? Дали воопшто можам да почнам со обавување на струка, или морам да почекам на нострификација па потоа во завод да се пријавам, и да почнам со работа?
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Ако се вработуваш некаде воопшто не ти треба нострифицирана диплома ако фирмата се согласува со тоа. Завод не ти е ни потребен ако се вработуваш, завод ти треба само ако си невработена и бараш работа и ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom