Приватна градска линија

Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Здраво. Ме инересира што мислите за инвестирање во приватна автобуска градска линија. По некоја моја математика, тргнато на страна за амортизација, гориво и останати трошкови, треба да останат чисти некаде околу 800-1000 евра месечно. Меѓутоа не знам како ќе биде од нова година натаму бидејки се збори за плаќање од километар од страна на градот. Ако има некој што знае повеќе околу оваа работа нека напише дали се исплаќа да се вложуваат пари во овој бизнис или не. Однапред благодарам.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
На почетокот на осамостојувањето беше многу профитабилно бидејќи се беше на црно а давачки на државата се плаќаа минимално,колку да не е без ништо.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Знам за почетокот, луѓе со вреќи носеа пари дома. Не знам сега како е, дали има патници, што се планира за во иднина. Да не се фрлат џабе пари, а после да биде 400 евра заработувачка. Сепак треба да се купи автобус и линија, а тоа не е малку.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Како мислиш плаќање по километар од градот?
И као мислиш да купиш автобус па линија?
Обично ги продаваат комплет по цена од 20-40к евра во зависност од типот на автобусот и бројот на линијата
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Мислам дека неможеш со еден автобус да конкурираш и да си купиш само една линија...
Ако си се одлучил веќе за шофер, подобро купи си шлепер па врши си транспорт на роба, повеќе пари остануваат месечно.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво. Ме инересира што мислите за инвестирање во приватна автобуска градска линија. По некоја моја математика, тргнато на страна за амортизација, гориво и останати трошкови, треба да останат чисти некаде околу 800-1000 евра месечно. Меѓутоа не знам како ќе биде од нова година натаму бидејки се збори за плаќање од километар од страна на градот. Ако има некој што знае повеќе околу оваа работа нека напише дали се исплаќа да се вложуваат пари во овој бизнис или не. Однапред благодарам.
Според мене прво треба да се направи една дооообра математика. Прво која линија ја сакаш, второ колку проток на патници има по час во врвен период, постврвен и мирен, потоа колку автобуси има на таа линија соло, зглобни и двоспратни, да се пресмета конкуренцијата на таа линија дали ЈСП сообраќа или е само приватна линија па после да се мисли на возило и на амортизација, гориво и останати трошкови. Плус тоа што ке биде плаќање по километар
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Здраво. Ме инересира што мислите за инвестирање во приватна автобуска градска линија. По некоја моја математика, тргнато на страна за амортизација, гориво и останати трошкови, треба да останат чисти некаде околу 800-1000 евра месечно. Меѓутоа не знам како ќе биде од нова година натаму бидејки се збори за плаќање од километар од страна на градот. Ако има некој што знае повеќе околу оваа работа нека напише дали се исплаќа да се вложуваат пари во овој бизнис или не. Однапред благодарам.
Прво и основно ти е потребно врски плус додатно на тоа ти требаат најмалку 7-8000 евра за подмачкување на тоа погоре. Ако сакаш да земеш така линија преку министерство за транспорт и врски. Доколку не сакаш тогаш ќе мораш од некој да купиш линија + автобус

Математиката вака оди како што ми кажуваше мојот прв братучед кој има веќе 4 линии две на 9ка и на 61 две

Најмалата линија која можеш да ја купиш а воедно и најмалку чини е број 20 која чини некаде 13 илјади евра + автобус 10,000 евра.

Доколку сакаш автобус добар тој ти чини 10,000 евра.

За пари да има сега и секогаш тоа е златна кокошка верувај зошто дневно ќе правиш промет просек значи околу 300 евра од кои за нафта ќе дадеш 100 евра + 800 ден за возач ти остануваат 180 евра ама значи ова тие просек со некои 55 патници во еден правец а значи дека и повеќе е на пример 23ка, 22ка, 52 имаат најдолги линии и најмногу автобуски станици и најјаки линии се значи просек дневно чисти пари ќе ти биде околу 400-500 евра. Линија да купиш ти е околу 70,000 евра со се автобус значи на линиите кои се најјаки 23ка, 24ка, 52ка. затоа и се скапи.

Јас сепак мислам ако имаш пари вложи ги секако се исплаќа а исто би ти дал опција ако сакаш да влезеш во меѓуградски превоз таму има повеќе пари (y)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.566
Поени од реакции
38.688
do sega bese mnogu profitabilno od nova godina ako gi plakjaat na kilometar nema ni priblizno da vadat kolku so vadele do sega.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
do sega bese mnogu profitabilno od nova godina ako gi plakjaat na kilometar nema ni priblizno da vadat kolku so vadele do sega.
Ќе вадат пак оние што имаат најдолги линии 23ка 22ка 52ка 61, 9ка е сега на 52 некаде им е 20 км по 1 евро испаѓа 20 евра во една тура мада не верувам дека ќе се направи тоа бидејќи нема да дозволат превознициве пошто нема да вадат толку многу како што сега вадат.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Фала дечки за одговорите. Ќе бидам малку подолг. Се работи за линија што вози вкупно 160 километри во смена, значи по 20 км во правец. Автобусите секогаш тргаат 5 минути пред ЈСП. Се прават 4 тури односно 8 правци. Ако во просек се возат 35 патника во правец, се достигнува некој износ од 7000 дневно. Се работи 3 недели а една е слободен. Значи дека за 1 месец се прават некаде околу 140.000-160.000 денари бруто. Да се тргне за даноци, амортизација и нафта околу 100.000, за мене би останало околу 1000 евра. Во моментов добиваат и околу 200 евра месечо што ги возат средношколците. Тоа е во моментов. Ако го направат од километар, цената би требало да биде околу 1 евро. Тогаш дневната заработувачка би била 160 евра односно околу 9500 денари што е подобра варијанта. Е тогаш предпоставувам дека ќе ги нема оние 200 евра за учениците. Тогаш не е битно колку патници ќе имаш во правец. Башка кога си слободен, може да те викнат и за некоја екскурзија или свадба, што е дополнителен импулс. Тоа е мојата анализа. А се работи за влог околу 35.000 евра за линија со нов автобус (стар ама нископоден). Што мислите, посебно .Sky.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248

....ми личи на домашна сметка која на пазар не излага...илити она старото: една кокошка едно јајце дневно т.е 365 годишно.А никој никаде не видел таква кокошка...... :sneaky:
..имам некој шпириус дека ги нема некои трошковни импути...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.693
Поени од реакции
7.806
concrete ако знаеш нешто, кажи. Секој совет е добредојден.
Oди на http://www.autobusi.net/

Таму на форумот побарај го членот sanos_a. Мислам дека е сопственик или директор на Авто Атом. Би можел од него да добиеш доста корисни информации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom