Пријави фирма која не ги пријавува вработените, не им дава плата и сл.....

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Кога веќе се вративме во ’45 пак со кодошлук да се занимаваме, зашто мора баш фирмите т.е. газдите кои не ги пријавуваат своите вработени да ги издаваме, зашто да не ги издаваме и оние (сами свои газди) односно лица-поединци кои си работат самостојно(сам свој газда) и тоа на диво/црно, а најчесто како молери, ѕидари, плочкари, електричари, водоводџии, автомеханичари, автолакери/автолимари, автоперачи, трговци/пазарџии, земјоделци, сточари и.т.н. кои работат самостојно(сам свој газда), заработуваат, а не се пријавени и не плаќаат никакви давачки кон државата.
Вакви ги има многу, секој знае по неколкумина кои заработуваат на ваков начин, што сепак е незаконски ....... или пак ко и увек ќе правиме селекција во кодошлуков !
Селективна правда, селективен кодошлук ........ до кога !
Абре Македонче :facepalm: :facepalm:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Мојата фризерка кај што се фенирам единствено кај неа во склоп на куќата кадешто живее има во посебен влез фризерница и тоа супер наместена и опремена, но нема регистрирано фирма туку на диво и на црно си работи...Работи по цел ден таму, муштерии врие бидејќи е поевтина и сигурна сум дека вади солидни примања месечно, а се води како невработена под Завод и оди да се приајвува на два месеци и плус плави картони си зема од државата...Што убаво си ја има наредено значи - ем дома, ем децата близу, ручек направен, ем муштерии по цел ден, парички, ем државата ја води како невработена...Но кој ќе ја пријави кога маж и е инспектор во МВР...? :)
Лично мене ми одговара да идам кај неа, затоа што за фризерката услуга која ја добивам плаќам многу малку во споредба во другиве салони за коса до половина како мојата, ми бараат минимум 400 ден за фенирање...
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Сини картончиња пак ќе си зема од биро. Ама ако цел живот така работи од каде ќе зема пензија.
60% од платата одат за пензиско и здравствено осигурување. Пример ако земаш 10.000 денари плата 6000 денари газдата треба да ти плати за придонеси. Но тие пари Работодавецот си ги става в џеб.

За да се свестат Работодавците да ги пријавуваат работниците казната треба да биде следна:
Не 7.000 евра казна. Малку им е тоа.
Туку да му се конфискува куќата и теренецот и да ги извршуваат работите кои никој нејќе да ги работи.
- растоварање камиони
- чистење (се!)
- разно разни работички.
Се гледа дека со приватна фирма ДОПИР си немал никогаш :)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
За потписот можеш и цела тема да отвориш би сакала да видам како влијае кризата (?) и снегот врз неостварени крајно нереални проекции за БДП :) Уствари може да објасниш во темата кога се изготвуваше буџетот за 2012 мислам дека е најсоодветно место за дебата.

vo red e..........proekciite vo budzetot se napravenei na analiza od deca pravena i kaj be mu dojde taa brojka rast od 4.5% koga cela evropa e na pozitivna nula.........ajde ne e tuka mestoto.......

знаеш како е секој буџет на РМ бил популистички и социјален....на 1ви 12 дури и ке покачат плата на админ......е сеа да беа доблесни највисоките плати на фунционерите и тие шо се на врвот од пирамидата да останеа исти.......ама не бе.....ке цицат од буџет додека се може а патишта......енергетска независност не ги интересира
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Темава е ок, мотивот е ок, ама каде ке пријавиш? Кај кого?
Јас еднаш се јавив на еден од тие броеви кај што можеш анонимно да пријавиш нелојална конкуренција, луге кои работат на диво, се водат како невработени, не плаќаат ништо на државата а од друга страна добро заработуваат.
Едвај ме ислушаа, само глумеа дека се заинтересирани.
И еве, после неколку повици и после неколку години се е исто, ништо не се сменило.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Се гледа дека со приватна фирма ДОПИР си немал никогаш :)
Да бе воопшто сум немал допир со приватна фирма. Само 8 години имам работано во приватна фирма. Ништо повеќе.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Да бе воопшто сум немал допир со приватна фирма. Само 8 години имам работано во приватна фирма. Ништо повеќе.
Била голема приватна фирма во тој случај :) си немал допир со МАЛА приватна фирма малите се тие којшто не пријавуваат
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Била голема приватна фирма во тој случај :) си немал допир со МАЛА приватна фирма малите се тие којшто не пријавуваат
Аха мала фирма со вкупно 120 вработени.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Аха мала фирма со вкупно 120 вработени.
Да а ? 120 вработени и нема да ги пријави оди бе опрај се -.- може да не пријави 2-3ца затоа што се хронорарци , нови , на тест период или слично ама 120 да нема пријавено ...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Го праша Спирето министерот Јанко бурекџија колкава била казната за вакво нешто. Спиркава вика 11000 евра и 110000 да се џабе, оти оди реплика од македонски народни приказни опинциве ќе ми ги земат :icon_lol:.

Не е проблем во казните ќе казнат ќе затворат ама и тоа што малку работи нема да работи и после чорба.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Зошто да се пријават???Ако нешто не ти одговара да работиш кај некој можеш да не одиш повеќе на работи и крај,а не пријави го.На крај што си добил ако го пријавиш???Ако е некој сиромав и обичен смртник ќе му ропнат некоја астрономска казна и глава ќе му чури а ако е некој без`рбетник можат само да му јадат една софра или некоја марула зелена(мислам во евра).
Ако не ви одговара да одите да работите не работете па ќе видите како ќе се сменат работите,а не ќе им се лиже газ пред нив а позади ќе ги плукаме
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612

Споре тебе тоа е начинот да се среди целата ситуација со работата на црно? Не мислиш дека треба да се почитуваат правата на работниците и дека треба на работникот да му се плати трудот и се друго што го следува како вработен? Зошто да се пријават??? Ако не го знаеш одговорот на прашањето далеку си од некој што размислува барем малце логично на темава.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Има непријавени,има работа на црно,има врски,има ручеци,има мито,има криминал,има неплаќање осигурување и пензиско...све си има..
Сепак,мислам дека полека бројот на непријавени се намалува,за разлика од пред некоја година бројката е доста намалена.. проблемот едино го гледам во корумпираните инспектори.. и тоа корупцијата најчесто у стомак ја ставаат,т.е. ручек корупција.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Споре тебе тоа е начинот да се среди целата ситуација со работата на црно? Не мислиш дека треба да се почитуваат правата на работниците и дека треба на работникот да му се плати трудот и се друго што го следува како вработен? Зошто да се пријават??? Ако не го знаеш одговорот на прашањето далеку си од некој што размислува барем малце логично на темава.
Друже јас вака ја гледам работава.
1.Вработен во фирма со напишана плата на лист 12 000 денара вметната во банка кај работникот,работникот ги подига парите од банка и оди му враќа на газдата 5000 денара назад.
Пријави го не го мисли и не му ги враќај парите,бидејќи ако го пријават цела фабрика ќе нема да може да ги избрка сите.А ако ги брка полека полека 1 х 1 тогаш и новите што ќе ги вработи истото нека му го прават а не ние абе за корка леб.
2.Значи се договараме за работа и јас ти викам ќе ти плаќам саат 150 денара ти ми викаш ОК,Јас ти викам плаќам после 3 месеца ти ми викаш пак ОК,Јас ти викам не те осигурам ти ми викаш ТОП
Јас ли сум крив како газда???
3.Се договараме на условите за се и јас ти давам опција ќе те осигурам ама не можам да ти ги давам тие 150 ден од саат туку ќе ти плаќам 80 и ти ми викаш не бива.Јас пак ли сум крив??
4.Одиш на работа а си се договорил да те плаќам секој месец,а јас те плаќам на секој 2 месеца ти фрлам по 5000 како на чергар и ти продолжуваш да работиш.
Овие под тоцка 4 се најидиоти газди значи за такви бесилка и клецање машко само дупло поголемо клецање за тие што продолжуваат да одат на работа а пари не им дава никој.
Значи моето мислењ е РЕВОЛУЦИЈА
Ако сакате да ги зимате тие пари што мислите дека ги заслужувате и дека треба да бидете платени не одете бре!Ако не се најдат работници кој ќе му работи на к+ров.Ќе му пропадне цел бизнис ама проблемот е што секогаш има некој што лиже гз.
Ситуацијата со работа на црно ја има во цел свет брат не само во Македонија.Мислиш ли дека во Италија,Германија,Норвешка,Англија и да не ги набројувам ја нема???Можеби не како кај нас ама се е до работникот а газда како газда гледа секаде да профитира повеќе.Сакавме капитализам добивме капитализам,.......................нема крај за идиоти што не цедат секогаш ќе има пијавици во системот
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475

Причината што никој не ги пријавува е во тоа што работникот сонува да стане некогаш како него многу мудрост има во овој скеч нели
--- надополнето: 9 април 2012 во 01:22 ---
Брат многу си контрадикторен прво велиш плата 12000ден после велиш 5000денари ич не го сфатив постов а не верувам дека некој работи под 12000денари

Друже јас вака ја гледам работава.
1.Вработен во фирма со напишана плата на лист 12 000 денара вметната во банка кај работникот,работникот ги подига парите од банка и оди му враќа на газдата 5000 денара назад.
Пријави го не го мисли и не му ги враќај парите,бидејќи ако го пријават цела фабрика ќе нема да може да ги избрка сите.А ако ги брка полека полека 1 х 1 тогаш и новите што ќе ги вработи истото нека му го прават а не ние абе за корка леб.
2.Значи се договараме за работа и јас ти викам ќе ти плаќам саат 150 денара ти ми викаш ОК,Јас ти викам плаќам после 3 месеца ти ми викаш пак ОК,Јас ти викам не те осигурам ти ми викаш ТОП
Јас ли сум крив како газда???
3.Се договараме на условите за се и јас ти давам опција ќе те осигурам ама не можам да ти ги давам тие 150 ден од саат туку ќе ти плаќам 80 и ти ми викаш не бива.Јас пак ли сум крив??
4.Одиш на работа а си се договорил да те плаќам секој месец,а јас те плаќам на секој 2 месеца ти фрлам по 5000 како на чергар и ти продолжуваш да работиш.
Овие под тоцка 4 се најидиоти газди значи за такви бесилка и клецање машко само дупло поголемо клецање за тие што продолжуваат да одат на работа а пари не им дава никој.
Значи моето мислењ е РЕВОЛУЦИЈА
Ако сакате да ги зимате тие пари што мислите дека ги заслужувате и дека треба да бидете платени не одете бре!Ако не се најдат работници кој ќе му работи на к+ров.Ќе му пропадне цел бизнис ама проблемот е што секогаш има некој што лиже гз.
Ситуацијата со работа на црно ја има во цел свет брат не само во Македонија.Мислиш ли дека во Италија,Германија,Норвешка,Англија и да не ги набројувам ја нема???Можеби не како кај нас ама се е до работникот а газда како газда гледа секаде да профитира повеќе.Сакавме капитализам добивме капитализам,.......................нема крај за идиоти што не цедат секогаш ќе има пијавици во системот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom