Препораки за доктори специјалисти/супспецијалисти

Член од
6 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
0
Мислења за др. Љубинка Спиркоска, психијатар? Бил некој кај неа?!
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Дечки ај кажете кој е најдобар психолог/психијатар во Македонија без разлика дали е државно/приватно. Некој што работи со психички пореметувања.
Dr Dgokik no raboti privatno.
 
JLO

Член од
10 јануари 2016
Мислења
11
Поени од реакции
3
Dobar doktor za belodrobni bolesti?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Ако може да ми се даде некоја препорака за интернист од ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" од Охрид, конкретно имам проблеми со вените на нозете, ако имате искуство кај кој ке поминам најдобро кажувајте, сакам да одам во теков на месецов да знам кај кој да барам да ми закаже матичниот.
однапред Ви благодарам.
 
Член од
25 јули 2014
Мислења
24
Поени од реакции
2
Добар кардиолог на приватно? Поконкретно од Филип 2ри ако знаете?
 
Член од
3 март 2012
Мислења
51
Поени од реакции
14
Dobar digestiven hirurg so dolgogodishno iskustvo mi treba. Sakam da se operiram od GERB. Preporaka ve molam. Fala.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Како мислиш да се оперираш од гастроезофагијален рефлукс?
Да не имаш хернија на желудникот што ти предизвикува герб па да мислиш на операција на тоа?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Приметив нешто,еве два пати ми се случи.Кога јадам сува храна,како да ми поминува еж,додека го голтнам залчето.Инаку немам проблем со желудникот.
 
Член од
3 март 2012
Мислења
51
Поени од реакции
14
Што болест е тоа?
Хронична горушница која знае да предизвика хронична кашлица како кај мене. Кај некои луѓе предизвикува и тахикардија.
Еве ти виртуелна презентација од болеста и како се врши операцијата
https://www.youtube.com/watch?v=9bnIuKiHdDE
Како мислиш да се оперираш од гастроезофагијален рефлукс?
Да не имаш хернија на желудникот што ти предизвикува герб па да мислиш на операција на тоа?
Да. Хијатална хернија е причинител на ГЕРБ. Мислам дека се синоними.
Приметив нешто,еве два пати ми се случи.Кога јадам сува храна,како да ми поминува еж,додека го голтнам залчето.Инаку немам проблем со желудникот.
Можно е да имаш хернија на желудник, но може да е последица од алкохол. Ако осетиш горушница која трае една недела и се појавува повеќе пати на ден и покрај употреба на антацид, советувај се со гастроентерохепатолог. И размислувај за гастроскопија. Најдобро искуство имав кај др. Василевски во Систина. А најлошо кај Др. Крстевски во ординација Срце.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Хронична горушница која знае да предизвика хронична кашлица како кај мене. Кај некои луѓе предизвикува и тахикардија.
Еве ти виртуелна презентација од болеста и како се врши операцијата
https://www.youtube.com/watch?v=9bnIuKiHdDE

Да. Хијатална хернија е причинител на ГЕРБ. Мислам дека се синоними.

Можно е да имаш хернија на желудник, но може да е последица од алкохол. Ако осетиш горушница која трае една недела и се појавува повеќе пати на ден и покрај употреба на антацид, советувај се со гастроентерохепатолог. И размислувај за гастроскопија. Најдобро искуство имав кај др. Василевски во Систина. А најлошо кај Др. Крстевски во ординација Срце.
Не се синоними, ГЕРБ е последица на хијаталната хернија, но постојат и многу други причинители. Хијаталната хернија е пролапс на мускулите на желудникот во хранопроводот. Не е исто што и ГЕРБ.
Мој совет (кој и јас го добив од еден од најдобрите гастроентеролози во Македонија, а потоа ми го потврдија истото и во Германија) е да ја контролираш ГЕРБ со лекови (ланзул, контролок, пантопразол, нексиум, има мал милион), а хернијата да не ја чепкаш. Не избрзувај со операцијата освен ако не е крајно неизбежно.
 
Не се слагам. Истражувањата покажуваат дека операцијата е многу успешна и го решава проблемот трајно ако е извршена од многу искусен дигестивен хирург кој специјализирал кај оваа операција. Апчињата губат ефект после неколку години и предизвикуваат сериозни нус појави ако се навикнеш на нив.

Џабе ти се апчиња кога при најмал физички напор пак се олабавува хернијата. На мене паѓа целиот физички напор дома и цело време кашлам, па ме пече, губам од продуктивност, не сум наспан итн. Така да не гледам друго решение освен операција.[DOUBLEPOST=1473097105][/DOUBLEPOST]А кај можам да проверам кој ги извршува операциите за ГЕРБ во Македонија и колку се успешни?
 
Апчињата не губат ефект, а не знам за какви сериозни несакани ефекти зборуваш, нема баш ниеден несакан ефект на долги патеки. Луѓе со години ги земаат без апсолутно никакви проблеми. Најефикасно решение во 99% од случаите се тие лекови во комбинација со контролирана исхрана што е подеднакво важен фактор. Џабе пиеш лекови ако за доручек јадеш десетка со кромид и шкембе чорба.
Како и да е, отидовме офтопик, да завршиме со твој живот - твој избор. Кај нас таков хирург нема да најдеш.
 
До прва се докажува дека Инхибитори на протонска пумпа имаат нус појави
http://www.health.harvard.edu/digestive-health/do-ppis-have-long-term-side-effects
Се уште треба истражувања да се извршат.

Ако стварно луѓе ги земаат со години без проблем и целосно го решаваат проблемот, немаше луѓе да се жалат по форуми и фејсбук групи колку апчиња се неефективни за киселини во желудник.

Инаку пазам на исхрана и со месеци ги следев сите правила и не видов никакво подобрување. Се слагам дека ако јадеш глупости од сендвичара не можеш да очекуваш подобрување, но нема доказ дека диетата за ГЕРБ е ефективна.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2886414/

Во ред ќе барам хирург во странство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom