Природна кана

Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Се фарбам веке долго време на почеток со фарба па скоро 3 години со кана но последно време приметувам дека косата ми е сува и оштетена. Дали некој знае каде може да најдам природна кана на кило еднаш една роднина ми донесе од турција и косата ми беше преубава и за неколку месеци ми порасна ненормално но во Скопје никаде не сум видела таква кана освен оваа што ја користам јас во мали кесички. Таа кана беше на кило и имаше нешто како камен се толчеше и се мешаше со каната и црн чај. Ве молам доколку знаете каде може да купам пишете :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom